Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Сум чула, мислев шпекулации се. (facepalm)
     
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.644
    Пол:
    Женски
    Ниедна жена не треба да си дозволи да биде без работен стаж, затоа што никогаш не можеш да знаеш во животот што ќе те снајде. Може да дојде до развод и после долги години брак или уште полошо брачниот партнер да почине. Единствениот приход го нема, ако има и мали деца уште потешко ќе треба да почне да работи, а знаеме овде па и секаде во светот скоро за секоја добро платена работа па дури и за минималец се бара искуство. И да има високо образование џабе кога тоа знаење не го употребила во пракса, праксата и искуството се бараат. И што ќе прави таа жена? Посебно на стари години пак ќе треба да зависи од некој најчесто од децата, а има некој што воопшто не ги интересира тоа и ќе остане буквално на питачки стап...
     
    На Glowy, S.W.A.G, Idedemja и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Епа кога не си нашла маж програмер Биљо кој ти е крив. Знаеш ли ти просечни програмери колку земаат? 153516 пати повеќе од тебе :D
     
    На andrejko82, gjoker4e и DAngel им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.476
    Како и да е, свој денар си е свој денар.
    Располагала со “негови пари” -во наводници зошто во брак заедничко нели:) , или не располагала.

    Јас сакам да придонесувам, да напредувам, дома не сакам да седам, инаку сум работела и за плата од 12.000. Ама освен кариерата и парите, битно ми е да се вмешам со луѓе, да се дотерам и излезам од дома. Во очите на маж ми да бидам успешна и да се гордее со мене .
    Иако можам и со примањата од маж ми да седам дома, не фала.

    @VDT2906 точно, 100% се слагам.
    Незнаеш утре што ќе те снајде за жал:(
    Золва ми остана млада вдовица, не работеше, сакаше детето да го чува. Не и требаа пари, имаа . Ама потоа, без осигурање, без денар, парите настрана ги потроши а работа најде после две години :( Хорор!
     
    На lale22, BlackNight, dipsidipsidipsi и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.960
    Допаѓања:
    179.640
    Никад није касно, амбициозна сум јас. Дури трепнал, ја заработил мојата плата. Ќе се најде некој на старо:lol:, греота сам да се мачи чоекот по стари години:inlove:
     
    На andrejko82 и Celltica им се допаѓа ова.
  6. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    3.591
    Пол:
    Женски
    Амбициозна и паметна жена тешко дека ќе успееш да ја затвориш дома, исто така таква жена не би била покрај несозреан, љубоморен прачовек кој живее уште во камено доба. На крајот од денот се се сведува на тоа какви сме ние, кои се нашите погледи кон животот и какви сфаќања имаме за истиот. Сепак, никогаш не би останала без свои лични примања макар и мажот земал колку за три животи плата. Работите се планираат и за во иднина а не само да гледаме на сегашноста а иднината е непредвидлива така да на се треба да бидеме спремни и да не ги земаме работите здраво за готово.
     
    На Glowy, S.W.A.G, Idedemja и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    100% се согласувам.

    Затоа е многу важна самодовербата која најмногу произлегува од независноста која сме ја стекнале. Имајќи го ова во предвид случаевите кои ги гледаме каде маж ѝ забранил на својата жена да работи е затоа што ги запознаваат уште додека се млади кога полесно и постепено низ врската им ја рушат самодовербата во себе и со тек на време имаш скршени личности, затекнати во еден вид заложничка ситуација и тешко е да најдат излез.
     
    На eliesaab, Idedemja, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    А зошто жената е таа која од прва зима помала плата и е минималец а мажот финаниски моќен, зошто не се борете за работни места како мажите оние машки професии, наместо да си легнете на брашно иако имате факултети и да чувате бебиња..

    А зошто не се бореш бе и ти да зимаш голема плата, зашо се толку лесно откажувате од целите од живото и паѓате во раце на еден маж односно на милост и немилост? И ти имаш потенцијал за работеш добро и да имаш убава плата убава кола социјален живот, зошто се испоценувате и седете дома, па затоа мажите го владеат светот.
     
    Последна измена од модератор: 21 јуни 2021
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Како прво еве на пример маж ти може да ја плати градинката од тие ,,неговите" 3.000€ зашто ќе му дојде смешна сума износот што ќе треба да го плати за градинка.
    Како второ подобро да ја даваш цела или колку и да е износот од ,,твојата" плата, барем стаж ќе ти тече, што е многу важно за да можеш еден ден пензија да земеш.
     
    На Idedemja, eli25, lale22 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Јас би да се надоградувам за да можам за некое време да земам подобра плата и да имам шанса за некаква кариера отколку да работам работа во која нема нагоре (маркет, фабрика) и која е физички исцрпувачка. Исто така, би отворила некој бизнис кој би можела да го развивам. Тоа ми беше муабетот, во никој случај не мислам дека жената треба да дреме дома, но не и по секоја цена да се работи било каде ако се имаат услови да се почека и да се одбере помудро.
     
  11. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.817
    Пол:
    Женски
    јас познавам дури 3 такви примери :wasntme:
    само да кажам дека ги има, уште еден доказ колку во различни светови живееме сите на форумов :D
     
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Епа кажи како функционираат де, сите тоа нé интересира, така тргна муабетот.
    Мажот готви, пере, пегла, чисти, чита книги за правилен развој на децата и се посветува целосно да израснат во здрави индивидуи? Или како?
    И мажот сам ли се откажал од идејата да работи? Оти сите знаеме по некој што не може да најде работа ама тоа не се важи :)
     
    Последна измена: 21 јуни 2021
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.183
    Пол:
    Женски
    Не им било забрането, за џабе оговоравте комшии и роднини, сите чекале погоден момент за свој бизнис да започнат, некои и до 60 години чекале.
    Вака така само успешни жени живеат во Мк, во маркетите и фабриките работат роботи, да пакувам куферите за назад, дошол животот без рмбање и кичмосување.
    А вие мислите дома седат мажот им забранил? Ццц
     
    На Glowy, Anie93, nena2010 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    55.556
    Пол:
    Женски
    Кој е тој мажот да кажува дали жената треба да работи па дури и да забранува? Такво заостанато ѓубре не заслужува ни со прачка да го чепниш, не да си во брак со него.
    Читајќи примери тука среќна сум што сум со некој што ме поддржува да најдам работа, макар и десет пати повеќе од мене да заработува. Ама изгледа не ме сака доволно чим сака да се мачам. :(

    Не знам како можат некои да живеат од денес за утре. Ќе се мачеле за минималец, не се тие ко обичните смртници, мажот повеќе од доволно заработувал. А колку е непредвидлив животот, сѐ она што имаш денес можи да го снема утре ко никогаш да не било. Секогаш е добра идеја да имаш некаква сигурност, дури уште поубаво за штедење ако едниот одлично заработува.

    Моментално немам работа, моите ми даваат пари од тоа што им помагам во нивната работа. Абе мислам дека ако седам така уште многу време ќе се мрднам од досада и монотонија.
    Оние што заработуваат многу сигурно не го прават тоа со обична 9-5 job, повеќето од времето не се дома. И незамисливо ми е јас да се излежувам дома сама и да не знам што со себе само заради тоа што "не мора да работам".

    Така да, црвено знаменце гледам и во оние мажи кои велат дека не мора да се мачиш бидејќи заработувале повеќе од доволно. Звучи само како на добар начин да сакаат да воспостават контрола. Подалеку од вакви, без разлика дали забрануваат да работиш или се ко "не дека не смееш ама не мачи се џабе душичке моја".
     
    На Glowy, BlackNight, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  15. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.427
    Допаѓања:
    16.991
    Пол:
    Женски
    Некогаш многу си давате за право со вашите коментари.Ако се препрочитате ќе видите дека се осудувачки.Еднаш за секогаш треба да се разбере дека секој си функционира како сака.Друго желбите,приоритетите,сфаќањата,се менливи.
    Ако некоја несака да работи за минималец ок е,вас не ви бара пари да го мине месецот.
    Ако некоја сака да брка кариера а притоа има помалку време за детето и фамилијата пак нејзино право.Може иде на таа карта дека ќе му овозможи полагоден живот на детето.
    Ако некоја сака да седи дома и да го чува детето до одредена возраст,па после тоа да си продолжи со работа пак ок.
    Некоја ќе си седи дома и ќе ужива во домаќинските работи зошто тоа ја прави среќна и ја исполнува.
    Не значи дека за мене тоа што е правилно за друг е погрешно.Милиони луѓе милиони карактери.
    Еве тука ако некоја пише дека сака да е независна а притоа детето поголемиот дел од времето детето морало да биде во градинка,по дифолт ќе пишете,немајка.
    Ако некоја каже не работам за минималец,тогаш одма етикетата мрзелива.
    Ако некој живее од денес за утре,ненормална.
    Конкретно јас неможам да функционирам од денес за утре,ама не значи дека сум јас во право.Многу пати ми се побило тоа,сум видела кроз животот дека баш тие луѓе посреќно си живеат,без стресови.
    Животот на крај ќе ни покаже дали сме грешеле или сме направиле исправни одлуки.
     
    На Milobebence, do-re-mi, 9797 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.644
    Пол:
    Женски
    Без навреда не мислам на никоја поконкретно туку општо. Смешни ми се жениве кој викаат не работам, маж ми зема доволно за живот. Се е тоа убаво дај боже сите да зараборуваат така добро. Туку нели ви текнало некогаш што ако реши да ве остави? Ќе речете нема шанса му верувам во денешно време на себе си не можеш са си веруваш 100%, а не па на некој друг... Што ако недај боже се случи некоја несреќа? Што ќе правите тогаш? Од фирмата нема да продолжат да ви ја даваат таа плата, кој ќе ве вработи ако сте 40+ години без ден стаж? Никогаш не знаеш што животот носи, пидобро ќе свиткам кичма како што викате за минималец него ли да останам на просјачки стап. Размислете малце, сакате еднаквост тогаш работете еднакво...лесно е да се китиш со туѓи пари, кити се со твои макар и дупло помалку да се од на мажот твои се.
     
    На Glowy, Chuchanov, Kitten и 12 други им се допаѓа ова.
  17. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    5.520
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам. Дел се пријавени за да им тече стаж, но без разлика има голема разлика помеѓу човек кој има контуинуирано работно искуство наспроти оној кој направил паузи (подолги) или воопшто не работел. Една работа е на 40 + години, па и повеќе да смените работна позиција, без притоа да паузирате, а сосем е друго да направите подолготрајна пауза и да аплицирате, па макар работеле и надвор од струка. Едноставно, работното искуство си го прави своето, веднаш ќе се препознае уште на самото интервју, а за понатаму во текот на работата, да не зборуваме. Во тек сте, следите новини, се надградувате, имате комуникација, споделувате со колеги, разменувате искуства, добивате информации. Друго, ништо во животот не е извесно. Во даден момент сопругот може да заработува премногу, но подоцна да остане без лукративната работа и да наиде на нешто помалку платено, без оглед на занимањето. Ништо не се знае во животот, никогаш.На крајот и тоа минималното или малку може да се претвори во повеќе, ваше е и никој нема да ви го земе. Сепак, ова е мојот став и секој со свој избор.
     
    На Glowy и nextredstyle им се допаѓа ова.
  18. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Се' кажано со ова, то е то!
     
    На Anie93 и BlackNight им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.217
    Допаѓања:
    125.531
    Пол:
    Женски
    Не,бе,да ќутиме :D кога некоја го потценува минималецот,па уште и се исмева.На форум сме и ќе кажеме што мислиме.
    Веројатно читаат и жени кои се во тешка ситуација или кои излегле од тешка ситуација.
    На првите им треба охрабрување,а на вторите што се спасиле треба да им се рече браво,па и со минималец да е. :muscle:
    Не е осудување да велиш дека жената треба да има работа и нејзини пари.Повеќето спомнавме дека не дај Боже може да се случи нешто лошо или да се разведе.
    Човекот не е вечен.А,и никоја не треба да трпи маж кој ја уценува и контролира.
    Престој,храна,облека и сметки-за сето ова се потребни пари.Ако не можеш веќе да се потпираш на парите од мажот,треба да имаш твои пари за тие работи.
    Па,и сè да е во ред меѓу мажот и жената,едниот од нив може да остане без работа.Гладни ли да седат?
    Не може.
    Па уште ако имаат дете,потребни се пари за одгледувањето на тоа дете.
    И за човекот е подобро да биде меѓу луѓе отколку да седи во 4 ѕида.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Вака, душегрижници како тетките и стринките леле па што ако останат без работа, па гладни ли ќе седат, па дете уште ако имаат лелее тешко на детето. :D
     
    На simona_baby и Daydream им се допаѓа ова.