Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Да речеме дека шетањето не е толку пресудно тука затоа што не секој има пари и време да шета, можеби до 35 години нема ни да има. Еве јас сакам многу да го запознаам светот што е можно поубаво (сама, со дечко, со маж сеедно) ама ако немам шанса за тоа во наредниве 10 години секако дека нема да е тоа причина за да не родам.

    Ама @WildMk очигледно не ги исчитала страниците наназад чим вика дека се караме за нечиј избор.
     
    На koritsaki, baby-star, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.941
    Допаѓања:
    267.732
    Немав ни јас пари, па работев секаде за да си овозможам :)
    Со дете немаше шанса истото да го можам.
    Ама сакав, тоа ми беше желба, тоа ме исполнуваше, па наоѓав начини.
    Ни сега не мислам дека видов се' што сакам да видам, ама сега се чувствувам спремна за далеку помирен и постабилен живот.
    А желбата за таков живот ми дојде подоцна од 25г. секако.
     
    На Noemi и candy.cane им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Абе секој си има свој живот. И свој избор што ќе прави во неговиот живот. Така беше, ви текнува?
    Неможеме ние никого да судиме дали тоа е во ред, дали и како се снаоѓала кога била во кризи и општо.
    Нит ви дошла некоја дома "дај ми полкило млеко" нит ви го стаила на цицка пошо наводно нејзиното "секнало".
     
  4. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Јас се омажив на 23 пошо забременив.
    Да не забременев, ни на крај памет ми беше мажење :D
    Ќе бев негде по Америките 8)

    Ова и на мм му го кажувам.
    Многу пати на шала му кажувам дека не верувам дека ќе се земевме ако немаше бебе.
    Барем не тогаш, туку години подоцна.
    Па што, јас 23 он 22 беше, сигурно не ни беше животна цел брак на тие
    години.

    Задоволна сум од животот не дека не, среќна и исполнета сум, но не би рекла дека дефиниција за среќен живот е раѓање на 20 и шетање со маж и дете по цели денови. :)
    Малку претерувате со “убедувањата” во што е нормално, а што не.
    Право на избор е!
     
    На tinka-mace, Nausicaa, KateKane и 11 други им се допаѓа ова.
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    И сам да си цел живот.
    Не секој има услови да го прошета пола континент.
    Децата не се воопшто криви.
    На тој начин ќе им овозможиш од мали нозе да шетаат, да патуваат. Пошо ти не си можела да речеме.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.941
    Допаѓања:
    267.732
    Како сум сама цел живот? :)
    Со истиот партнер од средно сум.
    Условите сама ги создавав со работа, не ме финансираше никој.

    Поентата е дека не е мојот избор погрешен, како што се обидоа да прикажат, дека "касно и комплицирано" е на 30+

    Може да не шеташ никаде, да сакаш да се образоваш, можеби сакаш на друго поле да се оствариш.
    Нема ништо погрешно, напротив.
     
    На baby-star, KateKane, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Општо мислев.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.979
    Допаѓања:
    179.866
    Секогаш можеш да бидеш мајка, супруга, домаќинка, не секогаш можеш да бидеш млада девојка:)

    Дали ќе шетам или ќе плетам, ептен е индивидуално. Ама се превидува колку е битно да научиш да бидеш сам со себе ок, ако си цело време под нечија закрила и зависност, физичка, психолошка и/или финасиска.
     
    На Purplelilac, Nausicaa, baby-star и 13 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.941
    Допаѓања:
    267.732
    Па општо кажано, цел живот не се 30 години.
    Во моја потесна фамилија, ретко кој пред 33-35 се мажел/женел, деца имал.
    Најчесто затоа што се амбициозни луѓе и работеле на професионален план.
    Па ете, не се чувствуваат престари што се оствариле како родители на 30+.

    Можеш и сама да бидеш цел живот - ако така сакаш. И на 20 да се мажиш ако така сакаш. И на 25 и на 30 и на 40. И никогаш да не се мажиш, да живееш вонбрачно.
    Не постои правилно и неправилно.
     
    На baby-star, KateKane, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Абе и јас кај моите и пазарев, и чистев и готвев, ама тоа не ме спреми за сама живеење.
    ::::::::::
    За тоа се согласив.
    ::::::::::::::::::.
    Ова е тоа што ни фали на многумина (y)
    Кај нас ретко кој живее сам... некои цел живот живеат со родителите.
     
    Последна измена: 24 септември 2020
    На candy.cane, tambelina, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.941
    Допаѓања:
    267.732
    И тоа е причина + за да се потрудиш да се осамостоиш.
    Не е осамостојување купување на живеалиште само, ехеее на форумов колку жени има што со години под кирија живееа за да стигнат до свое.
    Целиот менталитет околу твоите ќе купат количка, моите спална, е ептен, ептен лош.
     
    На Nausicaa, baby-star, KateKane и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.979
    Допаѓања:
    179.866
    Никаде не спомнав да живееш сам, реков да бидеш сам со себе ок:).
    За друго праам муабет
     
    На Purplelilac, baby-star, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Не, не ни мислев да купиш стан/куќа, туку да живееш без родителите.
    Може под кирија со цимерки...

    Маж ми на пример, студираше во СК, и демек сам живееше, ама финансиите од неговите, ручекот спремен за цела недела од мајка му, таа идела да му чисти кај што седел....

    Ретко кој навистина знае за самостоен живот.
    Сам да плаќаш се', сам да мислиш за секој квар дома, сам да мислиш за секој ручек... секоја одлука.. секојдневно.
    Не сум те разбрала.. и тоа е точно, но сеуште стојам на тоа дека ни фали да живеем самостојно пред воопшто да размислуваме за брак.

    И јас се ставам, пошто нели.. од кај мајка, кај маж
     
    На candy.cane и tambelina им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.327
    Допаѓања:
    113.986
    Пол:
    Женски
    Е мене богами ме спреми. Така сум растена, да бидам сама на свое. Така ..
     
    На baby-star, CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    И сметки плаќаш, и со мајстори се расправаш, со бирократии, даноци, возило и негово одржување.. итн итн?
     
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Уф ова стана напорно де пратите ми тема кај шо мажи се караат за мажење кој кога ке омажил и дали готвил или шетал, претеравме, секој нека праве како сака сите имаат различен ментален склоп врз основа на искуста, воспитување, прочитани книги, видено места,зависи со какви луѓе се дружел некоја има висока самодоверба и има шо сака друга мисле дека од кај мама треба одма кај свекрва а не да се помаче да си купе станче или слично. Така да или ке се теше некоја шо е утнала и ке исправува криви дрини на форум или ке е реална. Тоа е
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Возраста на која си стапил/а во брак, не е гаранција за успешен/неуспешен брак.
     
    На koritsaki, venividivici, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па да има разлика на 18 да се омаже и Кајли Џенер да има и дете и Натка од Оризари.
     
    На baby-star, candy.cane, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.132
    Допаѓања:
    88.217
    Пол:
    Женски
    Има самостојни за живот на 22 има и такви на кој мамичка им прави сендвич на 38,не се секогаш годините репер за спремност.
    Познавам жена која роди на 17 и 18 поради непланирана бременост,денес имаат срекен и успешен брак 25 год., две деца дипломци на Финки,она сма и и факултт заврши,се вработи и децата ги исшколуваа и 2 пати год.ја шетаат Европа.
    Правило баш и нема.
     
    На mode-kristina, KateKane, tambelina и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.979
    Допаѓања:
    179.866
    Не е возраста, ама има нешто со зрелоста. Понекогаш зрелоста иде со возраста и искуството.
    Понекогаш на 25 ќе ти текне да бркаш дечковци, и тоа е ок ако не си мажена. Ако си мажена може да биде малку проблем;) Не почнувај со отворен брак плиз, не им треба на сите отворен брак ама понекогаш на повеќето им треба да изживеат нешто во животот:) Особено денес, со толку искушенија во излогот.
     
    На Kitten, baby-star, KateKane и 8 други им се допаѓа ова.