Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.403
    Допаѓања:
    60.067
    Пол:
    Женски
    Мене ми нема логика едниот родител да работи две работи, да го троши целиот ден на работа и кога ќе си дојде дома да е преморен за да помине време со семејството. Дедо ми за да го прехрани семејството, татко ми го гледал еднаш неделно, понекогаш еднаш на две недели. Други времиња биле тоа, морало така.

    Па неќам сама да гледам дете, кога може и јас да помагам финансиски а тоа дете да добива љубов и внимание секојдневно од двајца.

    А и неќам сама да ги бркам домашните обврски, јас стварно не би сакала партнер што не знае јајце да испржи или машина за перење да пушти.
     
    На Glowy, Amellie13, Ugly Duckling и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    Некои од нас се растени во дисфункционално семејство и доволно ни е јасно дека животот не секогаш е онака како што ќе си го испланираш. Не треба да бидам мајка, имам мајка која работела и работи по 10 саати на ден за кога дошло време мажот после 10 години брак да ѝ рече да си ги собереш парталите и да си одиш, да може да си ги земе децата и да создаде живот подобар и од неговиот.
    И да, мајка ми е фризерка и сметам дека има успешна кариера со свој салон преку 20 години.

    Немам ништо против нечија одлука, ама и те како имам против тоа што страни наназад се вергла како жена никогаш нема да биде успешна ко маж, па најдобро ѝ е да се посвети на мајчинството.
    Вашата перцепција за успех и реалност е индивидуална.
     
    На Glowy, Amellie13, Dream-Girl и 16 други им се допаѓа ова.
  3. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    5.184
    Пол:
    Женски
    Верувам, и никој не може да ме убеди во спротивното, дека колку повеќе е жената еманципирана, толку подобар импакт има врз семејството и воспитувањето на децата. Не знам зошто некои од вас работата ја гледаат единствено како извор на финансии. Да, точно е дека сите работиме за пари, но не исклучиво само за нив.

    Реалноста е дека постојаното присуство на родителите во животот на децата е најпотребно додека се мали и неспособни да остануваат сами. Тинејџер не би имал потреба мајка му да седи до него 24/7, така?
    Прифаќам доколку парите не се пречка, едниот од родителите да не оди на работа додека се децата мали, но тоа по дифолт не значи дека мора да е мајката. Колку е потребна таа, толку е потребен и таткото.

    На крај секој одлучува за себе дали сака да работи или не. Дали сака финансиска независност, кариера, успех (инаку дефиницијата за кариерен успех е индивидуална), колеги итн.. Ама изговорот за неработење цел живот поради посветување на семејството ми е смешен. Нема да бидам помалку мајка ако одам на работа.
     
    На Glowy, baby-star, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.963
    Допаѓања:
    12.658
    Мајка што има кариера ако не друго ќе те насочи што да студираш, учиш, да не го фрлаш времето во ветер. Ќе гледаш од неа како се труди и ќе стекнеш работни навики. Мене ми е жал што мајка ми на пример нема да земе пензија, ама секој си прави избори во животот. Не бидете како нашите баби, тетки и мајки, тоа беше друго време од сите можни аспекти.
     
    На Mikha4 и Мамичка им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Многу премногу сме заостанати во менталитетот наспрема европските држави.
    На запад никој не дискутира дека домашните обврски се работа. Поделени се помеѓу партнерите и двата идат на работа и двата се посветуваат на детето.
    Детето не е само на мајката, па само она да поминува време со него. Но, полесно е да се најде изговор место да се почне да се работи.
     
    На baby-star, Lady D ❤️ и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    @Alexandrite со сета почит, ама тоа што си го пишела за татковци, баби, дедовци и тетки не е воопшто точно. Искрено жал ми е што твоите деца не ја искусуваат таа љубов од семејството. Моите деца уживаат подеднакво во мое друштво, во друштво на татко им, баба им и дедо им. Посакувам сите деца да ја имаат таа желба и љубов кон членови од семејството, за жал кај вас семејно изгледа не е застапено.
    Моите деца се подеднакво нишкани, заспивани, хранети, преслекувани, шетани и од мене и од татко им, а доста и од баба и дедо. Мило ми е што имаме такви нормални семејни врски, и немам себична потреба да речам ЈАС само се жртвувам со МЕНЕ ќе се најблиски. Затоа после имаме такви свекрви, поради тие размислувања.
    Мене може утре да ме нема, имам семејство кое би се грижело за моите деца, семејство кое моите деца подеднакво го сакаат како мене, и семејство на кое ќе можат да се потпрат. Тие врски се градат уште од бебештво, и се подеднакво важни како и мајчината. Ако моите деца ги прашаш кој го сакаш повеќе мама или тато (глупо прашање, знам, ама прашуваат луѓето хаха), тие уште од најмали нозе одговараат со двајцата исто. Никој не ги учел така... не гледаат исто, како родители, на исто ниво. Жал ми е што не се поврзале некои мажи со децата, ама не се сложувам дека така треба да биде.
     
    На Glowy, Ambitious, baby-star и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    Значи у тој случај ни мајката ни таткото нема да поминуваат време со него туку воспитувачката од градинка. (fingers)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    И двата родители треба да поминуваат време со него. И таткото има обврски кон детето, не само мајката.
    Во многу случаи и двата идат на работа, па не гледам ништо погрешно да го пратат во градинка. Баш напротив. Ќе научи како да се социјализира со други деца и ќе се научи на правила и како функционира светот надвор од семејството.
     
    На Glowy, baby-star, Lady D ❤️ и 4 други им се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.328
    Пол:
    Женски
    Мене ми е крајно нејасно како ги минимизирате обврските на машкиот родител. И немојте тука контра аргумент ама жената биолошки е поспособна за чување деца, го родила детето, она има млеко за доење. И тој е подеднакво родител кој може да ги прави истите ствари како мајката, освен што ете нема млеко, ама затоа мајката може да складира од нејзиното млеко и додека е она на работа мажот да се грижи за децата. Затоа и постои можноста маж да оди на породилно а жена да работи. Ги правите работиве ко да се светско чудо, ја мајката маж дома да седел а жена да работела (facepalm)
     
    На Glowy, Amellie13, Ugly Duckling и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    Ова мислење најмногу ми се допадна, затоа што е најреално за во свет каков што живееме.
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.564
    Допаѓања:
    166.738
    Пол:
    Женски
    Моментот со „не ја пушта“ во насловот е проблематичен. Оти партнерот не ти е сопственост.
     
    На KateKane, Lianna Anna, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Во нашето семејство, се си има важна улога... Тато работи, мама работи, даде си оди на училиште, бато во градинка. На поручек сме си дома, си споделуваме, особено децата кој што учел, кој што правел... ниедно дете не ми е лишено од љубов, внимание. Тоа што работам не ме прави помалку мајка од таа што не работи. Обврски делиме (нешто повеќе паѓа на мене, работам од дома, а и заради таквите сваќања како мм бил воспитуван од мал, му требаше време првите години да го сфати концептот, и да сфати дека погрешно бил воспитуван, па се повеќе се изедначуваме), сега дури и децата ги тераме да помагаат да научат со време. Е да, работиме двајцата, дома не ни е секогаш средено и скоцкано, некогаш треба да прескокнуваш играчки, или ќе се натрупаат алишта повеќе за перење, ама се справуваме и функционираме. Кога ќе се натрупаат домашни обврски, ќе засукаме ракави, и турбо низ дома.
    Јас ја разбирам потребата на некои жени дека не сакаат да работат и тоа е ОК, ако решиле така, мажот тогаш би заработувал за двајцата, жената би се грижела за домашните обврски и децата. Но во никој случај не може да биде негативно ако двајцата работат, како што се прикажува тука - да не растеле деца со воспитувачки, мајката била за со децата, таткото не бил мајка итн.
     
    На Glowy, manako1, Ambitious и 10 други им се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.833
    Пол:
    Женски
    Секако дека не е во право, ако жената се откажала од кариерата за да се посвети на домот и децата. Затоа што реално тоа се обврски кои и вработените жени ги имаат кај нас, а не па тие што се дома. За жал ретки се семејствата кај што се е 50:50, дискутабилно е и дали воопшто е можно тоа.

    Треба да е ствар на договор, ама е огромен ризик дека се препушташ целосно на партнерот, па ако се случи било каква непредвидена ситуација во животот зависиш од него. Затоа јас не би одлучила да не работам никогаш.
     
    На Glowy, KateKane, Мамичка и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Во право е. Не е исто некој да иде на работа по 8 саати на ден, секој ден, а некој да се "посветува" дома.
    Одржувањето на домот не бара никакви знаења и квалификации. И како што кажав, никој не те казнува ако не извршиш некоја работа.
    И зошто го сфаќате гледањето на деца дека мајката мора да се откаже од кариера и работа?!
    На детето и таткото му е потребен.
    Жените се тие кои ја минимизираат улогата на таткото.
     
    На baby-star, Lady D ❤️ и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.833
    Пол:
    Женски
    Тоа што за тебе е успешен живот, не е за сите. Некој сака да биде дома наместо на работа, ако тоа е во ред со другиот партнер и финансиски е изводливо, што е проблемот? Дури не мора да значи дека мајката мора да е тој родител. Различни луѓе, различни цели во животот.
    Апсолутно дека не мислам дека мајката мора да се откаже од кариера и работа за да гледа деца ?!?!? Од каде тој муабет?

    Поентата ми е дека се додека е избор, е во ред. Ризичен, ама сепак избор.
     
    На Cinnamon Bun, Aнонимус_, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Е па живееме во свет кадешто се потребни пари за да преживееш. Никој не е должен да дава пари на друг, само зошто на тој другиот не му се работи.
    Работата не значи само носење пари дома. Со работењето стекнуваш искуство, вештини, знаења, се социјализираш.
     
    На baby-star, Lady D ❤️ и buba4e89 им се допаѓа ова.
  17. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    19.950
    Пол:
    Женски
    Нафрлате ставови, ама без факти. Не е точно. На запад (еве барем Германија) најголем дел од мајките работат со скратено работно време, додека па скоро сите јас што ги знам во Македонија се вработени, и сите се со полно работно време. Еве ти податоци од Германија, и тоа овој процент е зголемен дополнително во последниве години, последно прочитав дека во 2022 е 75,5%:o. Има и татковци кои работат со скратено работно време, ама нивниот процент е многу помал.
    Screenshot_20230127-114522_Chrome.jpg
    Во превод: Според заводот за статистика на Германија, во 2020 година две третини од работоспособните мајки работеле со скратено работно време. Кај работоспособните татковци тој процент последно изнесувал само 7,1%.

    Screenshot_20230127-114704_Chrome.jpg

    Еве ти споредба како се развива трендот во однос на 2010.

    На муабетов, се зависи од ситуација до ситуација. Мажот и жената во идеални услови би требало да функционираат како тим и да го одберат најдоброто решение за фамилијата во моментот. Некогаш тоа може да значи некој одреден период да е невработен или со полесна работа, без разлика дали е тоа мажот или жената, некогаш заедничкиот интерес би бил двајцата да работат најмногу што можат зошто фалат финансии. И да, познавам и жени кои што работат и обезбедуваат за фамилијата, а мажите во одреден период (подолг период, не денови или месеци) не работеле. Вистина, многу поретко, ама познавам и такви случаи. Вие не им ги знаете причините, ама ги имало, не дека мажот по дифолт бил легач. Сум за тоа да работи жената (како мајка или не), само се надоврзувам на твојов коментар којшто не е точен. Обврските се делат да, но исто и во Мкд, во многу функционални бракови се поделени.
     
    Последна измена: 27 јануари 2023
    На Yowannty, Alexandrite, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.833
    Пол:
    Женски
    Така де, некој не сака вештини, сака да чисти дома и да седи по цели денови со децата. На тие истите жени им е чудно како други одат на работа и ги оставаат нивните во градинка.
    Тоа не е давање пари на друг, и тој друг не е рандом човек туку партнерот со кој си избрал да го поминеш животот и да изградиш семејство.
     
    На Cinnamon Bun, MilaSs12 и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Во Македонија познавам жени што децата им се по 10 години и тинејџери и тие не работат, се уште со тој изговор.
    Иди најди некој германец кој ќе те толерира така, после ќе збориме.
     
    На baby-star, Tanjamm и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Која кариера жити сѐ? Ај спуштете се во реалноста. Има разлика помеѓу работа и кариера. Кариера не би напуштила, ама работа да. Испаѓа секоја жена во Македонија кариера брка, мижи да ти баам. 99% работат мизерна работа за мизерна плата, од тоа освен сметките и нервозите ништо друго не се добива. Изгледа по 17 години имате и ставовите ви се од Сексот и градот гледање, бизнисменки ќе биле, мхм, така се станува.
     
    На Cinnamon Bun, manako1, Annath и 4 други им се допаѓа ова.