Не знам искрено, таков пример досега не сум видела и не знам како би функционирале. Успешна жена да трпи маж што не оди на работа за цел живот... попрво еднорог ќе видам
Се извинувам, навистина без врска ми беше одговорот. Сакав да кажам дека наместо да викаме дека мажите се простаци, треба да се земе пример и да се споделат искуства од мажи кои вистински ја поддржуваат сопругата и имаат вистински вредности.
Тоа во МК, пошто аристокоратија левел е, овде пријателот е шеф на сектор, жена му е чистачка. Абе МК е рајот на земјата ама кој ни е крив што останавме неснајдени Секако дека жената. Тоа е СупеЖена
Секако, и такви мажи знаеме ама не е за тоа темата. Темата е за мажи кои не ги пуштаат жените да работат, мажи кои им забрануваат на сопругите да работат- тие се простаци, манипуланти, љубоморни, со никаква самодоверба, итн, итн...
Јас би 'рмбала наместо да имам покрај мене некој кој ќе ми наредува, тоа е поголемо виткање на кичмата.
Velikata burzoazija samo na moment neka se zamisli kako i e na obicnata zenicka sto go cita forumov posle naporniot den pominat vo nekoj market/ magacin/ fabirka i sl. Go ispovregjavte minimalecot, gi ispovregjavte prodavackite, gi ispovregjavte zenite u kojfekciia gakite sto vi gi sijat za da ne idete so gol gz po ulica ama zatoa svetovstvoto sto ne raboti za 15.000 denari zosto Trpe resil da im dade dzeparac/kartica/mozebi i zlatni pracki da gi topite po potreba jer mnogu se ima ste vozviseni vo sporedba so niv i Trpe ve saka mnogu poveke nego li mazot sto ja saka prodavackata. Abe vojni se vodele edno vreme zenata da stane ramnopravna vo sekoj pogled na mazot, ama ne pusto Makedonce saka da si sedi vo minatoto i toa e. Ova me potsekja na edni komentari od neodamna vo druga tema kade clenka edna imase pisano kako nekoja nejzina poznanicka se falela deka se vrabotila i zimala 15.000 denari. Clenkava bese rastrvozena vo stil kako ne i e sram raboti za 15.000 a ima lice da se fali i da se gordee so toa. E taka i tuka.
Ти ги прочитав мислењата од ново за да се осигурам дека ти имаш проблем. Ајде сега ти прочитај си ги од ново и одлучи се.
Како тоа мажот не ја пушта жената да работи? Не постои некој што некому може нешто да забрани. Се сами си правиме па после кукаме.
Дека е мажена за Телеком Друго провајдер не ми текнува Има @LadyC , има за жал. Ја го мислев умрено, ама не бе, тоа било културно наследство, се пренесувало од колено на колено
Дојдовме до одговор на последниве страни. Мажите што заработувале осум пати повеќе од жената и забранувале затоа што од 12 000 пола за градинка ќе и оделе од платата. Дс е државна ќе се 1500, да е приватна 12 000 ама ајде некаде може има и градинки 6 000 сепак. Значи ептен јаките мужи со јаки плата не дозволуваат жената без кичма да остане и да рмба за минималец. Љубов бе.
Не знам, немам одговор, со безрезервна подршка од родители, сестра, избрала и избира да остане во таа заедница. Единствено знам дека поголема лекција од тоа немам доживеано. Пред 40+ години си пресудила, среќа што нема ќерки па така да ги воспитува и нив да трпат.