ako postoi razlika vo platite, toa ne e validna prichina za zhenite da ne odat na rabota. Plus, zatoa mozhe roditelsko otsustvo da zeme i tatkoto..ne znachi deka decata se obvrski samo na zhenite.
На никого не му треба валидна причина да му се правда на друг за одлуките во својот живот. Ако има последици како смрт на партнер и сл, сама ќе се сноси со нив.
Па добро, сепак некаков придонес имаш, имаш свои финансии, си ги надградуваш квалификациите. Никако не спаѓаш во жени сосема и исклучиво посветени на домаќинство. Нема врска дали си баш вработена, ти си посветила на детето колку што требало, или колку што си сметала дека е потребно, и си продолжила да се надоградуваш, да го искористуваш својот потенцијал некако. 27 години не е предоцна да почнеш да работиш, повеќето луѓе кои студираат отприлика на тие години почнуваат. Така што никако не спаѓаш во таа категорија која тука се дискутира, а баш така се претстави, како ништо друго да не правиш освен домаќинството и детето.
Аман бе луѓе, па не сте им дома на другите да знаете колку им е тешко/лесно. Не знам ни што толку ви сметаат жени што не работат кога никако не ве афектираат. Сѐ додека нема злоупотреба и не се претставува таа улога како норма за една жена, нема ништо толку трагично во тој тип динамика.
Све океј ама не знам колку алишта ви се собираат и колку прашина ви се прави дома па секој божји ден да усисавате и пуштате машина. Без разлика мажени, немажени, со деца, без деца.
Ne mora takvi posledici da ima, koga ke dojde vreme za penzija, zhenite ke se na tovar na decata. Vo toj sluchaj voopshto ne im olesnile na decata so toa shto postojano bile doma. Druga rabota e toa shto temata brachni problemi e prepolna so sluchki: zhenata saka da se razvede ama nema kaj da odi, ne raboti i e celosno zavisna od mazhot. Nekogash zhenite sami si se stavaat vo inferiorna pozicija.
Сите тоа го знаат и така е да, ама тоа не е темата на муабет. И невработена може да има пари на страна свои и дом кај може да живее после развод. Никој не романтизира зависност од маж, муабетот е дека ако двајцата се договараат еден да седи дома, било кој, и на двајцата им одговара, нема што другите да се потресуваат ако за нив двајца таа динамика си функционира и тоа е тоа.
И тебе да ти цртам? Ајде вака. Маж ми уште пред брак имаше многу големи примања. Јас во брак кога влегов немав потреб да работам, затоа што тие пари беа доволни за се, сметки јадења облека кафиња одмори шетања за викенд итн. Во брак влегов трудна. Целосно се посветив на син ми. За мене посветеност е активности за развој целосен, моторика, мозоче, вештини, итн. Многу работам со него и тоа дава резултати. Од наша гледна точка немаше потреба јас да работам за 300-400 евра. Пред 2 години почнв фриленс за да си пополнам време, со тоа што бирам проекти кои се флексибилни целосно. Сега имам плата повисока многу од просечната. И тоа без да се форсирам. Пробав во градинка да го праќам и да го земам пред спиење, ама поради тоа што тешко се приспособуваше и поради разболувања решивме дека ке седи дома. Јас работам откако ке заспие по неколку час откако ке заспие.
Ќе ти одговорам. Секој ден машина за алишта, некогаш по 2 дневно. Скоро секој ден машина за садови. Секој ден усисивач, додуша кај мене робот за секојдневно одржавање и џогирање. Прашина секој 2 ден. Секој ден свежо зготвен ручек, а кога сме дома и доручек и измеѓу некои јадења. Не, не го правам ова сама, затоа што работам и имам сопруг, а не уште едно дете. И пак куќата е хаос на крајот од денот, едноставно, со деца е така. Дали сега ти смени оваа информација нешто во животот?
Ја не пуштам машина секој ден и не чистам секој ден оти не се собираат алишта одма (а полупразна машина не се пушта) и нема прашина толку брзо.
Ама тоа си ти. А ова сум јас. Тоа е твојот дом. Ова е мој. Ние вака финкционираме. Вие не. Што е тешко да се сфати дека секој различно живее?
Не го правиш сама, точно, 95 посто од работата машините ти ја вршат. Ти само раскреваш. Останува јадење а ако е нешто за варење или печење (најчесто), ти само подготовка правиш. Поточно заедно правите. Толку.
Абе има луѓе што опсесивно чистат по 6 саати и ќе речат еве тешко ми е чистам со саати и треба практично да ги сожалиш оти им е тешко. А уствари сами си накалемуваат дополнителна работа иако не мора секогаш.
Порасни, ќе правиме муабет. Соочи се со реалноста, ќе правиме муабет. Вака само од секој збор зрачи инфантилност. Горда сум што сум мајка на најпрекрасното човече на цел свет. И тоа ми е приоритет. Работата ми е средство за да заработувам. Ако при дете, приоритет ти е работата, подобро не раѓај. Ти како што си се реализирала? И што си реализирала? Барем изјаснете се со другарка ти. Исфрустрирана сум била. Имам работа, имам дете, имам одлична комуникација со мојот маж, си живееме убав живот. Од што да сум исфрустрирана
Да се "реализира" не значи за секоја жена исто. За некоја е да се оствари професионално, за некоја да стане мајка, за некоја и двете, за некоја ниту едно од двете. Ниту едно не е правилно, ниту едно не е погрешно и м оги е глупо да се дискутираат и осудуваат туѓите одлуки.
Ако земеме во обзир дека многу луѓе, мажи и жени работат од 23-23, и до 27 веќе и покачување имаат и искуство, тогаш да, сметам дека доцнам. Лично чувство, што не ми е комплекс ни најмалку. Стои како факт дека во дадени моменти сум била зависна од други, конкретно и родители и маж, а сум трошела пари, без да ми е непријатно. По некоја случајност јас хобито го монетизирав, и тоа добро. Е сега, јас не работам по секоја цена. Имам многу понуди, од кои дел се за полно работно време и се нефлексибилни. Јас такви не прифаќам. Едноставно приоритет ми е син ми, имам простор да бирам и така правам. Летово и имав пауза од два месеци, немав проект и не работев. Е сега, не знам ни дали има потреба да објаснам. Ситуации како мојава нема често. Реално, и јас да сум во ситуација, маж ми да зема 700-800 евра, не би седела дома да се посветувам на дете, а да немам да го носам тоа дете на одмор барем 10 дена, или да се молам да не се разболиме и да имаме свадба во ист месец. Такво однесување е лудост. Муабетот се врти околу семејства каде едниот родител, маж најчесто, зема пари и ги задоволува сите потреби а парите на жената би биле капка во морето.
Jas kako sum se realizirala? Na profesinalno i obrazovno pole. Ne go sveduvam mojot intelekt samo na majchinstvoto kako tebe i da se tesham deka taa e najvazhnata uloga na zhenata. Po toa "Porasni, pa ke pravime muabet" se gleda kolku si iskompleksirana, prifati deka postojat i majki koi imaat karieri, a ne samo da se falat so toa deka ja odrzhuvale kukjata. Patem, da, si ja sakam karierata, sakam da zarabotuvam dobro, zatoa shto taka na moeto dete ke mozham da mu pruzham mnogu povekje raboti vo zhivotot.