1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Сепак мислам дека татко ми се промени само за да не се смеат каков ттатко имам. Сепак каков и да е татко ми е но мило ми е што се промени поради мене. Првите 4 месеци беше сосема ист но веке 1 ипол година се е во ред (срека во несрека беше неговата ненадејна болест на бубрезите од алкохолот што ја доби, после болницата пофторно се врати на алкохолот но тогаш со муабети пискања и молби остави се)
     
  2. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Девојки сакам да ве прашам за мислење,гледам има овде поискусни од мене и постари,па баш ме интересира мислење.Вака сега,имам дечко кој е во странство,а јас овде сега сум 4та год,значи имам 18 год.Станува збор за искрена и бескрајна љубов.Јас одсекогаш сум се однесувала многу повозрасно одколку што бараат моите години,па морам да се соочам и со ова.Дечко ми кој е 25 год.многу сака да се венчаме,вели дека нема ништо против да продолжам со факултет после тоа,едноставно му е страв дека еден ден може да се разделиме и сака да ставиме прстени.Но проблемот е што јас не сакам ни да слушнам за тоа.Ама сакам образованието да го продолжам во државата каде што е он,па ако се венчам со него,автоматски и јас добивам документи и можам бесплатно да се школувам таму.Зошто да се фрлаат толку пари онака,кога има поефикасен начин.Плус ние секако планираме оваа година да почнеме заедно да живееме,значи исто како да сме во брак.Незнам што да направам,стварно радо би слушнала мислење од постарите и поискусните.
    Однапред бладогарам и само уште нешто..ке ве молам без напаѓање и осудувања,само барам мислења.
     
  3. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Го болдирав она што ми боде очи. Млада си, јас верувам дека вашата љубов е искрена и бескрајна, но сепак мора малку потрезвено да се размислува, посебно во случај кога се чини претстојат големи одлуки во твојот живот.
    Второто, прстени како превенција од разделба, малку ми е нелогично бидејќи денеска и браковите пукаат како меури од сапуница, и врски без брак траат цел живот.
    Но затоа пак ми е сосема логично бракот да биде практично решение ако веќе живеете во различни држави, па и на крајот на краиштата ако тоа е единствениот начин да го продолжиш твоето образование во странство.
    Сепак добро размисли, зборувајте, договорете се и двајцата што сакате во животот. Колку време сте заедно, колку го познаваш, дали му веруваш?
    Според мене најдобро е малку двајцата да поживеете заедно пред да се земете бидејќи на 18 години, животот со мама и тато, може да биде мноооогу поразличен од живеење сам со некого, во туѓа држава. Мојот совет е , млада си, дај си малку време и не истрчувај.
     
  4. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60

    veronikaveronika-ти благодарам за мислење,инаку 2 години сме заедно,летото живеевме заедно кај него,значи во друга држава..така на тие прашања воопшто не погледнувам,пробавме заедно живеење видевме дека добро функционираме така.Незнамм друго што да кажамм...
     
  5. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    не избрзувај каква и да е љубовта(е сега за бесплатното школство...а што ќе ти фали и тука да си завршиш па така и времето ќе ти покаже дали е тој тој за брак или не)
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Генерално, секој би те посоветувал да не брзаш, бидејќи навистина си млада.
    Од друга страна, познавам неколку парови кои од различни причини почнале да живеат заедно на таа возраст, но прво завршиле студии, па потоа се решиле за проширување на семејството. Тоа секој би те советувал - немој да брзаш со деца. Прво заврши факултет, па потоа деца.

    Формула нема, зависи колку сте зрели. Двајцата сте млади, и тој со неговите 25, а уште повеќе ти со твоите 18. Ако секако си решена да живееш со него, тогаш потписот на хартија не менува нешто посебно. Барем за мене тоа е само административна процедура.

    И јас се омажив за денешни услови релативно млада, на 23, ама 18 е некако...малку.
     
    На sj *O* и mimiiiii им се допаѓа ова.
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    А љубов ? :^)
    Зрелоста секој ја достигнува индивидуално.
    Не се чувствувам како дел од мојата генерација ( себеси сепак не се декларирам како поинтелегентна од нив, или било кој во случајов ). Само се почувствував спремна и уште стојам зад тоа, сега откако веќе некое време сум во брак.
    Многумина би биле запрепастени да дознаат колку рано се омажив.
    Прераното созревање не го посакувам никому, ниту избрзаниот брак. Секому посакувам да го најде човекот на својот живот, и да биде среќен со него, како јас.

    Бракот е за зрели луѓе кои го разбираат неговото значење. Зрелоста не е загарантирана со години.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    И јас го мислам истото - потпис не менува ништо. Важно е вие двајцата да сте зрели и одговорни за своите постапки, а кога веќе сте живееле заедно и имате представа како то би изгледало кога пак ќе отидеш кај него, тогаш може да се каже исто му се фаќа, дали имаш прстен на рака или не, заедно сте.

    Јас до некаде го разбирам типот. Сака да се земете за да не те изгуби, бидејќи си млада, најверојатно и убава, те сака човекот и страв му е. :) Оваа негова изјава може да биде протолкувана негативно, секако, но како што ти напиша, го знаеш 2 години, сте живееле некој месец заедно и ако за сиот овој период дечко ти се однесува нормално, тогаш најверојатно е добар човек.

    Е сега, најважното, твоите години.. другарка ми се омажи на 19, сега на речиси 21 има едномесечно бебенце и студира и полага испити истовремено. Се сакаа, се земаа. Се се' може ако се сака. Но мој совет, доколку решите да се земете, на мира заврши си го првиот циклус на студии, а за бебенце кога ти ќе бидеш подготвена да бидеш мајка - тогаш.

    Совети еден куп, но слушај се себе си, тоа што ти го сакаш, самата најдобро си знаеш.
     
  9. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Ви благодарам на сите за вашите мислења.Ако избрзам и стапам во брак на 18-19 год.тоа ке е заради школувањето,затоа што сакам да се школувам.И секако нема да се покајам заради тоа,бидејки со човекот со кој што ке го направам тоа имам бескрајна љубов.Најважно е тоа што сум саканаи сакам,па за другото ке размислам усте малку.
    Ви благодарам уште еднаш :*
     
    На SV1911 и Ariel им се допаѓа ова.
  10. babibaby

    babibaby Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    pa naseto ne e bas rano ,pricinata e toa sto mojot maz ima 30 godini. a vo vrska bevme skoro 4 godini i dopolnitelna pricina ni e toa sto ostanav bremena
     
  11. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Па јас мислам дека секој човек е различен на секого целта во животот му е различна,секој има различен карактер потреби .Несаканата бременост е се почест случај за прерано стапување во брак но не и единствена причина.Има голем број на млади девојки кои едноставно не се за школо завршиле средно шетале година две после тоа и одлучиле да се мажат,ништоо страшно многу поубаво тоа него да незнае од кој на кој да скокне.Работа поубава неможе да најде и до 30 да е немажена пошто школо нема,потоа има многу кои живеат на поголема далечина,а врска на далечина е многуу тешка работа и зашто да се мачат кога може да си живеат заедно.Првите години ќе им биде потешко ама немора да значи дека така и ќе тера.Јас знам многу парови што се земале и на 18 и имаат убав брак а а има и многу на 30 што се земале и не им оди.Класичен пример имам што на мои комшии се земаа кога она имаше 17 а он 19 бремена остана,значи ни средно немаше ама еве сега заврши и средно и факултет и си има детенце и убав брак и пари и работа и се.А има и многу коишто ете голема разлика се со дечкото и на него му е до некаде и време она е млада...и се трудат да конпезираат ама ете може он намерно да утне само за да биде :D
     
  12. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Ја исчитав темата и другите теми ама не најдов некој со сличен проблем ко мојот.
    Сакам да си најдам сериозен и стабилен дечко само за да се омажам. Имам премногу проблеми кои не можам да ги носам на мојот грб, премногу сум мала а оставена сама на себе. Цел живот талкам по нешто, а цело време налетувам на погрешни типови кои мојата младост и наивност ја искористуваат.
    Имам премногу проблеми дома, сум пишувала и порано ја загубивме мајка ми останав сама со татко и брат, неподносливо е веќе татко ми е пречесто пијан, не не тепа и малтретира ама психички ме уништува.
    Најискрено во состојба сум макар и да се работи за постар човек и со деца, да се омажам само за да избегам од овде. Јас не барам ништо, само малку мир.
    Има и други работи овде, ако некој сака да ме сослуша може да ми се обрати инбокс.
     
  13. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Немој да погрешиш и од очај да го направиш тоа поради кое подоцна е голема можноста да се каеш.
    Целта не е да се омажиш за некого само за да ги избегнеш проблемите, тоа не е единственото решени, има и многу други решенија само треба да размислиш со ладна глава. А од проблеми не се бега, туку се решаваат постепено и полека.
    Најди некој нормален дечко што ќе те третира како што заслужуваш и да те чува.
    Не си го уништувај животот, пред тебе е цела младост.
    Пробај да станеш независна, замини си од дома ако треба, најди си работа, седи под ќирија ако треба само не прави нешто од кое што подоцна нема назад.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    91.795
    Пол:
    Женски
    Стапувањето во брак нема да ти го реши проблемот може да ти создаде нови приблеми и ситуации.
    Не брзај, не носи брзи и непромислени одлуки.
    Како можно решение не на проблемот туку да се отргнеш за да имаш мир и колку толку спокојство е да се осамосталиш.
    Вработи се изнајми за почеток соба под кирија ова веке како совет и ди го дала членката погоре.
    Не мора да се мажиш за на тој начин да не живееш со твојот татко еве има соодветно решение.
    Многу успех ти посакувам но не брзај никако.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    91.795
    Пол:
    Женски
    Да го кажам и моето искуство.
    Се омажив на 21 не поради бременост туку поради страв дека ако ја испуштам таа прилика нема да има друга.
    Бев со многу ниска самодоверба .
    Ма ја немав воопшто.
    Конзервативното воспитување од моите родители и околината доприносија за мојата избрзана и непромислена одлука.
    Дали сега на 36год би го избрала мојот сопруг за мој животен сопатник одговорот е да но не на 21 неиживеана и наивна .
    Мојот сопруг тогаш имаше 30 год.
    Што би направила да ми е овој памет?
    Прво би стапила во подолга врска и заеднички живот.
    Второ од старт би се договориле да бидеме на чисто со кого и каде би живееле.
    Па после одлука за брак.
    Кај нас одлуката дојде после дваипол месеци врска на маж ми му се брзаше а и беше воениот конфликт каде се киднапираше по автопати а јас бев во воената зона на мм од друг град.
    Доаѓаше често а беше ризично.
    Затоа одлуката падна да се преселам кај него,се веривме и јас се преселив.
    Но за жал иако инсистирав за живот самостоен ни до ден денес после 15год брак живееме во заедница со неговите кои животот ми го направија пекол.
     
  16. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Mnogu ti e pogresno razmisluvanjeto duso, mnogu.
    Ti sakajki da se spasis od pekolot, mozes da naides na drug pekol, a togas ke bide poloso.
    Ke mora se da trpis samo zosto nema kak da odis .....
    Kolku god si?
    Probaj najdi si nekoja rabota privremeno, stani nezavisna bar kolku tolku (ako si vo pomala vozrast)
    Gleda sto pomalce vreme da pomines doma....
    Ama nemoj da razmislis na toj nacin...
    Sakajki da se spasis uste poveke ke se zadavis...
     
    На st2007, molikaMk и Milobebence им се допаѓа ова.
  17. Ana_mk

    Ana_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Море кога би се вратило времето назат на 19 ке се мажам,не на 21!! Сега на 30 наместо да уживам во најубајте години јас со бебиња се расправам,да не се сватиме погрешно јас децата си ги сакам најмногу на светов,ама ко бев помала имав појке трпение,енергија да трчам и да урлам заедно со нив,а сега со самата возраст сум понервозна и понетрпелива за некои работи. Мажи се млада,роди си деца,нека си пораснат и после уживај во триеската :) нормално ако се погодит партнерот,ако не и за 20 и на 50 да се мажиш џабе е се..
     
    На TeaDora и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  18. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    91.795
    Пол:
    Женски
    Секој со свое искуство и мислење .
    Се омажив млада на 21 но еве ни на 36 не се остварив како мајка, така што и на тоа човек не може да рачуна дека ке се оствариш на тоа поле во помлади години.
     
  19. Ana_mk

    Ana_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Извини не мислев ништо лошо,стварно ми е жал :( ама па не знајш шо носит животот,мене ме родиле на 39,снаа ми од брат ми роди на 41 така да шо да ти речам освен Не губи надеж :)
     
  20. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    91.795
    Пол:
    Женски
    Не,не нема потреба од извинување само сакав да кажам не секогаш можеме да го испланираме животот.
    Да ти благодарам за подршката губење надеж нема, те :hug:
     
    На Ana_mk му/ѝ се допаѓа ова.