Повеќе вина му се набива на девојките кои не се мажат рано одколку на девојките кои не одлучиле да се образоваат иако за мажење и за деца не зависи само од тебе ...ама ајде де битно да се наоѓа мана и кај што нема
Па ако стварно си ги сакаш децата, и на 35 да си ги родил, ќе ги сакаш. А не да викаш јас си родив млада, сега уживам, а ене ја Стојна сега се мачи деца да гледа на 30, кине живци.
Има тема кај што не мрчиш за неповрзани работи? Се што е различно од твоето мислење и очекување од животот го осудуваш. Глумиш измодернизирана нешто во некој филм, а го пикаш носот во сечиј приватен живот. Немаш право да кажуваш дека некоја е чипирана или не.
Македонски синдром е тоа. Ако не е мажена на 25+ зошто не е, ако има деца пред 24, рано и е, ако нема деца пред 28 касно и е, ако работи келнерка на 25+, како го работи тоа, несериозна работа е, ако нема факултет зошто нема, ако има,а нема работа по струка, џабе пари фрлени, ако е со средно, зошто нема факултет, ако работи за 14000 зошто се мачи, се малтретира, ако даде отказ ете сега без работа е, 14000 бар капеле по малку. За се туѓо, имаме негативен коментар, а со добар дел од овие сеуште се соочувам.
А чим кинат живци, нешто не ми штима тука. Мислам ај не сум родител нели. Ама и кога беснее мало дете, не знам што очекуваат они? Мислат некои роди го и оп за една година станува возрасен самостоен човек. Или уживаат само кога е мирно маченце детето. Ок некои стварно животот без деца го сфаќаат како уживање, ама од причина што самите за себе сфаќаат дека не би можеле да се грижат за дете и ако имаат ради реда само полошо ќе направат. Или во период кога воопшто не знаеле ништо за деца, па раѓањето на деца тогаш само полошо ќе направело зашто не биле тие спремни, не ради децата. Односно како два вида уживање, ама различни. Прво во едни работи си уживал, сега во родителството. И ова е океј. Не е океј да тврдиш дека животот ти станал напорен, пеколен, не можеш да уживаш откако имаш деца, ама битно ги сакаш и си многу грижлива мајка.
Од крајност во крајност се оди. На 21 година излегувам, се дружам, да смеев и ќе се напиев по некогаш, шетам, се образувам со цел во иднина да имам сигурност за моите деца да го имаат тоа што сум го имала и јас (и уште повеќе, затоа што сиромашниот период и живеењето во 15 квадрати ми оставило лоши спомени). Значи, јас сакам да имам деца. И се надевам дека еден ден таа желба ќе ми се оствари. Затоа што ми е најсилна. Ама не е само затрудни, земи се, чувај деца за на 30 да можам да сум лабава. И не е дека сакам да наметнам мислење и став, темава е многу јасна: ПРИЧИНИ. Причина неретко за да стапиш во брак на млади години (читај дете) е непланирана бременост, како и потреба за финансиска стабилност (корист). Многу поретко се случува некој од љубов да се земе под 20 години. Членката што не сака да биде цитирана, неколку пати проба да убеди тука дека се венчала од љубов и дека тоа било нејзина желба. Ама заборави и дека кажа дека се напила норлево после инцидентот. Значи - непланирана бременост и непосакувано дете во моментот. За тоа дека тврди дека е подобро брак на 18 години и 3 деца до 24, без образование и уште полошо без работа, успат ги навредува тие што сметаат поинаку, да не правиме муабет. Темата со сестра и да не ја спомнуваме. Не знам како си поврзувате проблеми со бременост и плодност на млада и здрава возраст за раѓање (25 до 35) со работа.
@CrazyGirl15 Јас те сфатив што сакаш да кажеш, дека ете ти се погодил бракот и животот ,дека воопшто не се каеш за одлуката. Но факт е дека причина за вашиот (избрзан) брак била непланираната бременост(како што си напишала пукнал презервативот). Воопшто немаше потреба да ги коментираш во оваа тема останатите нешта(сестра ти,кариера,биолошки часовник ,итн.) И јас се омажив на 20 поради непланирана бременост,бившиот беше повозрасен од мене,но бракот пропадна. Еве сум и во втор брак,со маж 10месеци помал од мене(ако е воопшто битна возраста),ама првиот може вода д му носи на маж ми. Но знаеш што,ретки се таквите примери (ептен млади сопружници да пливаат солидно во животот) ко Халеева комета (не ми текнува друг пример ). Со сопругот се трудиме од петни жили.Сами ,ние двајца. Подршка помош од баби дедовци немаме ,ама баш никаква. Тој има кариера ,но и земјоделие плус работи,јас сум 24/7,365 буквално фулл тајм домачица.... И да,шок ми беше и на 20год. кога забременив (сега знам дека на бившиот тогаш така му одговарало),имав други планови а очигледно нему НЕ му одгаварале (а тогаш мислев дека сме отворени еден за друг ,сЕ додека не влегов во брак со него). Дали сакав/м кариера?-ДА Дали сега можам да ја остварам? -Многу тешко. Реално . Дали се каам? -Не, и тоа ,,НЕ" ,само поради тоа што совеста не ми дозволува така, како да се каам за моето првородено сонце(така започна се),па и за другите две(планирани беа). Не можам. Едноставно се помирив дека животот ми замина во друг правец,и се пренасочив кон ова што го имам(а многу ми беше тежок тој период дур да се соземам и продолжам). Дали би сакала наше дете да стапи во брак и да раѓа пред да се изгради како личност,пред да ги доспее сите лични желби ,замисли,цели,задоволства,падни-стани ситуации,што треба да го извајаат и спремат за самостоен живот?-НЕ! Тешко е да си признае и прости човек сам на себе ,и да продолжи да живее без фрустрации и обвинувања во текот на животот.Имав периоди и тоа многу тешки,кога се обвинував сама себе, и родителите, ма цел свет ми беше крив! И овие случаи како мене се секојдневие, а како тебе и твојот партнер ти кажав -Халеева комета. Доволно ќе беше САМО да ја наведеше причината за вашиот брак согласно темата.Немаше потреба да го возвишуваш прераното/избрзано стапување во брак ,бидејќи реално НЕ е така(погледни околу себе и во темите за развод и насилство).ТИ си имала среќа,како што и јас имав во вториот брак со едно прекрасно ЧОВЕЧИШТЕ . Па не шетам наоколу како е идеално да се премажиш, бидејќи и тоа реално НЕ е,а примери има многу. Мајка си ,и жена.Зарем сакаш некоја наивна девојка(нечија ќерка) да наведеш дека би можела да ја живее твојата приказна(да повторам ретка колку и Халеевата комета)!? Барем биди реална.
@mssuniquee ама пак... ТИ. Ти не гледаш што друго да правиш. Ти за друго немаш желба. И ако си задоволна, кул. Баш одлично. Тоа не значи дека другите што сакаат да прават нешто друго, што не вклучува и деца во сликата, прават погрешен избор Тоа со бизнисот, како да ти кажам, еве и мојот исто така. Ама тоа нема врска со деца раѓање. Ние не мислиме дека треба да се има дете само зашто си подредил работи во живот (дом, финансии) туку и активно треба да сакаш да бидеш родител. До сега ние не сме посакале, некои нема никогаш да посакаат. Верувај, сосема се сите среќни со своите избори
@CameliaMiller Тоа и го пишувам во секој пост буквално. МОЈ избор, МОЈ брак. МОЈ случај. За мојот живот зборам. Каде виде дека пишувам за други ? Впрочем, кажи ми што правиш ти повеќе од мене ?
@tambelina одлично кажано. Поготово делот кај што кажуваш дека не се каеш, ама само затоа што детето не може да ти биде извор за каење. И тоа е реалноста. Секој родител што се кае што родил за мене во некој поглед ќе биде лош родител, ама факт е дека во одредени моменти во животот некои работи се поважни од други. Никој не вика дека ако се земеш на млада возраст ради дете дека си згрешил и треба да се каеш.
Не би знаела, не се познаваме Ај вака. Минативе 10 години едноставно немав деца, затоа што НЕ САКАВ да имам деца. Не сакав да чувам деца. Не сакав никаква обврска поврзана со деца. И не сметам дека сум згрешила, не се чувствувам неисполнето, сосема сум ок со моите избори. Да бидам бремена ми беше еден од најголемите стравови, и не, немаше да бидам ич среќна да видам позитивен тест. А Крејзи на зборува само за себе, зборува и за сестра и' и за сите останати. Во тема кога да се мажиме (и дали да се мажиме) и кога деца да раѓаме (и дали да раѓаме) не можеме да зборуваме за други. Како што ти ја спомна сестра ти. Ако не сака сега да роди, нема поента сега да роди. Нема полошо од тоа да родиш дете кое не сакаш да го имаш. Тебе ти е супер затоа што си сакала и си се надевала да имаш дете, колку што за тебе среќа бил тој позитивен тест, толку за мене на пример би бил лоша вест, несреќа. Деца се имаат тогаш кога сакаш да ги имаш, на 20, 30, 40. И секоја од нас си знае само и само за себе.
Кенди, а некој гласно ќе признае дека се кае?! Ќе го тиска собира во себе ,ќе се фрустрира. И без соодветна помош (читај психолог) е многу тешко да се надминат тие фрустрации-да си простиш на сам себе и на другите за да расчистиш со тие фрустрации, кои реално се огромна пречка низ животот. Ствараат толкава нервоза,што човек ја истура кај стигне. Ете тој е моментот што го посочи и @Mantub за немање живци со децата и плескање по газе. Кога човек не успеал да се оствари доволно,а од друга страна не си признава и не бара како трајно да се ослободи од фрустрациите. Па ајде ќе се лажеме и себе и другите како да навистина тоа сме го посакувале во животот. И како тоа е нормално и прифатливо. А воопшто не е. Колку многу фали професионална психолошка подршка,образование, финансиска писменост(а и многу др нешта), тоа е чудо во 21век. Жалосно е .
Не мора да признае, се гледа тоа. Дури и не мора да поминат години. Имам пример на тазе породена млада жена на која детето воопшто не и ни беше во план. Ја гледам како и се смени животот од корен, ама никогаш не покажала фрустрации ниту каење. Иако и се отежна животот скроз. Едноставно донесе одлука и тоа и е прироритет. Други пак ги гледам како се жалат постојано, како не виделе раат, како едвај чекале да се наспијат и да го дадат бебето некаде на чување. Не знаеле ли што ги чека? Малку офтопик, ама пак доаѓаме до тоа дека дури не си спремен и не си сигурен дека тоа е тоа што го сакаш и дека ќе го правиш со љубов и посветеност, тогаш носиш погрешна одлука.
Многу му ја мислите. Која - како сака нека си прави. Со деца, без деца; со кариера, без кариера; со маж, без маж; со жена, без жена.... Ваша работа. Ако му смета на некој, нека мижи.
Според мене не е воопшто офтопик. Бидејќи туку речи за сите избрзани бракови,причината е неочекувана бременост. И некој мал дел ,,Ајде 10години се водите ,што чекате ,кога свадба?" Треба да се има предвид дека со раѓањето на дете ќе им се смени животот. За некои не толку многу,а за други ептен многу.
Ехеее колку пати сме го слушнале ова Па кога се веривме, не знам дали постои некој што не ме праша дали сум бремена Од перспектива на мајка ми, што едно дете родила на 23, а друго на 36, полесно ѝ било со второто. Ама тоа е само таа - една жена. Не можеме да знаеме на секоја една како ѝ е добро.