Не е занемарлива. Но, ти како идна мајка, дали би била спремна да работиш прекувремено, да не гледаш дете за да донесеш повеќе пари по дома? Кај мене тој филм заврши, ќе работам 8 саати максимум. Што има повеќе вредно од сопствената фамилија. Што ако твојата плата е пониска од таа на сопругот? Ти или тој ќе седи дома, има ли логика ти со помала плата да работиш? Зборувам во случај да мора еден дома да седи. Немате помош од никого, сами сте. Да работиш приватно, да те толерира некој цело време на боледување да одиш, колку и да изгледа тоа сурово, нема да те толерира. Таква е реалноста, па ти колку сакаш на форум пишувај дека тоа не е фер. Не е, и јас го делам тоа мислење, но тоа е. Еве јас рмбам цел живот, платата од маж ми не можам да ја стигнам. И искуство и доедукации, не достигнувам. Во државава едноставно со некои професии не можеш да одиш нагоре, туку ќе тапкаш во место. Сите тука сме свесни што е најдобро и најправилно.
Абе ако мајка ми ме третирала ко гомно, џабе се и природа и хормони и инстинкти. Со блиски сум според тоа како се однесуваат кон мене, а не поред хормоните и природата.
Seriozno temata se ushte postoi vo 21 vek?!?! Znachi zhenite se samo za doma i za rasplod, ako sakaat kariera, togash oni ne se vredni da bidat soprugi. Zhenite mora nivniot identitet i lichnost da gi svedat na: uloga domakjinka i uloga: majka. Tolku. Nema shto zhena da brka kariera, toa e mashka rabota.
Ама ова што пишуваш ти нема врска со темата. Кажав и досега, секој нека го направи својот избор, во ред е. Ние тука друго зборуваме последниве страни, не за големината на платата, дали е поголема или помала од таа на мажот, никој не одобри прекувремено, туку зборуваме што се случува кога пример не си работел воопшто, а после 10-15 години немање работа или квалификации, како ќе се снајдеш ако останеш без изворот на приход заради икс причини. Семејна пензија е многу помала од оваа 500 евра плата што се збори низ мислењава, во најголем дел од случаите. Никој тука не осуди жена да седи дома ако таков е договорот, ама тоа си има доста свои ограничувања, што се обидувате да ги негирате.
Зошто да не работам повеќе од 8часа? Еве таква професија имам избрано, доктори работат и дежурства и многу часови. Зошто ќе станам мајка некогаш да се откажам од градење кариера и толку години дадени на образование? Уште од сам почеток сум била свесна за тоа каков живот бирам. Нема успешни жени во кариера и мајки кај нас? Има многу. Колку брачни парови има што и двајцата се иста професија, дежурства, работа, па пак имаат деца и семејство. Моите што имале обична работа што не е со дежурства, па сум седела кај баби дедовци, во градинка, па љубов не ми фалела ни од родител, ни од никого. Што поинаку ќе било ако мајка ми не работела и седела дома да ме чува? Сега пораснав, едно дете сум, веќе не треба да ме чува. Што ќе правеше дома сега без ден работен стаж и без образование? Татко ми ќе си работеше, јас свој живот си живеам како возрасна личност, таа гоблени ќе везеше по дома додека се врати татко ми од работа да не седи сама? Децата не се вечно деца, а која е поентата цел живот дома во 4 ѕида да го пројдеш без да правиш ништо... И тие 500 евра плата твои заработени кој ти ги дава, подобро нешто отколку ништо. Ниедна работа и бизнис не се сигурни, денес може мажот да има многу пари, утре не. А и зошто да не придонесе секој по нешто за дома? Во денешно време колку и да имаш, пак не е доста со овие трошоци. Секој денар плус е важен. Ако станеш мајка и сопруга не треба да го изгубиш идентитетот во животот. Не се согласувам дека само мајката е важна во животот и незаменлива. И татко ми ме чувал кога сум била болна и него сум го барала да ми прочита приказна, да ме заспие, исто како и мајка ми. Двајцата родители се подеднакво важни во животот на детето.
Не се сеќавам искрено што годиште беше, одамна беше ова. Млад беше човекот, може доцни триесетти. Жената после се вработи у некоја продавница, се изнамачија квалитетно. Многу, многу е жално според мене да си ги фрлиш талентот, образованието, умешноста и потенцијалот и да се сведеш на домашни обврски. Ама секој како што сака. Ако жената сака да не работи, океј ми е и тоа. Некои жени не сакаат едноставно. Ама ако некоја сака да работи а е спречена од сопругот пошто е токмак нема ништо на светов тоа што може да го оправда. Не постои.
Епа тоа е проблем во целата тема, што секој си пишува за нешто што го прочитал кај друг, а се оправа кај трет и се губи цел контекст, па тој третиот се губи одеднаш затоа што појма нема ни што му пишуваш и прашуваш, па дава гледиште за нешто сосема десетто. И така, форум Фемина издание 2023.
И? Како е тоа битно во тема за која се коментира дека жена ако сака треба да работи, ако има услови и сака нека седи дома?
Поентата е мајчинството го сведувате исклучиво на доење и хормони. И затоа таткото кој го онади, чим не дои и нема женски хормони, не е битен за детето А е многу повеќе од тоа.
Apsolutno tochno od tochka do tochka! Znam zhena, mazhena so 3 deca ne ideshe na rabota deka decata bile mali, eve, sega porasnaa, po 15godini se vekje, ona bez den raboten stazh, bez kariera, bez obrazovanie, za se zavisna od mazhot.
Ти работи си и 20 саати, не оди дома, затоа што тоа си решила да го работиш, правиш, градиш. Сама си го конструираш животот. Јас не сакам. Јас сакам 8 саати и да си го гледам детето дома. Приоритетите се менуваат. И мене работата ми бараше да одам прекувремено. Од кога имам бебе, не можам да си замислам да не го гледам. Зборувам за себе. Ќе сменам кариера, но нема да одам прекувремено. Кој ќе ми ги врати изгубените моменти? Идентитетот не ти се губи ако се посветиш на децата. Тебе работата ти дава идентитет? Јас сум јас, со моите одлуки и желби. И не зборувам жените да се откажат од работа. Не знам зошто ми се објаснувате за тоа. Туку оправдувам одлука за чување на деца наместо работа. Има разлика.
Identitetot ti se gubi ako se posvetish SAMO na decata, da. Toa znachi deka ti cel tvoj potancijal, obrazovanie, talent si gi frlash. Za ova velam deka zhenata otkako ke rodi ne treba da i prestane zhivotot.(da prestane da pravi raboti samo za sebe)
Пред да бидам мајка 32 години сум живеела (лупам од ракав години, тогаш еве идеално ми е да раѓам) и во тие години сум била некој човек препознатлив по нешто на тие околу мене. Со некоја кариера, образование, работа, хоби итн. Дали откако ќе родам дете се тоа треба да го фрлам во вода и само домаќинка и мајка да сум? Зошто мажот не се откаже од работа за да чисти и чува дете, што мора само жената? Не ми е јасно и нема да ми биде никогаш, особено не за млади и модерни жени. Убаво е да си биде и мајка и сопруга, сакам и тоа, но не по цена само тоа да бидам во животот и од се друго да се откажам. Кај мажите не се менува ништо кога ќе добијат деца и ќе се оженат, само кај нас жените се менувало. Ма немој... тоа на баба ми Трајанка од 88г да и се каже само па може ќе романтизира таков муабет, кај мене не пали.
Не треба ништо да фрлиш во вода, приоритетите се менуваат. Не можам работата да ја ставам над детето, во случај да го гази моето време поминато со него. Што се однесува до последниот пасус, не знам, прашај некоја млада и модерна што целосно се насочила на таков чекор. Јас можам од прилика да ти кажам зошто е тоа така.
Јас колку што сфатив жената немала никакви квалификации. Значи и вака и така ќе работела во продавница. Со работа во продавница, фамилија тешко се гледа. Сам родител тешко гледа деца, општо земено. И со квалификации земаат плата пониска од тие што немаат. Пример во КАМ земаат повеќе него доктор во некои установи.
Како за жена што цела своја плата ја дава на своето дете,а за себе ништо не ме чуди размислувањево. Само утре не дај боже ако останеш без маж ќе видиме дали “повеќе пари дома” ќе бидат неопходни. Воопшто не размислувате за иднината( ништо лично до тебе) ама на се треба да се биде спремен. Детето не е само на мајката, и мајката не е должна да биде цело време само со детето, дури би требало да имаат баланс. Родителите ако не можат да го чуваат има градинки, има nanies барем во Мкд на секој чекор ќе најдеш. Не знам зошто толку рипате ако некоја сака да си работи и дете да има, и поголема плата од маж да има. Ништо не е невозможно.
Ama taka ako se posvetish SAMO na deteto, frlash se vo voda i potencijal i talent i obrazovanie i trud shto si go vlozhila vo uchenje, kompletno se. Dali mazh ke frli se vo voda zatoa shto stanal tatko?
Зошто работење на полесна опција што не вклучува прекувремено работно време го изедначуваш со фрлање на свијот идентитет во вода? Колку што го читам мислењето што го цитираш, никаде не пишува откажување од работа туку сопствена одлука за работење без дополнителни вложувања.
Ja koga go postaviv istoto prashanje na istata chlenka dobiv vakov odgovor: mnogu ti e biloshko prashanjeto, zatoa shto mazhot ne go doi bebeto. Da, ne go doi, ama toa dete nema da cica do 4 godini. Ochigledno ova e dobar izgovor za nekoi.