Не е смешно чоек... Да беше толку лесно да оставиш насилник, немаше да има милиони жртви на семејно насилство, во било кој даден момент.
Не се смеам и не е смешно. Може грешам ама верувам дека сите сами си ја кроиме судбината. Да, потешко е, но не е невозможно да го оставиш истиот. Да, тешко е сам но подобро сама ќе седам него да трпам насилство од било каков карактер. Сум живеела и пред него, сум живеела со него, ќе живеам после него.
Треба да ја знаеш психологијата на жртвата, за да разбереш зошто остануваат. Има инстражувања со тони. Насилниците ти го перат мозокот
Има да, жртвата многу се зацепува у насилникот. Имаше и име спстојбата не сум спиена не ми работи мозокот сега. За се се има решение кога ќе свати жртвата дека е жртва и кога ќе сака да искочи од самосожалувањето.
Има некои жени кои не ги пушта творот на работа, ама па коа ќе видиш најсредени, најдотерани, на козметичар по цел ден, највеќе кеш во себе. Не сите жени што не им дозволува творот да работат се загреови . Гледајки ги окулу мене таквите сфаќам дека јас сум загреови не они.Не ја пушта на работа пи*ето ја боли.
Не си ти загреови ако сама работиш, заработуваш за тебе и си купуваш тоа што сакаш и кога сакаш. Загреови се они ако мислат дека постигнале нешто во животот со тоа што се омажиле за богат маж кој ги финансира за да бидат убави, дотерани, нашминкани. Други некои вредности би требало да се ценат во животот, а не тоа погоре.
@Alm. Ама овие окулу мене НЕ ги пуштаат да работат оти творот е љубоморен.. Ене ги по 50 години стасаа па ќе речам к ги боли.
Абе еве и да има мм супер плата од која комотно може да живееме сите и да немам потреба од дополнителни финансии, јас мислам дека ќе полудам ако не работам нешто. Пак нешто ќе работам, за да сум психички и физички ангажирана. Имав една година период во животов кога не работев, меѓу две работни места бев, абе нервен слом ќе добиев. И јас бев средена и домот среден, и се доедуцирав во тој период, ама ми недостигаше да работам. Познавам и жени чии мажи стварно многу заработуваат, преполни се пари, па пак одат на работа не заради платата, таа не ја ни пипкаат, туку за да се интелектуално и социјално активни. Затоа што така сакаат и имаат избор. А жениве што се потиснати-они си знаат како им е да живеат со наметната забрана од мажите, да немаат избор и дали им одговара или не таа ситуација. Веројатно има и такви и такви.
На тие окулу мене им одговара па дури се потсмеваат тие што работат. Замисли се потсмеваат. Е тука има и примери каде што жени немаат за влошки чекаат од творот да се смилува. Навидум исти "жени" ама пак не се исти.
Јас имам блиска што мажот заработува добро и дава околу 1000евра месечно за трошење за нејзе не и фали работа, цело време си шетка и си е социјално активна. На некои луѓе тоа им одговара
@Anie93 Ете така. Нека ми дава мојов по 500/1000 ев месечно па ќе се молам да не ме пушта на работа и по цели денови ќе си ја ладам по кафичи и салони. Е сега ќе речете како е љубоморен за одење на работа, а за кафичи не е. Ете така, убаво.
Плус не трпи никаков стрес од работа и сите последици што доаѓаат со тоа, што е најбитно. Нема ништо за жалење тука.
Ама има и категорија на жени што творот ги тера да работат за да им го зима секој денар од платата Психопати Жени р'баат за нивните швалерки, за берење овошки, за алкохол. Греота.
жена која размислува со ум мажот да и дава по 1000е месечно и таа ќе биде задоволна извинете ме вака но тоа не е жена, работата е сопствена сатисфакција, изградба на еден карактер на една личност, треба да се пронајдеш во она кое го работиш, да го сакаш и нормално приходот од тоа ке ти даде сигурност, слобода...мажот што ќе ти ги даде тие 1000е ти пак шетај пак се дотерај и слично но не си дозволувајте да бидете ботови на мажи па и обратно...се додека има жени кои размислуваат со тој мозок дека ако мажот и и дава секој месец по 1000е таа ќе биде среќна и задоволна онда ќе постојат мажи дудуци кои мислат дека се можат да купат и дека жените се во нивна сопственост па ќе и забрануваат и дозволуваат она што тие сакаат, исто ко предмет ко да си имаж купени, го местиш поместуваш каде сакаш кога ти скиснува од него го фрлаш и си купуваш друг
@loverboy09 Каму на мојова што ми беше дома да и даваа 1000ев наместо да ја тераа да работи за неговите уживање Терор е да работиш за швалерките негови.Работеше уште работи а ако има 50ден во џебот да ме плукнат.
Не познавам вакви случаи, а на темата претпочитувам финансиска независност. Можеби на прва звучи добро некој да ве финансира али ја сум била во слична ситуација да имам приходи без да работам но далеку позадоволно се чувствувам кога сум продуктивна.
Најчесто за љубомора се работи, па како така на работа, таму кој има, зошто си вака облечена...бла бла бла... Мм зема 2х плата повисока од мене, јас нема потреба да работам на пример, ама мене ми срам да седам дома, работам за минималец, колку за храна, сметки и лична хигиена си заработувам. Во периодот кога не работев, ми беше срам да побарам пари за влошки, дезодоранс, маскара и сл. од него. Тој секоја плата ќе ми дадеше без да му побарам. И 2к евра да зема плата, јас пак би работела.