Не зборувам за самостојно живеење. Најидеално е секој да се оддели од семејството на 18. Во интернат да оди за да студира, под кирија со цимери и да работи итн. Ама тоа нема врска со мажење и деца раѓање. Културолошка (и многу лоша) работа е тоа на поднебјево.
Мене ми се промакнал делот кај што Крејзи пишала - џабе што сестра и учела и работела, кога пак имала проблеми во бременост. Еве сега го прочитав во мислење кај друга членка што ја цитирала. Не знам дали се има прочитано што напишала и се прашувам како мозокот го резонира тоа и го спојува една со друга работа. Искрено, такви муабети очекувам од баба ми, али баба ми ги тера скоро 80 години, од 18 имала деца, ништо не работела освен земјоделие, не е од овој век, едвај ја пратиле основно да заврши зашто морало да има дете за работа по нива, не е рашетана, не е образована ... И го читаш од 24 годишна. Оф леле, не знам што да кажам. Можеби да поминела и други фази во животот, немало да размислува на тој начин. Затоа овде сите сугерираат дека е добро малце да пораснеш, а не дете да расте дете. Што се однесува до созревање, јас созреав кога излегов од дома и дојдов на факултет. Се крстев на тие што одеа мајките специјално да им готват и чистат во Скопје. Јас мојата никогаш нити ја прашав за таква работа, нити и замерив, доволно беше што финансиски зависев од нив уште. Треба да се израснат способни и самостојни деца, без разлика дали живеат или не со вас, а не чаша од соба да не крева.
Да се надоврзам малце на муабетов... Баба ми од мали не учеше мене и сестра ми - да не си дозволите никогаш да немате сопствени пари за влошки. Има 79, се омажила на 21 родила едно, кога пораснало малку сакала да рбаоти ама дедо ми не сакал децата да му растат на улица па и направил второ. Немаа лош брак да, од плата изградиле куќа, баба ми цел живот беше одговорната за буџетот и домаќинството и додека беше тој жив. Ама баба ми денес на мои 28 уште ми повторува - немој да си дозволиш да не работиш да немаш свои пари, како дедо ти мене што не ми даваше да работам. На 18 излегов од дома во друга држава за образование, тешко ми беше ми фалеа пари и на 20 почнав да работам и уште потешко ми беше да постигнам се. И факс и ноќен живот и среден стан. Денес ми е полесно, работа финансиски сум независна и имам партнер со кој сакам да го поминам животот и би имала деца со него затоа што сум сигурна дека сакам тој да ги воспитува. На 18 не сметам дека проценував толку добро кој би бил добар родител на моите деца. За да стигнам до оваа точка многу грешни избори направив, еден куп лекции научив, што не е гаранција дека нема да направам пак киксови. Разликата ако стапев во брак е таа што сите мои грешки ќе се одразуваа на цела заедница, маж, дете/деца. Грешките на 18 се оправдани, лудувањето на 18 е соодветно за годините, никој не очекува зрелост од тебе на тие години. Па кога се спомнува пиењето и излегувањето до 5 сабајле на 18години како лоша работа и во 6 сме се враќале цело друштво, за сега да не можам да поднесам дискотеки и гласна музика. Ама на 18 е времето за тоа. Причина за рано стапување во брак кај нас за жал останува отсуството на сексуална едукација и конзервативноста пред се дома.
Кај мене баба ми зборува за деца, и кај женски и кај машки внуци, ама повеќе и е гледајте совреме, отколку да напнува за тоа. Ама пак разликата од тогаш тие како живееле, до ние денес, е што ние имаме избор. Баба ми одма има одговор зошто сега имало повеќе разводи, а тоа е дека на нивно име ништо тогаш не било дозволено да има, нити од фамилијата и дале, нити од новата. И самата вика, и да сакаш да се оставиш, тогаш немаше кај да одиш, а сега има и така треба да е. Ова се други муабети, али се е поврзано ако земеш да разглобуваш, од едукација, образование, култура на живеење, итн. И јас знам дека не бев истата личност ко сега на 18 години, исти ставови, размислувања, приоритети. Па можеби и на 22 имав други замисли, а сега други. Ама тоа е животот, кој како мисли да го живее е негово.
Го прочитав мислењето на членката која ја активирала темава после долго време и неколку постови после нејзиниот, па сакам да прокоментирам во врска со неколку нешта. Понатака верувам ќе се надополнам штом исчитам до крај. Рано стапување во брак, сметам дека се зборува за период од (16-17)18-24 минимум. Гледам романтизирање на склучување бракови и раѓање деца во овие години од одредени членки, само затоа што и самите презеле таков чекор или пак нивните родители го направиле тоа доста млади. Помислувам на еден непобитен факт, а тоа е дека НЕМА личност која на 18 години е едуцирана за раст и развој на деца, фазите низ кои минуваат, тантруми, соодветна храна, витамини, додатоци во исхрана, консултации со педијатар, вакцинација, контроли со ортопед, раст на запчиња, први чекори и повреди, итн. Побогу на 18 години не знаеме да се носиме со сопствените емоции, а не пак соодветно да реагираме ако детето започне да ни плаче и вреска по улица затоа што има ерупција на лутина, бес и неможност за контрола на реакциите. Знам дека за некои решението ќе биде примена на сила за да не збеснувало, да не ги манипулирало родителите и да не било размазено, а баш тука е првата грешка. Во овие години уште не знаеме да ги решиме проблемите во врската, ама спремни сме биле за дете. Па тоа не е играчка што само бара занимација и а гу гу гу гу, ањњњ, па кај ци ти, леле мамино/татино сонце. Детето наметнува трошоци многу поголеми од тие кои претходно сте ги имале лично само за сопствените потреби/желби или за заеднички живот со партнерот. А ова ме води до втората точка. Полнолетството во државава не значи и самостојност во вистинска смисла на зборот. Не осудувам тоа што немаат сите желба да студираат, бидејќи и самата не сметам дека секој е за факултет. Едноставно има луѓе со послободен дух, кои не се пронаоѓаат во систематско учење и надоградување. Тоа е сосем во ред, исто како што е во ред да работиш во маркет, да си чистач или келнер. Она што не можам да го сфатам е недостаток на амбиција за било што повеќе. Не ми е разбирливо како немате потреба да создадете опција Б, во случај првава некогаш, во некои нестабилни времиња да пропадне и да останете без работа, а следствено повторно да зависите од друг/и. Имајќи интернет, курсеви, обуки, занаети, врагови, некои се задоволни со една единствена работа или уште полошо без ни една („партнерот зема солидна плата, доста е“). И не можете да речете дека сте успеале и сте подготвени за брак, ако спратот ви го подаруваат родители. Тоа не е ваш успех или труд, тоа е наследен имот кој е само некоја почетна точка од заеднички живот. А тој заеднички живот неретко (како што гледаме од темана Свекрвите и снаите) носи со себе и низа други потешкотиии за сметка на она олеснување во трасирање на брачниот пат на почетокот. Тука немате самостојност, бидејќи секогаш некој од страна ќе има да ви каже нешто „мудро“. Тој е менталитетот, со чест на ретки исклучоци. Она што имам да го кажам како прецизирано мислење е дека во овие години духот бара раст. А тоа созревање можете да го спроведувате и без тој лист хартија со потпис, затоа што без исклучок не претставува гаранција дека личноста покрај вас нема да се промени на полошо во некоја поблиска или подалечна иднина. Оттука еден степен на поголема доверба носи заедничкото живеење, примарно без потпис и обврзување кон нешто повеќе. Конечно сексот не треба да е табу, но не се докажува бунтовност со залетување во бременост на 17. Едукација, едукација, едукација. Само тоа треба.
Не е факт, небулоза е дека биолошкиот часовник не е ист на 25 и на 40, 2020 год сме, напреднала многу медицината и на крај краеви ако имаш проблематична бременост или потешкотии да останеш бремена ќе ги имаш и на 20 и на 40. Не ми е јасно што уствари сакаш да кажеш за сестра ти, тоа што е бремена на 29, тоа што треба да се врати на работа, сакам, кажам, не знам речам, може ако по учеше некоја година ќе знаеше што да напишеш. Инаку јас добив корона на работа ( бабица сум) трудна сум на 40 години и ниту мене, ниту на бебето нешто му фали зошто имав корона а уште помалку па дека имам 40 години. Не се клацкав по улици на 18-19 години пијана, работев, плаќав куќа сопствена и се шетав по светот, не се ебавав со кој стигнам ( малку глупичко ми е дека ги напаѓаш дригите како курви што само менуваат партнери само зошто не се мажеле на 18 а самата си била сексуално активна од 15, нешто не ми оди тоа потсмевањето со бројчето твое) се што имам е мое лично стекнато од работа, ништо не чекам од мм ни за мене, ни за децата, за секое имаме по една куќа, доволно средства за утре да студираат каде сакаат, ништо од ово не би имале моите деца ако ги родев на 18, тоа е факт, ќе сум седела дома како тебе, немало да работам и утре и децава ќе ми се мачеле да почнат од нула а сега немаат никаква потреба од тоа. Возењето автомобил е потреба посебно со деца а не е некое достигнување или амбиција, просто потреба е. ПС се надевам ставивте ограда пред да се роди и третото дете или и тоа ќе си добива следување за не се симнува по скали само да не се утепа. Ај сега и мене кажи ми да одјебам, мислам толку ти е капацитетот. Јас се ово од 12 години го правам, големо чудо, не ме прави ни подобра, ни полоша од другите што не го правеле, моите околности биле такви и се сум се научила уште од мала, не е нешто за што треба некој да те тапша по грб.
А што ние што сме се ебеле на 19, сме се пијанчеле, сме се враќале у 5 дома и сме се мафтале по улици не вредиме како луѓе? Пошто јас еве све сум правела од ова, па стигнав и факултет да завршам и да се вработам и да се осамостојам. Детиште сум била тогаш и мило ми е што тоа поглавје од животот сум го видела, сум го проживеала и сум го завршила. Допрва нема да ми текне тоа да го правам. Неколку пати сум рекла, на 18 глупа ко кур бев, мислев се што лета дека се јаде, а камоли да се грижам за уште едно мало суштество. Зошто сум се мачела со х непреспиени ноќи, сум се тресела за факултет и сум гледала да имам свое? За утре ако случајно налетам на некој како "мажите" од кои плачат 90% од женине во љубовни проблеми и совети, во проблеми во брак, во тепање да можам да се тргнам и да си го земам детето (ако го имам) со мене а не да седам и да ќутам затоа што зависам од некој. И еве ако имам проблеми да затруднам (не знам, не сум се обидела сеуште) најболно и најниско е некој да ми го плесне "ааа што не си мислела порано, што не си си родила порано". Секоја жена што се мачи со неплодност си знае како и е и што поминала и најмалку што и треба е некој да и трие сол над глава како е виновна што не мислела порано. Најчесто не е ни биолошкиот часовник во прашање, туку други проблеми, ама тоа е тема за биологија, не е за тука. Пак ќе речам нема ништо погрешно во брак на 18, едноставно некои жени си го сакаат тоа, не сите целат кон високо образование и академско унапредување. Ама ниски коментари дека тие што тераат секс, журки и безгрижност тој период ми се синоним за закоравено мислење од минат век. Не сите сакаме животот со еден дечко да го поминеме, да се омажиме за него млади и да бидеме мајки во рани 20ти. Не дека е погрешно тоа, туку не е императив. И по 100000ти пат. Секој нека си живее како сака, нема правилно и нема погрешно.
Кажав и повторно ќе кажам. Немам ношто против оние кои се омажиле на 18 години, нивен живот нивно право. Но, ако ме прашате дали сум за брак на 18 години, тогаш категорично велам НЕ. Зошто? Затоа што сметам дека е многу рано. Причините ги напишав неколку страници поназад. Се согласувам со @Purplelilac дека тогаш самите со себе не знаеме да се справиме, а уште помалку за дете да се грижиме. Трето, кога веќе ги споменувате оние што се мажат и раѓаат на 35+ , како биолошкиот часовник на 20 и на 45 години не е ист и не знам што, размислете дека и тие имаат различни причини како и сите останати. Некои тогаш си го нашле вистинскиот човек. Некои со години се бореле со неплодност. А некои едноставно така сакале. И тука нема ништо лошо. Затоа не судете.
Факултетот не е мерило за ништо. Ако мислиш дека скитање по улици враќање дома во 5 менување на партнери и слични будалаштини се ок џабе ти се и два факултета и мастер. Се тоа влијае во иднината, на бременоста кај жените, на плодноста кај мажите..Се журкале, пиеле алкохол, пушеле трева, се хранеле нездраво и после се чудат зошто неможат да имаат деца, и после луѓето што се против тоа се закоравени..... Секој нека си живее како сака, но има погрешно и правилно. Тоа функционирало така со векови, нема да се смени во името на помодарството. Знаеш ли зошто нема личност на 18 години спремна за деца? Бидејќи во такво општество живееме. Живееме во општество каде што личност е сметана за кул ако пие, пуши, користи или барем пробала дрога и слично. Наместо здрав живот се пропагира нездрав, наместо морал се пропагира неморал. Се флијае на ова, буквално се. Филмовите кои ги гледаме, музиката која ја слушае, луѓето околу нас... Човек се претвара во она што гледа. Порано било достигнување во животот ако создадеш добро потомство, паметни луѓе. Денес се сметаш за успешен ако луташ по клубови, за машките ако се глупираат со скап автомобил, за девојките ако имаат повеќе и поскапа гардероба и чевли и слично. Незнаејќи дека за тој скап автомобил и тие пар скапи чевли еднаш облечени нечии животи се уништуваат.
Јас не гледам така на животот, како што опишуваш. Еден е, зошто да не пробам се. Втора шанса имам? Не! Зошто да морам да се однесувам ,,нормално", ако душата ми бара да ги живеам тие години до максимум. До ден денес, се потсетувам на тие денови и имам блажена насмевка на лицето. Јас бев од тие што дома не се прибираа, што се пијанчеа, што си менуваа дечковци. Еве ме пораснав, во сосема друга личност. Го иживеав тој период. Смирена сум, немам капка алкохол во уста ставено, се заљубив во една вистинска личност и останав со него. Не значи дека сите млади истото треба да го прават, ама да немаш што да раскажеш на внуците од темата зини земјо голтни ме, не си ни живеел.
Па има нешто што се вика средина . Да, треба да се проживее животот и тоа не значи да се оставиш на улица ама да се искуси од секој дел по нешто, зашто кога тогаш фрустрациите ќе излезат, а на постари години е полошо.Задоволството и уживањето во животот и моменти на безгрижност не значат воопшто автоматски ризично и штетно однесување. Реков и претходно, не осудувам нечии туѓи избори за работа како брак , но објективно гледано никој не е зрел за таа обврска на 18 години и тоа нема никаква врска со денешните вредности кои ги спомнуваш туку единствено со развојот на човекот и психологијата.На 18 сме деца.
Не бе каква средина. Или си курва што секој ден се пијанчи, дрогира и јаде џанк фуд или си вредна домаќинка што раѓа на прв секс, по можност со прв дечко и по можност сексот да е во брак само. Дека не постојат жени кои како тинејџерки се забавувале во граници на нормала, што имале слатки а и пропаднати љубовни врски од кои научиле многу и проживеале се што сакале, за на крај да се дообразуваат и да се вработат па да станат стабилни и зрели личности спремни за нареден чекор - брак (ако сакаат).
Еј ама зошто сте вакви недругари? Камо предупредувања за што бисери се испишани во претходните страници? Мислам дека некоја катаклизма ми ги задеси неврониве, а богами и видов. Оќе да сумираме: - Неодговорен си ако до 30ка не изнародиш фудбалски тим од деца за кои ќе бидеш финансиран од сите околу тебе, ама битно ти да немаш ден работен стаж пред да бидеш родител; - Ако си маж можеш да живееш како султан Сулејман, со тоа што ќе имаш две сопруги од кои едната нема да се кажува на другата, за да ѝ изградиш куќа. Ах какво маженце - Сите треба да се помагаме и да градиме туѓ брачен живот, затоа што самиот не можел да си го испланира; - Без разлика на околности најбитно е да имаш деца, зашто тоа е основната цел на живеењето. Иначе не знам што бараме на планетава. @Vitaly само едно ќе ти кажам за работиве што ги изнапиша. Еве јас водам здрав живот колку што можам, ама немам желба да станам родител на овие години. Дали е можно тоа да е така затоа што кажаното погоре стварно нема логика? Онака многу сакам да дискутирам на периоди, ама со вакви аргументи I just can't.
Веројатно немало кој да те подучи или кој да ти даде пример и насока во животот дека пијанчење тоест дрогирање, не прибирање дома не е ок. А тоа што сега си се сменила си една во стотици. Обично луѓе кои поаѓаат по таков пат многу ретко се враќаат на прав пат. Јас не сум се пијанчел, не менувам партнерки, не сум скитал до 5 наутро. Имам што да раскажа на моите уште сега на 20. А камоли подоцна. Животот е многу повеќе од пијанчење и скитање. Па искрено не ни очекував нешто паметно од тебе според постот кој го пиша погоре. Со тоа што нема да се сексаат луѓето со кој стигнат се заштитуваат себеси духовно а и своето здравје на прво место. Исто и со дрогата. Пијанчење или дрогирање е едно исто. Џанк фуд исто. Доколку не употребувате се заштитувате себеси и своето здравје и вашите потомци. Дрогата и нездравиот начин на живот директно влијаат на создавањето потомство. Да учиш безбожник треба да го примиш неговиот срам. Јас немам таква намера така да можеш да имаш какво мислење сакаш. Родител се станува тогаш кога ќе одлучи човек. На 18, на 30 не е битно. Нема правило во тоа. Доколку одлучиш да немаш деца и тоа не е грев ниту нешто чудно. Јас зборував за здрав живот. Луѓе се дрогираат и не се хранат здраво па после Бог им е виновен за проблемите.
@Vitaly одиш од крајност во крајност човеку. Океј е таков живот ако сакаш да водиш, ама не гледам зошто јас не би пиела алкохол, не би јадела џанк фуд еднаш во 3 недели или не би имала секс со повеќе од 1 личност ако не сакам. Кажи ми, ако имам маж и ни пропадне бракот не треба никогаш повеќе да имам секс со друг за духовно да се заштитам? Треба да имам своја градина и да одгледувам зеленчук таму за да знам дека јадам нешто целосно здраво?
А излегувањето до доцна и ,,сличните будалаштини" се мерило за образование ? Уф, пред некој ден се прибрав кај 2 часот, одам да си ги соберам документите од на факс, џабе ми учење..
Од кој сум на форумов, не ми се случило да ми избришат коментар затоа што не навлегувам во дебати за да навредам некого, али ова.... Среќен човек сум била ја што до сега не сум му обратила внимание да му читам коментари, може да продолжам во иднина да ги скокам мислењата негови за подобар живот
Сиду лечи колко е добро. Сакаш? Обично луѓе кога снемуваат аргументи почнуваат со напаѓање, шегување и навредување на противникот. Јас не кажувам никому кој што да прави. Јас само кажувам дека дрогирањето и јадењето џанк фуд доведува до здравствени проблеми за кои после го обвинуваат Бог. Јади што сакаш и прави што сакаш јас не кажав никому кој што да прави, јас само дискутирам и сакам да кажам што според мене и според многу други е правилно. Ако ти пропадне бракот не е грев друг да си најдеш. Јас зборував за луѓе кои не се во брак. Инаку да. Препорачливо е да си одгледаш ти она што јадеш доколку си во можност, доколку не може да се набави без проблем..