Греота. Тоа е веќе неразмислено и без план,па дури 4 ги направиле. Јас околу мене имам примери за рано стапување во брак, не е сјајно ама баш се среќни. И не можам тие девојки (веќе жени) различно да ги замислам. Две дечиња, скромни плати, спрат од неговите ама среќни. И ги гледам сега на нивни 25-26 години децата им се пркнати, они се слободни, а јас на 29 тек ќе раснам деца Некако тоа со шетањето поизводливо ми е помала ако се мажиш. Шала на страна, сум шетала доста и пред брак ама искрено потписот во матично ништо не ми смени. И со мм си шетаме, и по кафани, и рано сабајле се прибираме од дискотеки (ова пред бебуш и корона) значи за мене тоа шетај пред брак е глупост. Као после нема шетање? Само треба да најде правиот партнер. Толку.
Нема универзална вистина дечки, се е релативно. Јас тие што ги знам млади што се омажиле најчесто било затоа што останале бремени.
Не дека во брак не можеш да шеташ, ама не е исто како во врска. Ај оди шетај секој ден. Плус тоа, немаш во брак толку слобода како во врска. Затоа и многу на моја возраст не се мажат. Сакаат да си шетаат. Познавам жена која се омажи на 16 години. Нормално, заради бременост. А маж и е постар од неа 9 години. Не би рекла дека се исти размислувањата на 16 и на 25 години. Тој на 25 сигурно проживеал колку толку. Која сака нека се мажи млада. Ама за мене толку млада не чини.
Никој не ти гарантира дека ако се омажиш после 25 ќе си успешен и втора работа, секој има различна дефиниција за успех. За некого е успех да се збогати и да биде на висока функција. За некого пак е да најде вистинска љубов и да биде во среќен брак со дечиња па макар и сиромашни. За некого е успех воопшто да забремени. Тие што забремениле на незрели години не треба да бидат осудувани и да имате предрасуди кон нив. Јас имам пријатели кои се деца на млади родители. Нормално семејство како и секое. Има многу фактори. Ако имаат околу нив семејство што може да им помогне финасиски и на секаков друг начин, може да испадне се како што треба. Се запишува факултет на постари години, се наоѓа убаво работно место со висока плата и без факултет. Не значи дека сите што станале млади родители имаат мрсулави деца и работаат во маркет. Има такви семејства безразлика на годините кога зачнале бебе. Тоа се само стереотипи и ништо повеќе. Подобри сте од тоа. И не се прави дете само со е*ење без кондом. На мене и дм ни има пукнато кондом два пати, ама сме имале среќа. (Освен ако испаднам неплодна, ондак подобро на 19 да забременев него никад).
Se maziv na 21 godina(bez dve nedeli). Doznav deka sum bremena posle veridbata, no, se obiduvavme da imame bebus 1godia. So bebe zavrsiv faks,so vtoroto magistratura. So tretoto sum na porodilno. Ne se kaam za odlukata, iako nekogas mi doaga da go frlam od prozor, a i nego mene, no imame rabota i jas i toj,ziveeme normalen zivot zaedno so decata(bez preteruvanja i luksuzi). Nema potreba od deklariranje koj kakva odluka donel,eve moite vrsnici ne se ni ozenile/omazile, taka sakaat mozebi. Se zavisi od lygeto,nacinot na koj funkcioniraat,razbiranjeto,podrskata i ljubovta megu niv. Eve jas ako nemav podrska od mm ne bi mozela da go podnesam zivotot prvite 2 godini,stvarno mi bese ludnica, zaso 1 bebe ni bese specificno, ako ne bese toj nemase da uspeam.
Ако имаме контра вашиот став, имаме предрасуди? И јас познавам парови кои се развеле заради тоа што рано се земале. Девојката останала бремена. И нормално...не се познавале доволно. Ама срамота е да ја оставиш бремена. Народот ќе збори. Сите знаеме како се третирани кај нас самохраните мајки.
Немој да генерализираш. Ова е само една од илјада причини зошто луѓе се разведуваат. И како ќе се чувствувате доколку некој ве напумпа и ве остави зошто "не ве познавал" без воопшто да пробате да оформите семејство? Па порано сите наши баби и дедовци со стројници се земале. Шансите да успее бракот се еднакви со шансите да не успее.
А што ќе правиш? Ќе го одгледуваш неговото дете сама ќе му ја одземеш шансата да стане родител? Или ќе абортираш?
Да не се лажеме , на сите им требаат пари . За да имаш дете па памперс да купиш па пари требаат а па не храна и друго , тие приказни дека имале рано бебе и дека се среќни во сиромаштија па и не верувам дека е така ,демек сиромашни ама среќни не знам колку би биле среќни да не можат детето на една екскурзија да го пуштат или да му купат играчката која ја посакува. Не се осудувани туку кој сака нека каже ама факт е дека најголем дел работат за мизерни плата и едвај спојуваат крај со крај а дека се среќни во сиромаштија чисто сумјам . Не е работата само напрај дете и готово си ја достигнал целта во животот, треба на тоа дете да му се обезбедат многу работи .
Тие што живеат одделно не се родители? Никој не може да ме натера да се омажам ако не сакам. Пример...другарка моја остана трудна и реши сама да го гледа детето. Не сакаше девојчето да се мажи. На типот тоа не му се допадна и ја остави. Едноставно...она не се осеќаше спремна за брак. Детето си расте најнормално со мајка му. Што требаше да направи? Да се омажи против нејзина волја?
Не значи дека нема да можат да му се обезбедат. Кај секој пар е различно. Еве ти друго сценарио. Таткото на детето не сака детето да расте без него. Сака да му биде родител и не сака син му да биде вонбрачен и да расте без семејство. Што тогаш?
Нашите баби и дедовци може се земале со стројници, ама немале социјални мрежи за да си го ладат мозокот. И најбитно од се, биле спремни/ зрели/ кадарни да ги засукаат ракавите и да си го заработат лебот. Такво ко на рекламите моите ќе купaт креветче, твоите количка, само сега има. Просто е- ако не си способен да издржуваш семејство, не го правиш. А дека на 18 е некој кадарен за тоа -I don't think so. За шансите за среќен брак, не би дебатирала. Темите со снаи, свекрви и слични проблеми доволно кажуваат.
Не можеш никој со сила да натераш на нешто. Ако ме уценува да се земеме заради детето, може слободно да иде у к*рац. Таков не ми треба. И не би рекла дека сите што забремениле млади тоа било несакајќи.
Ајде, филмови направивме. Поентата ми беше дека ваков брак може да успее под одредени услови. Толку од мене
Може, ама ако сакаш. Ама факт е дека не е спремен секој на брак. Ако порано беше рано на 20 години, сега е рано на 30.
Какви се тие домаќинки на 18 години што најголема амбиција у животот им е тврдокорната дамка одсадовите да и излезе, секако дека прво треба да се студира, да се има пат во живото дека и без тај маж ке успееш а не откажеш се од се само со гаки отидеш кај свекрвата одма се знае таквиот третман. Постое опција абортус Јас би абортирала