Довербата не е гаранција дека нема нешто да се случи, туку дека ќе си шокиран ако се случи. Ако те остави на цедило на крај дебил е, не е вистински маж. Е дебил е ама што ти менува тоа сега? Сите се убедени дека мажите не им се дебили, па после остануваат со прст во уста. И кај сте виделе маж да се најде во ситуација да остане на улица бидејќи цел живот бил финансиски зависен од жена му? Не постои таков, бидејќи машките деца ги учиме дека нема основање семејство пред да се способни да го издржуваат, односно пред да се стекнат со некоја вештина што ќе ја монетизираат. А наместо истово да ги учиме и женските, нив ги учиме да не избираат дебили за мажи и да се надеваат на најдоброто. Тоа што немаат никаква контрола над тоа колку може да се промени друга личност - небитно. Многу, многу наивен и опасен поглед на животот, а се романтизира со приказни за мајчинство. И пак мајката е таа што се жртвува за да биде присутна како мајка, а без таткото се може, под услов да носи доволно голема сума пари. Ако сакаме вистинска еднаквост, мора да се балансираат улогите. И можеби во мал размер на вас како семејство ви одговара, и тоа е супер, ама во големата слика, жените остануваат одгледувачи на деца додека мажите го контролираат светот.
Ако ти не си се остварила како што си сакала или ако моменталната твоја положба ти е највисок дострел не значи дека и останатите се такви. Не мора да си огорчена. И твоето е ок штом ти одговара, а и на друготе што сакаат поинаку им е ок. Да, со кариера во мк има баш доста успешни жени, сами или со семејства.
Ниту да одбереш кариера пред семејство е лошо, ниту па семејство пред кариера, кој како сака си одлучува и нема што да се суди за нечии одлуки. Нема правилно и погрешно тука.
Ќе бевме еднакви ако и мажите раѓаа. До тогаш, никогаш нема да бидеме еднакви. Бебето кога ќе се роди си бара мајка, таткото има невидлива улога. Не го кажувам ова од општествен аспект, туку природен. Ретко да начекаш личност поприврзана за таткото. Едноставно тоа ни е инстинкт. И животните и ние жените така функционираме. Земи си пример од себе, со кого повеќе поминуваше време во детството, на кого му плачеше, на кого му пишуваше честитки, кого повеќе го гушкаше. Нема споредба. Мајка си е мајка. И ако некоја решила да остане дома со децата, да се посвети целосно во домот, притоа има можност за истото, зошто да не? Ќе сме ги читале во друга тема, како не можеле да си отидат бидејќи немале пари, дрн дрн, патетики. Што ако си има совршен брак и одлична комуникација со својот сопруг. А што ако останам инвалид или добијам мозочен удар или ме згази кола. Што е сигурно во животот? Гаранција за ништо немаш, а секој ден кога се будиш, животот го ставаш на коцка. Што ако фирмата во која работиш те отпушти и со месеци не можеш да се вработиш? Јас пак си тргнувам од друга точка, еден ми е животот, ќе сработам онолку колку што сакам и сметам дека нема да ми го наруши комфорот и квалитетот на живеење. Дека можам повеќе, секогаш, но дали морам и за која цена? Апсолутно не морам. Исто би сакала да прашам, ако немаме доверба во идните сопрузи, зошто се мажиме? Дебил се раѓа, не се станува. Кога вашиот приоритет е едногласен и ако има разбирање, љубов и почит, не гледам никаков проблем во нечија одлука да остане во домот и да се посвети целосно на децата. Ова повеќе ми личи на проекција на сопствените стравови од својот партнер, отколку совет или мудрост за нешто.
Каде бе вака?! ... Таткото има исто важна улога во развојот на бебето колку и мајката. Двајцата се и те како потребни за растење психо физички здраво дете но на различни начини. Иначе shit happens, плановите не секогаш се реализираат, ако ви се погодени партнерите на некоја друга тука не и е, апсолутно не смеете да се споредувате и наметнувате ваши лични сопствени одлуки и убедувања на жени кои што се во многу поразлична ситуација од вас. Како што некој има право да не работи ако не сака и мора, така и жените кои сакаат да работат имаат право без да треба да се правдаат и да образложуваат зошто тоа го сакаат. Само што некои налетуваат и на дебили, некогаш и фините стануваат дебили, јеби га живот! Дај не ги омаловажувајте уште толку жените. Прегледајте статистика за семејно насилство или прелистајте во Црна хроника колку меѓу нив се заробени во лоши бракови и уште полошо нема каде да одат. Намалете со гилт трипови дека мајка мора дома да седи за да биде посветена.
Кога ќе се роди. Сигурно знае бебето за татко, сестра, баба, тетка, итн. Да се надоврзам. Јас не сугерирав жените да остават работа. А и сигурно некоја мене ќе ме праша што да прави, или пак тебе. Се надоврзав на коментарите што ги спорат жените што се одлучиле да не работат. Што е сосема во ред, како и што е во ред да работат.
Може и татко апсолутно истите работи да ги прави кои ги прави мајката. Освен доење кое претпоставувам трае неколку месеци до година дена. Не цел живот.
Доењето не е само исхрана за бебето. И нема временска рамка. Може да доиш 2 месеци, може две години. Таткото може да менува пелени, да помага за бањање, да доаѓа по доктори, но друго ништо. Бебето ја користи дојката за заспивање, за утеха, како перница. За понатака кога ќе почне да осознава, тогаш таткото има исто така голема улога.
Па реков освен за доење. За тоа ти треба цицка. За све друго раце и очи ти требаат што ги имаат и мажи и жени. Башка не значи ако не дојат дека не можат одлична врска да имаат со децата. Не треба доењето да е одлучувачко со кого ќе биде поприврзано детето.
Да бе, со бебе од две недели ќе градат врска Видот уште не им е оформен ќе градат врска со таткото. Според која научна фантастика? Реков има улога кога ќе почне бебето да осознава гласови, звуци, лица.
Добро де, тогаш нека гради. Ама не е невозможно да ја изгради. Оти вие грижата за дете ја препуштате на мајката општо, не само кога е доенче. Ниту јас зборев за доенчиња само.
Не знам што е толку чудно. Да, може да има поврзаност на таткото со бебето. Не знам зошто толку ја преувеличувате вашата улога, а ја минимизирате улогата на таткото. Многу жени мајчинството го користат како изговор за да не работат. (Знам жени коишто имаат големи деца, и пак истата приказна, децата. А децата веќе 14 години имаат).
И што ти пречи тебе тоа? Особено на тебе. Во секоја тема со потсмев коментираш за мајчинство. Не знам што ти е проблемот. И ќе седи некоја со 20 годишни деца дома. Тебе ти седи дома? Од тебе зема пари? Си има со кој да се договара на таа тема. Секој си одлучува за сопствениот живот.
Не знам кај прочита потсмев во моето мислење. И да те потсетам дека ова е форум и секој има право да си го каже своето мислење.
Јас немам ни ден стаж. Работам како фриленсер 2 години со ултра флексибилно време. Син ми не е ни свесен дека работам. Тоа што го печалам јас е само капка во морето. Сега имам добра цена за саат и се чувствува дека работам. На почеток беше смешка во споредба со тоа колку печали маж ми. Пред брак моите ме финансираа, во брак маж ми. Затупавена не сум. Попаметна сум од многу нетупави жени кои се социјализираат кај Лиле нокти или Маци фризерка. Што ке контролираш ти со, во најдобра рака 500-700 евра плата? Кирија колку е, 200-300 евра? За 100 одамна нема. Пример, омажена си со две деца. Се разведуваш од некоја причина. Плата имаш 500 евра. Стан немаш, мора под кирија. За растење на едно дете, нема период кој е лесен, секогаш ке има некаков трошок, родендени настинки итн. Под услов да се децата со тебе, а огромен процент од мајките, да не речам 99% ги земаат со себе, на ризик ти е и работното место поради боледувања кога се децата болни, а кој има дете во градинка знае колку е тоа често. Ако е дебил и алиментација нема да плаќа. Ако имаш стан/куќа ке биде ок. Ако отплаќате кредит не баш. Затоа да не романтизираме дека жената е моќна, кога во оваа држава просечен граѓанин е се, само не моќен. Опасно е да се силиш дека можеш, кога реалните бројки велат дека не можеш. Кои се тие мажи кои го контролираат светот? Мојот маж? И на комшивката која исто како мене е посветена на децата?
Единствената причина поради која е оправдано жената да не работи е да се грижи за децата барем до одредена возраст додека подпораснат се останато контрола, љубомора и посесивност не е оправдана причина и е контрапродуктивно во една здрава врска и брак.
Лично познавам, сум пишувала за ова. Мажот и не ја пушта да оди на работа бидејки ТОЈ заработувал доволно за двајцата и за детето. ( ова е кажано од него) - Она ќе работи само за тоа што студирала. А, од нејзина страна : - Не ме пушта бидејќи сум многу убава - Нема кој да ми го чува детето ( трето одделение) . Смешно е кога ќе ја вработат од партија, магично има кој. - ќе одморам, неколку месеци ( се вратила замената или дошла друга партија на власт , па, сега дома ќе седи) - Јас никогаш нема да работам продавачка, не особено во спортска продавница, што е она у тренерки, не ми стои мене
Ама во овој случај најверојатно она е таа што не сака да работи, она е таа што сака дома да седи да си чува демек дете. Ние тука зборуваме за некоја што сака да работи.
И поентата на сè ова напишаново што е? Демек и онака нема да можеш самостојно да гледаш деца со 500-700 евра плата, па ајде нека биде со 0 евра плата и зависност од мажот. Не ми е целта да глорифицирам работење 8 саати место уживање со семејството, ама уживање со семејството без свои приходи е жртва на сопствената сигурност во животот. Јасно ми е дека многу жени со задоволство ја прават оваа жртва, ама тоа не менува дека со таа жртва се ставаат во зависна позиција. И проблемот е што во светот само жените ја прават таа жрвта, и се очекува да ја прават. И баш поради тоа што толкав голем број жени се во контрола на мажите сме таму каде што сме во поглед на семејно насилство, нееднаквост на плати и други проблеми што се јавуваат во големата слика. Многу ме вознемирува што во темава се пишуваат мислења со ваков демотивирачки тон. ,,Ако родиш деца ништо повеќе не можеш сама да постигнеш, вечно ќе зависиш од приходите на маж ти, зашто маж ти секако ќе зема трипати поголема плата од тебе, па ќе биде налудничаво да не си ја фрлиш сигурноста низ прозор за да ги гледаш децата". Многу лош наратив, вака сè што правите е демонизирање на мајчинството.