I da e na grbot na negovite roditeli znaeme kolkavi se makjedonskite penzii , a moze I da ne zemaat penzii,a roditelite nema da se vecni I da pomagaat cel zivot.
Една од причините е и сексуално вознемирување врз жените , од страна на претпоставениот . Корупција исто така ( и сексот како платежно средство , за да те примат на работа ) .. Познавам жени , на кои им било понудено " преку кревет " да дојдат до решение за работа , една од нив , за жал е и мајка ми ( која е доволно разумна да одбие ваква гнасна понуда , но , и упорна да успее сосема сама , со труд и трпение ) исто така и жени на кои им е побарана сума од 3.000 до 5.000 евра за вработување .. И сум прашала , зошто давате пари за договор на дело ? Ќе ги заглавувам мојте , за да се вработам ? Нивниот одговор е : Да , кредитот ќе се отплати и јас ќе помогнам , но потоа ќе имам работа . Мое мислење е , да така е , но што ако човекот кој ти е " канал " за оваа работа , те измами и не ги предаде парите онаму каде се наменети , туку едноставно ги земе за себе ? Ќе останеш и без пари и без работа . Од друга страна пак , не можам ни да замислам како им е на оние кои се уценувани да пружаат сексуални услуги , во замена за работното место . Тука во Тетово , или си Албанка што зборува Македонски ( и обратно ) , или ич не барај работа ( работа има да , ама онака достоинствена , како што доликува за човек со соодветно образование ) . Многу девојки млади работат по казина , по обложувалници , а се со средно медицинско ( неретко и фах имаат завршено ) , не можат да влезат во Клинички во Тетово на работа , бидејќи не ги исполнуваат очекувањата на " претпоставените " . А персонал фали , и тоа многу . Колку гнаса од народ сме бе , нуклеарка е малку за нас . П . С . Секоја чест за исклучоците , а ги нема баш многу .
Па како девојка ако доминантно гледала како тато носи, мама меси познато и е дека маж ја издржува фамилијата. Тоа е тој дел од патријахалноста кој не го оправдувам и не ми се допаѓа кој се злоупотребува и извртува да ја направи жената потчинета, да и наметне дека треба да е субмисивна на маж кој заработува а таа еве од некои од наведените причини погоре да се согласува со тоа и ја прифаќа улогата на сопруга која седи дома, се грижи за домаќинството или раѓа. Има жени кои се пронаоѓаат во овој модел на брак и си аминуваат на желбите и причините поради кои мажот не ја пушта да работи, ама има и кои не се пронаоѓаат и добар разговор и договор уште пред брак многу работи ги разјаснува и не би имале проблеми на оваа тема. Ама и во животот ништо не е загарантирано, се случува таа да сака да седи дома, ама мажот губи работа и ако не е образована и нема професионално искуство, а ете мора да работи таа, тешко на целата фамилија. Затоа сум за секоја жена прво да се едуцира, вработи, осамостали па потоа да си одлучи самата или заедно како ќе си тераат во бракот, работа, финансии итн. а не се земаат од дома, кај мажот дома и што осетиле и виделе од животот, ништо, како да се покоруваат и потчинуваат на желбите на главата во домот.
Не , секако . Но таа " забрана " спречува потенцијално силување . П . С . Никој не може да ви забрани да работите . Ниту татко , ниту брат , ниту маж . Никој буквално . Но , може да ве предупредат , доколку имаат широк круг на пријатели . Затоа преферирам да се консултирам со некој кој има повеќе информации за некој работодавач ( посебно оние од бутиците ) пред да одам на интервју за работа таму . Во поголема компанија би работела , да . Сепак таму има многу вработени , во бутик се две жени . Газдите доаѓаат кога ќе им текне итн ..
А јас ретардирана сум, не ги знам ризиците, не сум жена која живее со нив цел живот, па треба некој маж 'да ми забрани'? Толку жив ќе биди, ако проба.
Не реков дека си ретардирана , но можеби само сака да те заштити . Можеби мисли дека не си свесна . Заборавив да кажам на темава , покрај се тоа , и љубомора . @Mikha4 на моја другарка и беше речено дека ако сака да работи во бутикот за 15 .000 и осигурување , ќе мора орално да го задоволува синот на газдата . П . С . Уште веднаш даде отказ , замина во кладилница .
Ама споредбите ти се без везе.Тоа е исто како да кажеш не излагај во зима зошто може лед да ти се откачи и да те утепа,или не уклучувај шпорет може станот да ти се запали.Опасности има насекаде околу нас,и без да излеземе од дома,никаде не сме сигурни. Инаку ако мисли дека не сум свесна за се ова, дефинитивно ме смета за ретардирана.
Ае , ок . Не може човек да ви докаже на вас " феминистките " -.-' . Како сакате мислите , ваше право . Да , не можеме да се заштитиме од се , или некој постојано да не штити . Но , доколку брат ви знае муабети за некој газда од фирмата , каде вие сакате да се вработите , нели би ве предупредил за тој човек ? Еве јас не пораснав во градов , пораснав во село . Овде скоро никој и да не познавам , на прсти можам да ги избројам луѓето што ги знам . Од каде да знам дека за Трендафил , газдата на Мак-текстил ( имињата се измислени инаку , секое совпаѓање е случајност ) се зборува дека побарал орал во замена за повисока плата ? Ама маж ми , пораснал тука и знае многу луѓе , па може да се распраша нели ? Исто , ви кажав и дека на мајка ми лично и се има случено тоа . Среќа тој што и рекол е полицаец , не е началник на одделението во болница , каде работи мајка ми . Несреќа е што жена му и мајка ми се први братучедки . П . С . Мајка ми сама се избори за решението кое го доби по 10 години на едно одделение , а 24 години работен стаж и изгубено решение од предходното работно место ( не по нејзина вина , друга жена требало да оди на тоа одделение , ама кога имаш врски , за жал моќта е кај тебе ) , дел од болницава наша !
Не дозволувај да ти забранува и да те контролира. Способна си сама да откриеш што е паметно, а што не. Не смее никој-ништо да ти забранува.
Друго е некој да ти каже еј пази се таму тој газда е ваков и ваков, а друго е некој да ти рече несмееш да работиш таму зошто можеби газдата ќе те силува. Доволно сум возрасна и паметна сама да одлучам дали нешто ми одговара или не. Крај краева пред да почнам да работам некаде сама се распрашувам и истражувам како е што е. Муабетов што го правиш нема врска со темава
@kalinaka ова е одговор и на твоето мислење исто така . Па не реков да забранува , туку повеќе како предупредување . А кога некој ќе ми каже такво нешто за некој газда , автоматски ми станува грозно да работам таму . П . С . Маж ми ниту ми забранил да работам , ниту смее да помисли на тоа , а камо ли да го направи . Имам пишувано за тоа , јас барав работа и онлајн , и преку агенцијата за вработување , и сама одев на интервјуа каде ќе дознаев дека се бара работник .. не успеав . Врски имам не дека немам , ама не сакам да ги користам за работа која нема да ми биде сигурна и стабилна . Сакам сама , со свој труд да се вработам . А и децата се сеуште мали , па се грижам за нив . Здравје ако не ми успее сопствен бизнис , ќе се вработам по струката за која учев ( а за таму мора врски плус пари , инаку џабе губење време е ) . А голема желба ми е да си отворам бизнис , па сама да го пробивам и ширам .
женски учете и вработете се за да бидете независни и да нр бидете у состојба да викате неможам ама немам ни каде не дозволувајте др да си ги остварува вашите соништа а вие да бидете уцвилени домаќинки кои глумат среќа на фб.