Имав една комшивка. Сопругот топ маж, имаа две деца, он беше мајстор, ама го биваше човекот, стварно ги гледаше како што треба. Таа не работеше. Еден ден доживува несреќа на работно место и го нема повеќе. Во помалку од секунда. Женава останува без приходи, без квалификации, без било какви skills сама со две деца. И да ти е најпрекрасен сопругот, не знаеме што не чека. Прво само болести колку има, во најгадниот град на светот живееме, позагаден нема, бомбардирани со осиромашен ураниум, комшии на фабрики, топилници, согорување на увезено ѓубре итн, итн. Животот е непредвидлив и секој човек треба да е спремен да работи. Е ради како случаи погоре.
Како моментално опстојува твојата комшика, ме интересира? На кое годиште починал нејзиниот сопруг? Бидејќи има право на семејна пензија.
Ако мажот заработува повеќе од доволно за фамилијата, зошто тогаш не би плаќале редовно за чистење, градинка со убави услови за децата или жена за чување? Па така и двајцата нема да се преморени и остатокот од времето може да им биде квалитетно поминато со фамилијата.
Пошто само мајката му треба на детето, татко, баба, дедо, градинка, дргарчиња, тие се занемарливи улоги Си реков нема да сум саркастична на темава, ама не можам, посилно е од мене
До пред некое време коментиравте дека бабите и дедовците не ви се должни да ги чуваат вашите деца. Се или не се? Градинката е опција, додека не се разболи. А ќе се разболува, не еднаш, по три пати во месец. Една кај мене на работа ја избркаа поради тоа што земаше боледување за децата. Нема потреба од сарказам. Тоа е реалноста.
Има разлика од "мора баба му да го чува ако јас ѝ наредам" до "мило ми е баба му повремено да поминува време со внучето"
Лол. Првото дека мора да го чува е она да мора зашто тебе ти текнало тогаш и тогаш да го чува и ако одбие, да се лутиш. А второто е ствар на договор кога се може и од желба/мерак, не од морање.
Тоа повремено ми беше дека "понекогаш" треба да поминува бабата/дедото време со внуците од желба, ако се асални нели. Не знам што се фати упорно за зборот. Значи не мора секој ден да ги чува, туку повремено.
Затоа што горниот коментар нема врска со твоето. Таа вика дека баби и дедовци треба да чуваат деца, за мајката да не седи дома. Ти викаш, ако сакаат. Ако не сакаат што? Не знам што се наоѓате навредени поради туѓ избор во животот. Еве утре јас решам да се посветам на детето. Дали ги знам сите недостатоци? Ги знам. Нешто ќе се жртвува. Во случајот моето работно место. Дали сум свесна дека некогаш работите не одат по планираното? Знам. Така и останатите. Нема потреба од потсмев на жени што решиле да гледаат домаќинлук. Нивна работа бе.
Значи заклучок, пак системот е ужасен и не е во корист на жените иако на хартија има "рамноправност". Ако сите напуштаме работа ќе продолжи да биде така. Те разбирам за тоа што го пишуваш, јасно ми е дека капитализмот ги мрази мајките, ама не е решението лишување од финансиска сигурност, зашто од роб на работата преминуваш во роб на мажот....а сите знаеме како поминуваат тие случаи.
Секако дека не се должни ако не сакаат/не можат. Само не разбирам како е тоа поврзано со муабетов? Кога детето ќе се разболува еден од родителите може да остане дома. Во претпоставениот случај каде што мажот заработува повеке од доволно, имаат дополнителна опција и да ангажираат жена за чување. Не сфакам како тоа што детето се разболува често значи по дифолт дека жената мора да биде дома. Извини ако мислеше на нешто друго и не ти ја разбрав поентата.
Знаеш колку кошта жена да ти го чува детето? Порано беше минималец. Сега веќе не е. Што е нормално, браво за нив. Испод 24-25000 асална жена за чување на бебе/дете не може да најдеш. Не е малку 400 евра секој месец да даваш на жена, а притоа и твојата да биде толкава или помала. Па за што да идеш на работа, има ли логика? Ем дете да не гледаш, ем пари од банка во туѓ џеб.
Јас не проповедам жените да ја напуштат својата работа. Секогаш е опција двајцата да работат. Тоа е и најдобро. Само сакав да укажам, дека не се глупави жените и не дека не размислиле за опциите ако решиле да чуваат деца по дома. Ме нервира потсмевот кој слободно се дава на тие жени. Толку сакав да кажам.
Не реков за чување воопшто Се однесуваше на тоа улогата на таткото е занемарлива. Развој на дете не е само чување да не се повреди и оброк да има.
Жена која сака да работи, треба да работи. И да напредува на работното место. Да има деца и да ги плати жена да ги чува од 4 месеци ако сака. Или да нема деца ако тоа и е одлука. Работата е избор. Ама и седење дома е избор. Опасно е тоа што го зборите вие дека ако жената работи, тогаш е семоќна. Не е ни најмалку моќна. Ама вам кои сеуште сте дома кај родителите, не плаќате сметки и немате реални проблеми, таа плата ви се гледа како 5000 а не 500 евра. И вие сте тие што ги бодрите сите дека жените можат знаат и умеат. А реалноста е дека двајца со по 500 евра плата мора да го планираат буџетот. Во врска со капитализмот и жените, пак ке кажам, не сте во кожата на работодавците. Убаво е да мечтаеш, ама реалноста е дека жените не се идеални работници, поради патолошка бременост, породилно, боледување за дете. Знам мајка која остана бремена додека беше на породилно со првото. Неколку месеци ке работи и пак се враќа на породилно. Имај бизнис и вработувај само жени и самата увери се колку е исплатливо така да тераш. Ако жена реши да се жртвува, и има услови за таков ризик, зошто да не? Не се мажите кои работат виновни за проблемите кои ги наведе. Уште една работа, која ке ја разбереш кога ке имаш дете, е таа дека мајката е мајка и нејзината улога не може никој да ја замени. Природа, хормони, инстинкт, мажите тоа го немаат. Таткото има огромна и многу битна улога, ама не може да ја замени мајката. Можеби и може ама на сила и затоа што мајката така сака.
А нели збориме за ситуација каде што мажот заработува многу? Барем така сфатив по муабетите претходно. Нели платата на жената мажот во 3 дена ја заработувал Во тој случај 24 000 за жена за чување не би требало да се проблем. Доколку збориме за ситуација каде што жената има плата 25 000 и само со платата на мажот можат некако крај со крај за сврзат, тоа е друга ситуација ама лично јас пак најверојатно не би останала дома (или можеби краток период додека детето не стекне имунитет или се најде подобра опција). Личен избор е, меѓутоа факт е дека со неработење се ставаш во ситуација на зависност а во животот се бива макар и да мислиш дека го имаш најдобриот сопруг моментално. Не дај боже и здравствени проблеми се појавуваат па платата на сопругот да ја нема.