Ама ти не разбираш… немаш деца затоа. Мораш да го дои, да му бдееш, мазиш, пазиш, галиш. Да не му фали влакненце од косата иначе си немајка. Не те бива Никој не мисли дека вечно млад нема да е, ќе дојде ред да се пензионира нема од што да зима пензија.
Дал Господ родители кои си ги учат децата сами лебот да си го вадат. Грешка е кога ќе се спарат со оние другите. Би требало сите што од небо чекаат, заедно да си чекаат. Ама не бива нели? Зошто? Оти некој треба да работи. Зошто тоа да сум јас?
Штом се спариле, а оние другите не се бунат, ич да не се секираш ти. Така функционира светот, некои се спаруваат со такви, други пукаат од љубомора што мора да работат, ама пошто не можат ќе речеме грозјето е кисело и сите што седат дома се дно.
Уште во првиот пост напишав -обични смртници, мал процент на луѓе што не знаат со парите не се тема овде. Најголем број сме обични смртници. Тоа што Трајанка се замислува дека платата на маж и е во топ 5 проценти од светската популација (а тој кутриот по цел ден на работа за основа да пружи дома) и веднаш шапката ја става на глава во стил -госпоЖа е смешно, не е за љубомора. Ама сите Трајанки мислат дека е љубомора.
Нема што да се замислува, или ти стигнуваат парите или не ти стигнуваат. Ако седиш дома и трошоците ги подмируваш редовно значи ти стигнуваат и нема што да се замислува во која класа била платата.
Мислиш ако некој друг ти ги подмирува трошоците? Зошто тој некој да не си дозволи нешто плус со твојата плата? Нема желби надвор од неговата плата?
Друг да, тој подмирува трошоците, ти му подмируваш ручек и вечера, взаемен договор, ништо ненаметнато. Сите желби што ги има може да ги исполни со неговата плата и сите желби на жената и желбите на детето и плус трошоци. Не знам дали платата му е во 5 посто или скромни желби имаат. Битно стигнува платата и жената порадо сака да седи дома одколку да биде шијачка за 18 илјади зошто тие 8 саати и се побитни да не биде на нервозна работа за пари што нема да им сменат многу. Дно може да биде маж што ја принудува да седи дома. Дно може да биде жена што чека на готово од мажот, а тој се убива од работа и ја моли да помогне, исто ко што некои жени одат на работа и дома ги молат мажите да пофатат нешто. Ама не може да е дно взаемен договор поради милион можни причини само затоа што ти признаваш една, тоа не е дно туку твоја ограничена перспектива.
Не е само шивачка работно место за минималец ако не може повеќе. Продавачка, касиерка, фабрика...никаде не и одговара, секаде ќе е нервозна? Како знае? Плус, има 40 години пред себе, нека се обучи за нешто повеќе. Не е период па да разберам со мојата ограничена перспектива. 40 години еј, да речеш -ама взаемен договор ни беше јас дома да седам
Па како што направиле жените договор да не работи таа, како знаеш дека не е ова договор помеѓу мажот и жената вака да функционираат? Што ти мења тебе дали некоја Петкана развезува деца дури мажот и прави дупка во гарнитурата? Мислам, ваљда разбираш на што мислам, истите аргументи може во двата случаи да се искористат, затоа баш и не држат. Или држат не знам.
Супер поента. Како не сум слушнала за взаемен договор каде мажот седи дома цел живот а таа работи и никој не коментира ништо пошто сите сме со отворен ум?
Држат или не држат, јас за себе можам да коментирам дали треба или не треба да работам. Но мојот став да го наметнувам на друг, не е во ред. Не ја разбирам поентата на некоја да и кажеш, ти жено треба да работиш, за да имаш пензија, за да ако се разведеш или ти умре маж ти да имаш пари. Еурека! Сите знаеме што треба. И таа што седи дома, знае што треба. И ја знаеш ситуацијата зошто си дозволила да седи дома? Не знаеш. Не ја знам ни ја. Ти ако не можеш да замислиш да не работиш, работи. Толку е едноставно. И коментарите со турски серии ми се толку глупави што не знам дали да ги коментирам. Не од тебе, од другине. Од што веќе се губат и не знаат што да кажат
Некој период дури се децата помали или дури ги примат во градинка ок да бидеш еве дома. Ама цел живот да чекаш од друг без свој денар, според мене не. Не знае утре човек што може да го снајде, болест, смрт, неверства и што ќе прави жената после да питачи. Свој денар си е свој денар утре стаж и пензија да не бидеш на грбот на децата.
А што би правеле двајца сопружници со една пензија од 12.000 денари во иднина на пример? Како би живееле? Две по 12.000 е ситуација во која полесно се дише. Имам колешка мајка на 3 деца, ги носи на курсеви, пливање, каде не, таа работи паралелно фаќа и хонорарна работа. Плус и со хоби се занимава, а секогаш е средена, расположена, ведра и никогаш не доцни, а се е стокмено како треба.
Затоа што мажот не раѓа. Додека жена е на патолошка (некогаш), породилно, зема боледувања, не може да оди на семинари затоа што дои, мажот оди кај сака. И жената сака, ама природата направила така да одреден период не може. И така, мажите земаат конкурентни плати, за кои на жените им треба време да ги стигнат. Уште не ви е јасно зошто? Да нацртаме. Дали јас која бев финансирана прво од родители, потоа од маж, сум средена, депилирана, фенирана, си купувам што сакам за мене и дете, излегувам со другарки по кафиња и кафани? И те како. Дали дома сите сметки се платени? На масата имам за јадење? Имам. Плус, за тие што заборавивте, имам свекрва која ми готви ручек по порачка секој ден.
Жената е една година на породилно. Две деца да има, две години. Уште некој месец заради нега на дете и толку. После тоа е заедничка грижа, плус градинки.Во тие тве години мажот ракета ќе измисли и затоа платата 10 пати ќе му се качи за да може цел живот сам да финансира. Ова другово не е за коментирање, просто не знам што да искоментирам. Фенирана била, најадена и на кафе со другарки одела со парите на мажот што ги печали со работа и тоа бил животот. Типична Трајанка.
Не постои валидна причина зошто една жена би требала да биде невработена. Лош пример и за децата,небитно колку плата има мажот или семејството. Да,идеално е мама да биде секогаш дома и слободна за се но во животот ништо не е идеално,не смееме на децата такви илузии да им ствараме и се да им биде сервирано па и мама заради нив дома до средно да биде. Јас повеќе го сметам неработењето на мајките како посесивност кон децата. Зошто инаку една мајка на пр.3,5,8 годишно дете да не работи?
Ама мене и за партнерот ми е. Не е никој должен да се раскостува од работа само за да може да ме прехрани мене и детето. Прво не е фер, и партнерот е човек кој не секој ден сака да скапува од работа. Океј, има позиции што се со 8 часа и завидни плати, па може да опстои цело семејство. Но ако земеме во обзир просечна Македонска плата, просечни трошоци и просек за живот што ти треба, шанси нема да ти стигнат. Многу луѓе идат и на 2 работа, само за да можат да живеат покомотно. Да пуштам партнерот да се раскости од работа, да си го изгуби здравјето, за јас да седам дома - не. Шанси нема.
Епа затоа може и двајцата да работат, за и двајцата да си ги делат домашните обврски. Пеглањето, готвењето, чистењето се основни човечки обврски, а не работа исклучително на жената. Нити има потреба некој да окапува цел ден на работа, нити пак некој друг само да чисти, готви и пере.