Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    ма и да зима еден милон жената не треба да го остварува нрговио сон таа дома да мете додека тој праве милиони мислам апсурд
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Тој ако прави милиони, таа сигурно не мети.
    Си имаат метачи.
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Не сите што не работат се неписмени, уцвилени домаќинки. Некои жени не можат од Х причини да работат и нема потреба да ги вреѓаш.
     
    На buba4e89, supergirlmb, flower30 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. JasminaB29

    JasminaB29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Сто пати сум разговарала со мм на оваа тема. Не е љубоморен воопшто. Не ми забранува туку вели ако јас заработувам доволно зошто да работиш ти? Фала му на Бог заработува повеќе од доволно и искрено нема што да се маткам и д си го трошам времето џабе. 100 пати подобро да го поминам дома со децата, да им зготвам храна и да се грижам за домот. А за тоа дека сум изолирана не сум, постојат ствари како теретани, фитнес клубови и слично.
    Не судете прерано, секоја ситуација е различна.
    Кој простутилук го лупаш не си свесна.
     
    На buba4e89, Pebeka, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.625
    Допаѓања:
    167.520
    Пол:
    Женски
    Случај во блиско опкружување шо знам ваков е ради љубомора. Најлошо е шо та мислеше дека тој е во право и дека стварно е лошо ако оди и да збора со секакви таму. Се дур стварно та изолација не се одрази на нејзино ментално здравје и некако, после гоооодини муабети и тегнење почна на работа, во близина на домот се разбира. Ко да, no one dreams of labor ама самата промена на околина и мешање со луѓе знај позитивно да се одрази на менталното здравје,
    Сум пишала за скроз истиот случај. Од тогаш се смена то шо знам дека жената работи сега и е подобро. И стварно ми е мило. Не знам како успеа, ама мило ми е дека успеа.

    Ова е ситуација, баш како насловот, каде мажот не ја пушта или ѝ забранува на сопругата да работи. Познавам и жени кои своеволно одбрале да не работат дали за да се домаќинки, да гледаат деца или едноставно неќат. То се разбира е океј и скроз башка ситуација. Обично е врзано ради gender roles дека ако некој останва да гледа деца дома ако веќе мора некој да остани - то да е жената. Ама, ама ... то не е темата и е тема за друг пат.
     
    На Celltica, WildMk, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.360
    Пол:
    Женски
    На која манипулација ? Веќе пишав , прочитај убаво . Ниту маж ми ми забранил , ниту смее да помисли на тоа , камо ли да го стори . Јас лично сама , одев со CV секаде каде што можев , не успеав да најдам работа бидејќи генерално се бара Албански како мајчин или втор јазик . Јас Англиски знам , но Албански не . За да работам по струка , ми требаат врски и мито . Ете затоа сум дома , не затоа што маж ми ми забранил . Ако беше така , немаше воопшто ни да седам тука во Мк .

    Јас имам план " А " и идеја , ако не успеам во тоа , секогаш постојат уште 30 букви од азбуката . А маж ми не смее да ми писне на таа тема . Сум му го кажала тоа уште дечко кога ми беше . Не сум паразит што ќе седи дома на туѓ грб . Сакам да работам и да придонесувам за себе , за нашето семејство и домот .
     
  7. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    3.917
    Пол:
    Женски
    ^Da,ama sekogas za sto i da ti treba odis i go prasuvas/kazuvas toa i toa mi treba mene,na decata itn... Svoi pari i tugi ne e isto da se trosat.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    На пример?
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Што на пример?
    Не е научна фантастика, здравствени, деца.
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    па Хелоусити збореше во насока на темава ,,причини поради кои мажот не ја пушта жената на работа"
    здравствените проблеми се друго. Имаш работоспособно и неработоспособно население
     
    На SuperGirl24, hellocity и felisitas им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Јас и реплицирам на членката која генерализира. Да не навлагам понатаму, си има дискусија горе.
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Убаво си кажа девојчето, нишо лошо не кажа.
    Некој ако се пронајде и се навреди не е нејзина кривица
    Како ќе си се поставите со мажите така ќе ве почитуваат.
     
    На deskarada и hellocity им се допаѓа ова.
  13. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.305
    Пол:
    Женски
    А зашто мора да постои таа поделба Мои и Твои пари во брак. Според мене тоа е погрешно. Додека бев врска со сопругот јас бев вработена тој не, секогаш сум потенцирала дека тоа се Наши пари а не мои. Додека постојат вакви поделби ке се појавуваат проблеми. Никогаш не сум почувствувала нееднаквост со него ниту тој со мене. Животот е непредвидлив работа се губи, работа се добива. И кој и да е дома, кој и да работи, секој придонесува на свој начин. Барем во мојот брак е така. Извини што те цитирам, коментирам генерално дека ваквите поделби не влијаат позитивно на еден брак. Мое мислење.
     
    На anembu, cresa-jagoda, CrazyGirl15 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. JasminaB29

    JasminaB29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Ние кога стапивме во брак станавме едно. Немаме навика да бидеме себични и да делиме на мое и твое. Во брак се е наше. Мислам таков беше договорот а и пред Бог дадовме заклетва пошто во црква се венчавме.
    Не работам, и сега купувам се што сакам и за мене и за децата.
     
    На Pepka, cresa-jagoda, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    3.917
    Пол:
    Женски
    I jas imam se sto sakam no ne sum vo brak:) Malce off
    No i sama znaes deka mazite poke pocituvat sposobna zena, to sto ti ne si t.e ne znam dali ne si (samata kaza za dzabe ke si gubis vreme) da specalis uste duplo tolku pari. Ima zeni sto sami gi specalile. I spored mene nema nikogas da bidat isto.
    Polesen pat ne znaci isto.
     
    На Mikha4 и hellocity им се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    остави го бог, и биди самостална и самосвесна мора да имаш свое не знаеш утре што те чека

    а зошто да не работат зошто ние како женски род дозволуваме со вакво мислења од тип што ке ми е не сум споспбна да сме инфериорни разбуди се бизнисот и парите го вртат светот не тестото и шпоретот.
     
    Последна измена од модератор: 27 ноември 2021
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Зошто да работи, ако не сака и не мора?

    Темава е за мажи кои им забрануваат на жените да работат, а сосема друго е избор и слобода да правиш тоа што сакаш. Нели кон тоа се стремиме сите, да може да носиме самите одлуки за нашите животи без притисоци и предрасуди.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    На мојот поп што ме венчаше, жена му работеше. :D инаку да, велат на церемонијата рабињата ... да се покорува на рабинот... мажот свој, да го слуша и служи.
    Ако горам у пекол само ради ова ќе биде. Ни го слушам ни го служам. :rofl:

    Инаку мојов не само што ми дава да работам, со трубачи ме праќа бидејќи моите приходи се повисоки од неговите = повисоки заеднички приходи. :D

    Во денешно време е многу важно да си самостоен, има секакви бракови, секакви сопрузи и сопруги. Никако не смее мажот да забранува на жената да работи, јасно е сака да биде зависна од него. А ако таа доброволнп седи дома, чува деца, е домаќинка, тоа е друг муабет, нејзина преференција во ситуација кога партнерот заработува доволно. Не ги мешајте поимите.
     
    На MeowMeow, WildMk, Nikolina35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    14.231
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би дозволила да ми забрани да работам, ако сум во брак сакам двајцата да работиме, да допринесува финансиски, да средуваме и чистиме по дома, да готвиме и да чуваме дете. Се да правиме и двајцата:)
    Сега во врска така се однесуваме, така ни се плановите за иднина се надевам така и ќе продолжи.
    Можеби некои не сакаат да работат ама мислам го немаат доживеано тоа лично задоволство на успех, моќ, способност кое ти го носи работата.
    Барем јас мислам вака:)
    Што сака нека се каже ама ако мажот ми дава пари за облека, козметика, тренинзи, фризиери уатевер јас не би била среќна ич па макар има и милиони и сам ми ги нуди.
     
    На Ljubova, mode-kristina и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Единствена причина што ми текнува во моментот е дека болен во глава не би 'пуштил' жена да работи.
    Кога не би работела би се осеќала толку неубаво, непродуктивно. Ве молам не се пронаоѓајте, ова си го кажувам за себе.
    Имам во близина жена во брак која толку многу се жалеше од работата која и беше прелесна само за маж и да и каже да даде отказ. Сега тој работи, покрива секаков трошок дома и за нејзе, таа станува во 12, се шминка и оди по кафичи, по молови, на ручек кај свеки и дома. Е вака јас би се запрашала зошто постојам, а нејзе и е топ.
     
    На Glowy, Celltica, Mnik и 4 други им се допаѓа ова.