Јас се омажив на 20 години. Причина за ова избрзување беше непланирана бременост. Е сега бидејќи бевме во дооолга врска со мм, глупаво ке беше ако абортирав. Иако во моментот осеќав многу страв како ке биде понатаму, дали ке се снајдам со бебушот, дали ке успеам со факултетот, сега од овој агол гледам дека не сум направила грешка што сум се омажила. Бебчето порасна, факултетот го презапишав и добро ми оде. На моменти ме фаќаат некои мисли дека можев да си поодам уште малку, ама кога ке ја видам керка ми сваќам дека жртвата не беше залудна. Општо земено кај нас причината за рано стапување во брак е иста како мојата. И некој ке рече: абе постојат кондоми, заштитете се, не е едуцирана младинава.... Ама некогаш изгледа ни кондомот не е доволен (како во мојот случај)
Освен невестинската торта не гледам друга причина за рано стапување во брак. Кидинг. Па најчесто е непланирана бременост. Секој си прави како што мисли дека треба, само штета е што многу млади девојки и не се способни да мислат најтрезвено во тие моменти. Нема потреба од брзање.
О, не, невестинската торта дефинитивно не е причина за рано стапување во брак! Тој ден едвај ќе стигнеш на ред да си пресечеш сам торта, а најтрагично е тоа што на следните свадби на кои ќе присуствуваш, веќе не си подобна за невестинска торта (воедно и рипање по бидермаер), пошто тие се за немажени и неженети! Ех, што се омажив млада... што невестински торти имам пропуштено...
Втора причина по зачестеност ,веднаш после (не)планираната бременост. Имам слушано за многу такви случаи ,имаше и во моето школо ,додека бев средно ,типката беше прва година и уште на почетокот на прва се омажи за човек речиси колку татко и. За тој случај мислам дека беше повеќе изговор лошата ситуација ,бидејќи девојчето уште од пелени си беше промискуитетно и додека ние не знаевме што е полов орган ,таа гИ имаше почувствувано во себе ,веќе. И ете ја ,мажена беше 3 години ,не роди дете ,се разведе и сега гордо си шетка со кој ќе стигне . Нејсе .Секој со среќата. Друго ,од една страна не е добро да се стапува во брак на незрели години ,а од друга ,пак ,знам парови кои се зеле буквално како деца и сеуште се среќни,изнашетани ,изнаживеани и заедно . Јас би се мажела од сега , максимум до 25 ,покасно не. Секако уште еден испит имам ,работа ќе најдам ,ете година -две фора за излегување и шетање ... Ништо лошо ...А бебето може и да почека .
Па не за ѓабе е речено кога се сака се се може Со малку залагање, голема почит и разбирање со партнерот ништо не е невозможно.
главна причина бременост,ситуација дома а кај брачеда ми-глупавост до немај каде.се омажи на 16 и тоа бегалка и то ради што мајка и ја фати со цигарата во рака!!!!!!е то ми е врв мене на сиве мажачки со ги имам слушнато до сега....ја начекала со цигарата в рака и почнала да и вика и оваа оп одма парталите со неа поплака кај дечкото и си ја зеде за да је караат дома......уф шо ме најде.....а за дали му е убаво сами си знаат....за пред нас се ок,две деца си родија и тоа првото беше под притисок од околината-биле земени 2 3 години а уште не била трудна дане неможела да рага деца....да ти е срам да кажиш
Мислам дека барем 85% од случаевите денес, е останување бремена. Исто така знам и девојки кои се омажиле за да побегнат од дома, во случај ако таткото е пијаница или е доста малтретирана дома... Сепак за второво мислам дека тоа се случувало порано, а денес ретко.
јас мислам дека бременоста е причината зашто се земаат млади....секоја друга причина за стапување во брак на 16.17,18 не ми е јасна
Ах младост лудост мислам дека прво од љубов, па потоа од непланирана бременост стапуваат рано во брак, друго не би ми текнало...
za da stapite vo brak treba da razmislite 100 pati.se ima svoi posledici.jas stapiv vo brak mlada,samo so zavrsiv fakultet mojata pricina ne bese ni bremenost nitu finansiska sakav i go napraviv toa se sto imav imam i sega ,sakam da kazam mora da se razmisli pred da se napravi nestoto.
Од она што го гледам во последно време-наивноста на девојките, стравот дека ќе останат стари моми и верувањето дека иако тој не е како што треба, сепак неговата добрина ќе излезе на површина кога ќе се земат и имаат дете
Младост лудост... Кај мене бременоста беше повод , но не и причина... Бидејки ние планирано го направивме бебето после само неколку месеци врска, дур бевме во фазата на заљубеност .... Премногу страст....премалку свест ..... Бевме неразделни , и сакавме уште повеќе да се врземе еден за друг .......... Never again
Исто и моето стапување во брак беше бременост Можеби беше непланирана но фаламу на Бога што испадна така затоа што од овој аспект што гледам на денешниве работи се КААМ што не стапив порано во брак Навистина ако сте со вистинскиот човек и знаете дека тоа е човекот на вашиот живот мислам дека без разлика колку години имате бракот е вистинската работа за успешен и срекен живот.Барем кај мене е така.
ne bi rekla deka pricinite za rano stapuvanje vo brak se bremenosta i slicni raboti sto imate nabroeno.jas stapiv vo brak na 17 godini so covek od 25 godini,i ne bev bremena samo bev zaljubena ,ludo zaljubena.se razbira deka ne go odobruvam seto toa.premnogu mlada za brak, i do den denes plakam za toA .ZIVOTOT e mnogu kratok za da se izgubis vo nego.....
^^^ Па ние напишавме за нашите лични примери , не рековме дека е тоа правило И јас се зезнав со заљубеноста , ако не прочита, зашто не затруднев несајки туку тој дур бев занесена ме убеди колку ќе биде убаво да имаме бебче , и се заборавив.... Инаку во мојот и твојот пример е така, не сме задоволни, но ете има и посреќни како девојката која пиша по мене , која не се кае за својот избор .
мајка ми се омажила за татко ми на 23години-местенка било и ден денес плака за тоа ова не е брак туку МРАК-се прашувам како сме дошле јас и брат ми на светов како куче и мачка се а јас како 26 годишна зрела девојка, имам размислувано и за таа опција-иако немам дипломирано, ниту сум вработена, ама затоа што имам татко зависник од алкохол не ми звучи логично да побегнам од домашните проблеми (ко божем да се спасам) за да влезам во други проблеми-да бидам жртвено јагне, не благодарам