1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ако ме читаше од почеток ќе видеше дека не ми е проблем дали ќе и бидам прв или не. Секако за се има граница. Така да не би земал некоја која била само сексуален објект.
    Човек има потреба од секс само кога мисли на тоа. Доколку си ги доведеш во ред мислите потреба за секс ќе имаш тогаш кога ти сакаш, тогаш кога е време. А не како животно, да се препуштие и ајдеее секој момент секој час. Мислам ако така ви е ок терајте.
    Јас се ограничувам од се што води кон безбожништво. Така да нема да жалам за такви шански, да ги наречам шанси ајде ама тоа се повеќе мински полиња на кои би награбусил како и духовно така и физички.
     
    На neno0o и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Денеска секој 5ти е депресивен зашо сами си се дијагностицираат со депресија. 20 посто од нив дали биле на психијатар, или земале антидепресивни. Пола од нив за мене се деца што од дома или средината не добиваат внимание, па се жалат за секоја глупост. Постои депресија и сигурно денеска повеќе од минатото. И нема зашо у селата да била застапена депресијата повеќе, кога има премногу студии што докажуваат дека природата, чистиот воздух и тишината придонесуваат за психичка благосостојба кај луѓето.
     
    На LadyLollypop му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Јас не сфаќам кои екстреми ги вадите и што ви е поентата ама еве вака ќе ги напишам во две реченици да видите колку е без врска.
    Ако не родела на 18, менопауза после, нема раѓање и гарант ако воопшто забремени ќе има критична бременост.
    Жена или е со 1 партнер или мора да е соголена до 5 на улица и шмрка и се пијани и не знае кај се наоѓа. Значи средина нема никад. Или е супер "прибрана" или е "распуштеница" :drunk:
     
    На Anie93, Peanut Butter, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Ако си верник ко што кажуваш ќе знаеш дека Бог вика, САКАЈ ГИ ГРЕШНИТЕ.
    Така да целиот муабет ти е џабе, кога ти грешните не би ги погледнал, а камо ли да им подадеш рака за спас. Ми се лоши од вакви верници како тебе.
     
    На spacegirl92, bittersweet, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    А секс ќе имаш само кога деца ќе сакаш да имаш?:)
     
    На spacegirl92, crazylady, noteforself и 4 други им се допаѓа ова.
  6. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Животните имаат секс само кога им се сезони за ПАРЕЊЕ, не се ебат за задоволство(освен делфини, ете). А ако си христијанин, да те потсетам дека секој грев иста тежина е, и доста пати е спомнато во Библијата, дека право на судење има само Бог. Не си ти Господ да осудуваш живот на други. Сите талкаме по различни патишта, се е тоа во планот на Господ и верувам дека секој ќе си го најде правиот пат на крајот. Ти гледај си твојот двор да е сметен, а не на комшијата.
     
    Последна измена: 25 септември 2020
    На spacegirl92, crazylady, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Не, јас не вадам заклучоци и тези засновани од податоци во мојата потесна фамилија. Доволно е да побараш официјални податоци за светското население, ако пред 100 години имало 1 милијарда жители, сега броиме над 8 милијарди, сѐ тоа благодарение на медицината, науката, вакцините...

    Многу е жално млад човек кога ќе видам толку убеден дека неговите ставови верувања и мислења се единствената вистина, па и утре задутре ќе зависат животи од нив, и тоа сопствените деца. Малку самокритика и преиспитување нема да ти штети воопшто, напротив ќе се изненадиш доколку си ги прошириш видиците. Ова е најдобро намерен совет кон тебе, и пак ќе се повторам, светот не е црно-бел и најмалку е важно нашите верувања да ги ставаме пред среќата и здравјето на другите, т.е најблиските и оние чии животи зависат од нас.
     
    На bittersweet, Nevenche26 и candy.cane им се допаѓа ова.
  8. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Баба ми (мајка на татко ми) пуши трева, еднаш месечно обавезно пали, па еве здрава, права пред еден месец наполни 94. А татко ми е и најголем противник за тоа, со мислења како Витали, до пред 7год кога не фати со баба ми и братучедка ми како вртиме џоинт. Од тогаш не го слушнав да рече нешто лошо за оние кои пијат, пушат и шетаат до 6 наутро.

    Не можете да ги осудувате луѓето ако пијат по некоја чашка или пушат, некогаш и оние "примерните" знаат да испаднат бетер од ѓаволот.
     
    На CameliaMiller, spacegirl92, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ајде доволно е, темава не во здравје, па да се дискутира што е здраво, што не е. Ниту пак е за возраст за станување родител, и таква има посебна.
    @Vitaly престани да ја носиш оф-топик темата, коментирај во склоп на вовед и наслов, или ќе добиеш бан и од тука.
     
    На sj *O*, spacegirl92, Annora и 12 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Од 13 години имам депресија и анксиозност.
    Тоа беше во 1991ва.
    Знаеш кога ми поставија дијагноза?
    Во 2001ва.
    Односно, сама си ја поставив, со помош на сопругот, кој тогаш ми беше дечко и најде на интернет опис на анксиозност и со испринтани листови отидов кај тогашниот психијатар, кој е воедно и професор, и ми ги задржа текстовите, за да научи повеќе.


    Не е дека немаше депресивни претходно, туку како прво, никој не одеше на психијатар, освен ако не стане ептен психотичен, па на сила да го однесат.
    Втора работа, што пола од дијагнозите кои денес ги знаеме, не ни постоеја.
    Анксиозност како дијагноза ја немаше кај нас, кога јас заболев.
     
    На Серотин, sj *O*, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Не дека немало депресија биле воспитани да не се жалат и одењето на психијатар било многу срамно.
     
    На Anie93, sj *O*, bertold и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ај не продавај глупи причи. На баба ми бебе меѓу мајка ми и тетка ми на само 3 месеци и умрело, незнаеле докторите што му е, висока температура имало. Дедо ми од 3 деца, 2 починале под година, 4тото заедно со мајка му,голем плод било, неможеле да ги спасат. Се преженил татко му, од 2 деца, едно преживеало,другото мртво родено.
    И сега има спонтани абортуси и секакви ситуации и тогаш имало. Свекрва ми во 4ти месец на дете меѓу мм и сестра му од нигде никаде имала спонтан. Мајка ми имала пред мене 3 спонтани.
    А да, на тетка ми свекрвата има 102 години. Познавам доста стари близу 90/100 години што се, што реално не е малку.
    Не кажувај прикаски, дај факти.
    Јас си го дрогирам детето, чепче му ставам кога има температура. Ќе ме стигне божјата казна.
    Олабави се малку, озбилно
     
    На CameliaMiller, spacegirl92, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  13. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Мене сега дечко ми на 19 ме запроси зошто и онака мислевме да живееме заедно. Долго време сме заедно и го знам целиот муабет како тоа е гооолем чекор и како сум "бебе" на оваа возраст, ќе ги скипам тие одговори. Моментално сме на одмор и решивме да им кажеме на родителите кога ќе се вратиме дома. Они беа океј да живеам кај него зашо више сите сме блиски и некако "наши" сме. Ама некако страв ми е за ова како ќе изреагираат. Пак планирам да одам на факултет, да неам деца дур да завршам ама знам дека секако ќе кажат дека сум млада за ова што е океј. За други сериозни работи до сега секогаш ми викале "ова е твој избор ние не можеме да ти кажеме како да го живееш животот" така да се наведам и за ова ќе бидат такви.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.053
    А која е причината за бракот - ваша? Толку млади?
    Зошто не би почекале уште неколку години?
     
    На Just.do.it, Snowflake97, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Паа сметаме дека не ни прави разлика многу. Дали ќе живееме неколку години заедно па брак дали сеа исто ни се чини. Имам "живеено" со него во смисла на седење кај неговиве за распуст и слично и си ги знаеме нашите навики и маани.
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ако се плашиш што ќе ти кажат родителите, значи не си спремна уште.
    Кога ќе си спремна, нема да се грижиш за нивната реакција.
    Живеење заедно без брак и живеење заедно во брак прави разлика голема.
    Ако не ви прави разлика тогаш живејте заедно без брак.
    Бракот е поголема обврска од живеењето заедно, така и разводот е потежок одколку само да раскинеш со некого.
    Џабе викаме дека само едно ливче хартија е и исто е, не ни е исто на никого, ако беше исто немаше ни да стапуваме во брак.
    Секако дека можеш да одиш на факултет, ама не е лошо да имаш некоја пара кога ќе почнете да живеете заедно.
    Каде ќе живеете, кај него или кај негови родители?
    Ако е кај негови родители, кој ќе ве финансира, дечкоти е целосно независен и може да те поддржи за сите трошоци, или мајка му и татко му плаќаат?
    Ако плаќаат неговите не е во ред да стапите во брак без пари, ќе треба да плаќаат луѓето за уште еден човек.
    На 19 год гледај фокусот да ти е учење и заработка на пари, ако имате план за живеење заедно, пробајте, зошто да не, добро е од млада да се учиш да се носиш посамостојно со обврски, но не брзајте со брак.
     
    На Regina.Phalange, Noemi, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  17. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    1.084
    Пол:
    Женски
    По тоа што го пиша, прстенот не ви менува од тоа што веќе сте планирале. Имав другарка што се вери, па една година не ни живееја заедно дури се средат, договорат за понатамошно живеење. Кажи им на твоите сигурно веќе се свесни дека си во сериозна врска, а за понатаму ќе си одлучите вие сами. Не мора да се избрзувате за брак.
     
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    Работите, имате сопствени финансии?
    Не е баш исто живеење заедно и брак, ама добро, вие си знаете. Не мора да избрзувате. Плус, седење неколку денови кај него дома за распуст е пак скроз различно од женење и мажење.
     
    На Just.do.it и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.053
    Би те советувала да си поживеете заедно, без брак.
    Бракот никаде не ви бега, ако после неколку години се' уште сакате, зошто да не?

    Навистина си премлада, ако, живејте заедно и добро е да поживеете пред да стапите во брак, не се избрзувај беспотребно.

    Генерација со сестра ми си, како неа те советувам :)
     
    На Annath, nevermet18, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.053
    Исто е во смисла на обврски... нема некоја разлика по мене. Единствена разлика што во разделбата ја имавме ние што бар по судови не одевме, од тој аспект добро е што во брак не бевме. Иначе според мене, исто функциониравме како и било кои двајца со пемпеле од матично.
     
    На nevermet18 и Milobebence им се допаѓа ова.