А и, мојот гинеколог баш ја советуваше сестра ми дека пожелно е да си роди едно дете пред 25.. Па сега не знам, ако ве занима зошто така мисли, појдете кај др Личоски . @CameliaMiller Ама знам, ама цело време тука се спомнуваат некакви задоволства. Ајде какви задоволства имате вие без деца немажени, туку ние ? Па мене лично најголема среќа ми е кога патувам со моето дете дури кога со часови седам и го чекам во игротека..
Енд , хир ви го аген . Ај не можам да се оправам . Што сакате мислите . Ниту ќе ве цитирам поединечно , ниту мислењата ќе ви ги читам . Пари и работа од вас не побарав . Деца не ми чувате вие ( како што пиша и членката поназад ) , така да што сакате правите и коментирајте на моја сметка . Куќа части .
Не знам зошто ја убедувал сестра ти, може била некој специфичен случај. Еден гинеколог не е репер за цела наука. Има многу попознати гинеколози што велат дека на 18 бременост носи поголеми ризици одколку на 29. Aма друга тема е тоа. Само, кога толку силно некој пробува да ги убеди другите дека е среќен, звучи само ко себе си да се убедува. И јас на 18 да останев трудна може ќе го родев. И најмногу ќе го сакав. Ама тоа не значи дека бременоста ми била нешто кое свесно ќе сум го изберела. Да не се лажеме.
Ама ТЕБЕ. Не сме сите исти. Мене ме исполнуваат многу работи што немаат врска со дете. И тоа е мое право, не сум пијаница, не сум коцкар, не сум наркоман, не-знам-веќе-што беше напишано. И не е проблем, мажете се кога сакате и раѓајте кога сакате, ама не продавајте дека е тоа единствено исправно Има луѓе што баш никогаш нема да родат дете, ама никогаш. И се среќни со својот избор. Ако вие не гледате поента без деца, некој гледа.
@Mantub Баш не. Ете и она две години и повеќе како е омажена уште не планира деца, си работи башка сами се во странство и нема кој да и помага. Затоа не се одлучиле уште за дете. Јас, после една година брак останав бремена. Уште ми седат мислењата колку плачев по секој негативен тест. Значи со воља сум останала бремена Ама тоа е личен избор. Има од случај до случај. Од брак до брак. Маж ми со само 27 год е позрел од некој 40- годишен. Сам си води семејство, дом,семеен бизнис. Пак ќе кажам, за мојот брак пишувам не за туѓ.
Јас искрено немам проблем со изборот на било кој, се дури не почне да го величи својот ко надмен над другите. Да кажеш дека е проблем да се раѓа на 30+, е величење на свој избор и просеравање на избор на други кои тогаш можеле и решиле деца да прават. Па и гинеколозите им кажале дека е подобро на рана возраст. Ок. Добро е што бар одите на гинеколог, јас познавам куп девојки/жени на моја возраст што не одат ако не осетат дека нешто не штима. И мене секоја година ми викаат дека сум била здрава за деца раѓање кога ќе појдам, па не го земам тоа здраво за готово. Секој си има своја резонација на работите. А на темава, 90 % од сите бракови, се ради планирана или непланирана бременост. Јас бев од тие 10 проценти, па не одам со круна на глава.
Во право си, а и да одиш редовно на гинеколог, обичниот рутински преглед не секогаш открива проблеми со плодност. Што значи дека многу можно е проблемите со плодноста да се од порано и не специфично врзани со годините. Проблемот со неплодност е многу подлабок и не е за оваа тема, но кратко ќе кажам дека многу почесто е врзан со начинот на живот или генетиката на двајцата партнери, не само на едниот, многу повеќе отколку самите години. Затоа не го сметам за аргумент за што порано да се има деца, зошто лично знам случаи кои во "најплодните" години не можеа да добијат дете.
Го спомнав тоа за рутински преглед, затоа што го сметам ко проблем јас лично не само кај постари жени, наши мајки или баби, туку зашто има куп млади кои не одат пред да забременат или ако осетат некој проблем. Секој треба да се грижи за своето здравје, нели. Исто и за неплодноста се сложувам, има куп фактори таму, кои се откриваат кога веќе ќе почнеш да го тераш тој пат.
А со она пари и кариера нема да ве гушнат навечер... Замислете колку би било безбобразно на некоја што избрала да роди место да гради кариера да ѝ речам - детето нема леб да ти донесе на маса и сметки да ти плати.
Реално се знае причината за рано стапување во брак, не секогаш нормално има исклучоци кои се земаат на 18-19 и имаат деца покасно. Секој различно созрева и не секој запознава некој на 19 години со кој би можел да го помини животот. Не судам на никој имам 24 и не сум мажена, имам познаници кои на 19 се откажале од факултетот и се мажиле поради бременост, имам и познанички на 30 кои се во врска и не се мажат...секој си знае за себе ама не значи ако јас сум бремена на 30+ треба да бидам навредувана. Сум требало првото да го родам под 25, епа како бе ако нема со кој да го направам? Или со било кој само да се роди? Секој има различни мислења и различни патеки во животот и ако мислите дека тоа е во ред што го правите нема потреба да пишите по форуми како вашиот начин е идеален. За мене лично идеален е да стапам во брак 27-28 и да родам дете по 1-2 години, ама ќе видиме...И не се мачете со тоа млади мајки, на 35 да имаш дете од 5 години и не е стара мајка и нема исто да го воспитуваш детето на 20 и на 30 тоа е, на 20 јас сеуште бев дете ( можеби и на 24 сум)
А мислете дека ако мажот ви е 27 год а вие 18 тој си води семеен бизнис и е зрел вие чувате дете е во ред? Жал ми е што некои останале чипирани да се остваруваат на животните полиња само како мајки
Јас немам 18, туку 25. И за што побогу имам потреба да се остварам за друго поле? Си работам заедно со мм, дете имаме заедно си го растеме,секој ден шетаме. Каде друго треба да се остварам?
Во иднина жими све ако некоја ме праша зашто уште немам деца, неа ќе ја прашам зашто ги има. А познавам такви луѓе кои уште сега ми зборат колку е најбитно деца да имам.
@CrazyGirl15 ти ги читам мислењата и не ти се чудам. Воопшто. па ти едвај си чекала да се мажиш. Сама кажуваш дека не си сакала да запишеш факултет, книгите и учењето нешто не ти биле привлечни, сакаш да станеш шофер.. а бе супер за тебе. Ти всушност и си го живееш сонот. Е сега тоа што на форумов има жени и девојки кои без да завршат факс и без да се вработат не би ни сонувале да раѓаат и да се мажат, ај за мажење не е толку може и во брак да си млад ама да чекаш за деца додека не се создадат толку колку услови, тоа е друга работа. Лично мене ми претставуваше најстрашна работа да дојдам дома додека сум во средно и да им кажам на моите Трудна сум. Мислам дека тоа за мене беше најголем страв. јас бев воспитана дека треба да се заврши основно, средно, факултет па после да се вработам па после да мислам на фамилија. Ама ете тебе не ти било тоа битно. Само се надевам дека мажот ти нема да сфати после 10 години ( не знам колкав е дали сте разлика и слично) што пропуштил во животот па да живее „втор пубертет„ па да те читаме овде дека ете те вара, ти со 3 деца немаш кај да одиш итн..
Нема ништо лошо во тоа некои жени да сакаат да се остварат само како мајки.Немаат сите исти амбиции во животот.Чипирани биле, какви глупости.
Tуку мене еве една роднина ми вика - побрзо мажи се и имај деца оти твоите се веќе стари. Значи ако (недајбоже де) они не дочекаат да го видат тоа, јас цел живот треба товар на душа да носам. Башка што сум јас крива што одлучиле постари да имаат деца. Многу е грдо така на некој вина да му набиваш за вакви работи.
Не знам дали е поврзано ама две од темава што се за мажење рано ги имам читано и во теми кај што кажуваат дека си ги плескаат децата, фрустрации се во прашање? Или старомодно воспитување? Децата за тие што сакаат деца се најубаво нешто. Значи нешто неописливо прекрасно. За тие што не сакаат само ќе се мачат и себе си и децата. Во ред е и да сакаш и да не сакаш. Двете се ОК.