1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за рано стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Lacrimosa, 6 декември 2010.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Кој кажува што треба прво? Или сите треба да бидеме по еден терк, по некои унифицирани чекори и сите да ги следиме? Мора некој и на каса во маркет да работи, може да се биде медицинска сестра и со средно... Не знам што сте запнале дека секој треба да студира.
     
    На Quincy, IRBBB, LadyLollypop и 3 други им се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Не дека секој треба да студира ама секој треба да има свој пат што може и сам да оде а не да не постое ништо позади мене заради тоа шо сум на 18 затруднела и сум немала време за ништо и не сум абортирала од шо ке кажала Станка и Трајна шо занимација им се туѓи животи и гледарици. Друго е да работеш у маркет сингл и да си и у брак со дете, тие 14 илјади за сам на 18 години убаво ке ти доат а у брак дали 100 денара ке ти останат
     
    На Tanjamm, baby-star и Alisa22 им се допаѓа ова.
  3. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Има трета опција, да се еднакви родители кон детето а да не се заедно, во брак или пак врска. Е сега не знам дали ова се случува во Македонија, го имам видено во примери од Америка, сепак е опција и доста возможна:nod:
     
    На Mami3 и Jana06 им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Многу погрешна перцепција имаш за стапувањето во брак, го замислуваш како затвор од кој нема излез и единствен работа таму ти е да слугуваш, да бидеш домаќинка, да чистиш, переш, готвиш и слично.
    Прво вие се основни работи што уште од мала возраст секој треба да ги стекне, што демек ти сега дома не чистиш, одиш со не перени алишта, не ги миеш садовите?! Ако е така тогаш браво за тебе, и тоа самото говори за тебе како личност.

    Друга работа се зависи и од самата личност, колку е зрела, познавам девојки што се омажиле на 17-18 години па сега се успешни. Некоја е со завршен факултет, друга со средно ама со убава и платена работа, има доста девојки и што се слободни па не им е приоритет во животот да студираат, а доколку на некоја и е приоритет студирањето бракот не е пречка во тоа.
     
    На buba4e89, Quincy, Watermelon96 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    10.447
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно да кажете дека ќе абортирате зошто не ви се случува на вас и не знаете колкава тежина носи абортусот.

    Бракот ќе дојде. Може непланирано на 18, може планирано на 28 ама нема бегање од тоа.

    И ако го замислувате како слугинки тогаш ако сте слугинки на 18 ќе бидете слугинки и на 28.

    Сакам да кажам, многу е лесно да се мудрува на форум, кога ќе дојде вистинска ситуација тогаш ќе биде нешто сасвим 3то од тоа ние овде што го пишуваме. Не е толку едноставна работа. Живот е во прашање.
     
    На lovemme, mssuniquee, buba4e89 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    31.195
    Познавам жена која се омажила на 17год оти останала бремена.
    Родила две деца, потоа се запишала, завршила факултет. И сега има основано фирма. Помала фирма е, ама баш и тргна. Полека планира да се прошири надвор од Мк.

    Така да, ако некој сака да стапи во брак во рана возраст, планирано или со непланирана бременост, негово си е. Ама не значи дека тоа е пречка да заврши факултет и да се надоградува и да се биди успешен.
    И јас не би стапила во брак рано, ама не хејтам никого.
     
    Последна измена: 20 јуни 2020
    На LadyLollypop, IRBBB, Dalia93 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    На 25 се омажив, факултет не завршив, ниту планирам доправа да студирам.
    Не знам според денешните стандарди спаѓам во оние кои 'млади' се омажиле.
    Не бев трудна кога се мажев. На 28 родив.

    Ќерка ми има 14 години.
    Искрено, не би сакала да забремени пред 18.
    И' сум кажала дека до 18, по дифолт спаѓаш во ризични бремености, и тоа само по себе кажува, дека организмот не е сосема спремен за носење дете.

    А што и како ќе се случи, не знам.
    Знам дека секогаш ќе бидам тука за нејзе, без разлика на се'.
     
    На mssuniquee, IRBBB, tinka-mace и 12 други им се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Не очекувам да бидам среќна со некој ако сме се земале заради бременост, а и членка беше пишала дека немало грешка ако некоја сакала да е домаќинка затоа го потенцирав тоа, во денешно време има и машини за се сушење, перење, за садови и домашните обврски не се ни мн тешки секако ако се поделени, али дете заради бременост што е кај 80 посто кај младите ми е булшит, а и дека на балканот живееме ретко гледам успешни жени со дете на 18 години барем реално. Треба секако да пробаш повеке за да знаеш кој карактер на момче ти прилега
     
    На Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Не ми е толку страшно што се одлучуваат за брак на 18, пострашно ми е тоа што раѓаат деца. Да бидеме реални, скоро сите што останале бремени на +-18 не биле спремни и им се случило "неочекувано" (мада кога имаш назаштитен однос сигурно не очекуваш 7 на лото).
    На значи дека ако забремениш мора одма да се омажиш со таткото, има и други начини. Дека е тешко - тешко е, ама животот не завршува.
    Друго нешто што не ми е јасно е зошто кога стапуваат млади во брак во наредните година - две се одлучуваат за дете. Како демек во брак сме, сега на ред е едно детенце за комшиите да не вадат муабети и да можат мирно да спијат!?
     
    На Purplelilac, FVP, CharmedGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  10. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    99% што ги знам стапиле во брак ради бременост, некој од нив бркаа мажи на 16 години. А, па најсмешното е кога ќе ти речат дека над 25 ако сакаш да се земеш дека било старо. :^)

    Една ми кажуваше демек после 30 потешко било да се забремени. :rofl:
     
    На baby-star, SummerGirl, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Друго е бре ако си сам и имаш дечко ти се исплаќа да штедеш дури и на Малдивите да одеш пошо кога млад работеш без деца без маж сите пари се твои а плаќај школарини, кредити, храна, секој ден превози за деца, гардероба и можеш во нашето државиче само да се сликаш со платата па макар и 30 илјади била.. Тоа треба да си Кајли Џенер за со 2 деца да патуваш, убаво изгледаш на 20 и имаш пари..
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Не е за комшиите, 21век сме, голем дел од младината верувам дека веќе не се замара со комшии, членови од фамилија и нивните коменари, поотуѓени станавме сите, но едноставно по одреден период се заситуваш од бракот и некако природно се наметнува тој следен чекор- да се оствариш како родител со човекот кого си избрала за свој животен сопатник
     
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Каков е тој третман ако на 18 отидеш кај свекрвата ? Еве јас на 17 ипол отидов кај свекрва . Еден период живеевме во заедница ( додека го опремивме нашиот спрат ) потоа се одделивме . Денес по 7 години , живееме јас и маж ми со децата сосема сами . Сами си плаќаме комуналии , дури и фасада на куќата успеавме да ставиме ( старите немале доволно финансии , па куќата беше оставена со цигла ) , сами се храниме , и се со една плата . Свекрва ми е брза на јазик , некогаш ме размислува за нејзините зборови , ама како бумеранг и се враќа од глава секој збор што ми го кажала , а јас не сум имала никаква вина за некоја ситуација . Свекор ми уста има јазик нема . Никогаш не ми кажал лош збор , иако неговите пороци се доста лоши сами по себе , сепак како карактер е многу повлечен . Знае да ми каже само кафе да му сварам , и тоа кога е кај нас горе . Факултет никогаш не сакав да завршам . Едно што сакав , а и на добар пат сум да го остварам - е да бидам шофер . Да имам возачка и свој автомобил . И секако работа . Да не зависам од никој , а и да придонесувам за подобра иднина за мојте деца .

    Ќе го убиеш своето дете ? Својата крв ? Не верувам . И јас велев така , се додека не забременив на 17 ипол . Кога за прв пат му го слушнав срцето на бебето во стомакот , знаев дека нема да можам да го убијам тоа невино суштество . Иако бев одлучна да абортирам , сепак , до крајот на денот го сменив мислењето . Посебно кога видов колку маж ми се радуваше кога му кажав , иако тој само што наполни 18 години .

    Еве сме , после 7 години брак , чекаме трето дете , тој работи прилично стабилна работа , најстарото дете - синот ќе тргне во прво одделение од октомври , ќерката има 4 години а јас сум во осмиот месец од бременоста , до 20 октомври ќе се породам . Не значи дека ако се венчаш на 18 , ќе живееш во пекол и дека е крај на светот ако не завршиш факултет прво . Па свекрва ми на 40+ заврши факултет. Што ќе ме спречи мене еден ден да запишам факултет ? Баш и подобро е прво да најдеш работа ( било каква , обична работа ) за сам да си го плаќаш факултетот , а уште подобро ако запишеш факултет според работата што ја работиш во моментот .
     
    На BloodElf, marija305, Justicija и 10 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Никој не го оспорува фактот дека тие што рано се омажиле имаат среќен брак. Не мора одма се да сфаќате погрешно. Ама не може никој да ме разубеди дека тие што се омажиле на 18 години така сакале. Сите што јас ги познавам се омажија на тие години затоа што беа трудни. И самите кажуваат - Да не бев трудна немаше да се омажам. Нивно право. Ама јас на тие години не ни мислев да се мажам, ниту деца да имам. Сакав да прошетам малку. И не е исто да се омажиш на 18 и на 28 години. Исто како што не се исти моите размислувања со тие на некоја со 50 години.
     
    На deskarada, thelittle17, Ena05 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Јас незнам зошто се трудиш да објасниш. Ич да не ти е гајле, можеше барем да ти го изигнорира коментарот, а не да ти возврати со ароганција. Ич нема потреба да се објаснуваш. Ти си жена борец, што појма немаат низ што поминуваат младите мајки. Имам таков пример во блиска околина, ги роди две, на второто се породи и после два дена, отиде да полага колоквиум. Да не кажувам сега кај работи, децата и се пораснати, по 7 и 10 години имаат, она си ужива, сеуште е млада, прават пари со маж и, шетаат сегде.
    Не верувам дека некој сака на 17-18 години да стане родител, ама сплет на околности.
    Нема што ние да судиме за туѓи животни одлуки како некои безгрешници.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Само не ми е јасно зошто членката @CrazyGirl15 упорно убедува дека прекрасно е да родиш на 17 години, со 24 години да имаш три деца, никаде да не работиш, да не учиш, да живееш од солидната плата на мажот, едноставно да не правиш ништо за себе, а во тие години би требало тоа да е приоритет, а не најголем успех во животот да ти е да научиш да возиш кола и да се надеваш дека може на 40 год ќе заврши нешто школо :drunk:.
    Ако веќе ги кажува ете за неа придобивките од малолетнички брак, тогаш нека ги каже и лошите страни, па млади девојчиња читаат по форумов, навистина не е во ред, неспорно е дека и се допаѓа тој живот,но упорно да се идеализира и да се наметнува како позитивен исклучок од општествените стандарди и гледишта мислам дека не е во ред.

    Пс јас пак мислев сум млада мајка, бидејќи родив на 25, ама грешка сум била:D, сме имале напредна младина што знаат шта са собом и знаат што сакаат од животот на 17 години, а јас на тие години го имав првиот "дечко",се гледавме 1 неделно во кафич и се криев да не ме види некој и да каже на татко ми и мајка ми :rofl:.
     
    На Feminka22, СуперДевојка, Stressed Out и 33 други им се допаѓа ова.
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.648
    Луѓе, аман, сите знаеме „идеален“ живот како изгледа, барем за повеќето, и секој период од животот за што е соодветен. Ама не сечиј живот е бајка, и оди според замисленото. И не секој човек живее според „одредените“ стандарди наметнати од општеството.

    Годините и менталната зрелост баш и не одат пропорционално секогаш. И не секој има услови да се запише на факултет, да шета, да има висока плата, и изгради палата за да живее одделно.

    Јас сум родена на 21, брат ми 11 месеци покасно, и мајка ми се запишала на факултет потоа. Завршила во редовен рок, и само она си знае како со две мали деца и без стабилни примања. И не, не сме оделе на одмор како мали - имало други давачки и не останувале пари, и не - не живееме во посебна куќа и одделени од чичко ми, и не - мајка ми нема возачка иако имала огромна желба и си собрала пари, но морала да ги даде исто за здравје наше. И за мене мајка ми е херој, и така и ќе остане!

    Јас ги почитувам сите кои родиле млади и се избориле, потребна е огромна храброст (не ги оправдувам само тие помали од 17-18 години - телото не ви е спремно!). За остварување на соништата не е касно никогаш! Има такви и што на 20 години имаат пари една куп, и такви што се по 50-60 години, па не успеале ни една плочка у вц да сменат.

    Е сеа, јас познавам многу близок пример каде моја блиска личност на мн млади години почна да се гледа со еден 15 години постар, буквално манијак-клошар кој ниту имаше работа, а беше 30+. Ја остави бремена, и смотаната до ден денес вика дека не било намерно. Туку тој најде едвај нешто, и си рече фати се, не пуштај. На почеток на студии беше, и толку беше од студирањето нејзино. Факултетот во Скопје, и мора редовно одење на вежби и предавања, а таа се омажи во мн мал град. Пари немаа да дојдат во Скопје и да живеат под ќирија/купат стан. До 9ти месец седеше во студентски, на прегледи сама, услови мизерни - 99% од времето топла вода нема, прашина, ниту да си зготвиш нешто можеп, па колку повраќаше на почеток. Многу ми беше жал... Тој направи бебе важно. Е за вакви случаи ми е стварно жал. И 30 години да беше, пак ќе ми беше жал.
     
    На Justicija, Nevenche26, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Мајка ми родила на 22, завршила факс со бебе без ниеднаш да одложи испит. Нема возачка, исто така пари немале за таков луксуз. На одмор отидовме прв пат кога имав 13 години (претходно кога имав 7 ама не платија моите). Живеевме бедно до пред некои 10 години.
    Првите неколку години од бракот шетале навака натака со живеење, а јас сум израсната докај 2 години со 1 родител или кај баба и дедо затоа што морале да работат.

    Ама никогаш не рекла раѓајте млади прекрасно е. Баталете младалачки живот, родете рано супер е.

    Напротив, ќе ме поддржи и да родам сега дури сум на факултет ако сакам и ако сум спремна. Ама свесна е колку е значајно да се образува човек (ако сака) и да се осамостои финансиски пред се.

    Така да: убави се среќните приказни на луѓето кои рано стапиле во брак. Ама дека генерално е така, не е. Да не зборуваме дека е реткост брак и дете до 20 години да е желба и испланирано од страна на родителите.
     
    На Purplelilac, kalinaka, deskarada и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Не е добро да се роди дете на 18 години. Не е добро да се омажиш на тие години. Во моето семејство имам повеќе жени кои се омажиле на тие години и рано родиле деца. Имаат големи деца за свои години, тоа е единствена предност, и ништо друго. Пцуени се, тепани биле, оделе неколку пати назад кај родителите со намера да го остават мажот, но нема каде да се оди, а веќе имале и дете, а немаат ни едни гаќи да си купат, што ќе прават? Се враќале назад и трпеле. Единствена предност им е тоа што не се мачеле да останат трудни, друго нема. Кога стапиле млади во брак, живееле во заедници, со кавги, и така им поминале најубавите години. На стари години сега се живчани од секаква ситница.

    Оставете тоа дека некоја родила на 18, па завршила факултет, па не знам колку е успешна. Колку такви има во Македонија? Имав претпоставена која се омажила на 19, родила на 20, и факултетот кој го почнала го заврши на 35 години со две деца. На 40 години имаше само една година работен стаж. Отворила фирма, ама џабе, мрзлив човек без рутина за работа само живурка, не може да успее. Да не и е мажот ќе трпи за леб. Па тоа ли е успех?

    Гледајте самите да си бидете гарант на себеси, вложувајте во своето знаење, друго чаре нема. Мажот може денес да го има, утре не, поради развод, болест и слично. И на 18 години не мислам дека некој знае што точно сака во животот. Тие момци што на 18 години ми беа привлечни и сакав да бидам со нив, на 25 години кога созреав сфатив дека не вредат и дека би било голема грешка ако сум стапила во брак со некој од нив.
     
    На simoncelicius, Mikha4, edna_malecka и 12 други им се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Од тие што би си го убиле сопственото дете , толку и очекував искрено .
    Искрено ама ич не ми е гајле за нејзината " ароганција " бидејќи не ја ни познавам :D . Криво ми е што има вакви жени , што би си го убиле детето , за да можат да уживаат на 17 и да се е**т со кој стигнат . Искрено , затоа сме тука каде што сме . После кукаат кога се носат закони во корист на албанците , а не сакаат да раѓаат пред 30 . Епа нема и јаре и паре нели ? Ти благодарам за поддршката , некои тука не ја сфаќаат поентата на мојот коментар , а ти си исклучок , и ретко кога некој навистина ја сфаќа суштината на она што го пишувам . Имај убав ден :* .
    Како прво : никого не убедувам .
    Како второ : лошите страни сум ги кажала одамна , а ако ве интересира пак ќе ги кажам , но не гледам потреба да се пофторувам .
    Како трето : најголемата цел во животот ми е да се остварам на секое поле , на две веќе успеав , и не застанувам иако сум во 8-ми месец бремена , со две деца , упорно работам на себе и на надоградување . Се запишувам и одам на многу курсеви ( иако тоа никогаш не сум го спомнала на форумов ) , кога ќе се породам ќе полагам за кола - тоа ми е следна цел за остварување бидејќи искрено ми е потреба - не луксуз , нема да се возикам низ град со колата , туку ќе носам деца на училиште , на курсеви , на вакцини итн. да не набројувам , а во меѓувреме ќе си барам работа .
    Каде прочита ти дека најголем успех ми е да возам кола и да живеам од платата на маж ми ? Можеби твојот е тој :rofl: . Мојот најголем успех не е тоа што ти го наведе , тоа е само дел од патот кон успехот :D погрешно си разбрала ( т . е . не си се потрудила ни да разбереш ) , ама ќе ти објаснам да не си го мачиш мозокот . Мојте цели во животот се да се остварам како сопруга , мајка , на финансиски и деловен план . Секако не планирав да родам на 18 , тоа беше изненадување :D , ама ќе лажам ако речам дека сакав да се запишам на факултет :envy: . Сакав да работам нешто , ама се откажав и од тоа кога увидов дека без " ветар во грб " нема да ја биде работата . Ќе биде во Источна Мк , каде живее помал број на население , у Тетово сигурно не . А јас да се преселам во Источна Мк , за 25 . 000 максимална плата - не фала . Затоа реков дека ќе почекам за работа . Сум чекала до сега , ќе почекам уште малку . Бев на неколку интервјуа до сега , и знаеш што ми рекоа ? Да беше постара ќе те вработевме - автоматски би ме вработиле со веќе родени деца - а маките на оние што мора да тргнат на работа сега во кризава се очигледни . Кога јас би одела на работа - децата веќе би ми биле пораснати , би биле способни за сами да одат на училиште и да си земат за јадење ( можеби второто и третото не , ама првото сигурно ) .

    Не ги знаеш туѓите животи па затоа така зборуваш . Да не бев трудна може немаше да се омажам - ама и на факултет немаше да се запишам секако . Можеби ќе живеев во друга држава и таму ќе работев . Ама од друга страна , во коронава се видоа работите како стојат . Подобро што излезе вака .
     
    На Orthophill, mssuniquee, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.