Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.514
    Допаѓања:
    166.114
    Пол:
    Женски
    Да бидиме реални за секое тенџерче има капаче ... Ако некој се "чува" и бара некој "чуван" шојма врска. Крај краева ко шо неќам на некој да му е гајле за мене, не ми е ни гајле за него. Едино хипокрит е некој да не можи да го понуди то шо го бара.

    @LadyLollypop поќе идев да коментирам за тебе. Сега има стигма околу ментално здравје, не па пред 20 години. Не значи дека немаше депресија, само беше табу да се збора за то и не беше дијагностицирана. "Арен чоек беше, не знам шо го најде да се убие", познато? И ко шо вика еден мој професор, нема здрави, само недијагностицирани. Ај се знаело бар тогаш дека постои, долго пред то абер немале шо е депресија. Дали то значи дека луѓето не биле депресивни? Не. За да се прај споредба на статистички податоци мора да се под исти услови. Во времето на баба ми, мајка ми и мое време - условите се многу различни.
     
    На Purplelilac, Lianna Anna, smooch и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Депресијата денес не е прифатена и е стигматизирана не па тогаш.
    Не се зборувало отворено и затоа не се знаеле депресивните. А не дека не постоеле
     
    На Lianna Anna, candy.cane, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Значи ова по 316 пат ми се дешава, испаѓа ко да ти го повторувам тоа што си го пишала, ама дури го пишев мојот коментар не прочитав погоре :D

    Да се надополнам
    Мајка ми ми има кажувано како порано имало жени што се "швркнувале" после пораѓај.
    Денес го викаме тоа постпородилна депресија, а да прашаш некој ќе ти каже, ааа не, во наше време немаше такво нешто :)
     
    На Lianna Anna, tina2018, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.514
    Допаѓања:
    166.114
    Пол:
    Женски
    Ете, друг одличен пример и шодека истото пиша, добро е ахахха. Кузнај шо викаа порано за луѓе со аутизам, шизофреничари, анксиозни ( вметни каков бил друг проблем со ментално здравје од најлесен до најтежок). Ако денес дознајме ново пореметување на ментално здравје, не значи дека го немаше претходно и не можи да се споредува со податоци од пред денешен ден зошто не е под исти услови. Ама нема ни да можи да се спореди со 5-10 години покасно кога ќе се знај поќе за пореметувањето.
     
    На Lianna Anna, candy.cane, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  5. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Еве јас имам 21 година и се' уште сум невина. Не мислам дека сум подобра од другите, а уште помалку светица. Дечко уште немам фатено. Ако имав сега дечко, дали би имала секс со него. Секако. Зошто? Заради мое, а и негово лично задоволство. Исто така и заради тоа што сметам дека партнерите треба да бидат и сексуално компатибилни покрај сите работи. Не, не ги судам оние што чекаат до брак.

    Друга работа, и да ги исполнувам критериумите за 'светица' , не би била со шовинист. Ако зборуваш лошо за еден вид жени, ќе зборуваш и за други.
     
    На spacegirl92, Lady D ❤️, Hellobeautiful и 25 други им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Не сум јас 15 години па нешто да ми е кул, просто некогаш полесно ми одат мислите на англиски кој патем многу луѓе го разбираат а очи во очи МЕНУВАМ од еден јазик на друг ако соговорникот ги говори истите јазици кои и јас.

    Колку може да има морални вредности, да биде богоугодна и од добро семејство некоја кога таткото ја продава?
    Мислам тој нема никакви морални вредности па да може да воспитува деца, макроа ти се херои, оние што за сто евра си го продаваат сопственото чедо на некој си дегенерик, браво.:clap:
     
    На spacegirl92, Purplelilac, Lianna Anna и 11 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    Да станеш богоугодна, да се покаЈеш за сВе што прошло... ах :l:
     
    На spacegirl92, candy.cane, baby-star и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    И ако дознаеш дека девојката има родители насилници/пијаници, а она е добра, ќе си со неа или не?
     
    На candy.cane, Luna91, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Хаха колку си смешен... Најдобар другар мој, на младост, повеќето врсници го сметаа за муле што жена нема видено, а типов им ги помина и девојките ќутенката од што беше женкар и ден денес незнаат, а пола од нив жени им се сега. Уште го сметаат за муле на таа тема и се убедени дека жена му му е втора во животот,после првата долга врска.
    Збори ми за репутација во општество.
     
    На tina2018, mode-kristina и tambelina им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Тие девојки се од муслимански семејства така да треба да го разберете тоа., не од христијански така да не се согласувам дека продавање не е ок. Кажав веќе десетици пати. Сепак тие имаат повеќе морални вредности од девојка која пие алкохол пуши цигари и се враќа дома во 5 сабајле.
    Зошто не би? Јас неа ја земам а не нејзините родители нели? Не во тој смисол сакав да речам од која фамилија е и слично. Сакав да кажам дека глас за добар човек надалеку се слуша, уште повеќе ако целото семејство е ок.... Луѓето зборуваат како лошо така и добро. А и веројатно нема да ја земам после прв дејт нели? Доколку некој сака да најде таков партнер ќе најде. Се познава на човек секоја негова особина уште од прв муабет, секако ако имаш намера да го запознаеш, и не ти е во прв план само да ја легнеш. Ќе награбуси секој кој на својот партнер гледа само како на сексуален објект. И физички и психички.
    Уу да бе ба комшија ми е знам. Нема со што па муабети ќе измислуваме... Легенда еј жените им ги свртел и ниту еден не дознале.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ти зборам кога им беа девојки. Не се легенди, најдобар другар ми е од пелени, цел живот заедно, повеќе од брат ми е. А и мм сличен бил, ми го има тоа признаено, па и јас не сум некоја со под 10 партнери во животот, ама ете за мене муабет нема да чуеш, ни за мм. Сме бирале партнери, а не дебили од типот "оваа ја ебев". Многу те интересира рекла кажала, мизерен си.
    Подбро некоја што пробала задоволства во животот пред тебе, отколку после да и текне дека сака да проживее, кога ќе ти роди деца.
    Смешен си, се што е контра од твоето, не е реално. Ај сега јас неморална ќе сум што сум си пружила задоволства пред мм, зс кога решив да се мажам да знаев што сакам од животот.
     
    На mode-kristina, LadyLollypop и Mikha4 им се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ако некој сака да дознае каков му е партнерот или партнерката верувај дека ќе дознае. Не се крие ништо така лесно, поготово такво нешто.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А на пример можеш и сам да се потрудиш да го/ја запознаеш.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Нормално и логично. Туку сакав да кажам дека народот зборува, поготово ако е нешто лошо, веднаш ќе се дознае. Некогаш и да несакаш нешто ќе слушнеш или видиш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Хахахаха абе народот зборува се и сешто. Се што ќе чуеш од Трпана и Петранка комшиката, што го имаат раскажано на Трајанка, Јованка и Стојанка и тие на уште 115 други крсти ги како сакаш, со додадени зачини нивни за што посочна прича,значи дека е точно? Страшно.
    Не си знам, среќа ти ми кажа рандом шовинистичко ликче од форум, што нема кај да лечи фрустрации зошто не е роден во 19ти век.

    Остај не ти нас, што сме проживеале некое животче со по некоја пијанка до 5 сабајле, со по некој флерт, во минич и стегнати цициња - грешници, туку ти што ќе правиш со твоето досадно животче размисли.
    А да, легендава моја да е уште појака, пијани со маж ми дома сме се враќала во 6 сабајле на изгрејсонце.
    Журкаџии,грешници. Непристоен живот.
     
    На candy.cane, LadyLollypop, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Који муслимански семејства жити се, тоа се Македонци во Албанија, баш тие од муслиманските нема да си ја продадат ќерката за 100 евра на каурин, дај не трескај глупости.
    Пак ќе повторам какви морални вредности може да има некоја што е продавана како стока?
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Невенче душо ако сакате и у вена се гаѓајте. Ваш живот. Бог ви дал здравје вие си го уништувате со дрога...
    Што понатаму. И животно знае кога е доста, и тие познаваат граница ама човек не. Човекот се труе со цигари иако на кутијата цигари пишува дека пушењето убива. Што да кажам понатаму, не вреди.
    Можеби имало и македонски незнам, кај мене во населба има 3 што ги знам и сите се од муслимански семејства. Незнам дали знаеш како изгледа местото каде што живеат. И најзапустено село во МК има подобри услови за живот.
     
  18. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    А каде во моето мислење го прочита зборот "дрога"? Цигари не пушиме, уживај.
    Не драми, не преувеличувај жити се.
    Почнувам да мислам дека си трол
     
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.036
    Допаѓања:
    55.352
    Пол:
    Женски
    @Vitaly
    Во која категорија спаѓаме ние што сме во 20ти, без разлика дали сингл или во сериозни врски, не се пијаниме, не се дрогираме и не ги мериме улиците до 5 наутро, ама ете не ни се стапува во брак и не ни се раѓаат деца (сѐ уште)?
    Оти гледам цело време одиш од една до друга крајност. Ако некоја не се омажи на 17 и не е таква како тебе значи се дрогира, се пијани и не се прибира цела ноќ дома. |(

    Ко за радикален верник многу судиш за животите на другите какви биле. Цело време проповедаш некои си христијански вредности а ни самиот не се придржуваш.
    Ама задоволен од својот живот човек нема олку да убедува што е правилно а што погрешно.

    Значи некој/а можи да е добар човек, да не ја загадува природата, да ги сака животните, да им помага на другите, да не навредува и повредува, ама чим имала повеќе од еден партнер или не сака да стапи во брак рано, не сака да роди, се напива по некоја чашка алкохол или сл. тогаш сето ова погоре не се важи, ќе оди во пеколот.
     
    На spacegirl92, Purplelilac, Lianna Anna и 13 други им се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    И тоа го оправдува нивното продавање, значи ако си сиромашен и ако имаш ќерка во ред е да ја продаваш?

    Пак не ми кажа какви морални вредности може да има некоја што е воспитувана од таков монструм?

    Што повеќе те читам ми наликуваш на оние што мислат дека женските деца не вредат може било што да им се прави па и да се продаваат, сигурно не гледаш ништо лошо ни во human trafficking, што има врска што им праваат, женски се не се луѓе.
     
    На spacegirl92, Harper, Lianna Anna и 8 други им се допаѓа ова.