Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Според тебе животот на жената е да биде роб на мажот и на децата. Ако си дома повеќе ќе затупавееш. Кога одиш на работа и ќе се социјализираш и муабет ќе направиш. Среќна жена е жена која си го исполнила сонот како во професионално поле така и на фамилијарно поле. Не сите жени се како тебе без амбиции.
     
    На Lady D ❤️ и riba79 им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.027
    Допаѓања:
    134.294
    Без амбиции сум :)
     
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Супер се тоа, само што не мора маж да е дебил за некогаш да не сака веќе да е со тебе. Може ти си се сменила, може тој, може двајцата. Не секогаш мора да настане некој таков проблем како неверство или насилство, некогаш има други и помали нешта кои се непремостливи за едниот или другиот, кои можеби се таложеле и пукнале. Не мора ни едниот, ни другиот да е дебил. Само што факт е дека на тој без квалификации и свои финансии, потешко ќе му биде да си го изгради животот од почеток.

    Не знам, многу романтизирање некако на немање свое, особено од жени кои имаат, работат и се успешни не ми иде. Зошто ти пример знам сум те читала дека си и амбициозна и успешна, не си, ни ќе бидеш во позиција да немаш избор, замисли буквално да ти минале години и години без никакво мрдање од мртва точка освен да си мајка и да уживаш по спа центри да речеме, и еден ден да треба да почнеш да работиш на 45 пример. Не е баш ок нели?
     
    Последна измена: 25 јануари 2023
    На Glowy, Ambitious, riba79 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Еми да доколку си среќна само ако на маж ти и на децата им е добро, што со твоите соништа, ти немаш право да ги реализираш? Знам многу жени што се успешни и на професионално поле и на фамилијарно поле и притоа имаа мајки и баби кои им работат. И тоа зимаат повисока плата од мажот.
     
    На Lady D ❤️ и Cka им се допаѓа ова.
  5. Löwenzahn

    Löwenzahn Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    637
    Пол:
    Женски
    Навистина неможам да ги разберам ниту мажите што забрануваат ниту жените што дозволуваат да им биде забрането да работат.

    Јас сум вложила многу во мене и во моето образование и сеуште вложувам бидејќи надоградувањето не е нешто што завршува туку мора цело време да се негува. Тое не сум го правела и го правам за ништо. Ептен сум тип на човек што ако зацрта нешто сака и да го оствари.
    Не ја гледав мојата/нашата иднина во Македонија и со тогашниот дечко, сега веќе сопруг поднесовме барење за Виза се преселивме во странство со по еден куфер од дома и два месеци спиевме во соба каде што имаше само душек на дување. Пумпа немавме.
    Јазик учевме кој како ќе има време и работевме и двајцата за минималец тешки физички и исцрпувачки работи.
    Моментално (после 4 години) и двајцата имаме добро платени и стабилни работни места. Во нашиот случај моментално јас заработувам повеќе од мојот маж. Без малку дупло повеќе. Возам подобар и понов автомобил од него но и работата ми е по одговорна од неговата. Не ретко се има случено да останам прекувремено на работа за да одговорам на работните потреби а кога си отидам дома маж ми веќе зготвил и ја наместил масата. Обврските по дома како чистење, перење, пеглање, готвење не се само мои туку ги извршуваме и двајцата. Ако маж ми денес пуштил перална и направил ручек тое не го гледаме како тој мене да ми помогнал. Тое едноставно се обврски и на двајцата без кои не може да се функционира нормално. Никогаш не сум кажала дека треба да се заврши нешто, едноставно гледа и тој и прави сам од себе. Ако има прашина ќе ја избрише, ако има облека за перење ќе уклучи машина. Исто е и обратно од моја страна со што и јас не ги делам обврските на машки/женски и пример сама си ги товарам зимските гуми во кола и одам на сервис за да се сменат со летните.
    Со тоа сакам да кажам дека иако работам полно работно време, некогаш и со повеќе прекувремени часови не сум дома сама за да морам после работа се сама да завршам.
    Мојата работа е динамична и многу пати треба да отидам во друг град да работам некогаш на еден ден некогаш на повеќе што значи неколку денови сум отсутна од дома и сум сместена во хотел. Никогаш немам добиено некој негативен коментар за тоа или па кога ќе се вратам дома да не можам да ја препознаам куќата дека никој се нема за ништо погрижено. Секогаш сум била испратена со успешна работа, убаво да си поминеш во слободно време да прошеташ ново место и внимателно да возиш.
    Финансиите, без разлика кој колку заработува не ги делиме на моја/твоја плата. Едноставно тие се парите со кои располагаме и двајцата и никогаш никој не пререкол еден на друг од таа гледна точка.
    Моментално сум трудна и верувам дека после со бебе/дете и обврските се зголемуваат и работата може а и не мора да трпи. План е еден од нас потоа да работи со скратено работно време. Уште немаме одлучено кој но знаеме и имаме поднесено дека и двајцата ќе користиме породилно отсуство. Што значи дека одреден период јас ќе работам а тој малку повеќе од мене ќе се грижи за бебето и домот.

    Со сето тоа сакав да ви кажам дека доколку некоја девојка/жена има желба да работи, не мора некоја не знам каква кариера да се гради и без разлика дали сопругот доволно добро заработува, жената ако сака треба да работи. Едноставно заради социјализација, еманципација и заради лично задоволство. Никој не смее да ја попречи ниту жената ниту мажот.

    Мојот маж е горд на мене и на моите достигнувања во кариерата. Исто и јас сум горда на него дека и покрај сите препреки се труди да го постигне тоа што сака.

    И другото нешто што сакав да го кажам е: доколку сте заедно како фамилија не работете еден против друг со поделени обврски и мерење кој што и колку сработил и колку пари дома донел. Работете како тим, еден за друг и поддржувате се!
    Доколку мојот мене, и јас него не се поддржувавме и бодревме уште од факултет во Скопје па се до сега, денес немаше ни пола од тоа да постигнеме. Било од гледна точка на кариера, лична сатисфакција, дом, семејство и се друго.

    П.С. Ако Жената/мажот од оправдани причини (пример здраствена состојба) не можат да работат тогаш тое е веќе нешто друго.
     
    На Glowy, riba79, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.027
    Допаѓања:
    134.294
    Види, за мене дебил е ако договорил со мене да не работам оти он има пари, за јас да се посветам на семејството и на него, а после да ми рече не важи тоа оти не те сакам. Аааа не. Тоа е идиот и нема човечност. Нормален и стабилен маж, некој со интегритет и човек што ти напумпал деца, ќе рече јас и натаму ќе те издржавам. Имам вујко кој кога реши по 17 години да се разведе, си отиде од дома, што тој ја изгради, само со една вреќа алишта. Децата рече дека ќе бидат со мајката, оти он не знае ни да готви ни школо да помага. Ама секоја сметка ќе биде платена од него, за се. Плати факултет за сите деца и и ја поклони куќата на жена му кога си купи стан. Вика јас ја почитувам таа жена, Она ги родила и исчувала децата и ако јас не се слагам со неа, тоа не е причина да не ја почитувам. Е тоа е маж. А другото се е мочковци што ке јачаат преку пари и жени.
    Еј јас знам една таква. Со два факултета мр... Со 15години професионален развој и дете, чувано без баби :) и со плата понекогаш поголема од мажот... И мислеше дека сите соништа ги реализирала. Дека нема појака од неа.
    Ама беше на приредбата у градинка, и ниеден успех на ниеден факултет, ниедно унапредување ниеден успех, не и беше поголем од тоа кога го виде детето на сцена како кажува песничка. И буквално сите 21 година образование и 15 години работа, беа лајно на тоалетна. Она беше поголем успех од сите. А аплаузот беше погласен од сите нејзини.
    И ако среќата на семејството ја мерам со среќата од дипломите и работата, не е ни блиску.
     
    На tanjita, eliesaab, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Те разбирам, сфаќам на што мислиш. Само што, не знам, може е до мене, ама толку доверба да вложам во еден човек не можам, зошто, што знам, животот ми покажал дека едноставно и луѓето се менуваат. И некогаш можеш години да живееш со некој, па да се изненадиш или разочараш во тој некој. Да те изненади како што не си
    замислил или очекувал.
    Сега знам дека ќе ми пишете ама брак е партнерство, се гради на 100% доверба и тоа е ок, но не знам, можеби моето искуство е различно. Ама искрено јас лично барем, 100% да се ослонам на тоа дека некој безусловно ќе стои на договор, без разлика што ќе се случи во животот, стварно не можам да поверувам.
    А може и сум ја немала таа среќа да запознам таков човек, којзнае.

    Како и да е избегнавме од темата. Овде не се зборува за договор, туку за наметнување на неговиот став ти да не работиш. Или забрана/дозвола. Мислам дека не ни станува збор во темава за овие примери ние што си ги зборуваме.
     
    На Glowy, Ambitious, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Ама зошто мислиш дека не може да биде успешна и на професионален и на фамилијарен план. Баш тие што ги знам ем се успешни во својата бранша ем со децата . Да тешко е ама не и невозможно, треба добра организација.
     
    На baby-star, eliesaab и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.027
    Допаѓања:
    134.294
    Прво, правиш план за живот со него. Кокредитобарател ти е. Заглавуваш 30 години со него така.
    Му раѓаш деца. Три. Ги сакаш повеќе од себе и оставаш да ги чува додека си на викенд кај мајка ти.
    Добиваш неизлечива болест и и он треба да те држи додека повраќаш и да те пази да не умреш.
    Имаш секс без заштита и му веруваш дека нема сифилис оти ти е верен.

    Му даваш доверба за се ова оти не му веруваш 100%??
    Ако не му верувам дете не му раѓам.
     
    На Agness, cresa-jagoda, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не знам, ќе ти кажам кога ќе имам деца :)
    Сифилис дали има барем може да се провери.
    А деца секако не раѓаш за некој друг, деца раѓаме од генерално себични причини.
     
    На Bezimenka90, baby-star, ForeverYoung и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Страшно ме нервира кога на човек му солите памет како да живее. Зошто па твоето да е правилно?
    Ти не го живееш нејзиниот живот па да кажуваш дали било возможно или невозможно да се организира. На кого треба да се докажува?
     
    На riba79 и Осе им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.027
    Допаѓања:
    134.294
    Може, не викам не :) еве ме жива 10 години.

    Ама ако моите пари не вредат ништо за дома, а моето присуство да, оти да работам?
     
    На cresa-jagoda, MilaSs12 и Осе им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.027
    Допаѓања:
    134.294
    Е така. Без деца е друга математика. На ниеден возрасен човек без инвалидитет не му треба жената дома да му седи.
    Ама кога не и вреди платата а на семејството му вреди мајката, нека седи дома
     
    На cresa-jagoda, MilaSs12 и Осе им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Има 1000 математики. И 1000 ситуации. Нема врска и само со или без деца.
    Како и да е гледаме и од опкружување и од темиве по форумов колку е важна финанската независност, не се малце жени заглавени во лоши бракови пошто немаат каде. Испаѓа освен вас две три, друга никоја не знае партнер да избере.

    Јас лично сметам дека во суштина, стварно освен на себе, на никој не можеш 100% да веруваш. Мислам, секој со своето, секој свои одлуки, секој свои последици, секој своја одговорност нека си понесе за сопствените одлуки.

    На крај овде мање више си правиме празни муабети, на крај никој нема да го живее животот на другиот за да каже како е поубаво.
     
    На Glowy, Bezimenka90, baby-star и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.036
    Допаѓања:
    180.194
    Од преѓе се спремам да ти одговорам- зависи каков ти е предбрачниот договор:D. Или брачниот:wasntme:
    Ако сме се договориле да не работам, очекувам доживотна издршка. Ако се разделиме, пола-пола. Е има сега тука локални аспекти, проблеми и проблемчиња, ама тоа е друга тема. И пак е муабетот, ако сме се договориле, а не тој да ми забрани. Инаку, не сум тој тип да ми е доволно да бидам домаќинка и мајка, ама ако некому е, зошто да не.
     
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Е па има жени кои се многу поамбициозни од тебе и кои сакаат да вложуваат во својата кариера.
     
    На Lady D ❤️, baby-star и Мамичка им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Секој нека си прави како знае најубаво :D
    Во суштина како што реков, секој си носи свои одлуки и со нив ќе си го сноси своите одговорности и последици во животот.
    Предбрачен договор на хартија да, ама дека на жими мајка ќе се надевам некој да стои на усен договор од honeymoon периодот ако утреден не сме во добри односи веќе, не верувам. Повеќе од доволно примери имам дека не функционира и искрено малце за наивно го сметам :)
     
    На Bezimenka90, baby-star, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.027
    Допаѓања:
    134.294
    Ако им е побитна од семејството, нека тераат така. Кариера у мк :))))))
     
    На Осе и supergirlmb им се допаѓа ова.
  19. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Не кажувам оти е правилно ама пак не мислам оти е правилно и да седнеш и да чекаш од некој да те издржува, затоа што ти дома ги чуваш децата. И не секогаш тие што се дома повеќе внимание посветуват на децата отколку тие што одат на работа. Затоа што знам мајки кои не работат а цело време се пред телевизија и турски серии гледат чекат друг да го гледаат детето. Или му го даваат телефонот на детето за таа да си ужива. Иако е дома не е попосветена мајка од таа што оди на работа.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    И да има и во МК кариера за тие што се амбициозни.
     
    На Lady D ❤️, riba79 и Just.do.it им се допаѓа ова.