Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    @Ygritte Да да лесно е да се каже. Не дај боже да работиш за на маж ти 20 годишната швалерката. Нема тогаш да ти биде сеедно.

    Ќе се молиш 1000ев да ти дава творот а не 20годишната со твој труд да си ужива.
     
    На cresa-jagoda и Ygritte им се допаѓа ова.
  2. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Тогаш, постои опцијата спогодбен развод. Нека ја транчи неа.
    Засега имаме увид 2та во заеднички финансии, ништо не зафалило фала Богу.
    Синоќа баш разговаравме, и договоров е уште од 1та недела од врска, во моментот кога еден од нас ќе се презасити до другиот, да си се одделиме мирно и културно. Еве тераме 9 години, засега.

    А која е поентава мене да ми дава 1к еур. а да се шета со 20 годишната. Нек си се шетаат без мене шо ќе им сум 3то сметало.
     
  3. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    @Ygritte абе жено немаат сите срека како тебе. Што ќе си им била ахаххахах. Па овој што ми живееше во куќа ако не беше/работеше прватата ќе неможеа да си уживаат со швалерката . Сфаќаш ама не сфаќаш. Арно ви рече @WildMk психа лесно се крши.
     
    На WildMk и Ygritte им се допаѓа ова.
  4. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Извини, не те следев од почеток. Не ни прочитав, само коментирав на темава.
    Си кажав, ако е таква работата во 11ч пред судон, и ајде секој на своја страна.
    Секој си ја знае сам главата каква му е и колку може да издржи
     
    На WildMk и Серотин им се допаѓа ова.
  5. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    14.231
    Пол:
    Женски
    Мислам не е тоа до љумобора, туку да се осеќа дека има моќ над жената, дека он ја контролира, као јас ти давам пари јас ќе кажам што може...

    Ехеее, кога имам кажано добро е што не работиш имаш време плус, без стрес и на тоа одговор и јас имам стресови :Dтака да нема излегување на крај ама тоа викам, секој сам си бира по кој пат тера...
     
    Последна измена од модератор: 19 мај 2022
    На nevermet18, Angie1432 и Серотин им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Озбилно? Ги има? Зашто само кај мене не се пријављаат? Од коа знам за себе аргатисуење. Јас пак, напротив, бев искритикувана пред моите како сум пребирала (4 месеци трпев секојдневен мобинг, почнав да ги стегам забите во сон, еден заб од задна страна си скршив дури од стрес, забарот ми ја проверува вилицата ијаа терминатор, а плата никаде, ете пребирање бил мојот тогашен отказ:x). Веројатно жалителот имал комплекси од периодот кога само јас земав плата. Затоа, го заклучив следново :
    Балканот сѐ уште не е подготвен за заедница во којашто мажот нема повеќе печал. Наречете ме материјалистка по старост, но менталниот склоп е тој. Со чест на исклучоци.

    На прашањето одговорот произлегува сам по себе: Затоа што на Балканец му е потребна таа контрола врз ситуацијата. Во стил можам да правам што сакам, без да ме остави.
     
    На SuperGirl24, Biljarkata и Серотин им се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Прво и основно незамисливо ми е некој да ме пушта или да не ме пушта за било што. Да треба да бирам меѓу сопруг и кариера, попрво ќе ја одберам кариерата па макар и никогаш машко со очи да не видам. Човек без свои приходи е немоќен во поглед на се. Жалосно е како во дваесет и првиот век некои жени се потчинети на сопругот и дозволуваат во нивно име да одлучи дали ќе има своја работа, кариера и лични примања. Таа еве да ја наречам забрана за работа мислам дека е се со цел жената да биде зависна, тој да може да прави се што сака а таа да го трпи затоа што нели без финансии и редовни приходи нема да може самостојно да живее доколку се разведе. Плус ваквите заостанати мажи обично и секој ден им пререкуваат дома на жените како они ги издржуваат и ги ранат. Ако жените по цели денови дома се слуги, таа работа по дифолт се смета за бесплатна.
     
    На Glowy, Cosmic Girl, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    39.094
    Пол:
    Женски
    Нормално, нема логика да се споредува стресот, смешно е.

    Ама и домот да се средува, децата да бидат нахранети, облечени, секој ден да има ручек, да биде исчистено итн. е работа. Тие што се домаќинки најчесто се грижат за домот, еве освен ако не се пребогати па да имаат и чистачки и готвачи. Само што таа работа по дома се множи со нула, затоа и скоро секоја мажена вработена жена освен редовната си има и гратис уште една работа дома. :)
     
    На Biljarkata, Bezimenka90, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Зошто срам?
     
    На cooll, crimson, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Не би требало да има срам, тогаш на мажот треба да му е срам да јаде од јадењето што го зготвила жена му, или да ја облече кошулата што ја испрала и испеглала жена му итн. Во нормално семејство се треба да биде договор, и да се вреднува сечиј труд. Не се само парите :)
     
    На tessie, mal.ecka, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.587
    Оти не придонесувам а ваму барам пари за беслуци. Јас така би се чувствувала, да речеме, ептен ми е потчинувачка позиција, ко дете од родител што бара пари.
    И тука не зборам за моја или твоја или ничија конкретна ситуација. Ниту за ситуација кога сум била на породилно, или помеѓу работи, или кога било кој од нас двајцата би бил онеспособен да работи...за вакви ситуации, имаме претпоставен договор, оти и бракот е договор, во добро и во лошо- ама не договор за финансиско заложништво или робство.
     
    На christinnn, SuperGirl24, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Јадење и влошки не е бес, основни потреби се.
    То не го ни мислам.
    Кола да му побарам не ми е срам.
    Знам дека ќе ми купи...
    ... зато не барам :D
    Нема многу осет со пари
     
    На tessie, Ygritte, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.587
    Ај пак. Не зборам за тебе и не зборам за јадење. За тебе не, оти тебе не ти е забрането од маш да работиш, поинаку ви се поставени работите. Мене на пример би ми било можеби не срам, ама глупо, да објаснувам за секоја пара кај се потрошила, дека сум купила кошула на пример, оти била на смешен попуст или едноставно ми се допаднала, или дека сум купила од скапиот кашкавал наместо од евтиниот. И за мои заработени пари би можело да се случува истото сценарио, оти маж кој болно сака да контролира, секако ќе најде начин да ти го заебе денот. Затоа не, фала. Отварајте очи со кого влегувате во заеднички живот.
     
    На Just.do.it, MeowMeow и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    39.446
    И мене не ми е срам, ама некое незадоволство тлееше во мене, кога маж ми ме издржуваше. Баш како дете, иако ни со збор ни со поглед , ни со ништо тој не ми пререче. Иако учев во тоа време.
    Ми фалеше чувството на контрола врз својот живот. Плус , би била беспомошна ако му се деси нему нешто.
    За мене, работењето, иако е ропство:D е слобода, убо наците велеле:?:.
     
    Последна измена: 24 мај 2022
    На Glowy, H.VAGA, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    @Ygritte збораше за себе, ти збораш за тебе, јас зборам за мене.
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.587
    Нацистите, многу умни луѓе:D(facepalm)
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    39.446
    Шега бре:devil:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Не паѓајте на тоа дека мажот ако ви зима голема плата и ајде се откажувам од се, никогаш не се откажувајте од своите соништа, и вие можете да бидете исто така адвокат, инжинер доктор и др, не само минималец и се откажувате, раѓате деца и пропаѓате интелектуално и социјално дома во четири зида, немојте да бидете несреќна домакинка што оди по шаблони на мажот, туѓи пари се туѓи макар и на мажот.
     
    На Ygritte, st-el и Dentina им се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па види сега ако готве у куќата негова нема што да му е срам, како да си плаќа слугинка. И дава 1000 евра месечно и таа си готви и му чисти кондури.
     
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не би се оставила без работа, дури и повеќе заработувам. Мое мислење е дека треба секој да работи, ама никој не ја гледа женските домашни обврски како работа и труд. На жената треба да и е срам за влошки да побара, а за мажот да е нормално да облече испрана и испеглана кошула, да јаде топол зготвен оброк, и да легне во чиста постела.
     
    На tessie, Mikha4, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.