Mazot e multimilioner pa zenata nema potreba da raboti jer imaat od sto da ziveat. I ja ne bi rabotela vo toj slucaj t.e edina rabota bi mi bilo setanje po svet i suncanje na jahta .
И тие ги испуштивме што имаат малку пофино работно место а жената нема можност за такво и мора да работи нешто за минималец, па тој од срам не ја пушта. Или не сака да се "мачиш"?
Не збориме за такви, збориме претежно за оние што велат -заработувам доволно, а тоа да ти е плата над 500 евра. Мултимилионер, ахам
Mislis deka on znae, valda da ne se macam za mace pari, tolku mu faka glavata deka so 15000 nekoe semejstvo rano 4 usti
So da kazam, site sme svesni deka pusto Makedonce ide so glava vo zid i nejke da izleze od kamena doba. So sila se praime zatucani a i mozebi del od nas taka se vospituvani. Zenata e zelnik da mesi i grav vo petok da gotvi a mazot e za na niva da kopa i stado ovci pred sebe da tera. E sea deka bozem pomoderno vreme pa e sramota da kazes deka grav gotvis a maz ti stadoto deka go tera vikas deka si domakinka sto deca cuva a maz ti e "karierist" sho pari nosi doma. Da ne se sramime de. So znam sto da kazam, se poteknuva od doma kako si naucen. Mene me ucele deka treba sama da si gi obezbedam licnite potrebi i da ne cekam od maz denar za uloski taka da Petre so negovata plata bez razlika dali e dovolna za nas dvajcata ili ne moze doma kaj majka mu da glumi gazda i da kazuva dali ke ide na rabota ili ne. Koga zavrsiv fakultet prvata rabota vo notarska kancelarija mi bese platena 10.000 denari. Za pobornicive sto "ne rabotat za minimalec poso e sramota" se malce pari, ama za mene bea celo bogatstvo zatoa sto bea moi pari so moj trud zaraboteni. Na nekoj svoj nacin mi davaa cuvstvo na ispolnetost i ne znavisnot od nikoj, normalno kolku ti e cergata tolku ke si gi pruzis nozete. Nikad ne bi dozvolila nekoe nesigurno vo sebe peshlace da mi go skrati toa samo zatoa sto e ljubomoren, ucen deka zenata e za vo kukja, smeta deka e sramota da se raboti za minimalec i sl. Duri i onie sho imaat pari da frlaat od prozor podrabotuvaat po neso kolku da se kaze samo za da ne zbesnuvaat doma od dosada, nie siromasnoto Makedonce so edvaj svrzuva kraj so kraj ke se praime burzoazija i nema da davame zenata da ni raboti. Za greF sme.
Уф, кога ќе слушнам 'Нема да работиш за минималец' демек јас многу си ја ценам женичката, не сакам да ми се мачи, а уствари тој нејќе да се помачи да запере нешто дома, па да има рамноправност. Која манипулација Јас немам таков проблем со мм. Сега барав работа, ми рече ако сакаш остани дома додека отворат градинките, ќе живееме од моите плати. Му реков само 'Погрешна жена си земал' и толку беше од муабетот. И двајцата работиме, се најде градинка и се снаоѓаме некако околу чувањето и обврските дома.
Епа исто како ти што кажуваш, има и други такви ...им се може, можат да си дозволат. Значи, не е во секој случај љубомора во прашање
Јас имам личен пример во друштвото ваков. Жената не кажува од незгодно ваљда дека и смета но со неколку примери со нејзиното однесување пред друштво и те како се гледа тоа. Него знае да му префрли пред сите . Иначе се просечни со примања а таа е лепотица но сама кажува кога ќе се жалиме останатите колку ни е напорно трчаме цело време да престигниме, као не се жалете јас сум за жалење...
Имам вакви и во фамилија. Демек да не се мачи.Он ќе ја чувал. Секакви луѓе има.Некој ќе ја зафркне за да ја избркаат,некој маж ќе ја заведе и ќе му ја одзеде. Глупи изговори зад кои се крие љубомора. Зошто да заработува,па можеби и повеќе од него? Их,кое понижување е тоа за мажот. Зошто да има финансии со кои ќе може да е независна и да избега од него доколку се јави потреба за тоа? Нема да може да ја контролира и уценува. Идиоти!
Утре кога ќе се оженам, никогаш ама баш никогаш нема ни да ми падне на ум да би и' забранил на мојата сопруга да работи, ако сака да работи нека работи тоа си е нејзин избор, а тоа да и' бидам љубоморен па не сум малоумен, ако сака да ме изневери ќе ме изневери баш кога најмалку очекувам и со тој кој најмалку би очекувал, се уште не знам како може во денешно време да има претставници од мојот пол со вакво пештерско размислување, не ми е јасно едно нешто како успеваат тие луѓе да се оженат, зарем девојките не ги ли препознаваат нивните пештерски размислувања? Вајда си прават муабет додека се во врска за различни теми чисто да видат до каде им е умот на тие пештерски мажи
Па,не може веднаш кај секој да се препознае.Некои мажи долго време покажуваат едно лице,а во брак друго. Во врска и можеби во првата година или две од бракот ќе ѝ симнува ѕвезди,а после ќе почне со заповедите со кој кога и колку смее или не смее да се гледа.
Вработена сум уште пред брак, во меѓувреме сменив две фирми. Сакам да работам и за финансиски придонес и за моја психолошка исполнетост. Уживам да се дотерам сабајле за на работа, наоѓам задоволство во работата иако често ми е и многу напорно. Имаме роднини што имаат своја фирма која ја работи мажот, жената е за да чува деца и да биде домаќинка, иако тој ја нарекува газдарица. Таа има желба да работи и да излезе од секојдневието што го има, иако е газдарица како што ја вика маж и,таа никогаш не оди во фирмата,не ги познава вработените и сл. По мене тој не сака да ги дели домашните обврски кои целосно и се предадени нејзе,освен парите. Тој пазари, тој плаќа сметки и сл. Искрено не би можела да опстанам во таков брак,сакам да облечам и друго освен тренерките за по дома, сакам да комуницираме со колеги и д располагам со пари.
Прв пример, подалечни роднини ни се. Жената работеше во златара, мажот беше љубоморен на муштериите мажи и мораше да си даде отказ. Друг пример колега на татко ми, на пола саат и се јавува на фиксниот телефон во продавницата за долна облека на жена му, иако само жени работат, ја контролира да не отишла да шета негде, во работно време. И после работа не смее ич да закасни, затоа што ќе има после кавги и ќе ја тепа. И двата примери уште се во брак.
У "овие сорти" се пронајдов Доста често преку мм ме бараат за работа. Порано ми кажуваше или им велеше да ме бараат лично, од неодамна само им кажува- Не и се работи Кога ве исчитав сега се запрашав да не го прави ова од љубомора Могуче е , могуче
Има секакви жени и секакви мажи и глупаво е малце да се генерализира. А најпаметно според мене е жената сама со своја пот да си заработува и да си се грижи колку може за фамилијата. Нема нешто подобро од тоа човек да е самостоен да може да си приушти нешто што го посакува а при тоа да не се моли на никој за 100 денари. Плус човекот е битие кое мора да се социјализира, да спознава нови луѓе, работни искуства. Мене ова ми е исто како некој да ми рече дојди да те затворам во психијатриска установа. Извинете вака, ама во 21 век да имаш такви размислувања дека мажот треба или мора да те издржува или пак тој да не те пушта да работиш од БИЛО која причина, според мене е мноогу праисториски менталитет.
Не бев во брак (и поарно) ама бев заробена исто како во брак. Кога зборувавме за иднината, прво ми викаше дека тој ќе си одел на работа, а јас кога ќе заршам факс можело од дома ако најдам нешто да работам онлајн (оти ако работам по струка ќе имам сигурно некој колега, или не дај боже некој татко ќе треба да доаѓа на родителска, а тоа значи опасност за него) и успат да си ги чувам идните деца. Два-три месеци подоцна ми викаше дека треба да почнам да работам, дури и тој ми помогна да си најдам работа. Секако дека и самата сакав да работам на одреден период за да заштедам некој денар за себе, да не им барам пари на моите. Откако виде дека имам машки колеги, со кои секако дека морам да зборувам постојано, оти во смена бевме само по двајца со постојана соработка, ме натера да дадам отказ за брзо време. Не можев да го поднесам притисокот и го направив тоа, иако всушност требало на него да му ја ритнам клоцата. Во тој период тој беше вработен ама пак јас ги сносував сите трошкови. Откако останав бремена, а тој веќе некое време без работа, почна пак да ме притиска да си барам работа, ми викаше дека бременоста ми била изговор, всушност сум била мрза и не ми се работело. Кратко време потоа, фала богу раскинавме. Откако раскинавме ми кажуваше како моите планови и цел во животот ми било да си седам дома, да уживам, а тој да `рмба за мене и да ме храни цел живот. Оди па најди му нзс.