Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Не отворен брак... скроз затворен...
    Знаеш колку луѓе во 'затворен' брак, 'процветуваат', на 40-50?

    Иначе да... зрелоста е битна, ама не секогаш е поврзана со календарската возраст.
     
    На tambelina, andrejko82, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Натка од Оризари знае најмногу, и најмногу и' влијаел животот кој го живее.
    Кајли Џенер знае најмногу, и најмногу и' влијаел животот кој го живее.
    Вајлд од Битола знае најмногу, и најмногу и' влијаел животот кој го живее.

    Не значи дека Кајли ќе биде посреќна од Натка....
     
    На mssuniquee и minne992 им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.941
    Допаѓања:
    267.732
    Уште додека живеев со моите, сама своите лични сметки ги плаќав (телефон, кредит за кола, сѐ за колата), пари не сакаа за сметки да ми земат, но ќе одев пр. да испазарам за сите за цела недела.
    Не живеев гратис од моментот кога почнав да работам, и тоа беше некаде кога имав 22 години мислам.

    Нешто пред тоа научив како да управувам со машини по дома :) :) :)

    Факт е дека помалку знаев од многумина што живеат сами во станови во Скопје, дојдени од др. места, ама се ушалтав за нецела недела откако официјално заживеав сама.
    Исто и партнерот, и тој по дома веќе сѐ знаеше, правеше и мислеше, не ни требаше многу за да сфатиме :D
     
    На baby-star, tambelina, andrejko82 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.327
    Допаѓања:
    113.986
    Пол:
    Женски
    Па од 22 години богами и со тоа се распрвам откако живеам сама. Инаку колата ми ја купија на 20 години моите и ми беше моја обврска, за сметки паќање плаќав од средно. Така да , да. Учена за се да бидам сама да се снаоѓам. А сега богами и мајстори, бироктарии, здравство, све све сама се расправам.. Замисли не има такви.
     
    На baby-star, tambelina, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Е тоа е добро (y)

    Јас, искрено... појма немав

    Ве има, ама сте ретки.
     
    На tambelina, CameliaMiller и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.327
    Допаѓања:
    113.986
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев на факс иако живеев со моите дома, кога не одев на факс, мое беше да направам ручек, од сабајле да средам дома, да одам да испазарам па да седнам да учам. значи немаше она Леле детето нека учи, јас ако треба на трепки ќе седам. Не. Мајка ми особено ми велеше, нит си прва ни последна што студира, има да се научиш на обврски и да си го организираш времето. И така беше. Ама ете ни на памет не ми текнуваше да се мажам на 18 години.. боже сачувај. Пак да се вратам пак истиот живот би го живеела.
     
    На tinka-mace, baby-star, mode-kristina и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Да, возраста некогаш нема врска.
    Ама до утре може да се лажеме дека 17 годишно девојче по своја желба и иницијатива би стапила во брак. Стапување во брак на тие години ради бременост, не може да се нарече свесна одлука. Оти да не била бременоста, многу покасно ќе се земеле.
     
    На tinka-mace, Nausicaa, baby-star и 10 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Рековме веќе, малолетни испаѓаат од равенкава.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.941
    Допаѓања:
    267.732
    Законска "граница" е 18.
    Не би рекла дека е и психички поспремна на 18, отколку на 17.

    Секако, со 18 има право што сака да прави, ама веќе правевме муабет дека не е толку наивно тоа "полнолетна е" кога ќе си фати дечко за озбилно на 18, а тој 45.

    Истите принципи - ама дали НАВИСТИНА е така како што тврди, може да се аплицираат тука.

    Не може никој да ме убеди дека е во прашање чиста и искрена љубов меѓу 45 годишен маж и 18 годишна девојка. Е може де да се омажи за него и дете да роди нели, ама дали НАВИСТИНА психички и емотивно е дорасната за таа улога? Дали е зрела за таа улога?

    И види, на темава, девојчиња што немаат ни 25 оправаат колку се среќни со изборот.
    Се надевам и на 35 исто ќе мислат, иако е помалку веројатно.
     
    На Nausicaa, baby-star, mode-kristina и 9 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Прво и основно, најтешкото нешто е да речеш: 'Згрешив'
    Посебно е тешко кога е животна одлука во прашање.
    Така да... правдањето го препишувам на одбрамбен механизам.
    Сите ние 'се правдаме' за нешто.

    18 го зедов како оквирно, иначе, медицински, фронталниот кортекст се развива до кај 25.
    Ама да не комплицираме, пошто законски се слободни да одлучат и прават што сакаат.

    Примерот со 18 и 45 е за друга тема, и го знаеш мојот став на истата (мислам).
     
    На candy.cane, tambelina и Annath им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Аман па ти со тој фронтален кортекс.
    Испаѓа ако некоја сака да се омажи по своја желба на 23, треба да ѝ забраниме зашто фронталниот кортекс не ѝ е развиен.
    Мислам не е дека до 25 имаме размислување на ниво на некој мајмун па после одеднаш сме генијалци.
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Реално, на никого не му е гајле ако некој се омажи на 18.
    Нека си берат гајлиња родителите или младоженците.
    Реакциите со Крејзи се пошо таа напиша Ете и сестра ми шеташе па на 29 имаше проблеми со неплодност.
    или,
    На 29 со работодавецот имаше проблем за породилно.
    Или тоа што упорно не убедува дека ќе се мажела за него и да не била бремена.
    Нема грешка :)
    Глупост до глупост.
    А ако некој се мажи на 18 и среќен е, негова работа. И да не е среќен, негова работа.
    Ама нејзиното веќе премина во немање аргументи да докажам зошто е убаво на 18, па ќе ги спомнувам сите несреќи на луѓето околу мене и ќе направам некоја нелогична поврзаност дека им се случиле затоа што не се омажиле рано
     
    На smooch, baby-star, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Не реков тоа.
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.941
    Допаѓања:
    267.732
    Тоа е само пример, дека да, МОЖЕ, ама дали навистина е во ред, дали навистина е добро за неа, дали е навистина тој пат кој ќе и' овозможи убав, исполнет живот?

    Тука е клизавото, меѓу може (да, може) и тоа е најдобро за неа (дали навистина е?).
     
    На tina2018 и WildMk им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Е да ама не може до недоглед така. Сѐ потиснато на овој начин некогаш ќе избие многу посилно на површина.
    За здрава психа мора човек да научи да се соочи со себе и да си прости ако смета дека згрешил.

    Едит: Мене искрено не ми е проблемот тоа што пишува, може стварно е среќна. Ама муабетот со сестра и беше навистина претеран. А и тоа дека ќе зажалела да родела на 30. Мислам, сериозно, за свое дете ќе зажалиш ако веќе со решил да го родиш? Демек тие што раѓаат на 30 не можеле кариера да градат. Извини ама луѓето до 30 најчесто веќе имаат изградена кариера. Зошто секој работодавач во најмала рака ќе те праша што си правел изминатите 10 години во однос на работа. И не е исто скалилата да ги качуваш на 20 и на 30. Зборувам ако сакаш кариера. Ако не сакаш е друго
     
    На tinka-mace, baby-star, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Моето лично мислење е, дека не треба да се брза со брак.
    Треба многу искуство (како самостојното живеење), за да се најдеш себе си.

    Исто мое лично мислење е, дека раѓањето не треба да се одлага за после 35.
    Барем една бременост да се случи пред тоа.
    Медицината вели дека од 35 натаму, способноста за забременување, и износување успешна бременост и здраво дете, рапидно паѓа.

    Немој сега некој да ми се вдај и за ова.
     
    На tinka-mace, candy.cane, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Тука ќе ги читаш колку паметна одлука направиле што родиле млади, таму ќе ги читаш како си ги тепаат децата.
    Битно не ги абортирале, важи.
     
    На spacegirl92, baby-star, andrejko82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Абе и повозрасни омажени си ги тепаат децата...
    Да видиш какви примери знам... Да ти се превртат цревата.
     
    На candy.cane и tambelina им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.941
    Допаѓања:
    267.732
    Нема што да ти се вдаваме :)
    Има една наука, се вика психологија, па си има гранки меѓу кои и психологија на семејство, на развој итн. Таму умни тетки и чичковци што испитуваат голем број на лица, доаѓаат до заклучоци.
    Нема заклучок некаде, дека е добро да живееш живот предвреме. Се' има свој развој, па и младоста. Неизживеана младост отпосле носи други проблеми. Како што и сама знаеш, чим ги спомна тие на 50+. Најчесто луѓе што скокнале или избрзале некоја развојна фаза.

    Мислам можеме и со навистина добри четива да продолжиме, ама не знам колку би имало поента, 3 ќе си правиме муабет само :)

    Едит: во однос на раѓање, пак твоето лично мислење е и научно мислење, до 35 имаш време да решаваш (евентуални) проблеми. После е потешко.
     
    На baby-star, KateKane, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Самостојното живеење не значи да нема да ја изживееш младоста.
    Напротив.

    Која слобода ја има можност да одлучуваш сам/а за се'.

    А не мајка ти да те чека до 5 сабајле ... а ти имаш 22 години.
    Ова, јас го живеев... претпоставувам и повеќето од нас.
     
    На candy.cane и tina2018 им се допаѓа ова.