Може после 7 години децата од мажот ти, да личат на бившиот, како тоа уште не е јасно Тоа со бавчата не е лоша идеја
За Витали јас сигурно сум Сатаната, сите критериуми освен тој за дрога ги исполнувам. Којзнае маж дали ќе имам во иднина. Па за да стигне човек до брак, треба да биде во врска. И повеќе ако се, важно е последниот да е тој што вистински вреди да го поминеш животот. Како така во тавче одма да рипне човек?
@Vitaly извини на коментарот. Јас еве дури сега сфатив дека ти си ја згрешил темата, веројатно во религија или храна и пијалоци си сакал да пишеш
Ајде и јас да ви пишам, можеби ќе ви биде смешно ама што да правам.. Во моето друштво сите се заљубени сите имаат девојки само јас немам.. Знам дека е до мене, се заљубив во една, чувствувам дека и таа чувствува нешто кон мене, пред некој ден излеговме ама ништо, мене ми е страв да ја бакнам или да ја гушнам а да и кажам те сакам ке се стопам мислам дека, а многу ја сакам. незнам како да опишам, срам, страв незнам што е само знам дека 100% проблемот е во мене... Ги разбирам тие што го имаат истиот проблем мој, не им се лутете, некако помогнете ни, не е се до нас, и ние не сакаме така... Прифаќам и да ме критикувате и добри и лоши мислиња (извинете ако некои зборови или реченици се грешно напишани) Цитирам твое мислење од пред некоја година,е сега дали од твојов пример треба да заклучиме дека цурава што излегла со тебе е неморална? Треба да знаете дека мислењата остануваат на форумов,немој да бидете контрадикторни и смешни,фала чао позз мва,
Не ми требало некој спротивно да ме научи. Го сакам тој дел од животот и некогаш ме фаќа носталгија, за слободата која ја имав и не се грижев за ништо. Сите бевме такви во друштво, можам слободно да се пофалам со пријатели кои изградија кариери, оформија прекрасни семејства. Секој период од животот е оправдан доколку уживаш во него. Сега моите приоритети се насочени кон патувања, кон градење на себе си на професионален план, кон уживање на секој миг со партнерот. Па кога ќе дојде време и проширување на семејството.
Ако сакаш ќе имаш само не некој со морални вредности. За секое тенџерче има капаче. Само жал ми е што бракот се сквернави како поим. Бракот е свето нешто и потекнува од религијата. Јас немам нитшо против врски. Треба да бидат луѓето прво во врска па после брак секако. Не не врска од типот еј оваа играше до мене у диско ми се збута ја бакнав и ајде бројче и земав заедно ќе бидеме. Треба да се знае кој каков е, од какво семејство е. И кола кога купуваш ќе прашаш каква е а не па животен сопатник кога бираш. Не е срамота ништо. Незнам како влегувате во врска воопшто кога не го знаете човекот и неговото минато и слично, да не зборам па за секс. Замисли некој е насилен или слично. Што треба да седиш со него? Секако дека не. Религијата не подржува насилство. Религијата вели дека мажот и жената треба да бидат како едно тело во брак а не да се тепаат и слично. Затоа се внимава кога се бира животен сопатник. Се менуваат луѓето друже. ЈАс сум благодарен на одредени личности во животот што ми биле лекција. Почитувам, твое мислење. Јас само кажав што јас мислам. Кажав за пијанчење и дрогирање инаку, за нездрав начин на живот инаку нема ништо лошо во патување и градење на себе професионално.
Ама Џони, @John Snow немој да бидеш лош волк. Навистина. Луѓето растат и се менуваат, или не се менуваат, сеедно, не му скокајте на детето со скроз безврска муабети. Тој има само 20 години и убеден е во некоја идеја. Ако не ни се допаѓа идејата, оти има дупки како решето, сепак не значи дека треба со компири да го маваме. @after all токму тој муабет го праиме- колку и да ти изгледа дека се ти е јасно на 20, не баш многу работи си можел да дознаеш и разјасниш до 20. Мене на пример ми е инспиративно ко ќе видам толку очигледна дупка во решетото. На пример, знам дека бракот нема врска до религијата @Vitaly ама морав да изгуглам за да најдам дека е од месопотамија и во основа е заради расплод и сопственост https://theweek.com/articles/528746/origins-marriage#text=The first recorded evidence of,Hebrews, Greeks, and Romans.
Леле се сеќавам на еден бисер од друга членка. Вика - пред 50, 60 години може раѓале на 16, ама барем немале секс пред 20 години како денес Може и овде таков случај, никад не знаеш.
Сака да каже немале повеќе сексуални партнери како што е случај денес. Немале секс со кој стигнат. Никој не е до толку забеган да го пише тоа. Доколку би постоело таков или таква не би ни успеала да се регистрира на форумов. Не претерувајте какви бисери, извртувате мислења.
Друга причина кај девојчињата од 18 19 години за брак е и незрелост од тој степен што имале строги родители па на 2 лепе речи бегаат кај дечковците пошо под страв цел живот да си дојдат порано, да не претеруваат и да се ослободат од нормите се мажат иако после ке каат за тоа. А и финансиска сигурност, ако нашле некој плате и одмор, облека мислат дека ке го веслаат цел живот ама на крај завршуваат како обични домаќинки без право на збор во куќата и немање лични придобивки парични.
Да не сте маалку оф топик??? Или малку повеќе... У врска со темата: Причини може да има повеќе, но најчеста е несаканата бременост. Животот не згаснува со влагањето во брак. Истото што си го правел пред, може да се прави и после. Вистината е дека со раѓањето на децата се скратуваат некои можности. Секој има право да си го живее животот како што сака, не сме светци па да судиме ако некој сака брак и деца на 18 или после 30. Јас млада се омажив на 22, на 23 го родив првото дете, на 25 второ. Не викам дека ми е совршен животот, но и не жалам. Животот ни носи и убави и лоши моменти. Мора да се избориме со лошите за да дојдат добрите моменти. Совршенство не постои. Сега и ја малку оф топик ќе прокоментирам Вистина е дека и тоа има влијание, но не е пресудно, најчесто е генетиката проблем. Мислењево повеќе одговара за темата како влијаат (со В се пишува) соц мрежи. Ама во право си дека денес повеќе се става акцент на материјалните нешта.
Материјалното постои од век и векова, и стремежот на поединци кон истото, и нема ништо погрешно у тоа. Денес у една , порано у друга форма. Ти денес, која живееш у времето по кое плукаш, имаш избор дали ќе се омажиш од љубов или од материјални причини. Баба ми и илјадници други, кои живееле у времето у кое ги идеализирате меѓучовечките односи, и немале баш избор. Конкретно мојата, била принудена да се мажи за некој си, пошто материјално бил поситуиран од човекот кој што го сакала. Имал некое нивче и неколку говеда плус, и кочија за разлика од другиот. Имало кои и свесно бирале ваков. Една од илјада причини, зошто таквите времиња, и тогашниот начин на живот, не треба да се повторат никогаш. На темава, конкретно, би рекла, од десетици примери околу себе, најчесто ПРЕрано имаат стапено у брак оние со непланирана бременост. Ретко која ќе се одлучи на абортус, пошто одлуката и не зависи од самите трудници, па така животарат некако, имајќи ги децата како утеха.
Како од 12? Кај ти беа родителите? Иначе, самостојноста е битна за било кој потфат во животот. Зависност од другите ти ја одзема слободата на одлучување.
Мене ми е многу смешно како се идеализира времево, не само од материјален аспект туку и од аспект секс, животен стил, ценење на личноста и слично. Многу ми е смешно кога ќе речат леле порано немале многу партнери, а се мажеле на 16-17-18. Ако гледаш така во однос на секс просечна девојка денес почнува подоцна со односи барем од овие девојки за кои знам. Промискуитет дека немало порано нека се лажат само, една митологија земете од илјадници години уназад ќе сфатите дека од секогаш постоеле некои работи. Среден век како ете најзатворен со најстроги "морални" норми има највисока стапка на сифилис во историјата зошто проституцијата цветала, а сите наводно биле побожни. Сакам да кажам, луѓето отсекогаш биле исти. Јас сметам дека човек треба да има морален компас, ама премногу фокус се става на работи кои апсолутно никого не повредуваат и се избор на личноста, а во меѓувреме се случуваат гадотии по светов што повредуваат деца и други луѓе и слично. Не гледам дека толку се страствени за тие работи. Битно нели, жената невина да е. Јас еве искрено не би била со човек кој има претерано многу сексуални партнери, човек кој има историја на неверство и слично, зошто ми асоцира на неможност за поврзување, а јас сум човек кој е исклучително моногамен во врска. Ама изборот е на мене дали јас би била со тој човек, а не гледам дека ако јас го осудам и му речам "леле срамота" тој од утре ќе се смени На крај најдобронамерно @Vitaly не е добро да те јаде срам за туѓи постапки. Ако сметаш дека не се исправни доволно е да си го тераш својот филм и да не контактираш со тие луѓе ако не сакаш. Само те молам намали малце со тоа само јас знам како е правилно и вака да се издигнуваш како нешто повеќе од останатите луѓе. Веруваш во Бог колку што сум приметила, и да си прав верник нема да се ставаш во положба да судиш. Зошто во што и да верува човек, секаде постои концептот на повисок суд од единката.
Не плукам по времето, времињата се менуваат и ние се прилагодуваме на нив (барем повеќето од нас), има и од тие што заглавуваат во минатото време, не викам не. А за материјалното, општо ми беше зборот, не за брак само. Пример кај младината ако нема некој бренд облека, кола, најновиот ајфон, го избегнуваат и не сакаат да се дружат. Да не одиме офтопици.
И во мое време имаше такви кои одат по пари, и во на мајка ми времето, и во на баба ми, и денес... и секогаш имало и секогаш ќе има. Ама не се сите исти. Знаеш, дека е така.
Така е, од секогаш ги имало, секогаш ќе ги има. Само што денес повеќе се наметнува тоа поради соц мрежи и повеќе младината е опседната со изгледот, а не се цени човекот според добрината. Затоа има доста млади кои страдаат од депресија, најчесто ради тоа што не можат да се вклопат во ова денешно време. Како што реков, офтопик сме и мислењава може да се префрлат во темата "Како влијаат соц мрежи"
Прабаба ми се омажила многу млада. Родила и дете на рана возраст. Било екстремна сиромаштија и нејзините ја натерале да си бара чаре. Работа немало, работеле мажите најчесто. Не е како сега, да имаш избор. Само во тоа време не се викале спонзоруши, туку егзистенција и услов за да имаш леб на маса. Свесна била дека е сеуште дете и верувам дека не сакала детството да го помине во готвење, чистење и менување на пелени, но суровоста на животот те тера да созрееш рано. Сега во модерни времиња е земен тој збор, иако е малку изваден од контекст. Јас лично сакам партнер кој ќе заработува, а не магаре што ќе лежи и ќе чека од мене. Зошто да не гледам материјално, сакам да бидам на исто ниво со партнерот.
Темава ќе е многу кратка ако само се наведе реалната причина, а тоа 99% од времето е бременост. Лично не верувам дека можно е да проценам на таа возраст дали сум го нашла вистинскиот човек или не. Не само што јас може да се променам, ама може и другата личност да се промени. Со самото тоа мислам дека е потребно да се почека до одредена возраст каде веќе и двајцата сме со некои изградени ставови. На страна да тргнеме проживеаност или не. Битна ми е и сигурноста. Ако нешто тргне наопаку, да знам дека имам каде да одам. Да не бидам оставена на туѓа милост и немилост. Тоа не можам да го имам ако не создадам бар некоја минимална финансиска независост.