Ај вака . Последен пат и навистона последен . Значи и јас прво имав пишано за себе лочно . Тоа што одредени членки ги извртуваа работите и стана се каша - попара , не е директно моја и само моја вина . Конкретно , кажав дека јас не би можела да абортирам дури ни на 17 , затоа што тоа ми е еквивалентно на убиство на невин човек . Ама лично за мене тоа е убиство . Тие што се најдоа навредени , се истите што ја однесоа темава во сосем десетти правец . Примерот со сестра ми го дадов , веќе не знам ни јас како стигна до таму , за ризикот кој ќе го трпи ако треба да се врати ( а како што гледам , ќе треба ) на работа , особено затоа што е во Клинички ( да била бремена по пандемијава , или пред , секако не би ја дала како пример ) . Мило ми е што си ја нашла среќата во животот , и ви посакувам уште многу години исполнети со среќа и љубов . Да , ретки се таквите бракови , ама тука ги направија невозможни . Згора на тоа , бев обвинета дека сум и љубоморна на сестра ми , па дека и завидувам и ја осудувам . Ниту ја осудив , ниту и љубоморам , ниту и завидувам . Среќна сум што после години во депресија си накде човек што и одговара карактерно , вреден и чесен . Ама кој да им каже овде . Ќе те направат ненормален .
^многу лошо прашање. И тоа и "те запроси?". А најгрдо е "ајде раѓајте што е ова" а не знаат зошто жената не раѓа. Затоа што често се работи и за неплодност. Имам ваква личност. Се зема од љубов на 25 години и пукната е за дете ама не може. И кога ќе ја праша некој дали е трудна, срцето ми се кине кога ја гледам како смирено им враќа. Малограѓанштина.
Апсолутно не е точно, те молам прочитај се уште еднаш. Може не си се изразила убаво ама ако во ова не гледаш осуда, не знам каде ја гледаш. Не знам како се дрзна во цитатот да алудираш дека сестра ти има проблеми зошто "шетала" и дека проблемите во бременоста автоматски значат "што дека учела". Тоа што учела на сестра ти никој не може да и го земе никој и ништо, баш тоа што е образована личност е убава работа и никако неповрзана со нејзините проблеми во врска со имањето дете. Имање дете нема врска со образованието, и не се едуцираме за да имаме деца, туку за себе. А од твоја страна без разлика дали мислиш или не така како што си пишала, навистина стојам до тоа дека не е во ред тука нејзината интима да ја пишуваш.
Патем истава роднина упорно ми кажува во лице дека они биле 6 деца и растеле без струја и вода дома, на парче леб дневно растеле па еве ги денес живи здрави. Кажи и само дека за да имаш деца сакаш прво да имаш свој дом и убава плата и очи ќе ти превртува.
Не знам како е ова аргумент во прилог на рано стапување во брак...подобро би било да размислиш што и каде би работела ти, со три деца и со никакво работно искуство.
а бе аман женава нема аспирации за кариера сака шофер да стане. Што е толку страшно. Па не мора сите да сме со кариери. Плус пишува дека е во Детроит, Мичиген ако е точно тоа... така да сосема ми е јасно се.
@CrazyGirl15 Те молам оди на search, пребарај во оваа тема под име на член -твоето,и сама ќе увидиш како и зошто си ја однела дискусијата во лош правец. А си ја започнала дискусијата со мислење за абортус ... Од старт си ги осудила како убијци жените што абортирале,наместо твое мислење на конкретната тема,ти си подлегнала(исфрустрирала) на нечие фазла мислење. Инаку воопшто не боли човек да се извини. Секое добро и тебе,и со лесно бременоста
Тоа си е нејзина работа...само не знам како раното стапување во брак би и помогнало на сестра и со враќањето на работа во време на пандемија ...членката измеша баби и жаби кои немаат допирна точка со темата само за да не убеди во правилноста на нејзиниот избор.
Што очекуваш кога дете родило дете, па до 24 години уште три ( трето е на пат).. мислиш видела нешто друго .. Од кај една мама си отишла кај свекрвица.. Тоа е. Живот. Она што на некој му е најголем хорор за друг му е бајка.. кој како си ја нареди.
Се знаеш што е причина за рано стапување во брак - несакана бременост. Може до утре да се лажеме дека девојка под 18 знае да направи вистински избор и да ја препознае вистинската љубов за да знае дека тој е човекот на нејзиниот живот, ахм важи. Од друга страна имаме девојки кои немаат за цел да градат кариера, кои немаат никакви амбиции, и не верувам во тие бајки дека на 18 немала никакви ама после 10 години и се родиле амбициите се многу, многу ретки дури и минимални. За вакви личности нормално дека бракот е совршен избор, да седи дома и да чува деца. Мое мислење е дека секоја девојка треба да се изгради како личност, без разлика дали има амбиции или не. Секоја девојка треба да го искуси животот, затоа шти ниедна личност не е иста на 18 години и 25 години.
Нас па не отекоа зошто не сме сакале едно потписче во матично,ајде удрете еден потпис што ви е тешко,детето вонбрачно ли ќе ви биде?Не сакам бе луѓе сега и точка.Ако ми се просака во меѓувреме ок ако не откако ќе се роди бебуш. Сакам да кажам како и да правиш секогаш околината за спротивното ќе прашува
^За да го оправда нејзиниот избор, да биде мајка на три деца до 24 години, без ниту ден работно искуство. Секое деградирање кое го даде врз нејзината сестра е одраз на нејзината фрустрација што и таа не се исполнила колку и сестра и. Патем, нормално е некои личности да не развиваат амбиции за работа и кариера, туку да се млади мајки и домаќинки, но не е ич нормално да се величи нејзиниот успех и принуден избор према успехот на еманципирана, доволно созреана, образована и вработена жена која во одреден период од животот ќе се реализира и како сопруга и како мајка, макар било тоа и на 36 годишна возраст!
Оти треба да има кавга на темава, ама ич не ми е јасно... Единствено проблем гледам во тоа, некоја да забремени и/или да се омажи додека е малолетна. Рестото е прашање на лична желба. На 25 од кај мама, отидов кај маж. И шо? Колкумина кај нас самостојно живеат? Некои и цел живот се заедно со родителите... без разлика дали се во брак, или не.
Возраста не е иста, ама концептот е ист. Мислиш дека многу бев спремна за живот без некој да ми води евиденција за се'? Распрдени сме сите. Првиот пат кога отидовме в продавница да пазариме, плачев ко кишна година, оти не знаев што треба да купам. Се избунив цела и се испаничив ко несалам. Е, толку од мојата 'спремност'
Е па видиш, не да се фалам ама јас од мои 15 години сама пазарев, и бев сама оставана дома од помала, така да се зависи од околностите во кои си растела. Јас сум немала баби да ме чуваат, така да сама сум си седела од мала. мајка ми и татко ми на работа и така. Ама тоа е. Сепак да ми правда некој дека на 17.5 години е идеално да се мажиш и да стануваш мајка.. извини ама не. А за другата тема имаш и на 40 што не знаат сами јајце да испржат ама тоа е друга тема.
@WildMk не е толку спорно што Крејзи млада се омажила ,причина -непланирана бременост(онтопик).Не е спорно ниту тоа што не сакала факултет и кариера, итн. Крејзи сама ги повлече членките за јазик ,(идиректно или директно не памтам) нарекувајќи ги убијци тие што абортиле . Ептен кривина фати и со отчукување на биолошкиот часовник, проблеми со плодноста,трудници со кариера итн. Сакајќи да се дообјасни колку убав и се погодил предвремениот брак,на лош (тотален офтопик ),можеби и ненамерен начин (трудничка е со трето ,и при крај е, со хормони до плафон) испровоцира многу членки . А и самата подлегнала на провокација кога влегла да коментира во оваа тема.Види и го првото мислење. Апсолутно беспотребно. И така ,цела дискусија отиде таму кај што не треба.
Поентата е да не се прикажува мажењето/раѓањето на 18 како кој знае колку паметна и промислена одлука. А демек, подоцна, возот ни' поминал Еве јас не се мажев, па сосема добро знам за себе да се грижам. На 18 не знаев. Научив доста кога прв пат бев сама да живеам, на 21. Грижа за себе и обврски према себе не се учат со мажење. Тоа е еден начин, секако. Ама еве мене, за мене, мојот начин, ми беше супер. Жими мајка ќе осетиш како е да го шеташ светов сама, ако родиш на 17-18. Не, со мало дете/бебе не можеш да прошеташ пола континент и да се чувствуваш слободен. Ама треба прво да сакаш да прошеташ пола континент, пола свет итн. за да ја видиш убавината на истото.