Оти сите сме презафатени со 3 деца и чистење и средување по дома како сами да сме у брак, без делење на обврските со партнерот затоа седиме по форуми и се жалиме колку само ние немаме време и се мачиме у животот.
Промашена ти е темата скроз. Едно е да имаш избор, кој да бидеме искрени многу малку жени го имаат да си дозволат дома да седат, а сосема друго е да бидеш под милост и немилост на насилник и да се најдеш во ситуација да зависиш финансиски од него.
Ko se vrativ od porodilno na rabota, menadzerot mi reche- sega mozes da bidesh menadzer. Da se raspravash so vraboteni e isto ko so deca, otprilika. So deca e poteshko.
А таткото да поработи нешто домашни обврски? Мажи не се изморуваат на работа, тие исто не се родители и немаат деца? Доста самите жени се погазуваме и вака се ставаме на ниво да сме домаќинки, чистачки по дома, спремни за секс за мажите кога и да сакаат, а тие пари треба само да ни носат. Децата и домот нема да се само мои, ќе се и на маж ми, колку јас, толку и тој истите обврски ќе ги има. Дома да седам не планирам. За џабе не се образувам. Да чекам маж да ми дава пари за карминче, улошки не можам ни да замислам. Исто како што не можам да замислам чистење дом да ми е само обврска во животот. Во 21 век да не работи било жена или маж ако сте здрави и прави нема причина. Децата ќе пораснат секако, што ќе добијам со живот од седење дома? Друго е на работа, ќе излезеш, прошеташ, интеракција со луѓе. Од затворена дома со чистење по цел ден и чување деца нема напредок никаков. И на децата подобро ќе им е во градинка со другарчиња, него со мене дома да седат.
Е да, и мажите го прават истото, исто чистат и се грижат за децата, тријат подови и успиваат. Оти зависат сите од 25000 на мајката. Дома родителите се вкупно 5 саати, од кои едниот развозува деца на курс и тренинг, а другиот чисти и готви и го чува тие што не се на тренинг. И наместо се да е релаксирани, ќе се жртвуваме сите и здравје и живци, за платата на мама, што тато ја вади у три дена. Мајка е прво чистачка, па мед сестра, па газобришачка, па учителка, па готвачка.... Се е у едно. Колку што може едно дете да растури, толку 3 мажи не можат да те растурат. Се прават и мажите исто. Јас барем глупи мажи што не чистат и не си гледаат деца не познавам, а читам декс ги има. Не е поентата сите да се мачат заедно, за мајката да зима една плата, тие 160 саати у месецот може д а ги искористи за себе, за. Децата и за мажот. На крајот на денот, секс сакаат и жените, жените имаат секс оти ним им треба, ниедна не се ебе за мажот да е среќен, туку за она да е среќна, ама после 18 саати на нога, ќе заспијам среде секс, а богами и он.
За жал многу сме назад во менталитетот споредено со европските земји. Таму перење, пеглање и чистење, се основни животни вештини кој секој човек мора да ги прави. Во Македонија уште се дискутира дека тоа е и работа.
Па маж што заработува многу за жена му да не мора воопшто да работи, сигурно нема работно време само од 8 до 4. Некогаш е тоа по цел ден. Сигурно жена му ќе го чека да си дојде вечер во 9 за ручек да направи.
Не ми се допаѓа мене тој концепт на живот, за мене работата е лична сатисфакција, резултат на моето долгогодишно образование, трудот, вложувањето во мене, сите тие жртви што сум ги давала сакам да работам и да си го исполнувам сонот задоволството што го добиваш кога ќе помогнеш на некој, кога знаеш дека некој зависи од тебе. Платата како цифра секако е мала во Македонија кога ќе ја споредиш со светот ама па да бидам дома 24/7 и постојано под притисок не ми се допаѓа тоа. Кога веќе се има пари може да се земе жена за чистењеи стварно да се користи времето на мајката дома за одмор и само за децата. Ако веќе ете мажот е толку добро платен и подобро е тој да работи отколку двајцата
Ама сонот не е секогаш полнење тегли краставички и мавање печати на фактури. Не е во животот мажот супер богат ама љубоморен и лош контролор по дома, кој не и дава на жена му да работи оти он е јак. Не е она успешна бизнисменка кој е супер во деловниот свет и без да си купи плакета за 40 овер 40. Некогаш, у сиот умор, у трчање да се стигне се, правиш ребаланс у главата и викаш, што е побитно, шефот да ми рече, барво бе Сузе, 300 фактури си акнала денеска, или леле мамо колку ми е убаво со тебе? Па вреди ли, кога не ти требаат ни парите толку, ни работата ти е наука која ќе го спаси светот, да не се фокусираш љубовта у животот? На среќни деца и маж, среќно семејство, сите средени и намирени, и време за себе да си одиш на козметичар и на фризер, и со другарки, и да им зготвиш најубаво за дома... За што? Оти си посетил време да се едуцираш на 1300 тиот универзитет по способност во светот, и ради тие 4 години у 25000 плата, да страдаат сите. Прво е семејството. Парите се ништо. Исклучок од ова се сите кои се омажиле со сомнителен маж кој би ги фрлил на кучињата откако ќе си најде нова. Ама ваљда гледале кога се мажеле.
Предлог да се отвори нова тема : Дали мажот има потреба да оди на работа доколку жена му има многу поголеми примања од него Баш ме интересират ставови .
Апсолутно не. 8 саати да му дава на некој непотребни???? Има деца и куќа и другари и кафани. Животот не е само работа.
Епа јебига, не сум јас крива што природата ме предодредила да раѓам, 9 месеци бременост, од кои првите 4 од кревет не можев да станам од повраќање и несвестици, после пораѓај, па 9 месеци дома породилно, ноќе се буди мајката на 2 саати за доење, до 6 месеци мајката е храна, утеха итн итн.. Пресметај колку месеци се тоа отсуство од работа, само за едно дете, додека мм во меѓувреме отиде 5 нивоа над мене во работата и зема плата најмалку 10 пати поголема од мојата што ја земав на последното работно место. Еве сега ќе му кажам да даде отказ за да живееме од мојата плата од 25000. Можевме во исто време да напредуваме, ама да не раѓав деца. Што за нас двајца беше незамисливо.
Rabota e segde. Ili kje troshish svoe vreme da ischistish (maz, zena, nebitno) ili kje platish chistachka.
околу година ипол, две е потребно Многу чудно на форумов ќе испадне дека сите мажи се преспособни, преквалификувани со одлични плати, а жена да биде тоа некако потешко и иде од рака.... баш чудно
Бајкава на Чка одлично фукнционира сè додека не се деси нешто ко неверство или сличен проблем кој бара да се разделиш. И после плачки низ темите во стил ,,невработена сум, немам кај да одам". Да се оставиш свесно во животот без примања, без едукација, без вештини е лудило. Сакаш или не сакаш, зависиш од туѓата милост и немилост. Да, обврските низ дома апсолутно се работа, ама не на хартија. А хартија ќе ти треба ако маж ти одлучи да те исфрли од животот од нигде негде. Се надевам сè помалку идни генерации ќе паѓаат во оваа замка. На крај краева, ваков ,,договор" најмногу им одговара на мажите, тие ја имаат контролата. Затоа тато носи мама меси бил шаблонот на семејствата со години наназад. Зборам конкретно за жени што немаат квалификации за да застанат на свои нозе ако треба да се разведат, а такви ги има многу, како што гледаме низ темите на форумот, зашто нели нема ништо лошо во тоа на 20 години да родиш и да си ја фрлиш едукацијата во вода за да гледаш деца.
Апсолутно не поддржувам жена мажена со дебил да не работи. Она мора да работи, и да биде столбот на куќата. Претходно изнесеното е за жени мажени со стабилни и нормални мажи, на кои прво им е семејството, а не некоја депилирана пичка. Кој си зел таков, нека ги носи сите товари на грб, бидејќи ги заслужува, а и ги мора, оти родила деца. Доволно е еднаш глупа да бидеш и да се омажиш за некој што трча по пички, втор пат да немаш у работа со него е претеризам.
Затоа до сега само за жени сум слушнала да прашуваат на интервју за работа за планови околу потомство. Мажи не прашуваат. Зашто жените го носат поголемиот товар и отсуство од работа. И точно е дека на жените им оди тоа потешко. Минимум 3 години отсуство од работата за две деца, знаеш колку работи се менуваат за 3 години, колку од колегите отишле напред? Се дообразувале, оделе на семинари, земале дополнителни сертификати итн итн. Додека ти дома со бебето во раце. Тоа е реалноста на многу жени. Во меѓувреме маж ти оди напред во неговата работа, зашто пак колешката негова е на породилно па повеќе се истакнал, му качиле плата, па пак му качиле и додека да дојде момент за ти да се вратиш на работа, шефот ти вика абе знаеш твоето место го држи сега колегата твој, ај врати се на едно ниво подоле (читај потрчко) за 30% помала плата додека ги осознаеш новитетите зашто отсутна беше. Правите математики со маж ти, одлучувате дека не вреди. Својот напредок го одложуваш за некое друго време кога децата ќе потпораснат. Реалност на многу жени. Само среќа имаат оние кои што можат да му речат на шефот фак оф, можам и без твојата плата.