Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.554
    Знам мајки од кои таткото треба да бара дозвола да го изнесе детето на шетање. У брак луѓе збориме, не разведени.
    Буквално самите се третираат како "главен" родител а таткото како "помошен"
     
    На Just.do.it, buba4e89 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.554
    Мила велиш дека улогата на мајката не може да се замени заради хормони, природа и инстинкти.
    Јас ти кажувам дека мајката треба да биде многу повеќе од тоа.
    Улогата на мајката не треба да може да се замени заради односот со децата, а не ради хормоните и доењето.
    Значи мајчинството не треба според биологија да се гледа оти џабе биологија ако ни м од мајчинство се нема.

    Има мајки кои не доеле, кои посвоиле и пак се поголеми мајки од тие што си ги шлапаат ама битно ги родиле.
     
    Последна измена: 26 јануари 2023
    На Just.do.it, nextredstyle и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.929
    Допаѓања:
    179.454
    @RainBow едно 10 страни темава е оф-топик. Напрај нова тема, ако нема таква- дали жената мора да работи и зошто. Мада муабетов врска нема, просто глава боли (lalala)

    За совет жената што побара нигде ве нема. За имагинарни ситуации и колку сте суперхерои со преценети суперкариери, дури детето расте, се храни, се облекува и се образува само од 2 години - први сте. Браос(highfive)
     
    На flower30, IRBBB, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Ne e sekogash se okolu finansisko i fizichko vlozhuvanje. Tuku, zoshto zhenata da se otkazhe od svojot potencijal, talent, zhelba, ambicioznost ?
    Poznavam mnogu zheni koi imaat i karieri, a voedno imaat i semejstvo.
    Ne e isto koga zarabotuvash svoi pari i postojano da barash od soprugot, ne e isto.
    Tie zheni shto nemaat den stazh, shto ke pravat za penzija? Ke zavisat od nivnite deca?! Znachi voopshto ne im olesnuvaat na decata vakvite postapki.
    Druga rabota, da sme realni, kolku povekje pari imash, tolku povekje raboti mozhesh da im ovozmozhish na decata, realno vaka e.
     
    На Amellie13 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Не, туку ни си во брак, ни деца имаш, седиш со твоите дома, друг ти плаќа се, ама прва си да коментираш како една жена треба да живее.
    Наместо разбирање да имаш баш за тоа како една жена се соочува со предизвиците на општеството, се потсмеваш зошто некој не работи. Уствари глупи сме сите, чекаме на пар членки тука да ни кажат дека треба да работиш за да имаш пари. Каква констатација...Видиш никогаш не ми текнало на тоа.
    Искуси, направи, па кажувај мудрости.
    Милион животи, милион различни судбини, милион различни ситуации.
    Еве лично тебе што ти смета некоја Петкана таму што седи дома? Си седи за себе, не поради и не за тебе. Тука малку не ти се јасни некои работи.
    Глумите феминизам, а на секоја тема плукате по жени што прават нешто спротивно на вашите убедувања.
    Тогаш биди попаметна од мене, еве млада си, направи движење, жените да не бидат обесправени во ова општество. Да можат да користат боледување, без да се плашат за своето работно место. Да можат да дојат и да им биде даден тој саат што законски им следи, а пола од работодавците се прават наудрени, да има опција за пола работно време во секоја струка, да се намали работната недела како што е стимул во некои европски земји. Еве ти нешто за размислување, а не клише муабет, жената треба и да оди на работа и да чисти, и да готви, и деца да чува, па со нив домашни да пишува, по курсеви да ги носи, да изгледа средено, стокмено и куп улоги што не се набројани. Уствари а мажите за што се, бла бла бла. Детски муабет ти се вика тоа.
     
    На Agness, Autumn Love, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    14.225
    Пол:
    Женски
    Контрадикторна си. Прво викаш ти млада си седиш дома ништо не плаќаш, а плпсе викаш што ако мајката седи дома за себе седи. :rofl:па значи членката исто седи дома за себе зошто така сака:?:
     
    На buba4e89, Just.do.it, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    А зошто така сака? Не треба да работи, не треба свој стан да купи, не треба сметки да плаќа, не треба храна да плаќа и да финансира се за себе. Или најпаметни сме за другите што да прават, за себе опростено ни е.
     
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    14.225
    Пол:
    Женски
    Може нејзините родители заработуваат доволно за да нема потреба да работи, како нечии мажи на жени во брак:)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Уште поубаво тогаш. Таа највеќе треба да има разбирање зошто една жена не работи.
    Интересно, седи дома чека од друг, ама тука се расправа за другите како чекале од својот сопруг.
     
    На Agness му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    14.225
    Пол:
    Женски
    Боље од мајка и татко, него од било кој друг на светот
     
  11. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Исто ти е. Пак од некој се доведуваш да зависиш.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Сите обични смртници на овој свет кои немаат магични приливи на пари секој месец (платата на сопругот не е магичен прилив) треба да работат, толку. После средно или факултет си работоспособен. До 65 отприлика.
    40 години маж да те рани? Дно.
     
    На M.B., Glowy, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.929
    Допаѓања:
    179.454
    Пошто оф топик абер пратен, да продолжиме со оф-топикот.:party:

    Ти не разбираш. Жената треба само на работа да оди, децата сами нека се чуваат и домашно пишуваат, може па и дома да не ги пушташ до 8 вечер, ко што знам едни:x... така и дома средено ќе ти биде:angel:
    Па со твоите 18.000 минималец, ќе штедиш 6.000 секој месец, тоа се 1100 евра годишно...отприлика за 100 години, ќе можеш да го купиш станот од 53 квадрати што кошта 110.000 евра (кој дотогаш ќе кошта 6 милиони ама небитно)...најбитно е својот полн потенцијал да го дадеш, на робовладетелот:*:
     
    На Agness, IRBBB, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Од каде знаеш дека членката живее со нејзините и дека друг и плаќа се?
    Ова твоето ми личи на тешење. Ништо друго не си инвестирала во својата кариера и образование, па се тешиш со децата, деца гледам.
    Самите жени се ставаат во инфериорна ситуација. Има и мажи кои не им дозволуваат на жените да работат, но за тоа се разговара пред брак.
    А ова твоето ми личи на, што ќе прави таткото со детето? Се знае дека мајката треба да седи дома и да биде со него.
    Е па има многу поамбициозни од тебе, и со изградени кариери и воспитани деца.
    Многу од жените што ги знам што не работат, гледаат турски серии, и притоа велат дека децата ги воспитуваат. Деца се воспитуваат со турски серии?!
     
    На Lady D ❤️ и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Све е тоа убаво, во право сте, ама искуството си го прави своето како сакаш кажи.
    Без брак и без деца можеш да мислиш јас никогаш нема да си дозволам да не одам на работа.
    Стално на сите теми такви револуционерни совети даваат членки кои нит се во брак, нит имаат деца, и пак ќе речам, не е дека не сте во право технички, ама многу црно бело гледате на работите.
    Ако мене ми е лоша работата, а платата на маж стигнува за цело семејство, сигурно нема да одам на работа и да станувам депресивна само за да не рече светот ене ја дома седи.
    Се додека е взаемен договор и ништо не е наметнато, ништо не е погрешно.
    Јас за никои пари не би одела на работа со новороденче, а маж ми да седи дома.
    Не дека не знае тој како да преслече памперс, едноставно има причина зошто мајката е примарен неговател и кај животни и кај луѓе, мајката има повеќе интуиција, различна физиологија и смешно е да се правиме сосила исти со мажите кога не сме.
    Мајката се откажува од работа, таткото се откажува од повеќе слободно време.
    Тоа кај нормални семејства кои се трудат да се прехранат.
    Кај семејства со наметнувања и милиони да имаат пак меѓусебните односи нема да им се здрави.
    Јас сум за да се работи, да се има финансии, да не се негува мрза ако нема друга причина да не се оди на работа, да се следат желбите, да не се изгубиш во домашни обврски, ама па во Мк посебно луѓето што одат на работа колку се исполнети што да ти кажувам. Небаре секој си ја работи работата од соништата, кариери, скапи коли :rofl:
    Де жити мене кажете што работите. Ви се молам :D
     
    На mal.ecka, Agness, flower30 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Децата домашно инаку сами треба да пишуваат, како и да е, на работа не си 18 часа. Тоа време тие додека се на училишти ти си на работа. Или ќе седиш дома и дури се вратат домашното ќе им го пишуваш? Ако си втора смена, имаш маж, он ќе пишува домашно со нив таа недела.
    Тоа што јас не можам да купам тоа што сакам со мојата плата значи ли дека е валидна причина воошто да не одам на работа? Не се купувало стан со минимална плата и затоа ќе седам дома 8-| Оти со седење дома, за сто години ќе купам...што? Колку сметки ќе платам? Ќе им помогнам на децата кога ќе сакаат на факултет да одат или ќе речам -сине, ние стан немаме ти на факултет ќе одиш. Седи си дома и најди си жена што ја учеле дека мора да се работи па таа ќе те гледа.
     
    На Glowy, Amellie13, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.929
    Допаѓања:
    179.454
    So sedenje doma moze goblen kje navezam, pa za 100 godini super skapo kje go prodadam:angel:
    Ne chitash so red, promashuvash poenta.

    Problemot e sho nekoj vaka go razbira svetot- majka bila neophodna duri doela dete, posle nebitna.
     
    На MilaSs12 и Alexandrite им се допаѓа ова.
  18. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.740
    Пол:
    Женски
    Подобро минимална плата што е моја, отколку се да чекам од маж ми. Со минималната плата барем сметките ќе ги платиме и од платата на мажот ќе остане за трошење и луксузирање. Нешто ќе помогнам, сметките не се мала работа.

    Не сум во брак, живеам со моите ама не чекам ни нивни пари зошто работам.
    Моментално дечко ми зошто е во ИТ сектор во странска фирма зема 10 мои минимални плати месечно, а и подработува во семејниот бизнис кој сигурно ќе го наследи од татко му во иднина и дури и да се омажам со него некогаш немам намера да седам дома и чекам пари од него зошто многу заработувал. Ситна пара ама своја заработена. Тој иако има свој мал семеен бизнис, пак работи на друго место зошто ништо не е вечно и е амбициозен и сака повеќе.
    Мајка му иако маж и прави многу пари, работи во нивниот бизнис, не седи дома. Зошто да плаќаат плус човек за тоа, а она да седи факултетски образована дома кога може да работи и да му помага на мажот, да и тече стаж воедно.
    Можеби би работела така, но да седам само дома како домаќинка едно големо НЕ и НЕ.
    Искрено и не познавам невработени жени, мајки...сите работат за каква и да е плата.
     
    На Glowy, Anie93, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Да, пошто ти го измисли гобленот или во иднина тебе прва ќе ти текне да го вратиш во мода :D

    Нема филозофирање, не биле среќни на работа, немале кариера, не возеле јаки коли, не купувале станови и затоа немало смисла на работа да одат. Свашта ќе прочиташ. Демек од небо на сите ни паѓаат пари за основни работи како јадење, пиење, облека, сметки...па ако имаш желба или можност за плата која ќе ти дозволи луксуз тогаш одиш на работа, инаку не. Основата од небо, нели.
     
    На Glowy, mal.ecka, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Колку мажи познаваш што си дале отказ од работа со 18 илјади плата за да пишуваат домашно со децата? Пошо со нивната плата и онака не можат стан да купат.

    Ќе се чудите после по други теми зошто свекрвата ви влегува у спална у 2 ноќе да го покрие синчето, и зошто не може да сфати дека синот е возрасна самостојна единка.
    Затоа што цел живот и се состоел во тоа, ете затоа, затоа што освен мајка немала друга улога и идентитет и тешко на 60 години дека допрва ќе има.
     
    Последна измена: 26 јануари 2023
    На Amellie13, Bezimenka90, DoubleK и 9 други им се допаѓа ова.