Зошто не ги искажуваш? Треба да се гордееш со твоите достигнувања? Кога веќе се брцаш во туѓото и вреѓаш, имај доблест да одговориш. Или сепак се работи за желбени идни ,,можеби" реализации? Јас знам зошто не сакаш да одговориш, но ајде ќе те оставам да се вадиш дека ова е форум и не треба да споделуваш. Оукеј. Друг пат кога ме вреѓаш, размисли добро. И сега не негираш, а се смееш дека работа по дома имало. Не знам што пример имаш во домот, ама мајка ми е жена што во мојот живот е крената на пиедестал. Се согласувам дека пари нема да ти донесе, ама убав живот? Од кај знаеш кој во што ужива? Твоето е правило за сите?
Јас се гордеам со моите достигнувања, а моите успеси говорат за мене. Гледаш, тука е разликата. Јас досега се што мислев да вложам во кариерата, вложив и инвестирав, но не значи дека нема да инвестирам и во иднина. За мојата струка и мојата наобразба сигурна сум дека ти не си вистинската личност за мене да ме оценува. Чудно како ти се знаеш. Баш "знаеше" и за една членка која дома се и плаќаат и која не била мажена и не е доволно "стручна" да го искажува своето мислење на темата. И да, јас не се фалам со успесите на моите родители, кои се многу успешни и најстручни во своите области, се трудам и инвестирам во себе. Работата дома НЕ Е РАБОТА! Тоа се основни човечки вештини КОЈ СЕКОЈ ЧОВЕК треба да ги прави. Па да, сигурно ќе ужива некоја која е зависна од сопругот и во случај на развод ќе се жали дека нема каде или кога ќе треба да земе пензија, пак ќе чека од децата. Голем успех.
Кога работата паѓа врз грб на ЕДЕН човек во тоа домаќинство апсолутно е работа. Домаќинките што цел ден кафе пијат и одат по шопинзи се оние што се мажени за милионери, не знам која обична жена домаќинка го прави тоа. Не знам зошто тебе ти се чини како идеално нешто за уживање.
Не гледам која е разликата. Пак не кажуваш што си постигнала? Сакам да знам што е успех според тебе. Што немам јас направено и според тебе сум неуспешна? Како не се фалиш со успесите кога само што напиша дека се најуспешни и најстручни твоите родители. Што ти е бе дете? Ку-ку малку? Изгледа нешто не читаш како што треба. Ти не ги гледаш обврските во домот како работа. Да бе, бидејќи на мајка ти дома и е ќеф смрдени гаќи да ти ги пере. Се е работа. Работиш со децата, работа е да чистиш, работа е да переш, работа е да готвиш, да мислиш на секоја ситница, да развозуваш наваму натаму. И тоа пази, неплатена. Вештини биле
Затоа е нагласено СЕКОЈ. Значи двата партнери треба да се инволвирани во домашните обврски. Е па ете да те информирам дека не живеам со моите. И никој не ги завршува моите обврски дома освен мене. Ама не знам како може да не сфаќаш дека ти си таа која се става во инфериорна позиција со оправдување "деца". Или може ти одговара да не работиш, па така си се лажеш себе дека гледаш деца. Во нормален брак, домашните обврски се поделени на двата партнери и двата партнери (мислам на здрави и работоспособни) треба да работат. И да, не може да ме убедиш дека ако не исчистиш денес, ќе добиеш некоја казна или намалување на платата. Иди на работа и не заврши некоја работа, ќе видиш како ќе поминеш. Изгледа спаѓаш во групата на жени што не сакаат да работат, па за изговор децата ги користат. Каде е таткото во твојата приказна? Децата само обврска на мајката се?!
Воопшто не е точно ова што си пишала. Има домаќинки кои имаат солидни примања и можат да си дозволат кафе и шопинг, не мора да бидат мажени за милионери. Освен тоа, домаќинските обврски треба да се поделени, мажот може и да пере,готви, чисти и чува дете. Научете си ги од мали нозе синовите да бидат домаќини, а не жената да биде - Нивна мајка број 2. Туѓите успеси исто така не се ваша работа, секој си ги чува за себе, не бидете дрски и безобразно никој не е должен да ви ги пласира на тацна. Од друга страна ова е дебата на форум,а не ваш личен живот па толку да се пронаоѓате во сѐ.
Ако сакаш, ќе инвестираш. Семинари, курсеви, доедукации, јазици, напредување во работа... И јас имам дете ама ден денес вложувам во себе, со мм секогаш батаме идеи каде би можеле да вложиме, за да оствариме повеќе, инвестираме во себе за да добиеме повеќе. Но @Just.do.it многу детски од твоја страна да кажеш дека работа дома не е работа. Кога останав на кратко без работа повеќе работев одколку на работа.
Тоа го викам и јас, се очекува таква динамика бидејќи е таква поделбата во тој тип на семејство. Не знам кој го напишал тој пример, немам видено, јас зборам генерално. Не е за потценување кога една жена води цело домаќинство.
Апсолутно не е, се согласувам. Ако го води како што треба, оти секакви примери имам видено. Не сите родители се посветени родители, дали мажи или жени.
Тоа е твое мислење. Работата дома не е работа. Зошто?! 1. Немаш никакви последици ако не направиш нешто. Ако не исчистиш денес, никој нема да те казни или да ти ја намали платата или да имаш други последици. 2. Не си врзан со рокови. Ако денес не ми се чисти, ќе исчистам утре. Вака на работа нема шанси. 3. Мораш секој ден да идеш на работа. Значи минимум 8 саати во денот си зафатен. Дома не си. Може денес ќе завршам некоја работа за 4 саати, утре за 8 саати. Сама си го организираш времето дома. На работа не е така. 4. На работа работиш под притисок некогаш. Дома не е така. 5. Имаш поголема одговорност на работа. Дома не. Тоа што ти си работела повеќе дома отколку на работа, верувам дека било твој избор. Никој не ти рекол дека мораш да работиш.
Really good question. Domashnite obvrski se osnovni zhivotni veshtini- sekoj mora da gi pravi za da prezhivee, tie ne baraat nekoi specifichni znaenja i veshtini. Zatoa koga nekoja zhena ke reche jas sakam da sum domakjinka mi e isto kako da reche jas sakam da ja odrzhuvam lichnata higiena t.e. domashnite obvrski se MUST, kako i lichnata higiena, a ne se izbor.
Водење цело домаќинство Мислиш фирма со 100 вработени води. Цел ден по пижами, еден ден со правусмукалка и крпа за прашина пола саат најмногу, машини сами вртат, ручек да стави и толку е. Друг ден ако и се сака прозорци ќе зачисти, ако не, напролет. Пердиња не оваа среда, другиот петок. Битно домаќинство води, се ака од една соба во друга, чека комшивките од работа да си дојдат кафе да пие и збор два да прозбори и така 40 години се изнаработила дома.
Како тоа не морам? Особено со деца, нема сакам-нејќам, морам. Ова со последиците е смешно. Ако едниот е невработен, другиот ќе биде ослободен од овие обврски, па така цела домашна работа паѓа на еден. Од пазарење, готвење, чистење, перење, чување деца и сите 10890309 обврски околју нив ако не се во градинка или училиште. Последици има, само многу сте научени дека жената едноставно мора тоа да го сработи зошто е така програмирана, па не се рачуна како работа.
Да, што е толку тешкп да се разбере таа разлика меѓу маж и жена, плати и напредување на работно место. Ако тоа не е живот, кажи мо твоја дефиниција што е?
Ако мажот работи и го издржува семејството, од страна на жената е фер да работи поголемиот дел од обврските дома. Ако и двајцата работат, треба и паралелно да се грижат за домот. Има мажи што дома не ги интересира ништо, пошто жената треба да се грижи за нив како за дете. Алал да му е на таквите жени што сакаат такво маже, и тие маж алал да му е на среќата.
ama ne, ti ne razbirash, domashnite obvrski se rabota so po 24chasa rabota vo denot. ste zabelezhale li deka toa najchesto go kazhuvaat zheni koi se domakjinki i se teshat deka i pokraj toa shto ne odat na rabota ne lezhat po cel den i ne zavisat od nikoj?