Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Многу тешка тема, особено што имам во потесната фамилија. Од девојка која завршила средно образование во Југославија, веднаш се вработила, напредувала на работа и заработувала доволно, а и за 29 години веќе имала 11 години стаж, сега не знае да заѕвоне на телефон.

    На почетокот незиниот сопруг ја извадил од работа велејќи и дека ќе и отвори продавница и ќе биде продавачка. Откако не го исполнил тоа веќе имале 4 деца па мора некој за нив да се грижи, а кога биле поголеми веќе започнал да ја малтретира и да си иде дома пијан. Жално е што и нејзините деца го следат татковиот пример и не и даваат воопшто поддршка, дури ни нејзините ќерки кои истотака се во бракови, а немаат ни ден стаж. Уште пожално е што од работа во фабрика остатокот од животот го помина во работа на ниви сама без помош од децата и сопругот пијаница. Да напоменам нејзиниот сопруг нема ден стаж, преживуваат од нејзината работа на нива, а во меѓувреме таа ги помага и нејзините деца кои се во брак. Да не се разбереме погрешно, секој родител сака да му помогне на своето дете, ама да си 30 годишен во брак и да чекаш од мама, а во меѓувреме да не ти се допаѓа нити една друга работна позиција со изговор мала плата, лош работодавец ми е no comment.

    И јас како нејзина внука, и мојот татко и чичко ја советуваа и сеуште ја советуваат дека има каде да се врати, дека може да работи во фабриката во близина и ќе си го надополни стажот па ќе зима и пензија. Ама не сака ни да чуе. Се лути и секогаш изговор и се децата, кои воопшто не и пружаат поддршка туку уште повеќе ја туркаат во бездната.

    Имам уште многу да пишувам ама ќе запрам тука. Ме радува фактот што во младите генерации особено во мојата, сите девојки што ги знам целат на независност, а и момците што сум ги сретнала не го имале заостанатиот менталитет.
     
    На Amellie13, Осе, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Воопшто не мислев кога кажав трагично и смешно во врска со висината на платата. Јас скоро секогаш на сите работни места до сега сум работела за минималец. Платата не ја потценувам и никогаш нема. Па и мајка ми работи нешто повеќе за минималец. Не сме ние од богата фамилија па ми е гајле за се, само сме искористиле шанса во животот, односно мм искористи, ризикуваше. Тоа се чесно заработени пари.

    Кога реков трагично и смешно мислев дека би било сега јас да се вработам за минималец и да се фалам на луѓето околу мене или овде да се удирам во гради колку сум јас независна од мм. Која независност кога со таа плата ни трошоците за ќерка ми ќе не можеме да ги подмириме во месецот. Дали можам јас да функционирам сама со таа плата? Не. Значи и да работам, би имала ли независност? Не. Давам пример зашто во темава цело време за тоа се збори. Да работи жената за да била независна. Ретко кој поединец во Македонија може само од својата плата да живее целосно сам и деца да гледа. Ни маж ни жена. Обично брачните партнери во Македонија се зависни едни од други.
    А пак ќе кажам, јас никогаш немам побарано пари од мм за ниту една единствена работа. Парите се кај мене, јас располагам, тој бара од мене. И никогаш не сум се почувствувала неубаво заради тоа што не работам моментално.

    Мене искрено многу ми е чудно тоа мои, твои и заеднички пари. Моите родители никогаш така не функционирале, секој денар бил заеднички и секој денар се делел. Јас и мм и во врска кога бевме парите ни биле заеднички, а не па сега. Ама секој со своите замисли во животот.
     
    На MarijaMi90, Hoping и winnie02 им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Деца работат овде од 15 или 16 години, имаат родители што можат се да им обезбедат ама нема дете што не работело за викенди или летни одмори. Жени има чии мажи имаат приватни бизниси и заработуваат одлично, мажи на функции, мажи со наследство, па на ниту една не и текнува да не работи. На тие што не работат гледаат со чудење, потценување, не познавам човек кој би бил со партнер кој се изјаснил дека не сака да работи. Не познавам човек ниту сум сретнала теми на форум за луѓе кои им забрануваат на партнерите да работат. Не работат само социјалци кои или се со потешки дијагнози или се зависници од алкохол и дрога, па и нив не ги оставаат долго на социјала. Или некои со наш менталитет - маж ми работи и заработува, јас децата ги гледам.
    До менталитет е, не е до сумата заработена.
     
    Последна измена: 20 јуни 2021
    На malerozna, Nausicaa, S.W.A.G и 11 други им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.183
    Пол:
    Женски
    Смешно е ова што го пиша.
     
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Независноста што се збори не е само за штиклите од 100 евра што се најнебитен пример, туку утре ако настане проблем од минимална плата ќе можеш да скрпиш некоја соба да се тргнеш, а без плата не можеш.

    Друга работа, ако дојдеш во ситуација да се враќаш на работа некогаш, со 10 години дупка во CV ќе си многу поназад од сите други апликанти кои нешто правеле во тоа време. Не зборувам за сјајни кариери, едноставно секој ќе се запраша зошто ти не си работела 10 години пример.

    И не значи само да си одиш ти, туку и на партнерот може да му текне дека не сака да е повеќе со тебе, може да се случат и други несакани работи како болест, смрт и слично.

    Не е муабетот само ќе рмбам за минимална плата, туку и за утре треба да се мисли што ако останеме и двајцата или едниот без таа една голема плата.

    Е сега, нормално е одлука на парот, ако се свесни за ризикот нивна работа. Ама тоа е поентата на таа "независност" што ви е чудна.
     
    На Glowy, Luminary, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    60.132
    Пол:
    Женски
    Тоа е твој случај и ме раадува што си среќна. Темата е за жени кои не можат да работат заради забрана, а не за тие што од некоја причина не сакаат.

    И многу звучи демотивирачки кога ќе кажете дека од минималец нема ништо друго. Да, така се почнува, ама со течењето на кариерата се зголемуваат и приходите. Тешко е, претешко, ама има еден куп самохрани мајки што сами ги гледаат децата. Тешко е, ама не и невозможно.

    Инаку сум работела за без пари, само за искуство. Тоа искуство денес ми отвори многу врати. Никогаш не потценувајте работно место.
     
    На Glowy, Milobebence, Nausicaa и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    И во Македонија да е минималец 1500 евра и да се условите на работните места како што треба и јас нема да помислувам да не работам.
    Трети, втори смени, останување прекувремено, не знаеш денес дали си до 3 или до 6 на работа, неписмен шеф над глава, мобинг, да не ми се знае ни празник, ни недела, ни одмор... за 250 евра? Работи само некој што мора, да не се лажеме. И јас го трпев се ова, кога морав, сега не морам.
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не е секое работно место такво и ако не ти го гори под нозе како кај тебе, можеш да бираш и да чекаш дури најдеш подобро. Ама очигледно не сакаш.Така да...
     
    На nextredstyle и christinnn им се допаѓа ова.
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    80% работните места се такви во Македонија. Посебно во помалите градови.
    Во мојот прв пост кажав дека имам план и желба да си почнам нешто мое откако ке пркне малку малото. Нормално дека не планирам да седам цел живот дома.
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Па тогаш што бараш на темава, ниту си решила да не работиш постојано ниту забрана имаш, за неколку години додека се мали децата ли е цела драма која ја правиш?
     
    На baby-star, nextredstyle, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Напишав еден пост во темава со цел да објаснам дека не секогаш работите се такви какви што изгледаат од страна и какви што ние мислиме дека се.

    Ама почнаа да ме цитираат и почнаа да ја развлекуваат мојата приказна безпотребно и излегоа еден куп оф топици.
    Јас сум будала што се објаснувам. (facepalm)
     
    На WildMk, Hoping и Shia им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ок, нема потреба повеќе да се објаснуваш.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Те сфатив што сакаш да кажеш.
    Но пак ќе кажам, не е смешно, ни трагично ни лупање во гради.
    Никогаш не сум сфаќала кога некој вика "јас не работам за минималец". Според мене тоа е само изговор за не ми се работи. Пред се, не сите работат за минималец, а и оние што работат секоја чест. Сепак некоја сметка ќе платиш и леб ќе си купиш од минималец, а од ич ќе си останеш ни на небо ни на земја.
    И да, парите во брак се заеднички. Но, едниот ги заработува во вакви случаи. Ништо лошо нема во тоа, само е факт.
    И кај мене е ситуацијата таква, маж ми заработува повеќе во мене, а и јас западнав во криза ради пандемијата, а не можев да земам помош од државата.
    Сум заработувала колку минималец, па сум одела и во минус кога ќе завршам со давачките према државата. Но, јас сум сепак горда на себе, својата работа и се што имам постигнато, а и животот не е од денес за утре, не се знае, може да се сменат неочекувано некои работи.
    И нема шанса да се откажам, ќе направам се да се кренам на нозе.
    И на мене ми се на располагање парите кои он ги заработува, но тоа не го сметам за некој flex.
    Имам случај каде мажот заработуваше околку 1000-1500е, зависно како кој месец, а жената работеше за 7000 ден. Никој ја нема исмеано, а она денес заработува сосема нормално. Не се лупа во гради, туку си го отварала патот до саканата работа. Патем има и дете.
    Нема ништо ама баш ништо смешно во работа, за минималец или под минималец.
     
    На Nausicaa, Amellie13, Noemi и 6 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Искрено не знам колкава треба да е таа сума да кажеш "неќам да работам, оти ми се може". И 2500 евра да е платата на едниот партнер, 250 евра се 10% плус. Тоа е можност да заштедиш 3000 евра плус за една година од што би инаку заштедиле, па здравје еден ден да се пензионирате и двајцата порано, оти 3000 евра за 10 години се 30000 евра...
    Вака кога читам мислам се богаташи со по 20000 евра месечни плати низ државава. Или членови на британското кралско семејство... Друго објаснување немам.
    :?:
    Па будала си, оти мислењето ти е тотално оф топик во темава, ама очигледно мораше да дојдеш и да го оправдаш твоето неработење. Темата не е за вас лично, нити пак се бараат лични примери и правдања во стил "ама не сите жени, ама не сите мажи". Темава е за жени на кои не им дозволуваат мажите да работат, а не за "абе ми дава, ама будала ли сум за минималец да работам".
     
    На Glowy, Nausicaa, Amellie13 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Мажот да не ја остава жената да работи е мизерно, но да е договор помеѓу нив сметам дека е во ред. Тоа подразбира огромна доверба во сопругот дека нема да ја искористи позицијата на провајдер. Од друга страна, навистина нема логика (за мене) ако парот има деца, мажот заработува повеќе од доволно, жената да 'рмба во некој маркет за минималец. Тоа не значи дека треба во слободно време да се излежава, туку да работи на себе, да се остручи во некоја работа во која што во иднина би можела да просперира. И да имам милиони не би дремела на плажа цел ден, не за да заработам повеќе, туку за да доживеам нешто внатрешно, а тоа подразбира изградба на личноста.
     
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.183
    Пол:
    Женски
    Маркетите нека ги затворат ако не.
     
    На S.W.A.G, calliope, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    :D:D
    Паметам едно време врски се фаќаа за во маркет, човек требаше да имаш да те вработи :D
    Стварно безвеза е вакво потценување на работни места.
     
    Последна измена: 20 јуни 2021
    На S.W.A.G, baby-star, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Читаш? Или само една реченица? Во случај мажот да заработува многу реков, а маркетот беше земен како пример, ако сакаш замени со фабрика. Инаку, ако треба би работела било што за егзистенција, нормално.
     
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.183
    Пол:
    Женски
    И што ако мажот заработува многу, а жената работи во маркет или во фабрика? Испод чест му е на мажот таква жена да има или?
    И сто евра месечно да се спрема десет илјади евра од мажот е подобро отколку ич.
     
    На Nausicaa и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  20. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Не потценувам ниедна работа, напротив, но ми нема логика да земам 12.000 и пола да ги давам за во градинка, додека маж ми заработува 3000 евра на пример. Да не се фатите за ова, маж ми не заработува 3000 евра, работиме и јас и тој.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.