Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    12.688
    @Bitter-Sweet точно е дека муслиманките не ги пуштаат да работат. Еве јас ќе си кажам искуство од терен. Одам во мојот град кај муслиманско семејство, работев на еден проект, жената ок, ме прими, убава, не и фали ништо, па и не беше стара, ама немажена, што е чудно, и невработена, што е пракса кај нив. По некој месец се вработувам јас во тоа маало, и ја сретнувам женава кога оди во маркет, што исто така е реткост(тие работи мажот ги брка, жената дома седи). Ме прашува дали уште работам, и велам „да“, и таа само преврте со очи, зачудена, фрапирана, мислиш ако работам како да сум првата жена што на Марс отишла. По некое време на Фејсбук, од лајк на лајк, некако сосема случајно сретнувам нејзина фотографија, и гледам женава се верила, и тоа со вдовец во едно село во западна Македонија. Жената едвај ја препознав, оти беше убава, а со шминка и гардероба, како кукла беше, и ја омажиле за вдовец кој има деца, внуци. Ужас, а женава беше искезена на секоја фотка мислиш добила на бинго. Жално. Можела и таа да работи нешто, да се меша со луѓе и да си најде некој, дури и ако е намажена или разведена, па да си запознае некој што и одговара, а не со стројници да ја дадат на некој дедо вдовец. Извинете ако некој се навреди, ама ете тоа ми е пример како не треба.
     
    На asdas, Feminka22 и Mommyysk им се допаѓа ова.
  2. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Последниве 20 години,како пример ќе ги посочам Албанките,како од село така во град, покажуваат дека се еманципирани,се образуваат,работаат, следат модни трендови,додека кај Македонците муслимани ,сеуште провејуваат козервативни ставови.
     
    На Glowy, Sanya20, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    12.688
    Мораме од нешто да живееме. И јас многу пати сум се замислила „што ако не направам 15 години стаж за пензија“, иако имам околу 10, „што ако не земам пензија, колкава пензија ќе земам“, а кога тоа право не би го остварила би се чувствувала како пес бездомник, искрено. Живееме во материјално време, од дома не можеш да излезеш без пари. Платата е доволна само за живеење, а ако сакаш да заштеди, стекнеш некој имот, мора нешто плус да се работи, што ниту е лесно да се најде, ниту е лесно да се задржи, ниту е лесно да се издржи со концентрација, физички и психички. Не сме во времето на баба му, кога и машките деца носеле женска облека, оти биле мали не разбирале, се немало, живееле во село, немале ни телефон итн.
     
    На Cosmic Girl, senza.parole и BlackNight им се допаѓа ова.
  4. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Сто години турско робство придонесе да имаме слични идеолошки сфаќања, обичаи и традиции.
    Нашиот народ, присилно асимилиран ги прифати и адаптира исламските светогледи низ епохата.
    Разликата меѓу нив и нас е во нијанси.
    Верските празници, обичаи, јазикот, храната, нагонот, начинот на облека се тие ситни детали кои те тераат да мислиш дека сме поцивилизирани, додека во суштина не е баш така.
    Бидејќи ако го согледаш менталитетот, на чело со конзервативноста, ограниченоста, стигматизацијата во општествена и сексуална смисла ќе сфатиш дека двете нации ги делиме истите лимитации и "проклетства".
    Реалноста е дека многу жени муслиманки со бурка немаат многу поразличен светоглед од христијански жени без бурка. Форумот е жив пример за тоа. Толку ни дал Господ, и тоа е што е...Џабе погина Цвета.
     
    На Glowy, Nikolina35, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ма што зборите бре. Јас имам две другарки Албанки, мажени со деца, поубаво од мене живеат. На подобри работни места, попрошетани од мене. Со мене беше едната на факултет, со кроп топ излегуваше кога шетавме по кафичи, на факс со гол стомак идеше. Редат слики по социјални мрежи, со купаќи позираат, мене ми е незгодно така. Затоа дајте ве молам, времињава колку се сменија, вие уште сте убедени со некои размислувања, чудо
     
    На minne992, mssuniquee, Green Ivy и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Апсолутно сум против било какви ограничувања во бракот. Машките стравови се прво, да не ја зјапал некој, второ, да не најде некој друг итн. Некои би ѝ "забраниле" на сопругата да работи за да биде со дечињата, доколку нема кој да ги чува и тоа е на некој начин донекаде оправдано но овие останатите не можам да ги разберам, исто како што не можам да ги разберам оние со "полна слобода" кои секојдневно ги реализираат стравовите на овие претходните.
     
    На hermosa и nevermet18 им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Полни сте со предрасуди.
    Ниедна забрана не е оправдана.
    Не го поседуваш партнерот па да му наредуваш и забрануваш.

    Ем си против ограничувања, ем оправдуваш.
    You can't have it both ways!
     
    На Glowy, Cosmic Girl, Just.do.it и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    А зашо мажите да не седат дома со децата?
    Млеко од гради се вади, па мајката не мора да е дома.
    А?
     
    На BlackNight, WildMk и BezglasnaBukva им се допаѓа ова.
  9. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Прашај ги нив.
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Па тебе ти текна тој момент
     
  11. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Не е момент, мислење на форум е. Ти викам прашај ги нив, сопрузите и татковци, не мене. Вадам ставови од она што го гледам наоколу.
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Па ја неам такви примитивци у околина, немам кого да прашам
    Затоа тебе ти реков
     
  13. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Готово, ќе им кажам на примитивците да не бидат толку примитивни.
     
    На Mnik, Mommyysk и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Ако си во нормален брак, најверојатно децата ќе ги чува тој со помало примање на парични средства,или ќе ги чуваат бабите а постои уште една опција - градинка хе хе.Шо муабет е то мажот да и забрани на жената за да ги чува децата ?
     
    На Glowy, Mnik, Mommyysk и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Hotwife

    Hotwife Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Може да не ја пушта да работи само ако е искомплексирано копито што е толку несигурно во сам себе, што мисли дека ако сопругата излезе од дома во реалниот свет ќе и се отворат очите какво копито е тој дома и ќе остане без неа.
     
    На Glowy, Mommyysk, noteforself и 11 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    :rofl: Шубо го кажа ова Соте! Алал да ти е! :handshake: :rofl::rofl:
     
    На Hotwife му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hotwife

    Hotwife Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Па нели? Се сведува на тоа, џабе да елаборираме на долго и широко кога основата е тоа :sun:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Апсолутно се согласувам (y)
     
    На Hotwife му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    60.110
    Пол:
    Женски
    Клучните зборови: не ја пушта. Како небаре ја поседува на поводник па на него е да одлучи дали ќе ја пушти или не.

    Живци си имам искинато на темава. Сеа пак препрочитувам пак шеќерот ми се дига.
     
    На WildMk, noteforself, st-el и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сите тие жени што не ги пуштаат од дома да работат си се сами криви пошто така дозволиле. Неможе мене некој нешто да ми забрани може да проба, мое е дали ќе дозволам или не. Ако за тоа ме остаи. Пхахахаха одма нека ме остаи.