Тоа треба да биде одлука на жената. Ако сака да работи за минималец, никој, не мажот, ни Господ не би требало да ја спречи. Прочитај го убаво моето мислење пред да одговараш. Јас кажав дека мене ми е пологично жената да заврши магистерски на пример, или некој дополнителен курс, кога веќе егзистенцијата е обезбедена и го има луксузот време и пари, отколку да додава уште нешто ситно во домашниот буџет и да тапка во место.
Колкумина земаат 15 пати поголема плата од таа на партнерот, ај не ја тупите, се влечи вака темата дури на никој веќе нема да му е јасно за што се збори. Нека ти помогне тогаш со образование па оспособи се за 1000 евра плата, не за 200. Или само таа опција е, вегетирање дома?
Абе да...Ќе рмбам за 100 еу месечно. Тоа не кажува колку храбра, самостојна жена си, напротив дека си спремна да ја свиткаш кичмата, да ќутиш и да трпиш експлоатација на ниво. Што ти е жено со ваков муабет?!
Па,можеше кратко да пишеш дека си работела,за делењето на парите и дека си имаш план.Не ти требаа фалбаџиски детали и потценување на минималецот. Нема мобинг на секое работно место со минимална плата. Ако е за мобинг,го има и на работни места со висока плата.Тоа не е причина за да се исмејува минималната плата. Луѓето напуштаат,се борат,па наоѓаат ново работно место.Не седат и не се потпираат на парите на партнерот. Парите како што денес ги има,утре може да ги снема. И грешиш.Колку и да се битни парите за егзистенција,има луѓе кои работат и оти си ја сакаат работата.И ја ценат оти им нуди можност да преживеат сами доколку мора да ги напуштат партнерите или ако се случи нешто лошо.Им дава сигурност,безбедност.И минималец да е,го ценат. Не се знае што носи животот.Нешто е подобро од ништо.
Ај прочитај едно мислење над твоето. Знаеш колку земаат добри програмери во денешно време? Па дури и просечни.
Ти цитирав мислење и искоментирав, не знам што друго имаш пишано во други постови. Нови членови едвај и да ги читам, така да, може да се чувствуваш почестена.
Колку жени само кажаа во првите страници дека работеле за 5-6000 на почетокот од нивните кариери... Реално денес ретко ептен да зема некој 100 евра плата, ама ајде де.
А што е со жените програмери? Мажите не треба да им работат или како тоа маж да не работи? Или гордост е маж ти програмер да е
Ако треба да работи физичка работа или работа за мали пари а жената е програмер, сметам дека не би требало да работи. Нема врска дали мажот или жената, во случајов, темата е за жената. Гордост е и двајцата да работиме на нива ако работиме за заедничко добро, се сакаме и почитуваме, професијата е најмал фактор за да се гордееш или не со партнерот.
Замисли само обратна ситуација, таа заработува тој цел ден по кафани и кладилници (како пандан на женски шопинг и козметичар). И така цел живот. Ајде коментари да слушнам, баш ме интересира.
Темата е за мажи кои не ги пуштаат сопругите да работат, не за македонската новопечена средна класа (бог да чува, таман работа една тема без нив да помине )
Па затоа и коментирам за тоа кои се легитимни причини (за мене) за жената да не работи, надоврзувајќи се на мислењата пред мене. Инаку, моето мислење е дека не постои доволно добра причина за мажот да не ја ОСТАВА жената да работи.
Мене ме интересира на пример дали таквите мажи чистат, перат, готват по дома или на крај пак жена ја врши домашната работа оти е "женска работа"
Зошто да не? Познавам такви мажи, жал ми е ако не познавате, променете го опкружувањето и ќе видите дека не се сите простаци.