40 godini da ne idesh na rabota, ne e bash stvar na dogovor. aj 2,3 godini dodeka porasne deteto, ama 40? Na kraj kraeva, zoshto celiot tovar za finansiranje da pagja na mazhot?
Deteto e obvrska na dvata roditeli poednakvo, toa znachi deka i tatkoto i majkata treba da se vklucheni vo grizhata za deteto. ne e rabotata dali imash potreba da rabotish za 300-400 evra, tuku da zarabotuvash svoi pari, da ne si kako tinejdzerka koj cheka od mazhot da i dade pari za osnovnite potrebi.
Маж ми е апсолутно вклучен во растење и воспитување на син ни. Посветен, грижлив, од одење на ехо прегледи до одење заедно на вакцини, прегледи, знае кога последни какал син ни. Тие 300-400 евра за мене се 8 часа непотребно делење од син ми, каде јас ке црнчам и ке добијам браво од газдата и од вас на форум. Ке сум уморна, можеби и напната, додека син ми ке реди настинка врз настинка. За што? Да не побарам пари од маж ми за улошки. Јас сум решила секс да имам, дете да му родам, да стапам во брак, а треба да ми е незгодно да побарам пари за дезадоранс? Не знам бракот како го перцепирате, ама за мене е интимност. Ако сум интимна секоја вечер, поинтимно не може да биде од секс, значи ок ми е да кажам ми требаат пари. Патем, никогаш не сум барала, ми дава секој месец одредена сума за трошоци. Не мери дали сум ги потрошила на храна само, на алишта за син ми и мене, или сум била во кафана со другарки. Ако жената е доведена на дереџе да бара пари и да се правда за што и се, тогаш плата од 300-400 евра се утеха, не и решение на проблемот. Коренот тука е подлабок.
За да може домаќинка да одржува куќа, некој треба да ја купи или направи таа куќа, да се каже дека е нивна, а дури потоа да ја одржуваат. А одржување не е само да се купи детергент за чистење, туку еден куп работи си требаат. Оставете тие муабети дека мажот доволно заработува, а жената нема потреба да работи. Најголем дел од мажите овде заработуваат за сметка струја во зима, полупразен фрижидер и цигари, толку. А тоа дека една плата им стига на семејство, обично лажат. Знаете како стигнуваат? Така што со години се води строга евиденција, колку и каде се троши, до степен да имаш дигитрон во главата, до денар, и не оди никаде, ама никаде, се крати на се. Ете така стига тенко, најтенко. Животот е страшно скап, а Македонија не е Германија, не е ни Америка. Платите знаеме какви се.
Па за да направиш кариера, може ќе треба да почнеш со 300, 400 евра плата. Дека детето ќе ти направи кариера, тоа тешко. Дека ако ти си пообразована, и ќе имаш разлики во стилот на воспитување, тоа да. Едноставно ќе може да му обезбедиш подобар живот на детето ако ти работиш. Но полесно е да се каже, зошто да се делам од син ми.
@MilaSs12 Очигледно и не си 24/7 со детето. Времето што го седиш на форум за дискусија или по социјални мрежи не верувам дека му дава корист на детето. За тоа време можеш да работиш и некоја пара да си донесеш дома или заработиш за себе сеедно. Сите седиме на социјални мрежи, не дека те осудувам само ти кажувам дека ако имаш време за форум и интернет, значи и детето не е захтевно 24 часа во денот. Од форум не не плаќаат, вака на работа бар некој денар капнува.
Што е за тебе образование? Завршен факултет? Еве јас за малку не го завршив. Да не почнувам дека кај нас факултетите се тема за заебанција кај странци, фактот дека завршија и најнеписмените, дека добија функции менаџерски по икс протекции, итн. Долга и широка е темата за образование кај нас. И квалитетот на истото. Иронично, најслабите ученици во средно се учителки, лично знам човек што повторувал одделение а е професор. На син ми не му фали ништо. Од финансиски аспект е аздисан, нема што нема. Прошетан е, претходно лето на два одмори само. Социјализиран. Игри за развој, сите левели ги поминуваше со леснотија на помала возраст од предвидено. Има посветени родители, татко на кој може да позавиди човек. Конкретно јас со моите 300-400 евра не би сменила ништо. Иако ги земам сега за една недела, ама не е тема на муабет.
Види иронија, моментално работам, ме плаќаат од час, а времето си тече. На социјални мрежи седам кога не сум со син ми. Сега е заспан од 21. А преку ден ако сум активна, значи син ми е со татко му, или пак сум на гости и баби дедовци го играат. Со него фаќам мобилен да го сликам и да пратам слики на баби и дедовци.
Pretpostavuvam deteto da se rodi bilo i tvoja zhelba, shto znachi mnogu pogreshno se izrazi: DA MU RODAM DETE. Ne, tuku rodi dete, ima mnogu razlika megju prvata rechenica i vtorata rechenica. Drugo, ne znachi deka ako ne odish na rabota deteto ke redi nastinka vrz nastinka, ne gledam nikakva povrzanost kako tvoeto odenje na rabota ke rezultira so nastinuvanje na deteto. Brakot e intimnost, da, ama toa ne znachi deka treba cel zhivot da baram pari od mazhot mi...ne sum nesposobna sama da zarabotam. Osven ova, kako shto povekje vlozhuvash vo sebe, taka ke reagirash poinaku na postapki na deteto, kako shto kazha chlenkata pogore t.e. ke imash podobar stil na vospituvanje.
Да да, убаво кажав. Жената е таа која решава дека некому ке роди дете. Ако сака таа ке роди, ако не сака не. Нејзиниот збор е последен. Така да, одлучив да родам негово дете. Тоа е врв на интимност. Гледаш дека за некои муабети да ги разберете треба да сте мајки. Дете кое оди во градинка се разболува. Од 30 деца едно ке е отпорно и со јак имунитет. Другите се 3 дена градинка, две недели дома. Баба сервис не е опција од повеќе причини, жена исто, градинка приватна и државна исти се околу вируси и бактерии. Може да ми кажеш како ке сум подобра мајка ало работам?
Повеќето жени од постарите зборуваат вака „јас две деца му родив, куќа одржувам“. Сексот не треба да е изговор, демек еве имам секс, му родив дете, па пари ќе ми даде, што да не. Што ако мажот си мисли така „Дете и направив, имам секс со неа, дај ќе и побарам пари да пијам пиво со другарите“. Ова се шегувам, немојте сега со дрва и камења. Постарите жени што се сега пензионерки вртат такви муабети. Или муабет „Јас сум била ли на одмор, си ме видела ли?“. А таа цел век ни еден ден не работела, ама се жали не одела на одмор, дури мажот трчал на државно, на приватно, спиел по 5 часа само да ја прехрани неа и децата, да има и за сметки, и за храна, за школо за деца, за се, ама таа на одмор не отишла, а во суштина е уморна од седење. Тоа е едниот скапува од работење, другиот седи.
Финанскиски да. Јас му овозможив посветеност и љубов. Сега и финанскиски ама одреден период не. На ударањево во гради, само ке кажам, ке пораснете и ке видите. Или пак нема. Сеедно.
Уште некоја од вас младите да ми ги објаснеше кариерите прејаки, нов факултет да запишам, млада сум можам да учам.
Ne, ne se izrazi dobro voopshto. Zhenite ne se kravi za rasplod i edinstvenata uloga da im e da MU rodat dete nekomu. Ne, deteto e zhelba na dvata partneri. Deteto duri e vo gradinka, ne mozhe zhenata da ide na rabota?
Oва може и за мајчинството/родителството да се каже. Дека и ќоро и сакато од луѓе раѓаат и прават деца па не мора ништо да значи оти некоја родила и седи со нив. Какви родители познавам, да ти се згади од нив.
Poznavam mnogu majki koi imaat karieri, ama toa ne vi se slusha bash, zatoa shto ne vi ide vo prilog vam koi si sakate da si ste doma so osnovnite i edinstvenite obvrski vo zhivotot- odrzhuvanje na kukjata.
Zostho ne mozhesh da priffatish deka imma majki oki se uspeshni ne samo kako majki, tuku imaat i karieri?
Па ако мислиш дека дете со 38 темп., со вирус, бактерија, бронхит, коњуктивит..., може да оди во градинка, тогаш да. Има деца кои се повеќе дома, одколку во градинка ради разболување.
Образованието не е само да завршиш факултет. Образованието е стил на живот. Ти ги проширува видиците, а со тоа и поинаков пристап и начин на воспитување на детето имаш. Тоа што син ти е финансиски обезбеден е благодарение на мажот ти. А тоа што ти нема да смениш ништо со 300 евра, не е така. Учиш нови работи, стекнува нови вештини. Многу ограничено е сфаќањето, со моите 300 евра нема ништо да направам.