Темата се испреврте до тој степен пак да се оправдува и да се става пудро на насиството во насилството односно жената да мора да седе дома поради децата. Колку жално, зошто бегате од насловот.. Друго е да сакаш да одеш на работа некоја будала да ти забранува а друго е да не сакаш да одеш и да ти плаќа се мажот но да има заеднично во овие две работи тоа е дека во најголем процент исто завршуваат на крајот.
Џабе си правиме ние муабет тука кога темата не е да си ги мериме кој има најголем. Џабе си опишуваме сите ситуации како ни е дома кога имаме нешто што жените кои имаат забрана го немаат, а тоа е компромис. Сите си кажавме како правиме и се дури функционираат двете страни задодоволни нема никаква врска со темата. Зборуваме за жени што и да сакаат да работат не можат. Јас стварно не знам зошто секој си кажува како дели финансии и соживот со партнерот кога темата не е тоа. Најмногу од се ме лути кога ќе прочитам како ние си правиме филмови дека има мажи што се толку патолошки отидени со паметот што им смета ако жената работи и се меша со луѓе. Сакаат зачаурена слугинка дома која ќе им трча по газот. Као немало такви мажи, ние филмови сме си правеле, а овде пишаа луѓе за нивни мајки, тетки, блиски пријатели. И сеа место да си правиме муабет како да се отстрани ова, како да им се даде ветар во грб на жени што се паметни и способни, да им се отворат очите пошто некогаш стварно треба некој да ти ги отвори од страна, ние си правиме муабет дали вредело или не да се работи за минималец и дека има семејства по договор каде жената не работи. Арно, не работете ако не ви се работи, ако така сте се договориле. Има жени со вистински проблеми и за тоа треба да се остави темата, за да можат совет да побараат и да им се помогне.
Тие жени што им забрануваат дали се свесни дека тоа не е во ред? Ако да зошто тогаш трпат? Прв чекор да излезиш од секој не здрав брак е да се осамостоиш со финансии. Со ова идеално те држи во безизлезност. Ако сакаат да работат мораат да настојуват на тоа. Не знам како да се помогне затоа што немаме опишано поконкретна слика како тоа изгледа. Зошто тие примери што ги пишавте се помириле веднаш и не дискутирале со свијот партнер дека имат желба за работа? Прво не е јасно како дошле до таа состојба воопшто, второ дали имаат некои вештини, трето зошто ставовите на партнерот се толку ригидни па се рачунаат за забрана. Што доколку се најде работа, дали тогаш би дошло до насилство? Тогаш проблемот е мноогу поголем и ги засега институциите.
Па добро кажи така. Тогаш маж ти со две работи што си доаѓа во 14ч. а јас и маж ми со една во 17ч. , е закон. Викенди скоро секој втор работи така да …
Да,не се искажав може добро.Има фино раб време од осум до два,а вторава работа е пролет,лето за викенди,есен,зима одмара.И цела среќа е убаво платена таа работа па решивме вака да тераме дури не почнат двајцата во градинка.
И како се пронајде ти во темава? Јасно е кажано дека е за жени кај кои мажот НЕ ЈА ПУШТА жена му. А, не зашто ти си одлучила да не работиш.
Амбициозноста не е по дифолт добра особина. Може и да биде лоша. Зависи која ти е амбицијата. Шо не ти е јасно? Основа на што?
Мислите ли навистина дека тие жени не се свесни за проблемот? Можеби, но јас лично сметам дека им е сосема јасно дека не е тоа во ред. Како би се отстранил проблемот, имате некоја идеја? Нема мн што да се дискутира, причината е една и единствена - Љубомора. Има и уште една причина, која накрај пак се сведува на љубомора. Тоа е кога мажот се плаши дека жената би била поуспешна од него и кога гледа некако да ја опструира во она што го прави. Можеби и наметнува став дека треба да се грижи за фамилијата повеќе, дека погрешни работи и се значајни итн. Мажите што се во брак со таква жена, која заработува повеќе од нив, особено ако е тоа значително донекаде ги сфаќам. Никако не викам дека тој има право да и става кочници, но не ми е чудно да му смета да има покрај себе поуспешна жена од него. Да, треба да се надмине себеси, тоа го прави квалитетен маж, но не го може секој тоа. Друго што е важно е каков е ставот на жената во однос на нејзиниот маж. Ако нејзе и смета што тој не е успешен колку неа, ако ја привлекуваат т.н. "успешни" мажи и ако мажот го чувствува тоа, ете ви проблем. И океј е да се разединат ако на двајцата им смета тоа. Ако таа го третира со подеднакво почит како кога би заработувал исто или повеќе од неа, тогаш нема проблем. Ете тоа е наметнато од опшеството, дека мажот треба повеќе да заработува, дека тој е главата на семејството и ако ние сме вистински феминистки тогаш нема да ни смета покрај себе да имаме некој што заработува помалку од нас. Ако жената реши да го напушти сопругот зошто ја блокира во кариерата, општо ја уназадува во животот итн. тогаш се поставува прашањето колку ќе има поддршка од околината (родителите пример), од државата? Ако е арен мажот, океј, ама не дај боже ако е насилен, џабе ние овде ќе им пишеме како може тоа да си го дозволат, од маж да се контролирани итн. ама ако нема кој да ги заштити нејзе и децата, тогаш одлуката не е воопшто лесна и треба да се направи внимателно. Не дај боже секакви има. Во тој случај не знам што е најпаметно. Веројатно да помогне фамилијата, а државата и полицијата не знам колку ќе се заложат за нив. Е тука е главниот проблем.
Сто посто се сложувам со тебе дека амбицијата не е по дифолт позитивна особина. Уствари е, кога не преминува во болна амбиција, без разлика за што. Пример амбициозна сум да постигнам идеална фигура на телото. Се додека е тоа во рамките на здравите граници, а кога се преминуваат најчесто е на наша штета или на луѓето околу нас. Ама се додека дефиниција за успешен е човек што заработува солидно (а не е важно како и колку чесно), а дефиниција за амбициозен е човек што сака да напредува во работата и во платата или приходите небитно, се додека на тоа мислат (скоро) сите други, се дотогаш ова тврдење за мене држи вода. СКРОС. Некогаш е мн похрабро и мн подоблесно човек да се откажи од нешто, особено ако гледа дека тоа го прави несреќен, отколку да си ја докажува амбициозноста пред небитни.
Баш ме интересира колку од браковите се склучуваат со две церемонии, административна и религиозна. Наоѓаат ли странките во бракот спротивни правила во двете од нив? Во религиозната се проповеда дека мажот е глава на семејството и дека жената треба да го слуша. Во административната се налага дека мажот и жената се рамноправни. Зошто жената не би го слушала мажот, ако веќе знаела на што се нафатила и кои се поприоритетни правила? Религиозните или административните?
Ментално стабилен маж не се плаши од успешни жени. Не треба да се има никакво разбирање за тие што имаат. Во прашање не е едноставно љубомора во одредена доза, туку состојба каде тој мора да ѝ го контролира секој чекор и движење на сопругата преку закани, и ова спаѓа под психичко насилство. Исто е казниво како и физичкото по закон, но кај нас знаеме како стојат работите, за жал. За да помогне некој треба прво да се каже проблемот на тој некој, зашто само тие што се дел од тој проблем знаат што се случува зад затворени врати и за каква врска станува збор. Не може никој од страна да знае со сигурност дека некаде постои или не постои насилство. Добро е што се зборува за ова, па вистински жртви би можеле да се препознаат, да научат дека не е нормално некој да те контролира, да се изживува, лечи комплекси со тебе и да те малтретира цел живот.
АмИ штознам, јас немам чуено глава на семејството Мислам имаше нешто две тела, една душа. Или две души, едно тело. Може и немаше, може идеализирам, ама на потчинетост не сум се потпишала
Ја исчитав темава и само едно заклучив. Колегите се најголем проблем за бракот!! Демек жените што ги земале се фам фатал па на сите колеги им стои мирно кога ќе ги видат или па имаат мислење дека жените им се толку неморални и способни да извараат?? Аман бре што мажи ќе беа што стока ќе беше. Не постои тој маж што може да ми забрани нешто. А камо ли да работам. Боже сачувај. Ако сака и милионер нека е, ќе си работам нешто за моја душа. Греота жените што трпат.
Не знам зошто е болдирано ова. Зошто кажав дека ги разбирам мажите на кои не им е сеедно ако сопругата заработува прилично повеќе од нив? Ама тоа е факт. Не им е сеедно. И мене тоа не ми е чудно. Ако нешто разбирам, не значи дека мислам дека така треба да биде. Ама, така е. Најчесто. Барем јас примерите што ги знам се такви. А и најчесто мажите кои стојат финансиски подобро имаат повеќе успех кај спротивниот пол. Епа и тоа не треба да е така, па така е. Ако си ти исклучок или јас, тоа не го менува фактот дека е така. И малку се оди во крајности. Може да му смета, ама да не ја малтретира, да не и го следи секој чекор. Но, ако му смета би имале недоразбирања и префрлања. А, може па и на самата жена и смета што маж и не е доволно "амбициозен" за неа. Различни гледишта, различни интереси. Се зеле како помлади, биле затрескани, а потоа се развивале различно. Мажот ќе си префрла, на жената тоа ќе и ја јаде душата ден за ден и накрај ќе си се разделат. Потажни се случаите каде што жената нема друг избор и се потчинува на фикс идеите на маж и. А колку околината е спремна да помогне, не знам. Ми се чини за пишување сите се јаки, ама во пракса колку ќе се помогне на таквите жени, тоа е веќе друга приказна. Се ми се чини дека повеќе ќе наиде на осудување отколку на поддршка од повеќето.
Ние се венчавме во црква и се регистриравме. Црквената венчавка за мене е е убава традиција. Атмосферата ми е убава, свеченоста на чинот ми е убава. Тоа не значи дека верувам во се' што ќе испее попот.