1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856

    Само прокоментирав, без намера да се карам или слично :)
     
  2. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    јас лично сметам како и многу други на форумов дека најголема причина за рано стапување во брак е несакана бременост.Јас лично сум притив рано стапување и ми се крева косата кога дечко ми ке ми спомне за такво нешто,а одиме веќе 6 години.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.058
    Пол:
    Женски
    Јас се омажив пред 6 месеца на 20 години причината не беше поради непланирана бременост , туку поради далечината :) Бевме во врска 2 години се слушавме секој ден , чат-пат се гледавме и во живо и одлучивме да се земеме да не шетаме ваму-таму повеке. Инаку сега имам 21 год а маж ми 23 и оваа година ке имаме ќерка. Навистина не ми е криво што млада се омажив , сега поубаво го живеам животот отколку претходно , бидејки ниту излегував ниту се забавував заради што немав друштво..
     
  4. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Постојат секакви причини за рано стапување во брак,јас сум многу против тоа,прво сакам да си завршам факултет да си се вработам да си поуживам малце во младоста за брак има време.За мене најубаво време за мажечки е 26/27 години,порано не би се омажила па што сака нека биде :^)
     
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    90% од случаите поради непланирана бременост и тоа се почесто и почесто, барем таков е мојот впечаток од она што се случува во мојата околина и да и од сопственото искуство, се омажив на 18,5 на 19 родив, некогаш жалам што така се деси, ама и не се жалам од сегашниот живот, а најголема среќа секако ми носи моето најмило чедо, и таа среќа не би ја менувала за ништо на светот, посебно не за уште неколку години "уживање во младоста".
     
  6. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    јас стапив во брак на 21 год поради непланирана бременост.Со маж ми дотогаш имавме врска од 5 години се познававме многу добро,се сакавме со сите наши маани и доблести па и да не се случеше бременоста бевме у план да стапиме во брак само што ова ги забрза работите :lol: Мојот сопруг е повозрасен од мене и беше доволно зрел за брак.Мислам дека женските се прилагодливи кога се работи за брак додека машките се неизживеани и доколку стапат рано во брак можно е да настанат проблеми секако чест на исклучоците ;)
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ќе одговорам како една млада девојка од 19 години која е верена пред неколку месеци, па сметам дека до негде сум компетентна да одговорам.
    Јас имам 19 а тој 20 години, значи реално гледано премлади сме за ваков чекор, но сепак тоа така изгледа само однадвор. Ние двајца сме како све идеални половини, заедно сме година и пол, од кои 7 месеци верени(за себе односно јас и тој така си се договоривме, а после нова година и официјално за сите).
    Ние од првиот момент кога се запознавме подобро сфативме колку се надополнуваме меѓусебно, имаме 99% исти ставови за се, карактерите ни се поколпуваат неверојатно многу што на луѓето кои не познаваат лично дури им е неверојатно, мислат дека глумиме лудило. Но и јас а и тој сме искрени, едноставно јас сум таа што сум, а тој таков како што е, од првиот момент. Не сакав да создавам лажна слика за себе, туку едноставно природно се однесувам во секоја ситуација, ако сум нервозна викам, ако ми се плаче-плачам, ако имам потреба за мазење-кажувам и т.н.
    Двајцата сме се прифатиле токму онакви какви што сме, без никакви задкулисни игри и уживаме во секоја измината секунда заедно. Моментално тој за мене е центар на универзумот а сигурна сум дека и јас за него.

    Сето ова на прв поглед изгледа како тинејзерска возбуда, но не е така и двајцата сме многу созреани за наши години и се решивме да се обврземе официјално на моногамна врска.
    Млади сме и нигде не брзаме, свадби и матичари за неколку години, откако ќе го завршиме факултетот, за деца исто, има време цел живот е пред нас.
    Моментално целосно уживаме само во нашата меѓусебна љубов и ни е прекрасно, така да не мора да значи дека бременоста е главната причина за брак понекогаш срцето и разумот ќе донесат некоја одлука за која јас досега ни на момент не сум се покајала.
     
    На sj *O*, srcekrsacka, karak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    јас прво имам прашања на ова тема?

    до колку години се смета за рано стапување во брак? еве јас уште некој месец ќе имам 24 години имам вереник иако сеуште официјално не сме направиле веридба свирки иди ми дојди ми нели де и се прашувам дали за некој изгледа дека јас рано ќе стапам во брак со оглед на тоа што имаме план да направиме свадба во текот на оваа година??

    јас порано си велев дека до 30 нема да се омажам ова она си тресев зелени без врска ама како што е наведено од неколку феминки се е релативно секој кога е спремен.

    јас живеам со вереникот, учам имам супер работа и сум домаќинка( не во смисол супер домаќинка нели де ама се грижам за нашиот дом) ми помага и вереникот што значи дека сами си ставраме се. уште кога имав 19 год јас перам пеглам готвам за 2ца за мене и цимерот што го имав, така да ова за мене не е ништо ново.

    моите врсници кои сеуште живеат со мама и тато немаат обврски итн нормално дека не се чуствуваат спремни за брак ќе им дојде наеднаш нема веќе да го имаат оноа повластие од дома. немојте да ме сватите погрешно ова е е никаква навреда туку едноставно објаснување на ситуациите.

    а мене лично многу ме боли кога некој ќе ми искоментира дека сум премлада дека ова дека она бидејќи јас бев (можеби сеуште сум) тешка феминистка, неможев и сеуште неможам да смислам да ме финансира мажот или да седам дома да чувам деца. ама кога вистинската љубов доаѓа ќе ви биде мило да се грижите за него, и да родите негово дете се ви е убаво тогаш и ништо не е тешко сваќањата се менуваат , желбите се менуваат.

    и уште една работа не ми е јасна. оние што имаат долги врски и се заљубени велат не сакам уште да се мажам сакам да си поуживам уште малку.??? јас сакам да прашам какво е тоа уживање? што се прави тогаш што е забрането после веридба или брак. па немојте да мислите дека во брак колат и бесат :D па нема ништо поубаво од тоа да живееш со саканиот, ниедно излегување, журка или сл неможе тоа да го замени ќе си го имате саканиот покрај себе и се она што сте го имале и претходно. али како и сметам дека најважно е да се биде психички и колку толку финансиски спремен бидејки голем број на проблемите настануваат поради финансии...

    како заклучок

    јас на 24 /25 год сметам дека сум подготвена за брак и не сметам дека тоа е прерано за мене прерано е од 16 год и тоа најчесто заради бременост но ми се допадна постот на најубава, се сакаат верени се но незначи дека ќе прават свадба и бебе веднаш иако јас лично и мислам 90 % од другите сметаат дека е прерано бидејќи пред се вереникот и е многу млад но како и да е најубава ви посакувам многу среќа и љубов.
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Најголема причина за стпување рано во брак е несаканата бременост. Многу мои врснички се испоомажија токму поради ова. Затоа и ми беше чудно кога лани една другарка се омажи на 20, од љубов. Ми беше мило. Пред некој ден ја сретнав и ја прашав да не очекуваат бебче. Ми рече има време, да поуживаме уште малку. Значи она се омажи, ама сеуште можам да ја видам по некои дискотеки. Да, друго е во брак, мора за се да се мисли. Сметки, финансии, па јадење... Ама незначи дека бракот е затвор.
    Еве на пример- мајка ми се омажила на 20, не била трудна, ама неможела да го поднесе таткото пијаница дома. На 21 ме родила мене. После скоро 21 година во брак со татко ми, тврдам дека нивната меѓусебна љубов не е сменета.
    Јас имам 20 години. Врска 3 години. Го сакам. Ме сака. И знам дека тој е TOJ. Ама знам дека е рано. Тешко ми е што сме далеку (иако и двајцата од Ск, тој живее на една страна, јас на друга), ама мислам дека потешко ќе ми биде ако стапам во брак на овие години. Сакам. Многу сакам. Ама за 4 години отприлика. Прво имам некои други планови. А исто и он. Сакаме прво да направиме нешто од нас. Знам некогаш на шала да речам: ај бе да се земеме :D . Ама тоа на шала и кога ми фали многу да е до мене да ме гушне.
     
  10. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Не постојат правила за стапување во брак, постојат созреани личности и несозреани или јас што ги нарекувам неизживеани, јас сум во брак 7 години не сум била бремена кога сум се венчала иако тоа е причината на многу денешни бракови, бракот не е само лист хартија туку повлекува низа одговорности како од едниот така и од другиот партнер. Поради недоволната зрелост и неиживеаност илјадници бракови се растураат токму од овие причини.
     
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    На прво место е бременоста...млади и заљубени,несозреани-и се одлучуваат на брак...исто ако не се запишат на факс-не сите,ама повеќето ќе завршат средно и ќе се женат/мажат оти тоа им преостанува....
    Има и многу други,специфични за секого индивидуално...еве другарка го напна дечко и на 22 г да се земат пошто тој беше на работа во Америка,па таа му откри слики на фб со некои девојчиња и го напна и се земаа,...таа сега е во мкд,тој пак во америка ,си доаѓа еднаш годишно,којзнае пак што прави-по старо,ама таа е среќна -што успеала да го земе :lol: она, другото демек не и е битно...- вакво понижување не сфаќам-демек мој по секоја цена |(
    Ииии,мислам дека некои девојки намерно остануваат трудни за да ги земат дечките шо ги сакаат ,особено ако они и не се толку заљубени во нив..ова никој ми го нема кажано-се омажнив оти останав намерно трудна,но се дешава девојката пример да не испие апче за контрацепција-а дечкото знае дека пие-и оп-у плодни денови -бебеееее :clap: Хехех не ми се смејте мислам дека кај многу се дешава ова :$
     
  12. kikus02

    kikus02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    14
    бевме во врска скоро 3 години .. Врска катастрофа ми бранеше а имам другарки .. некој др освен него да ми знае бр .. ме удираше .. бла бла бла ... уште милион негаативности во таа наша врска . Јас незнам кај ми е бил паметот зошто тогаш не го откачив .. За време на секс ме праша ке правиме ли бебе јас заљубена овца ... викам ајде ке правиме ... и направивмееееееееееее бебче ете сега сме во брак 1 година имаме бебе 9 месеци а имам само 20 години ... повеке не ми брани нишо ме улови веке .. ама па си остана таков кретеееен !! едноставно неможеме да се поднесеме .. и сега ... абе јас сум си крива за се !!! сега ке си трпам . оф леле и сега за крај бебчево ли беше причината за брак или мојта глупавост .. Не ме осудувајте животот и онака ме казни веќе !
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Кикус јас верувам дека ти си имаше друга замисла, како и секоја девојка на тие години си сонува за оној вистинскиот, со кој ќе создаде дом, па секогаш тука само по свое си доаѓа и мислата на дечиња и целата таа фантазија. Ако бебчето не ти беше во мешето и ако тој еден ден ти речеше ајде ќе се мажиме, со тоа летање како што и самата рече си била слепо заљубена, најверојатно ќе си рекла е ајде ќе се мажиме!

    Но навистина да си разочарана вака на 20 години! Само малку не ми е јасно, дали си разочарана дека изгуби момински живот и другарувања или си лута дека тој не испадна како што замислуваше? Макар што се гледаше каков е ама не си прва ни последна да мисли дека ќе се смени за љубов. Да речеме ако беше се што ти посакуваше јас сметам немаше сега да мислиш дека млада си била да донесеш одлука за брак. Точно да си била постара, што е најважно со повеќе искуство, шансите за таква грешка се многу помали, ама ајде си направила грешка, бидело тоа, ама таа грешка може да ја поправиш ако сакаш. На 20 години никој не треба да рече дека е казнет за грешки од минатото, тебе животот ти почнува и во твои раце е решението дали ќе живееш мизерно цел живот или не.

    Мене ме засега ако си разочарана дека си станала мајка на толку млади години оти тука нема баш место за дискусија. Ако тоа е случај тогаш само ќе те советувам да размислуваш на позитивната страна, дека тоа што е сега бебче ќе порасне и ќе се осамостои додека ти ќе си сеуште релативно млада да уживаш и да посветиш време на себе, да другаруваш, правиш што сакаш...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikus02

    kikus02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    14
    фала Имелда што одвои барем неколку минути за мене .. Што изгубив момински живот не сум разочарана .. лута сум на животот што тој не испадна како што очекував .. е да и во право си .. младост лудост и да не беше бебчево пак ке кажев да ! Но сепак растам и јас со моето бебче .. Тоа ме исполнува премногу уживам во улогата на мајка ... За бебчево никогаш нема да се покаам тоа ми е голем дар од Бог.
    Но со типот никако неможеме да се погодиме .. има 24 г а е толку многу неодговорен и мрзелив .. кога станува збор за работа се нешто го боли .. гоолем паразит е ... Не сме се бакнале ниту допреле ехеееее одамна .. едноставно веке не пали ништо .. до толку се имаме одалечено што дури ми е срам понекогаш и да се соблечам пред него имам осекај како да ми е комшија .. братучет .. роднина .. некој пред кој треб да се засрамам .. а пред другите имаме толку совршен брак .. како песната Маскарада од Цеца сме ... Поздрав !
     
  15. macka18

    macka18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Jas imam decko ideme skoro 4 god. Porano mozebi na muabet sme zborele za brak kako bi ni bilo i slicno, ama iskreno koga ke razmislis malce i ke go vidis svetov i lugeto okolu tebe ti se menuva mislenjeto. Jas sega zavrsiv 4ta znaci ke idam na fax, i moeto mislenje sega za sega e deka ako nesto bi pravela toa e samo veridba, zatoa spored mene kakov zivot bi imale i jas i on, a kamoli i za detence ako prvo dvajcata ne zastaneme cvrsto na zemja, so svoja rabota dvajcata i svoi plati dovolni za semejstvo. A plus i nekako vo posledno vreme kako sto primetuvam za lugjevo vo brak mi se izgubi zelbata .... :) stalno karanja, problemi kolu pari, pa i neverstva .... ne sakam da me snajde takvo nesto, podobro prvo ke ziveam so deckoto na nekoe vreme da vidime kako bi ni odele rabotite pa posle se drugo. Ama za zal najcesto nikogas ne ispaga kako sto si zamsluvas, moze nesto sosema drugo da te snajde.

    [mod-kirilica:kikzc4jx][/mod-kirilica:kikzc4jx]
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Имам 22 години, имам врска од 4 години и ми фали уште една година за да дипломирам.. Он има 23 и заврши факултет, ама нема работа.
    Сакам да бидам во негово друштво, да заспиваме заедно, да се будиме заедно, да делиме се. Имам многу поминато во овие 22 години, сум доволно созреана, прошетана и независна. Бев 1 година во странство, од септември ќе одам пак на студии во странство и токму тој е оној кој ме подржува во се и се радува на секој мој успех.
    И се би било супер, доколку не сме заглавени финансиски, немаме можност да живееме сами, немаме редовна работа и приходи.. И да сакаме да се земеме, немаме од што да живееме... Затоа си рековме, дека ќе чекаме прво да најдеме стабилна работа (јас сакам да одам на постдипломски во странство), да инвестираме во стан, па да се земеме. Или да си ја пробаме среќата надвор од МКД.
    Ми се допадна мислењето на Ариел. Доколку (дај боже) ме снајде истата судбина да најдеме асална работа, одма *рипам во тавче*
     
    На sj *O*, srcekrsacka, sesilija и 2 други им се допаѓа ова.
  17. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    младост-лудост според мене...ама пак не можам да сфатам бе, ок, сите со различни размислувања, ама...
    јас на мои 19 години не можам да се замислам во брак ниту во наредниве 5-6 години, а не пак сега :| сепак како шо кажав секој сам си определува и секој сам си трпи се’
     
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Животот не те казни, животот ти дава можности да избираш, а ти во тој момент со таа свест што си ја имала си го направила тој избор. Ама тоа не значи дека треба да трпиш сега цел живот! Давај најповеќе во бракот за да ви расцвета, да се смени маж ти малку, а ако не оди, на крајот на краиштата стави крај на се!
    А, како маж ти има многу типови-ќе те заведат, ќе ти ја искористат заљубеноста и добрината, за да те земат, колку да си се женат (ете женат сум ради реда, имам семејство, не му се мислам), а до крај остануваат незрели и не се ни спорузи, ни татковци, за ништо не ги бива :^)
     
    На srcekrsacka и XMaN им се допаѓа ова.
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Кикуш, си направила огромна грешка ама не дека имаш бебе туку дека си се сложила на брак со човек кој не те сака а поголема казна за жена од тоа нема.

    Не си ни прва а нема да бидеш ни последна која мислела и се занесувала дека со љубов ќе ги смени негативните карактеристијки кај дечкото ама тоа мн ретко се случува, карактер многу тешко се менува.

    Да ти кажам пример (малку да се утешиш) што е паразит маж. Имам пријателка, жената е пуна пари и и се залепи еден црв од маж само да ја цица и ништо да не прави. Џабе и зборев дека не е за неа, она си направила сметка подобро лош маж (и некаков секс) отколку никаков затоа што веќе неколку години беше без дечко. И требаше еден ден да ми донесе мини систем што го бев порачал од дуќан а неа и беше уз пат и ми титка излези во двор да го земеш. Искачам јас надвор и што ќе видам. Пријателкава ми го носи системот во раце (а тој бајаги големичок и воопшто не е за жена) а до неа фраерот нејзин паразитот со раце во џебови :devil:. Ми се одмиле живот, жити мажот. И кажав после на само дека од таков најдобро да бега што подалеку. Типчето веќе си имаше и планови направено со тек на време да и ја земе и куќата. Среќа го шутна после една година и си фати многу подобар затоа што и стана најпосле јасно дека живот со паразит никогаш нема да ти донесе долготрајна среќа. Таквите со тек на време и во кревет ќе станат мрзи.

    Ти сега имаш дете ама си сеуште млада и имаш некаква шанса да најдеш некој подобар. Знам дека многу мажи ќе избегаат кога ќе видат дека си со дете ама може да најдеш и некој што ќе те засака и со детето. Ако пак останеш во лош брак и ги загубиш најубавите години покасно шансата да најдеш таков ќе ти биде равна на НУЛА. Размисли дали сакаш живот наизглед ок ама најверојатно ќе те вара твојот во секоја прилика или ќе собереш сили да си ја платиш грешката (да се разведеш ако не бива љубов) и да тргнеш сама напред.

    Неблагодарно е да се дава совет во ваква тешка ситуација ама никогаш не сум сретнал некој што од мрза станал човек на место така да внимавај многу добро што ќе направиш затоа што одлуката денес ќе ти има влијание за следните 20 години а може и многу подолго.

    Пс. Да не бидам погрешно разбран не велам веднаш да се разведеш туку пробај најпрво се што можеш да го спасиш бракот и да се заљубите еден во друг но ако не оди тогаш важи тоа што го напишав погоре.
     
    На srcekrsacka, sesilija, easyyyyy и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Која може да биде причината..Не, јас не сметам дека тоаа е непланираната бременост...Значи пак се врти се околу тоа....По грешка останала..не се останува по грешка...ти свено правиш без заштита, а колку и да пазиш на тој начин не можеш да се допазиш.
    Јас мислам дека заљубеноста тука си го прави своето, оној занес, па не се размислува, и ете не се заштитуваш, не размислуваш....Едноставно тераш. Јас сакам да бидам млада мајка, но тоа не значи дека сега треба да избрзам...Тоа треба самото по себе да си дојде....Ајде ќе правиме свадба ура ура и за година дена развод....
    Сите знаеме дека е слатка љубовта, дека сакаме постојано да сме со партнерот....Но, бракот е поинаков.
     
    На srcekrsacka и kikus02 им се допаѓа ова.