Da, ama toa dete ima i tatko, taka shto mozhe nekogash i tatkoto da bide otsuten od rabota zaradi grizha za SOPSTVENOTO dete.
Секој месец на сметка 300-400 евра да му се ставаат на детето на штедна книшка до 18г, ќе биде обезбедено да си купи кола, да си плати студии на најпрестижен факултет и што не. Ете дури и да не ви се потребни тие пари, може да направат голема разлика барем вака долгорочно. Ниедна пара НЕ Е НЕПОТРЕБНА.
Она што не го сфаќаш е дека болно дете дома е со денови. И двајцата да се менуваат, не се постигнува. Не е темата донор монор ама ептен детски, одма таму ви иде паметот. Не е светот розев деца.
Tochno, dete e bolno so denovi, ama zatoa ako se otsutni dvata roditeli od doma naizmenichno, ke mozhe i majkata da ide na rabota, i ona da pridonesuva neshto za deteto.
Еве, пак детските муабети. Ќе го земам за пример син ми. Месец дена дома- бактерија. После 2 недели, месец дена дома- вирус. Ние дома, корона, па некој друг вирус, не можевме да работиме. Еве, чекаме што е следно. Ние не работиме за работодавец, па можевме да се организираме. Ама кој ќе им даде толку слободно на други? И да е наизменично, некогаш не е остварливо.
Najsmeshno e toa shto kako argument go koristish: "detski muabeti". Znaesh deka postojat majki so top karieri, taka? ili kaj niv ne se razboluvaat decata...?
А дете од 10 години може само дома да седи според тебе? @Lady D ❤️ Знам. Една сум од нив. И? Има разни ситуации, помагаат мајки, свекрви..некогаш не може така.
Леле дајте веќе не се објаснувајте, смешна стана темава. Ич не сакам вака да коментирам ама стварно некои го отупевте. Се едно исто верглате и прашувате и ви се објаснува ама на човек може да му земеш со сила, а да му дадеш не можеш. Кога ќе имате маж, деца, свој дом, може и ќе сфатите, а и тогаш не морате. Сите сме различни.
Да. Јас сум пример за тоа. И не само јас, многу деца знам кои седеа сами дома, а биле 10 години. И замисли, ништо не им фали.
Абе кај ги најдовте тие мажи пола на форумов што заработуваат толку многу? Изгледа сум се за*бала јас...
Не ме разбра. Значи јас имам моќ да родам дете. Природата такви ги направила жените. И јас има моќ да одлучам дали ке родм дете некому. Желба е на двата партнери, апсолутно, ама е пред се одлука на мајката да го роди. Не сакам да ставам жени во уста, ама ке напишам вака, една девојка од форумот, одлучи да роди дете и да го расте без татко. Затоа што таа ја има таа моќ да одлучи. Капираш вака? Да. Познавам и јас. По стоти пат ме цитираш и не разбирам која ти е целта. Води ли во некоја дискусија напишаното? Ако, кажи каде се тие кариери. Што факултет имаат завршено, каде работат, како што почнале и што постигнале до сега. Пример почнала како вработена во банка на шалтер со економски, а сега е директорка на филијала, нешто конкретно ми кажи. Ако мислиш на занимања како професорка, вработена во лабораторија, вработена во банка, каде од почеток е на иста позиција за малку повисока плата, ке морам да ти го срушам сонот дека тоа не е кариера. Тоа е работа. Прочитај погоре. Има, колку се ма број? Ама има да работиш и крај. Таткото ке земе боледување, иако детето ја тражи мама. Ја сум крива што воопшто водам дискусија со деца. Сето тоа ке го направиме ние. И стан ке му купиме. Штедна книшка има, кога веќе спомна. Од нас има пари и се друго што добил за родендени и празници оди таму. Разбираш дека во наша математика тие 8 часа плус превоз не вредат 300-400 евра?
Prirodata ne napravila takvi da mozheme da rodime dete, fakt, AMA fakt e deka toa dete bez sperma nema da postoi, taka shto MAZHOT TI ja imal mokjta da odluchi dali ke ti napravi dete ili ne. Znachi kako sho zhenite imaat pravo na izbor dali ke rodat ili ne, taka mazhite imaat pravo na izbor dali ke napravat ili ne. Toa shto toj tebe ti napravil dete, a ti si go rodila, ne znachi deka si vo nekakkva povlastena pozicija. Drugo, jas sakam dete i osven toa shto MU ragjjam na soprugot, SI GO ragjam toa dete i za mene. Rechenincata: "mu rodiv dete" e tochna vo ovoj sluchaj: mu rodiv dete, ama ne sakam da go rastam, pa go ostaviv i mazhot i deteto. I, na tvoe golemo razocharuvanje, da ima majki so mnogu dobri karieri, konkretno bliski prijatelki na moite ednata e specijalist doktor, drugata e profesorka na fakultet koja shto doktorirashe koga deteto i beshe 2 ili 3 godini. Ako ti velish deka zhenite ne mozhat da imaat kariera, togash kako ima zheni koi rabotat na visoki pozicii?? Mislam, argumentov ti e.... Deteto nema da ja TRAZHI samo mama, ako i tatkoto pominuva dosta vreme so deteto.
И двете страни ја претеравте и идете до екстреми. Едната страна го глорифицира мајчинството како најголемо достигнување на свет и готово, остварување на секое поле со самото тоа. Какво достигнување бре, за трофеи или за човечки битија зборувате? Да пораснат, да се изградат како единки, па тогаш зборувајте дека сте постигнале да направите нешто од нив. Пошто уел, рече некој погоре, дете може да направи секој. Ама како ќе го изгледа тоа дете, е веќе многу комплексна тема. И у реду е, знаеме дека е тешко. Особено ако товарот се наплати само на еден човек од семејството, најчесто е тоа мајката. А другава страна не знам дали е уште полоша. Леле на Мила кога ќе и се закачите, мајке ми не знам како има нерви да ви одговара. Што па вас ви е грижа кој како менаџира со финансиите и со чии финансии воопшто менаџира. Сигурно не се грижите за нејзиното дете дали има или нема повеќе од неа. Така да, намалете на самоцентризам и претпоставки за другите. Кола на 18 има кој да му купи. Немате никаква одговорност тука. Wakes up in a place nightmares are made of. Само мажот работи. Не сум неутрална ич, имам став. Семејството кое се договорило еден да работи, а друг да води домаќинство со 62665262 смарт машини (Бриџиииит, по ново Алекса ќе добие твое име) е ок, затоа што од некоја причина им одговара. А може и не, ама не сум им јас дома за да знам нели. Вие пак ич. Е сега, темава мислев има друга насока, ама се надоврзувам на последните мислења. И така.
Не се карајте. Замислете вака, жената си почнала млада со работа, напреднала во кариера, си создала капитал и сега си дозволува да чува дете, да направи пауза, а да не зема туѓи пари, едноставно користи заштедени пари или нешто слично. Или си станала сам свој газда, па има фора со настинато дете да седи дома.
Zhiveeme vo materijalen svet. Osven ljubov, vreme, energija, potrebni se i pari za da odgleduvash dete. A, voedno, potrebna e i malku chovechka svest deka tazhno e cel zhivot celiot tovar za finansiranje da e na mazhot.
Домашната работа повеќе изморува а не си платена за тоа. Јадењето ќе се изеде, чиниите кои си ги миела по кој знае кој пат пак ќе се извалат, играчките кои си ги собирала после тебе пак ќе бидта расфрлени, облеката која си ја испрала и испеглала ќе биде исфлекана и така да на крајот на денот ти како ништо да немаш работено, а во меѓувреме си се отепал од работа да не зборуваме сите тие работи да се работат со мали деца дека е доста тешко. На крајот на денот ти пак треба да стануваш за децата поради тоа што си дома и не работиш. Наредниот ден стануваш пред ситеи јово наново. Домашната работа е тешка а уште потешко е тоа што никој нема да ти верува дека си стварно изморен и ти треба одмор. На работа кога одаш ти следуваат денови за одмор а ако си домакинка тие денови ги немаш. Ти си 24/7 домакинка, ако одиш на работа а се разболиш имаш право на боловање , ако си домакинка со мали деца нема шанси ти да лежиш. И на крајот се финансиите со кои што ти не допринесуваш дома и некогаш во било која ситуација ќе ти биде одговорено, со сигурност. Да си домакинка повеќе исцрпува отколку било која друга работа, ама големо АМА не си платена за тоа и немаш одмор. Затоа треба да се согледат позитивнитеи негативните работи и да се донесе одлука. Јас од лично мое искуство да се вратам повторно да бидам домакинка самоволно НИКОГАШ.
Da, tochno! Doktor-hirurg ako treba da napravi teshka operacija vo tekot na rabotnoto vreme, ne znae shto e napor se dodeka ne ostane doma so domashnite obvrski. Bez ogled na toa shto od doktorot zavisi zhivotot na pacientot, sepak toa ne e tolku naporno kako rabotata po doma.
Da, tochno! Doktor-hirurg ako treba da napravi teshka operacija vo tekot na rabotnoto vreme, ne znae shto e napor se dodeka ne ostane doma so domashnite obvrski. Bez ogled na toa shto od doktorot zavisi zhivotot na pacientot, sepak toa ne e tolku naporno kako rabotata po doma.[/QUOTE] Докторот учел за тоа и ја сака таа работа за нас ако е тешка за него не е. Тој со љубов ја работи работата. И на крајот на денот ДОКТОРОТ ИМА ПРАВО НА ОДМОР, ДОМАКИНКАТА НЕ.