Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Најтажно ми е кога жени ќе речат Ау кај ме пушта мојот таму да работам, и среќни пресреќни демек ги заштитува мажот.
    Сама не може да размисли дали некое место е убаво за работа или не, треба да и забрани некој :whew:
     
    На Glowy, Celltica, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  2. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.637
    Пол:
    Женски
    Љубоморно посесивен ФрикКонтрол . Друга некоја ,нормална, причина не ми паѓа на памет.
     
    На poppie, cresa-jagoda, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    а за опасности надвор од дома ако некој ви угнетува за да не просперирете изгледа најголемата опасност ви е дома со манипулатор и никаде повеќе
     
  4. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Зашто е заостанат во 14 век. Подалеку од вакви мажи.
     
    На poppie, Snowflake97, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Многу често ни жените што се со нив не се поарни.
    Не сум видела заостанат маж со многу современа жена.
    Обично тие жени што се со такви мажи, критикуваат други жени дека се недомаќинки, дека се неодговорни мајки, дека се облекуваат ко курви и тако даље.
    За секое тенџерче има капаче.
     
    На Glowy, anembu, mssuniquee и 20 други им се допаѓа ова.
  6. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Точно. Се согласувам со тебе. Си се наоѓаат. Да го слушам мажот, да не одам на работа во 2021 година. Тој филм не се гледа.

    Може и дома татко им таков бил, па мислат тоа е правилно, ги штити.
     
    На cresa-jagoda, mode-kristina, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Премногу осудувате и донесувате погрешни заклучоци.
    Верувам дека има љубоморни и припрости мажи кои не дозволуваат жените да работат, пошто мажи имало таму. Но исто така има и жени кои не сакаат да работат, не им се работи.
    Има фамилии кои финансиски стојат одлично или мажот заработува и повеќе од доволно, па сметаат дека жената нема потреба да работи.
    Има жени кои имаат завршено високо образование и си ја ценат тоа, па доколку не можат да си најдат работа по струка, не се нафаќаат на друго, си седат дома.
    Има жени со мали деца дома (кои не одат на градинка и нема кој да ги чува) па си седат дома, си ги чуваат децата.
    Има фамилии со постари лица дома со кои мора да остане некој дома, да се грижи за нив, најчесто и тој товат паѓа на жената.
    Има жени со здраствени проблеми и не можат да работат.

    Сакам да кажам секој си знае зад затворени врати што се случува и зошто е тоа така.
    Не ги осудувам жените што не работат и не мислам дека се затуцани домаќинки. Нема ништо лошо и во тоа домаќинка да е некоја, не можеме сите да бидеме вработени.
    Јас работам од мои 18 години и не памтам некогаш да сум била дома, дури и кога сум менувала работни места најчесто ќе најдам ново, па ќе го напуштам старото. Никаде не е совршено, имало денови кога сум била напната, нервозна, разочарана од работата, па и уморна дома не сум можела да ги завршам сите обврски на време и сл. Дури и се случуваше да си речам алал нека им е на жените што си се дома секогаш им е се изчистено и ручек на време.
    Но кога почна пандемијата со коронава како и сите други и јас цели 3 месеци останав дома. Плата ми стигаше на сметката пак секој месец, но бев дома, не работев. А маж ми му е пак таква работата што и тогаш си одеше на работа. Помизерно и побезкорисно се немам почустувано никогаш. Тогаш сфатив дека на домашните обврски им нема крај, дека постојано се вртам во круг. и дека колку и да работиш дома, на крајот од денот никој нема да ти рече фала. И тогаш сфатив дека не сум за дома, не сакам да седам дома освен ако некогаш ептен не дојдам во ситуација да морам.
    Си ја сакам рутината да си станам наутро, да се средам и да си излезам на работа. Не сакам да зависам од никого и милиони да заработува маж ми, сакам на први да си земам моја плата.
     
    На poppie, Snowflake97, abc1234 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.427
    Допаѓања:
    16.987
    Пол:
    Женски
    Ама тука правиме муабет мажот кога не ја пушта жената да работи,а не кога таа доброволно си избрала да не да работи.
     
    На cresa-jagoda, Amelia, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    @simona_baby читам за што правите муабет.
    Пишав и погоре, освен ако мажот не е некој љубоморен или припрост не знам поради која друга причина не би ја пуштал. Но исто така гледам дека сите пишуваат примери за трети лица, ниту една не пиша лично за нејзе па да прочитаме и други причини. Затоа и пишав дека ако една жена е дома не мора да значи дека мажот не ја пушта да работи, можеби има и други причини.
     
  10. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    3.858
    Zaboravate nesto, ako zenata sedi doma ne znaci deka ne zarabotuva, ima zeni koi rabotat od doma. Moja bliska raboti od doma za stranska kompanija i zarabotuva poveke od odlicno.
     
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не зборуваме кога жената избрала тоа што избрала, туку за оние кои им е скратен тој избор од страна на брачниот другар.
     
    На poppie, WildMk, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    3.858
    Znam za sto e temata, ama se otide von nea pa eve samo potsetuvam deka ako edna zena e doma ne znaci deka ne zarabotuva i ne" nosi" pari doma.
     
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Потрачарска и побескорисна тема нема на форумов. "Знам една...", "На сестра ми другарката, на нејзината братучетка, другарката"..... И сите жени ги ставате во ист кош, уствари ко што кажа членка погоре луѓето имаат разно разни причини, ама вие им знаете зад затворени врати дома што им се случува.
    Балкан
     
    На elimkd и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Има само една причина:
    Оти е СЕЉАК заглавен во 16 век.
     
    На Guns N` Roses, sunshinebabe, poppie и 7 други им се допаѓа ова.
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.489
    Допаѓања:
    12.571
    Пол:
    Женски
    Оти е прокондурен сељак и тие не заслужуваат да имаат жена, не заслужуваат ни да ги сака некој..
     
    На Guns N` Roses, poppie, Trpkovska и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Не постои основана причина теоретски да се зборува за таква можност, не пак во реалност некој стварно да го доживее тоа.
     
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ама за жал ги има и тоа колку таквите...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е за жалење, бидејќи индивидуални избори се во прашање. Јас правам што јас ќе решам, никој нема да проба да ми налага било што. Ако и другите се со ист став, нема да дозволат некој да ги контролира.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Освен ако не напалкаш некој насилник.
    Верувај, може да ти забрани и да го послушаш.
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Не верувам.