Обично е до љубомората. Кај мене е обратен пример јас не сакам да работам зашо сум мрза а дечко ми ми вика дека морам ((((
Кој сака да работи и да има повеќе време за децата ќе си најде работа во една смена или ќе оди на пола работно време. Не треба да прифаќате работа во три смени и со закон треба да се забрани мајки на деца под 3 години да работат во смени. Кога сте девојчиња е друго, ама треба да се мисли и за иднина. Кога на администрацијата им кажаа да одат во две смени тие со изговор дека имаат фамилија, а овие фабриките што ги донесоа како странски инвестиции работат 3 смени и сабота.
Ти кажав и претходно.Не нè познаваш. Не се рекла кажала муабети.Сме виделе и чуле. Не можеш да знаеш како сме постапиле.Престани со тврдењата. Како што ти кажа членка пред мене,темава не е за совети.Темава е за причини поради кои мажот не ја пушта жената да работи и за причини дебатираме.
Не можам да си претставам точка во времето кога би престанала да работам. И не ми е јасно како некој што некогаш заработил свои пари би се откажал од работа. Тетка ми нема ни 1 работен ден стаж. Дипломиран сметководител во времето кога можела да се вработи каде сака за повеќе од солидна плата. Маж и од првиот ден нс бракот и забранува да работи, од чиста љубомора. Он е постојано во работен однос за минималец. Децата едвај до средно ги финансираа. Значи пари се нема ама жената нема да работи пошо ќе ја гледаат мажи. На 58 години отиде мажот во странство. Сфати дека со 14000 пензија не можат да си платат сметки а камо лекови. На 60 да копаш ниви, не е ни најмалце лесно. Секако, ја зема нејзе за една година и ПАК не и дозволи ни таму да работи. Сега чисти и готви сама по цел ден во гарсоњера без никој познат околу себе. Не може да мрдне нема нејзини пари и за секое пазарување мора да го чека него. Жалам за сите девојки кои вложуваат труд, финансии за да искочат толку слаби, изманипулирани и погазени. Да одлично е ако партнерот има солидна заработувачка, ама еве кај нас тоа се смени за 4 месеци. Партнерот заработуваше 1/2 повеќе од мене, последните месеци јас заработувам 1/2 повеќе од него. И да паднам до 10 000 нема да се откажам од работа. Не е само финасиската точка. Развојот, можноста да напредуваш повеќе од него, да учиш нови работи, па недај боже да си финансиски независна е таков удар за фрагилното его на сељаците, што по секоја цена ќе го спречат.
И тетка ти дозволи буквално цел живот така да и помине? Зошто е во брак со тој човек? Само еднаш живееме.
Еве јас ќе кажам еден пример, мајка ми нема возачка затоа што татко ми не сакаше да седи со инструктор во кола. Имавме кола која стоеше празна на сонцето додека татко ми беше во странство и ние одевме секаде со такси. Многу се нервирам некогаш мајка ми кога ќе каже: кога едно од моите деца беа болни морав сите да ги ставам во такси бидејќи ќе речат: каде тргнала ова со такси во ова време . Ужас, еве сега исто сите имаме коли мајка ми секогаш нас не прашува дали можеме да ја возиме. Јас и велам колку е била наивна и глупа таа вели дека не сакала да прави проблеми.
Не ќе да е до инструкторот,има и жени инструктори.Поголема е веројатноста дека го плашела таа нејзина слобода што ќе ја има шетајќи со колата.Со еден збор освен љубомора нема друго објаснување.
Причините се веќе набројани, но ќе додадам и дека многу мажи живеат неколку века назад и мислат дека местото на жената ѝ е исклучиво дома и во кујна. Такви што сметаат дека жените се само за чистење, за готвење и за распод. Такви што мислат дека жените се премногу глупави за да работат. Многу често кога ќе им забранат да работат, им префрлаат дека џаболебарат. И разбери ги ако можеш. Мене маж ми да ми забрани да работам, веднаш ќе побарам развод. Макар и на фин начин да ми го каже тоа. Дали ќе работам или не, одлучувам исклучиво јас и никој друг. Тоа е основно човеково право. Мене една роднина ми велеше: „Омажи се да те издржува.“ Тогаш бев прва година средно. Еве, и сега на 22 години сум сингл. Зошто да ме издржува? За тоа јас одлучувам. А мојата одлука е дека сакам да бидам финансиски и материјално независна.
Научив јас многу рано од нејзините грешки, бев многу мала кога знаев дека никигаш не би сакала да живеам како мајка ми, ги служав и телефонските разговори и кавгите и знаев дека тоа е примитивно.
Супер за тебе, но за крајот не се сложувам. Тебе ти е смешно и трагично, не сфаќам баш зошто. Мене никогаш не би ми било, а и не ми било, зошто сум била независна пред брак и сакам секогаш да е така. Независноста ми е премногу битна. И за минималец би работела ама да е мој. Нека е он ок и нека он дели ама свое е свое, незаменливо. Не ми е само до парите, туку и до чувството. За жал мажите претежно повеќе заработуваат од жените, но тоа не ми е причина да смеење.
Sekakvi periodi doagaat vo zivotiot, nasite finansii se na kyp,sekoj od nas znae so sto raspolagame, pinovite od nasite kartici i decata gi znaat i cesto im ostavame doma edna za sekoj slucaj. Nikogas ne bi sakala da ostanam doma i da ne rabotam, duri i na porodilno koga bev gi broev denovite poslednite meseci zasto poludev so koronata,a vo isto vreme i so maloto se naviknuvavme vo gradinka! Zivotot i potrebite na denesnicata ne dozvoluvaat opstanok na semjstvo so samo edna plata so normalni primanja,za zal! Platite vo mk se tie,uslovite se tie, no najdobroto sto mozeme da go dademe od sebe e da rabotime, da se usovrsuvame i da ne zavisime od nikogo, da ja cenime zarabotenata para. Nie imavme situacija so pogresni datumi na dokumenti pa mm ne zemase 5 meseci plata,a kreditot za stanot i potrosuvackiot mora da se podmirat,kako bi preziveale ako ne ni e se zaednicko,pa po Bogu 12 godini sme vo brak, nesakam ni da zamislam da imam takov problem. Sekoj treba da raboti i da zarabotuva za sebe ne za drug,ne e tolku bitna cifrata kolku samata nasoka i razmisluvanjeto,tekot na procesite i rabotite kako ke se odvivaat, niedna ljubomora ne moze da me natera da ne odam na rabota! E sega primerite koi jas gi znam najcesto se zaradi ljubomora i strasna nekontrola,nekogas i so fizicka presmetka na nezasegnati lica, slucajni pomagaci! Ne ja opravduvam nikako taa pricina,edinstveno zaradi detence bi mozela da pobaram rabota od doma no samo kratkotrajno. A da se otkazam skros od rabota...nikako!
Секогаш ги бранам и ми паѓа тешко за примериве, ама мислам дека и тие требале поостро да се постават. Можеби и до карактерот нивни е. Мене некој да ми забрани, пред да го каже тоа ќе си го проголта. Тек пак да послушам. Примерите што ги кажавте се и постари, токму затоа и мислам дека се сменија времињата и ретко е повеќе така. Ме интересираат некој пример од млади особи дали уште има? Друго што секако има влијание е околината, нејзините и пријателите. Ако забележат такво нешто би требало да реагираат.
Да, другарка ми. Има дечко што не дека 'не и дава' да работи него и брани на лето да работи како келнерка. Сакаше да оди летово да работи во Охрид во сендвичара заедно со друго девојче, не и дозволи. Примитивизам на ниво. Таа кутрата мисли дека он и дозволува да работи што било друго ама не келнерка и не Охрид кога тој ќе биде во Скопје, а јас мислам дека што и да фати она да работи, тој нема да и дозволи. Дека е од времето на палеолит. Не е до времето, до менталитетот и до луѓето е.
Не е до карактерот нивни. Посебна гранка во психологијата има за жени кои трпат домашно насилство. Забраните се вид на насилство. Го постирав ова и во друга тема, ама еве и овде How to Recognize Coercive Control Isolation Monitoring activity Restricting autonomy Gaslighting Name-calling Controlling money Reinforcing roles Manipulating kids Controlling your body Jealousy Sexual coercion Making threats Getting out
Има. Седевме кај другарка пред неколку години. И колешка нејзина од факултет со мажот и беа на гости. Внатре седнавме ние да си муабетиме. Кажуваше жената дека не и давал да работи, демек он доволно заработувал. Картички и кредити до гуша, жената со факултет и убава струка, ама не. Нема да работи. Дури и во шопинг строго со него и секој ден само по 50 денари колку за кутија цигари и остава, на капалка. Пред да го слушнам муабетот седев со "мажите" надвор, за 15 минути лом се направивме до ликот. Очигледно ненаучен жена да не се сложи со него. Одвратно човечуљаче. Нешто високо во МВР беше. И многу мажи на различни начини спроведуваат контрола над жените. Може нема да и забрани да работи, ама ќе ја тера да му се јави, демек да го разбуди за на работа, да го потсети на нешто. Па ќе ја замоли да направи нешто за него и да му помине некаде одма после работа, да не може да остане со колеги. Па ќе и помине на работа, демек во близина бил, а чисто работата е да биди дали случајно може да ја "фати" со некого. И кога седне на брашното почне да се опушта полека, па излегува љубомората на површина, ама до тогаш и ти навлезена во играта. Тотално психопатско и манипулаторско однесување, оти на почеток изгледа како романтични гестови и дека се грижи за тебе, а уствари он само се грижи да не изгуби контрола врз тебе.
Не сум сѐ уште мажена и стварно не ми е многу јасно, но зарем не се чита мажот и тие негови лоши карактеристики уште во врска? Дефинитивно има знаци, и не би влегла во брак со манипулатор којшто контролира.
Се чита. Ама не читаш исто на 18, 20, 25 и 30. Пример за млади: Моја колешка се откажа од факултет иако беше успешна студентка, не заглавуваше, зошто буквално од дома беше советувана да се врати дома во нејзиниот град зошто дечкото ќе ја оставел и стара мома ќе останела. Со дечкото имаа проблеми со љубомора, којзнае што правела во Скопје муабети.
Ова е толку страшно и голем дел објаснува многу. Ако некој мисли дека може да препознае red flags се лаже. Секој може да западне во ваква ситуација, мене ми личи дека е потребно терапија за парови во конктетниот случај. Некогаш да, некогаш НЕ! Некогаш човекот станува многу покасно посесивен и љубоморен додека во младоста никогаш не бил. Сите сакаме однапред да знаеме...