Ne, jas ne ja poddrzhuvam chlenkata, tuku kazhuvam kolku nelogichni izgovori si izmisluvaat lugjeto za da si gi opravdaat svoite postapki.
Зошто болдираш дел од реченица? Болдирај ја целата и коментирај за тоа. Вака што очекуваш да ти кажам, на мое некажано и ненапишано. Ти што не остана во МК, ако со тие плати може nannies да плаќаш? Тоа што за мене ништо не трошам, е проблем каков за тебе? Не дај боже и ти без твојот маж да останеш. Бог да чува ви се црниве сценарија. Глеј си работа за себе.
Нели зборувавме за ситуација каде мажот заработува многу па жената нема потреба да работи те . Да се мачи како напиша една членка. Доколку мажот заработува многу во тој случај можат да си дозволат и негувателка.
Еве ќе кажам еднаш засекогаш зашто не останав во Мкд да се разреши мистеријата. Никој не сакаше да ме пријави бидејќи сум со два апарати за слушање, никој не ми даваше шанса да си го покажам потенцијалот, ми лупаа врати. Ете затоа, мислиш мене ми е лесно да сум далеку од дома. Моите се стари по 70 години имаат, ама тебе ти е најлесно да седиш на форум и кога немаш што да вратиш на коментар да плукаш,а не знаеш кој какво бреме носи. И не се црни сценарија тоа е реалноста. Треба да мислиш на се,а не да седиш и да чекаш се да биде по план. Не може да биде по план, јас и без маж да останам имам фонд свој, работам.
Можеби ти за тоа зборуваш и сакаш да го читаш. Не знам кој пат ќе напишам, ја оправдувам одлуката жената да седи дома, од сфатливи причини. Толку треба да се сфати од моето.
Sekoja pochit devojko za toa shto ne si se otkazhala od mnogu raboti vo zhivotot. Sekogash e polesno da se otkazhesh i da se zhalish il deka nemash vreme ili da si naogjash izgovori pr. deka parite ne ti se najvazhni vo zhivotot, pa zatoa si domakjinka.
А можеби треба и да престанете да ја наметнувате својата дефиниција за успех на сите околу вас. Успех е многу субјективна работа, ако си среќен и исполнет, зошто да се вреднуваш дали си доволен - во било кој поглед - според туѓа мерна скала? *Ова во контекст на последниве мислења, не за жени кои се приморани да не работат.
Ама детето е взаемна обврска барем јас така си го сфаќам. Не може маж ми мене да ми каже “ Седи не работи, ќе чуваш дете”. Тој од работа некад ќе оди на афтер, ја можам да сањам за афтер. Не е само тоа, нека работи ете 8 часа,колку толку. Не и бега детето. Што со тие што немаат никој? Никој не ги финансира, што е со оние што се самохрани. Ја не знам што толку мора да се седи дома и само дете да се гледа?
Ironichno beshe moeto mislenje. Sekako deka deteto e zaednichka obvrska na dvata roditeli i ako majkata se otkazhe od neshto za dobroto na deteto, treba i tatkoto da se otkazhe od neshto za dobroto na deteto. Mene mi e nesfatlivo samo majkata da se zhrtvuva i otkazhuva, a tatkoto kako voopshto da ne e tatko.
Да ама тоа е речиси неизводливо. На таткото му е испод част да седи дома, а жена му да работи и да заработува повеќе. Не викам дека не треба, треба.
E pa na takvite mazhi shto im e ispod chast da sedat doma i da gledaat dete, voopshto ne treba da oformuvaat semejstvo, nesozreani se, amebi.
Еве личен пример јас поради бремености една по друга 2 години не одев на работа ги гледав децата и потежок период од тој сум немала, едноставно бев окупирана само со децата дури почнав и јас бебешки да зборувам. Социјализација 0. И почнав да се нервирам повеќе отколку сега кога одам на работа. И си кажав ако треба сега некој да се жртвува со откажување на работа маж ми да се откаже. И тој тоа го прифати вика јас можам да најдам работа со работно време да си направам мене како ми одговара. Фала богу не требаше никој да се откаже.
Но тука и таа што е со нив си е крива. Ќе начекаат тука одлична прилика за седење дома и финансирање не алудирајќи дека животот е превртлив и не е се така плански идеално по замисла. И после леле кој ќе го гледа детето. На мајка ми пријателка детето и седеше дома само за да работи и она, па не се сруши светот. Од кога постои интернет се изгуби смисолот на некои работи. 90% заборавија дека родителите им работеа,седеа сами дома за да бидат школувани,најадени и облечени. Денес е срамота двајца да работат, немајка е ако работи а детето не е до нејзе, немајка е што не му зготвила јадење, немајка е што не го испрала, немајка е оти не му купила исти патика ко другите.
I da nachekaat prilika za finansiranje i sedenje doma, nemaat zhelba za kariera, za da zarabotuvaat svoj denar?! Realno da ne se lazheme, ne e isto da si zarabotuvash tvoi pari i da ti dava soprugot, ednostavno ne e isto.
Многу жени го користат изговорот, ги гледам децата, затоа не идам на работа. А тоа што на мајките кои не работат најневоспитани им се децата, тоа е друга приказна. Самите се ставаат во зависна позиција од мажот. Самите го учат мажот дека е неспособен да гледа дете.
Полесно е да зависиш од друг. Тоа е целиот проблем. Се водат спрема “ Ако ќе седам дома, ќе добивам се, и куќа спремна и дете спастрено”. И така секој ден,24/7. Ама кога ќе сакаат да искочат на кафе, во кафана проблем. Генерално некои немаат проблем со тоа, но повеќето имаат. Искрено не знам како некој може да не биде амбициозен, да нема ништо зад себе изградено, направено. Да немаат што да им кажуваат на внуците освен “ баба седеше дома и чуваше деца”.
Колку ништо не е се така црно и бело. Еве и во странство па во семејствата со мали деца, жените се тие кои работат пола работно време, мини џаб, парт тајм. Светот никаде никогаш не е совршен. Точно е дека околу деца двајцата родители треба да жонглираат. Ама тоа на вага не се мери. Едниот секогаш повеќе се вложува. Тоа не значи дека другиот се вложува помалку. Едноставно едниот повеќе допринесува физички, другиот финансиски. Секоја семејна ситуација е различна и не може да се генерализира. Ама ако таткото често има семинари и патува, кога да работи мајката, кога да зема денови за болни деца, кога да постигне се? Секакви ситуации има. Крај краева, она што сметаме дека е најдобро за нас самите не значи дека може да се преслика во било која друга ситуација и се додека другите се среќни со своите избори и не ви чепкаат директно во џеб, може треба повеќе да си го гледате вашиот живот од нивниот. Е сега јас можам за мене лично да зборам. Во моето најтесно семејство, договорот меѓу маж ми и мене, е дека за ниедни пари на светот и за ниедна кариера нема да работиме сменски работи. Тоа за нас е цимерски живот. Имав еден родител што работеше 3 смени, 4 денови во неделата не ја гледав. Точно, љубов и внимание не фалело, тука бил другиот родител, баба, братучеди, не сум ни сетила кога минало времето. Од денешна перспектива знам дека се сум имала ама родителот не бил присутен. Не го сакам тоа за моите деца. Дали моето е правилно? За нас двајца е. Друга работа. Домаќинлук отупавува. Барем домаќинлук со мали деца кога не можеш да се посветиш на себе си и те како отупавува. Си купувам книги од мерак и ги гледам како си ги редам една над друга и ги фаќам само кога треба да ги поместам за да избришам прашина. Менталното здравје ми страда. Животот и муабетите ми се вртат само околу децата. Што е во ред и двете се многу мали, но времето за себе ми е целосно за нив распоредено и тоа веќе почнува да ми влијае на психа, а пари фала богу не ми фалат. Ама наскоро почнувам со работа по 2 саати на ден, оти дома веќе не можам да издржам. Повеќе од тоа не можам. Маж ми 2 пати неделно патува до друг град. Градинката е моја одговорност, а другото дои на саат. Едноставно тоа е. Ова е само еден мал дел од мојата ситуација и е единствена. Како што е единствена и посебна сечија друга семејна ситуација и џабе само се паламуди за други како требало и што требало кога не им ја носите нивната планина.
Некогаш не е и до мажите, посебно со посесивни мајки и доминантни партнерки, кои самите ја омаловажуваат улогата на таткото и не дозволуваат да се оформи блискост или позначајна врска, па од старт го сечат мажот дека нема он работа или улога кај детето. Па ќе проповедаат и "одобруваат" тука дали некоја работела или не.
Апсолутно. Затоа и сметам дека многу поврзаност со детето и не треба, оти утре кога ќе си оформи семејство тешко прифаќа мајката како што кажа ти.