Ако верата значи да сум покорна на некој кој е ист како мене онда сум најголем атеист и сатанист. Веке мислам дека има изгласано закон да се казнуваат поповите кои го зборат тоа бидејки заради нив стапката на насилство расте. Еднаш некоја жена во Штип го фатила крстот и оние свињите и го земаа и овој попот јавно на телевизија изјави жената треба да си го знае местото.
Бранењето на сопругот ( не можам да го наречам маж, зашто тоа не е маж тоа е гнида од створење) на жената да работи зашто ќе имала машки колеги, ќе имала клиенти, ќе идела со колешки на пауза нема врска со религијата туку со мозокот на створот. Ако тој е опсесивно љубоморен, ако си има фалинка на психа и сега ја вади на жената тоа нема врска со религија. Тоа влечи корени од психата на створот. А тоа што другата страна трпи е исто со причина. Најчесто тие створови уште во врска прават brainwashing на жената. Почнува со отуѓување од другарки, па зашто се шминкаш, па "бираат" соодветни другарки, и го мијат мозокот на "жртвата" до тој степен да мисли дека он е премија и дека не заслужува подобро.
Се припоив до мажот и тој до мене. Онака како што и на двајцата ни одговара. Не мора да спијам со стоката кога ќе добијам менструација. Така се договоривме...
Религија и политика во секоја тема па и во оваа Темава забегува од време на време, Ве молам, колку можеме да се задржиме НА и ОКОЛУ неа. За да нема бришење на мислења, Ве молам да си продолжиме без навлегување во други сфери.
Јас бев невработена еден период. Се мразев сама себе. Почнав од дома да работам, да се мачам со саати за 150€ месечно. Не за друго, туку за свои пари. Живеам во заедница каде што свекрвата прашува кој ми купувал цигари ако не работам. За цигари и за мои лични потреби не барам од маж пари. За дома и за детето заедно купуваме, за сметки исто. Поголем финансиски товар има мм, но самиот ми зборува дека наскоро морам да најдам подобра работа. И моментално работам, и не земам голема сума, но не е проблем за парите дали се доволни или не, јас си сакам независност, колку толку, да имам свои пари. Моментално не можам да се вработам на друго место ниту по струка поради короната. Но понатаму ќе мора да се најде нешто. Кога зборувавме за кои ми се опциите за вработување, негодуваше малку за некои работни места, но јас си стојам на своето, ќе работам без разлика на платата. Подобро помала плата отколку никаква.
Поради пустата доминантност, љубомора и желба за контрола на жената. Ама овдека крива ја наоѓам жената што трпи. Колку и да има нешта што една жена ја влечат надолу, секоја може да се избори за подобро утре. Не за некој друг, за себе. Обично ваквите наоѓаат изговори и свесно паѓаат уште повеќе во замката. Познавам повеќе примери, во глобала е ова.
Јас знам пример од блискс роднина. Жената спрема него е газела. И поубава и повисока и се . Сега веќе тешко и дека на жена би заличила освем на некои пригоди и прослави фамилијарни. Цел живот го помина дома. И дури и кога финансиски не беа стабилни и покрај понудите за работа мажот и не ја остави. Синот има и сопстев бизнис но, не ја остава ни таму да работи. Колку само ми е криво , цел живот да домаќинуваш низ дома, да неможеш да одиш на работа да се замешаш со луѓе, и пак да не чиниш. Кои се причините ? Според мене болен ум ,прељубник,голема несамодоверба и тешки комплекси.
Ма што очекуваш кога на жените уште од мали нозе им е набиено психолошки дека се пониско од машкиот род и дека треба да седат дома, од учебниците до игрите. Многу има такви примери што не се ни свесни дека се понижуваат. И мене би ми било лесно ке си работам работа стабилна нека дома некој да ми пере и пегла.
Можеби ти си така воспитана, не се сите. Еден куп барем на форумов има жени што се со добра работа и во ниеден момент не зависат од маж и во не дај Боже ситуација би биле независни и самостојни. Доста генерализирате. Тешко на тие родители што ги учат ќерките да бидат покорени, а синовите да покоруваат. Он топик: освен љубомора, друга причина не знам што би можела да е за да не ја остава мажот да работи сопругата. Муабетите од типот дека нема потреба да работи од финансиски аспект се веродостојни само ако жената се чувствува комфорно да не работи. Не мислам дека некој и става изричита забрана на сопругата да оди на работа само за да немаат вишок на пари.
Повеќетп жени во Македонија, од мали се учени дека треба да се 'домаќинки' и дека треба да 'му служат' на мажот кога ќе се омажат. Е сега, прашање е колку од нив ќе поверуваат во тоа 'учење'.
Мислам дека тие генерации веќе изумираат, сега се посвесни и мажите. Незнам кој нормален во 21 век би сакал ќерката да му е домаќинка а вољата да не е нејзина (татко ми не би го сакал тоа). Неможе да ми влезе во главата. Плус јас мислам дека и до самата жена е. Ако таа има избор да си замине од дома ,секоја би заминала. Во конкретниот случај што го знам, навистина нема ни кај да оди ни пак сега на тие години да најде саглам работа. Пример мајка ми не беше спречувана да оди на работа, не беше спречувана да се гледа со другарки, ама татко ми беше прељубник и психички беше потиштена постојано. Јас и брат ми ја охрабривме да го напушти . Мајка ми е кралица - успеа во се. Сигурна сум дека и во случај на малтретирање од типот нема работа истото ќе го направеше. Ама имаше поддржка и од родители и од деца.
Милион пати е кажано пред мене па жените на шоферите не работат,тој добро заработува башка,на колешката главна тема на разговор и е беше тоа како тие биле царици,како платата што прва стигала дека била како плата на жената се додека не ме откачи кога и реков не за џабе учев 4 години факултет,неможам да бидам домакинка а ако ти така сакаш нека оди мажот ти шофер.На мажот ми на крај памет не треба да му текне да седам дома,јас и од одма работам му барам превоз,клиенти ама секој различно размислува
Ne znam vo nasata drzava kolku mazot kje se misli Dali da ja pusti zenata da raboti Ako toj zema minimalec od 15 000 denari I pritoa imaat deca I smetkji za plakjanje.