Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Најчеста причина за рано стапување во брак во нашава држава е непланирана бременост.
    Исто така најчеста причина за избрзан брак е непланирана бременост.(независно возраста)
    И тоа е факт.
    Причинители според мене се: погрешно воспитување на машката популација,немаштијата која ги ограничува младите да се високообразуваат и доградуваат па отпосле и да остварат кариера макар и да е занаетчиство, курсеви ,и трето е тешките (да не речам невозможни) услови за осамостојување -купување свој дом,автомобил итн...
    Акцентот го ставив на машката популација бидејќи од нив зависи каде ќе ејакулира,колку тој се грижи и ја почитува својата партнерка. Колку и да сака да се заштити женската популација ако партнерот е несовесен и не го почитува телото на партнерката може да ја забремени.
    Многумина немаат финансии да си дозволат факултет, а и да успеат да завршат факултет/курсеви пак немаат финансии приватно да отворат свој бизнис по струка, или да потплатат за вработување...Што е многу разочаровачко за еден млад човек .Малкумина успеваат тука,некои ќе избегат од државава,ама повеќето остануваат да работат во ,, некоја фирма"
    И третото, а можеби и најважно е,осамостојувањето на еден млад човек,а не живеење во заедници,лепенки, па доградби посебни влезови и што ти знам друго.
    Факт е дека овие фази се многу битни за созревање и остварување на една индивидуа.
    Мислам дека младите во најголема мера се демотивирани,разочарани,обременети уште во рано детство-нема пари,нема пари- . И така во еден зачаран круг расте нашата младина, без стимул и можност да се оствари низ овие фази,,па шта буде нека буде".
     
    На AmericanWoman, CameliaMiller, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Извини, да те прашам директно, ти на 17 само за бебе се "ебаваше"………?

    Знаеш дека постојат кондоми и сексот исто може да е од задоволство? Не, нема ништо погрешно во тоа, да не се правиме деви Марии анонимни на форум, не ти ја разбирам потребата да навредуваш и инсинуираш за нечиј живот каков треба да е со затуцани размислувања, и самата велиш секому му е различно.
    И какви се другите кои не се како тебе?

    Ти честитам, ти се погодил "изборот" во животот, мило ми е за тебе, но ти си исклучок со твојата приказна.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Ама оти имаш потреба да ја вреѓаш?
    Можи нешто да смени сега?
    И уште побитно: Сака ли воопшто да смени нешто?

    Кај пишува кога некој/а треба да стапи во брак и кога треба да раѓа?
    Можела да се пази, ама не се пазела.
    Памет за оние кои не сакаат бременост.
    Нејзиниот пат е веќе одбран.
     
    На mssuniquee, IRBBB и Mikha4 им се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Тоа се нејзини зборови, ѝ ги посочив двојните аршини и предрасуди, никако не ми беше намера да ја навредувам.
     
    На Purplelilac, Just.do.it и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Ах.. па за пијанчење и ебавање, можеш и мажена и со деца... :lol:
     
    На Dalia93, baby-star и Mikha4 им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Ова е последен пат да се објаснувам !

    Знаеш дека користев кондом , и забременив ? Јас немам двојни аршини , туку вие . Апче за СПРЕЧУВАЊЕ на бременост е УБИСТВО ( на незачнат ембрион (facepalm) поголема глупост амин (facepalm) ) ама абортусот ( на зачнат ембрион ) е одличен избор :drunk: . Каде виде дека се правам Дева Марија ? Осудив некој за секс на 17 ? Не . Осудив за абортус ? Да .
    Се додека не убиваш невин живот , ебавај се од 10 ако сакаш . Ама немој кога ќе забремениш да одземаш туѓ живот кој не по своја вина е во твојата утроба . Бебето ли ти е виновно што ти имаш 17 или 16 или 36 ? Не . Твојот избор е виновен , ти , бебето не е .

    И аман со тие ваши аршини . Мешате баби и жаби каша е темава од вас . Човек да не пише мислење |( , бидејќи додека докаже што сакал да каже во првото мислење 100 теми ќе смени со вас :envy: .

    Едит : @hellocity само го дадов тоа како пример . Можеби не би кажала така , ама ние како комшии не можеме да пријавиме бидејќи немаме докази ( не им држам свеќа кога имаат секс :^) ) , а од каде да знам па таа што ќе каже ? Тоа што велиш живеат со затнати муцки - тоа е веќе искоренето . Можеби постарите така живееле , младиве се поопуштени , се повеќе Албанки гледам што работат и живеат слободно како сите останати нации , се облекуваат како сакаат . Ретки се тие што сеуште се со бурка и фереџе ( тие што носат најчесто носат за плата или сите жени од фамилија им се така , па и тие ) . Муабетот за свекрвите ти беше дека тие што се мажат млади задолжително живеат во заедница , јас ти посочив пример дека не е секогаш така . Не може да се генерализира на таа тема :) .
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    @CrazyGirl15 Верувам дека причината за твоето рано стапување во брак била несаканата бременост. Доколку ја немало, сигурно ќе си почекала. Но, си се решила на таков чекор и сакам да претпоставам дека не се каеш за одлуката. Јас можам да кажам што е правилно за мене, но не можам за тебе, и обратно. Но, те молам не сугерирај дека абортусот е убиство. Прво жените се бореа долги години да имаат права врз своето тело, пази за сопственото тело. За тебе е убиство, за некоја спас, за трета неизбежност. Постојат милион причини за истиот. Силување, тешки деформации на плодот, немање на услови за живот, неспремност, итн. Секој си знае за себе, дали може да го чува тоа дете, или подобро е да се реши на безболен пат и да абортира. Стојам зад своето, дека се работи за ембрион, несвесен за своето постоење, без формирани органи,ништо повеќе од тоа. Но, да сметаш дека е убиство и да го родиш по секоја цена, само да го оставиш во дом, е полошо од самиот акт на абортус. Не си во кожа на оние кои се одлучуваат на таков чекор. И не верувам дека има насмевка на лицето на оние кои абортираат, туку страв, немир, колебање. Секој за себе знае што е најправилна одлука.
     
    На Bozica1980, KateKane, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Секако дека не се каам , иако сум многу млада за деца , сепак не се каам . Сметам дека за се во животот имам време . Не сум во кожа на тие што абортираат нормално , но нели и тие не се во моја ? Имаше случај дали на форумов беше или на друг форум - не паметам , членка абортираше по четврти пат . Тоа е веќе навистина убиство . Ако не сакаш и не си спремна за раѓање , кажи му на говедото од дечко/маж нека вади и нека ејакулира надвор . Ако по втор пат те забремени " по грешка " мењај партнер бре ! Што има невини животи да убиваш затоа што ти и тој во занес не знаете кога е доста ? Е вакви ич не оправдувам , ама ич . Ајде еднаш ако се случи , можам и да разберам бидејќи и мене ми се случи ненадејно - пукна кондом , шит хепенс , ама по два - три - четири пати е ту мач . Убиство со умисла баш .
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.069
    Допаѓања:
    55.615
    Пол:
    Женски
    @CrazyGirl15 ете ти си одбрала да го родиш и да стапиш во брак заради тоа, но навистина нема потреба да осудуваш некој што не би постапил така.

    Луѓе сме, се прават грешки, немаме секс само за деца правење туку за задоволство. Со секој секс ризикуваш да забремениш, само апстиненција е 100% заштита од бременост.
    И сега да ми се случи бременост ќе абортирам, го имам секое право на тоа. Секако гледам да не дојди до тоа, ама којзнае.
    Ако раѓам сакам да раѓам кога ќе бидам финансиски и психички спремна.

    Плус никој овде не оправдува абортус како контрацепција. Никогаш нема да оправдам такви што воопшто не пазат при односи намерно и абортусот го сметаат на исто ниво ко апче да се напиле.

    Да не бидам надвор од темава скроз, мислам дека најчеста причина за рано стапување во брак е непланирана бременост.
    Имало многу случаи што и на фејсбук си се издаваат сами.
    Не ги осудувам, не ни ги оправдувам.
     
    На Purplelilac, Bozica1980, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Добро твое мислење од моја гледна точка е така дека ако стапеш во брак на 17 18 и ако сопругот е приближно или исто години колку би уштедиле сигурно додека сте одеме средно не си купила кола, некаков имот значи некаков па и мала вила на твое име а камоли куќи, станови фамилијарни... Сеа ако мажот е 30 години и има нешто позади себе тогаш можно е и оделено да се живее ама на 18 само Били Ајлиш и Кајли Џенер имаат милиони така да да се вратеме во реалноста.
     
    На baby-star, mode-kristina и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Ниту сум Били Ајлиш , ниту маж ми е Еминем , ама ете на 19 живеевме сосем одделно од родителите ( и неговите и мојте ) . Работеше маж ми приватно од таксист до перач на автомобили , пред тоа држеше билјард клуб ( ова уште додека ми беше дечко ) бидејќи имаат деловен простор во склоп на куќата ( која е на доста прометна улица ) . Значи , ако се сака , се може . Не се сите " лежи лебу да те јадам " има и такви што работат иако немаат семејство , работат за личен џепарац . Искрено , зарабптуваше и повеќе од доволно од билјардот , бидејќи во маало нема други луѓе што држат такво нешто , а најблискиот е на 2 км од тука .
     
    На edna_malecka и mssuniquee им се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    А како живеете оделено пиша во иста куќа раличен спрат или тотално посебно се?
     
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Во иста куќа на друг спрат , со сите комуналии одделно . Нормално , на почетокот не плаќавме струја и вода ( поради застој во институциите , бевме пријавени за одделување , но 2 години , а можеби и повеќе , ја чекавме комисијата ) , откако дојдоа и извршија увид , се одделивме целосно .
    Тешко беше додека се вработи во армија ( мислам околу комуналии ) , ама со штедење и правилно распределување на парите од билјард клубот и таксито , како и неколку обуки на кои бев јас ( платени обуки беа тоа , по 7500 денари до 9000 денари месечно ) некако излегувавме на крај . После се вработи и ете , сега сме тука каде што сме .

    Секако јас не застанувам тука , тој заработува солидно јас ќе уживам , не . Животот е пред мене , секако дека планирам да работам . Ако не успеам кај некој друг ( да имам претпоставен ) тогаш свој бизнис ќе отворам . Локалот е тука , не бега . Ма да , јас повеќе сум за да излегувам од дома , да имам претпоставен , да имам повеќе колеги и да сум надгледувана за својот ангажман , сакам да сум под постојан предизвик и ако заслужувам , да бидам во работен однос , а не со ветар во грб .

    Тоа што во изминативе години не бев во работен однос , не значи дека не сакам да сум во иднина . Така се заредија работите , што едноставно немав време и простор да оставам деца на друг или во градинка да ги носам , морав јас да ги чувам . Постепено се редат коцките , па се надевам дека по породувањето , ќе успеам да си најдам работа .
     
    На edna_malecka, tina2018 и hellocity им се допаѓа ова.
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    @CrazyGirl15 извини, ама не можам да те одминам после се што изнапиша. Што е според тебе причина за рано стапување во брак? Компликациите во бременост на 29 години? Потребата да работиш на истите тие години? Не те разбирам.
    Проблеми во бременост може да има секој, и на 18 и на 30 години. Целиот овој "пример" со сестра ти е банален.
    Измеша и баби и жаби. Каква врска има работното место и проблемите на истото со стапувањето рано во брак? Ако имаш сопруг кој може да те издржува, може тоа да го прави и на 18 и 30.
    Ајде те молам. Барем биди искрена.
    Дека е идеално да се стапи на 18 год во брак и да се има дете, воопшто не е! Да те убедувам што има да проживееш од животот на тие години, исто така нема, бидејќи нема да ме разбереш. Се што си видела ти било домаќинство и растење деца. И супер ако ти е погодено. Ама темата ја читаат многу млади девојки, а ти во истата тврдиш дека е во ред да се стапи во брак рано.

    Факт е дека животот е непредвидлив и никогаш не можеш да знаеш што те очекува. Факт е дека кога ќе имаш семејство, тоа ќе ти биде највредно. Ама тоа не значи дека се останато е небитно. Тоа не значи дека не треба да се оствариш како личност, дека не треба да си оствариш замисли и цели, дека не треба да прошеташ и да поуживаш и дека треба да избрзаш да стапиш во брак.

    Така да, главната причина поради која некој би стапил во брак рано Е непланирана бременост.
     
    На Purplelilac, Bozica1980, mode-kristina и 17 други им се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Ниту јас нема да те убедувам во ништо . Што е според тебе подобро ? А јас имам видено многу повеќе од домаќинство и чување деца . Дури и на мајка ми кога не сум можела да ги оставам на чување , сум излегувала и сме шетале секаде со нив . Па сигурно не е поубаво да се враќам пијана во 5 часот наутро , на 19-20 години , да шалтам лево - десно по улица . Примерот со сестра ми ми беше даден за тие што раѓаат покасно - биолошкиот часовник не е ист на 25 и на 40 години . Факт ! А сестра ми , од секогаш имала проблеми со менструалниот циклус , и сама претпоставуваше дека еден ден ќе има проблеми . Среќа се добро се заврши , внук ми си расте и е одличен , ќе ни се придружи за некој месец .

    П . С . Ти очигледно ништо и не си разбрала од тоа што го пишував , а како да разбереш кога ги извртеа сите мои коментари . Како прво јас никаде и немав пишано дека е одлично да се мажиш на 18 , ама моето мислење беше тотално превртено , како што нив им одговара , само за да се почне расправија . И нема да почнувам пак . Ако ти се допаѓа ок , ако не одмини ме .
     
  16. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Кога веќе прашуваш, според мене е подобро тинејџерските години да се минуваат во слобода, дружење со пријатели, студирање, шетање, запознавање нови луѓе, наместо водење домаќинство.
    Што е со генерализациите? Не знаев дека ако не стапиш во брак на 18 години, ќе се влечеш пијана по улици.

    Аха, не е исто да родиш на 25 и 40, ама ти зборуваше за сестра ти која има 29 години што е сосема нормална возраст за имање на дете, и тоа го наведе како причина поради која имала проблеми. Нема логика нели?

    Многу добро разбрав што сакаш да кажеш, затоа и ти реплицирав, бидејќи неколку пати ја потенцираше сетра ти и како имала проблеми бидејќи решила да чека и да роди на 29 наместо порано.
    Еве точно што напиша: " Сакале да шетаат и да уживаат , еве ја сестра ми , шеташе до 29 , сега забремени и милион проблеми има во бременоста".
    Не, сестра ти нема проблеми во бременоста поради годините, туку од сосема други причини кои можат да се случат и на 18 год.
    "кога требаше да се пази од стресови и да мирува , работодавачот и правеше проблеми за боледувањето".
    Welcome to reality. Значи пред да останувате бремени обавезно дадете отказ од работа за да немате стресови и оставете сопругот како знае и умее да ве издржува.
     
    На Purplelilac, Bozica1980, mode-kristina и 21 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    @CrazyGirl15 дали ќе стапеше во брак на 19 ако не забременеше?
    Ако не, тогаш ни ти не веруваш во ова во кое што не убедуваш нас.
     
    На Avery, Bozica1980, mode-kristina и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не сакав да навлагам во дискусијата со тебе, ама ова од такт ме извади. Ајде да родиме сите деца на 15 за да имаме време за кариера после, дали сериозно на тоа алудираш?

    Само да ти кажам дека и на 30 не се гради лесно кариера од почеток, едноставно мозокот не е ист како претходно. И те молам прекини да прикажуваш дека не е можно да се имаат двете. Мислам едно 100 години назад ги враќаат жените вакви тврдења.

    И да кариера и пари нема да ме гушнат навечер, ама јас не би имала дете ако не можам да му овозможам пристоен живот, зошто ова што ти го пиша е имање дете со најсебични пориви, да има кој да ме сака и гушне. Сега ако не можам да му обезбедам пристоен живот, битно ќе се гушкаме. Вие ако сте имале финансии од вашите да ви се овозможи стан на страна и дополнителни приходи, тоа е само кај вас. Немаме сите такви можности, guess what, некои од нас мораат да обезбедат сѐ сами. И не ми кажувај дека од сопствени пари сте на страна од 19 години зошто нема да ти поверувам.

    А во однос на сестра ти те молам не пишувај повеќе. Нека и е со лесно само. Но да си дозволуваш да распослуваш нечија туѓа интима тука со осуда спрема начинот на живот кој тие го избрале, навистина не е во ред. Инаку бремености и на 18 знаат да се критични, особено ако телото не е сеуште добро развиено и ако е прва бременост. Затоа не е во ред да ја судиш сестра ти зошто избрала поинаков животен пат од тебе.
     
    На mode-kristina, Amellie13, KateKane и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Инаку медицински гледано, поздраво е на 29 одколку на 18 ама кој да ти каже ивана :D
     
    На mode-kristina, KateKane, Noemi и 17 други им се допаѓа ова.
  20. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.289
    Не знам зошто се правдаш. Пукнал кондом па си останала бремена, па не знам шо. Нема шо да се правдаш, твој живот.
    Само ми боди очи
    Не значи дека ако некој не се омажи на 18 се шетал по улици пијан, мислам споредбата ти е без коментар. А и за сестра ти, зошто такви спореди правиш? Ако имаш проблем со менструален циклус имаш и на 18 и на 35. Јас не знам зошто вакви непотребни компарации.
    Ако си бараш оправдување и утеха дека пиша 100пати дека на 25 и 40 не е исто.
    И многу луѓе сега не сакаат деца, си имаат други планови и слично.
    Некој си сака кариера, патување, многу работи пред брак и деца, отколку на 18год да чува деца. Баш на 18 си дете, а на 29 жена.

    Нема шо да се објаснуваме, а дека на 18год било поубаво за брак и деца, не.
     
    На spacegirl92, mode-kristina, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.