Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.513
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    А од каде е потребата за споредби? Секоја работа има своја тежина, свои недостатоци и предности, вклучувајќи ја и онаа во домаќинството.

    Што е поентата со споредбите? Од каде потребата да минимизирате или инвалидизирате причина за умор, стрес или шо знам, напор кај одредени луѓе. Едноставно е. И докторот и домаќинката можат да подлежат на истите, како и секој жив човек што е и нормално.
     
  2. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Да не се разбереме погрешно јас бидејќи бев домакинка и знам точно како е , затоа мое мислење е дека не само жената треба да се жртвува, понекогаш треба и мажот.
     
  3. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Докторот учел за тоа и ја сака таа работа за нас ако е тешка за него не е. Тој со љубов ја работи работата. И на крајот на денот ДОКТОРОТ ИМА ПРАВО НА ОДМОР, ДОМАКИНКАТА НЕ.[/QUOTE]
    Chitash li shto pishuvash??
    Od doktorot zavisi tugj zhivot i toa e podednakvo odgovorno so toa shto ti denes imash chinii za mienje?!
    Ova li sakash da go kazhesh?
     
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Како е образование стил на живот? Како? Сакам да знам.
    Сметам дека имам висок стил на живот, за воспитување се водам според препораки од врвни професори, педијатри, доктори итн. Читам истражувања, студии, итн.
    Ама ако некаде грешам, просветли ме.
     
  5. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Chitash li shto pishuvash??
    Od doktorot zavisi tugj zhivot i toa e podednakvo odgovorno so toa shto ti denes imash chinii za mienje?!
    Ova li sakash da go kazhesh?[/QUOTE]
    И мајката е одговорна за детето да не си ја дупне главата.
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.586
    Допаѓања:
    35.013
    Пол:
    Женски
    Еве мене мајчинството ми е најголемо достигнување. Ништо што до сега сум постигнала не може да се мери со одгледувањето и воспитувањето дете.
    Дали сум проста, нереализирана, неамбициозна??? Ич не ми е гајле кој како ме гледа.
    Иначе, јас сум и домаќинка и заработувам, да не се грижите ;)

    Свашта се изначитав на темава :o
    Девојченцава со 0 животно искуство ќе ги скокнам оти не ми се троши време на нив :lol: ама другите?! Нели ви е срам да расправате туѓи одлуки и животи и да се потсмевате? Кој како си го организирал животот не е моја грижа, ниту пак имам волја и време да им го оправам. Се чудам од кај наоѓате вие време? Пошо сите сте страшно зафатени со кариерите? :D
     
    На cresa-jagoda, Annath, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Kako obrazovanieto e stil na zvhivot?
    Eve vaka:
    obrazovanieto ne zavrshuva so zavrshuvanje na fakultetot, naprotiv, togash pochnuva. Prodolzhuva so magistratura, doktorat, obuki, doedukacii, sovladuvanje novi tehniki i veshtini, sekojdnevno uchenje novi raboti.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    И мајката е одговорна за детето да не си ја дупне главата.[/QUOTE]
    А таткото?
    Или само мајката е важна?
     
    На Lady D ❤️ и buba4e89 им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.914
    Допаѓања:
    179.229
    На распуст е Церн моментално, зимски распуст знаеш:rofl:

    Исто- дискусијава е ...како беше...едукација -стил на живот. Ко ќе се наедуцираш па после греота тоа да не го пренесеш на други. И за распуст нешто да се работи, посветеност на реализација е тоа, не ни можеме да разбереме ние:(
     
    На Annath, Yowannty, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Chitash li shto pishuvash??
    Od doktorot zavisi tugj zhivot i toa e podednakvo odgovorno so toa shto ti denes imash chinii za mienje?!
    Ova li sakash da go kazhesh?[/QUOTE]
    Да читам, затоа што сето тоа што е напишано го имам поминато, легнување во 11 вечер, на секој час станување де некое да цица, друго плаче и така до 6 сабајле пошто ти си дома и не мора да одаш на работа. И цели 2 години така и ненаспиена и изморена и болна да се грижиш околу 2 мали деца. Има моменти кога ти сама не можеш да се гледаш а не пак деца. Искрено е исцрпувачки. Тој период бев најслаба, немав време залак во уста да ставам. Кога ќе го поминеш тој пат тогаш коментирај. Затоа што сега ми е многу тешко сум поправена 15 килограми. Затоа што одам на работа. Секоја работа си има своја тежина.
     
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.513
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Цело време си сконцентрирана на себе и на оние со кои демек дебатираш. Ад хоминем се вика иначе. Темава не е за тоа колку си ти поуспешна, најуспешна. Чекај, еве ти аплауз!

    Сега, пошо хирургот е одговорен за пациентите, мене ме интересира за што се одговорни родителите. Може децава, а особено маливе, самите се гледаат и растат, се пазат и грижат за себе. Какво миење чинии? Одговорност кон живо човечко суштество кое се уште нема развиено когнитивни процеси за да процени дека може да падне од кат рецимо.

    Ама некад стварно ви се чудам на писанијава.
     
    На cresa-jagoda, Annath, supergirlmb и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Sekoja rabota si ima svoja tezhina, da, ama mnogu glupo e da izednachuvash odgovornost na hirurg koj treba da napravi operacija i tvoja odgovornost shto treba da izmiesh chinii.
    Mislam nebulozno e, sfakjash?[/QUOTE]
    Да небулозно е, кога ќе имаш дете тогаш наврати се овде да видеш што си пишувала.
    Ако гледаш дете треба очи 16 да имаш во една секунда може да направи беља за која ќе жалиш цел живот, посебно во период кога се љубопитни. За секунда може да голтне нешто, да се исече , да испие нешто што не треба. Во еден ден милион пати му го спасуваш животот на детето.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Убаво напиша, РОДИТЕЛИТЕ! Каде е таткото во оваа дебата?
    Многу мајки ги воспитуваат децата дека тие се ќе прават за нив и после кога ќе се оженат имаат проблеми со сопругата, зошто маженцата така од мама се научени. Е па не може така!
    Достате со величење и хиперболизирање на мајчинството.
    Знаете дека децата треба да се осамостојат и да бидат независни?
    Или вие планирате се да завршувате место нив?
     
    На Lady D ❤️ и baby-star им се допаѓа ова.
  14. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Nikade ne napishav deka roditelite nemaat odgovornost.

    Normalno deka imaat odgovornost, i toa premnogu, normalno deka rositelstvoto e teshko. Ama dete koe e dovolno vozrasno da sedi samo, samo da uchi, samo da ide na kurs, dete koe e vekje tinejdzer, a majkata ne ide na rabota so izgovor zaradi decata (lichno znam vakov primer), toa ne e li nebuloza?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.513
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Таткото може се изгубил негде по пат од работа, еве не знам. Може ќе го најдеш ти па ќе му објасниш дека му е потребен на детето, дека он не знае. Ти знаеш за неговото дете подобро.

    Не, од каде да знаеме дека треба да бидат самостални? Чекавме да дојдеш и да ни кажеш ти. Може ќе ни ги објасниш редум сите стилови на воспитување. Повели почни од авторитативно.

    Процесот осамостојување е процес кој трае, процес во кој се вложува и никако не се случува во еден ден.

    Како се осмелуваш на вакви тврдења, не знам. Се согласувам дека треба да се намали со глорифицирање на мајчинството, ама уште повеќе се согласувам дека треба да се намали со минимизирање и инвалидизирање на она што го поминуваат родителите во вопситниот процес на детето..
     
    На cresa-jagoda, Annath, Мамичка и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.513
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Жалам навистина што твојата околина доловува такви примери. Во мојата го нема ова. А и да го има, како јас би знаела дали е едно дете невоспитано или минува одреден проблем.

    Не е моја работа да превоспитувам родители, а уште помалку да воспитувам туѓи деца. Искрено, не мислам дека е и твоја.

    Бонус: пишуваш со изградени личности кои биле спремни да родат деца, затоа што прво се изградиле себе си. Од друга страна, знак прашалник е со кој пишувам јас. :D

    Патем, за што беше темава? :wasntme:

    Не познавам ниту јас ваков пример и не видов во темава ваква насока. Вакво писание не видов или ми промашило не знам. Исто така, стојам на првичниот став, ако нечија динамика е таква и ним им одговара, мене апсолутно не ме интересираат причините или изговорите за истата.
     
    На cresa-jagoda, Annath, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.993
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да знам мажите што работат што има пари за сите за жена, дете, деца.... и плус да се дома да помагаат :D
     
    На LiquidLuna, elimkd и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.106
    Допаѓања:
    87.947
    Пол:
    Женски
    Чекајте сега малку,се враќаме во прошли векови?
    Значи додека децава не направат 10 год.кога се здравствено поотпорни, кога можат сами да земат за јадење,да седат дома сами,мајките да не работат?!
    Дома да седат?!
    Па баба ми била домашарка бидејки имале 3 деца,доволно пари,дедото лекар и цел живот останала дома за да ги “гледа” децата.
    И не, не е исто,дома работата не е тешка, а маж да работи тешка работа,пр.возење камион,фабрика и сл.или да има одговорна работа не е исто со ставање чинии во машина.
    Или со пуштање роботче да усиса дома,машини да пуштам за перење алишта,садови,сушарата да ги исуши
    Останува да се направи ручек,па тоа и не е тешко.
    Ама себично е едниот партнер да се мачи,а другиот да спие колку сака, работоспособен(facepalm)
    Колку и да се договориле така и да им врнат парите, не се работи само за приходи,жената треба да почне да работи заради себе.
    Не ми се верува дека во денешно време зборуваме за ова.
    И да поздраво за детето е да не бидете посесивно залепени за него па тоа да ви биде причина за седење дома.
     
    На Glowy, andromedae, Алек*** и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Јас не би работела некоја без врска работа ако ни се претураат пари, ама не ми дремела по дома само со тенџерињата да се дружам. Ич не би ми било срам да си ги ставам нозете на маса и да дремам, за надоградување и учење не мора да се оди на работа, патем, кој оди од што му е убаво? Нормално, ако гледам дека се крши од работа нема да дозволам, ќе одам и јас, ама ако со нормална работа прави сериозна пара, па Боже ме сачувај, кој луд би одел цел месец за 400 евра???
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.535
    Пол:
    Женски
    Ех, што убаво си сонувате за градење кариери во Мк. Јас еве, со факултет, со титула, со голема одговорност и стрес и преку 15 години работно искуство не дотуркав подалеку од 400 евра плата (не ги сметам бонусите, секако ги има ако има работа, а ја нема со ист интензитет), децата саглам си ги немам видено оти главам и прекувремено бидејќи пациентите извољеваат, мажот ми е повеќе дома отколку јас, а тој заработува ептен солидно со флексибилно работно време, и ако сум реална, нема потреба да работам. Ама работам, не од што си ја сакам работата, туку од што не сакам да седам дома, не сум продуктивна така. Не дека вака сум ептен продуктивна со работењето, ама јбг, барем се социјализирам.
    Џабе муабети за покачување плата, секогаш кога ќе почнам да зборам за тоа, има изговори дека нема пари, нема доволно работа. Ново работно место? Сите нови што излегуваат се со плата за почетник, иако јас сум со поголемо искуство, ама сите се со изговор дека не можеле да платат повеќе, оти не знаеле што добиваат. Свое да отворам? Нема шанси во Мк, со давачките што ги наметнува државата, со никаков ќар од истото, себеси нема да можам да се платам, не па друг вработен да имам (а задолжително е да имам). Јас не гледам излез од ситуацијава, освен преквалификација, а во моментов го немам тоа време што ми е потребно за да се преквалификувам. Евентуално селидба во странство, ама мојов веќе не сака да оди никаде. Решение е сама да заминам, ама фамилија да оставам, не баш. За материјални нешта ич не ми е дојдено, време за семејството немам колку што сакам. Тоа ми е најголемата болка.
    Малку повеќе ја романтизирате кариерата, ама таа не е баш сѐ во животот.

    Едит: не сум за тоа жената да не работи, се стремам за рамноправност и во однос на работни места и за плата, ама не за експлоатација и лоши услови, како и условување кога да раѓа ако сака да раѓа. А кај нас работодавците си земаат право да прават полова дискриминација. Тоа е она против кое треба да се бориме, а не очи да си вадиме на темава зошто некоја одбрала да седи дома. Секој си има право да го живее животот како што мисли дека треба, а не како што ВИЕ мислите.
     
    Последна измена: 27 јануари 2023
    На Glowy, Mr. Scratch, Ugly Duckling и 19 други им се допаѓа ова.