75,5% работат само 4 часа на ден? А мажи 7% Како една висоокобразована личност би работела еве пр.како архитект, адвокат,ит,доктор или професор или не знам медицинско лице,службеник....само 4 часа на ден? тогаш за каква кариера збориме на запад кога поголем дел од жените не се амбициозни да работат повеке од 4 часа на ден. Ако ја сакаш својата работа малку се 4 часа. Иако исто би било и кај нас државата да дава високи детски додатоци кои би покривале пола од платата. Колку би земала пензија утре жена на пола работно врме или невработена,ништо. https://www.dw.com/hr/u-njemačkoj-uglavnom-ulažu-muškarci/a-64284981 Дискриминација насекаде.
Моето бебе расте со тетки, баби, дедовци, братучеди, се што е роднина на куп. Мислам дека и ти не сфати што имам напишано, може и сум пишала нејасно. Бебе до 2 месеци не распознава ликови, но има инстинкт да бара дојка. Затоа и пишав дека таткото го имало го немало во тој период, не менува. Уште помалку роднина некаква. Понатака, да. Се согласувам. Нема потреба да ги жалиш моите деца, за нешто што претпоставуваш дека е така.
Да ама сепак одат на работа макар и пола работно време. Штета што кај нас опции за пола работно време и нема многу. И јас сум за тоа да бидат помалку саати или порелаксирана работа доколку може семејството да си дозволи ама сепак во овој случај имаш сопствени средства, стаж ти тече, и во иднина многу лесно можеш да преминеш во full time доколку има потреба. Работам со луѓе кои работат скратено работно време и гледам дека со тие 20 работни саати неделно не заостануваат воопшто од нас што работиме по 40, во тек си со тоа што се случува и остануваш компетативен на пазарот на трудот што не е случај ако не работиш ништо повеќе години. Поентата ми е дека работење со скратено работно време е скроз различно од тоа да си целосно невработена.
Сега сите ти велат дека МЕНУВА дали е таткото присутен, ти со глата в ѕид. Може ако беше мт присутен, ќе сфатеше дека е важно, вака не сфаќаш и се инаетиш.
Не, Teilzeit (или скратено работно време) не значи по дифолт 4 часа. Се смета за скратено ако работиш помалку саати од тие што се се цело работно време, а тоа колку точно може значајно да варира. Не сум 100% сигурна, ама мислам дека може да се движи од 15 до 39 часа неделно. Во пракса тие што јас ги познавам, најчесто работат од 5 до 7 часа дневно или 4 дена неделно. Исто така, со секое родено дете по автоматизам те следува 3 години работен стаж, (го викаат Elternzeit) дури и ако не си работел пред/после тоа. Барем вака знам од жени што ми кажувале дека им се пресметува. Не би рекла дека се дискриминирани жените, нивна одлука е како ќе постапат. @ForeverYoung да, супер е да го има како опција, особено за кога се помали децата. Ем си полабав, ем одржуваш чекор со работниот пазар. Јас го кажав како пример во контекст на тоа дека не се во странство сите толку кариеристки и дека да, се прават повремено жртви околу работата, или ете си олеснуваат жените во периодот кога се позафатени со мали деца. Секако има кампањи и Германија ова да се смени, обиди да се зголеми или дури и изедначи улогата на таткото во одгледувањето на децата, ама моментално ситуацијата е ваква. И општо, како што кажав, јас во Мкд стварно не знам многу жени што не работат. Секако има, ама повеќе би рекла дека се исклучоци.
Go imalo, go nemalo tatkoto nema vrska?!?! Prvo, kako shto znael da go napravi toa bebe, ke znae i da se grizhi za nego! Tatkoto mozhe da napravi se shto mozhe i majkata, osven normalno da go doi. Ama mozhe da go presleche, da go nahrani, da go uspie, da go iznese na proshetka i sl. Taka shto ne, ne e isto dali e prisuten tatkoto ili ne.
Уште чекам јакиве пословни девојки да ми кажат каква прекфалификација да направам. Да кажат што факултет, каде да аплицирам, како и колку се напредува. Една не се најде да каже какви криерни можности има во Мк. Останува да претпоставам дека понесени од вжарените глави изгубиле допир со релноста.
И сега ако не станеме бизнисменки, најпаметна одлука ни е да напуштиме и да се посветиме на децата? Како така пишувате ствари без да мислите во која насока одат? Пак ќе кажам. Кај се мажите што направиле ваква одлука? Немало можности за кариера кај нас. Ако има можност за мажите да ви заработуваат 6 figures има и за вас.
Ете ако сакаш има безброј можности. Но полесно е да бараш изговори. 1. Можеш да научиш јазик и да полагаш за сертификат и да преведуваш 2. Можеш да земеш Web design или графички дизајн и да се обучуваш за тоа 3. Можеш академија за сметководство или човечки ресурси.
Тогаш е друго. Ама сепак огромна разлика во % со мажите. Па после дискриминирани сме во однос на мажите, па сме кога сакаме да не работиме. и дома да седиме,мажот ке работи и 12 часа ако треба поради тоа. Од секој факултет може да ти се склопат коцките да бидеш успешна. Или од вештини. Имам братучетка која од 23 год отвори своја канцеларија за правни работи,после стана адвокат и денес е успешен и познат адвокат тука,без родители адвокати,судии и сл. А имам и друга нејзина врсничка која од како се омажи за мноогу богат маж напушти работа во банка и остана дома цел живот. Знам девојка која после завршен курс за филигран држи доста познат дукан и турбо работи. Кој е твојот аргумент,не се исплати ништо тука,не работам.
Не би рекла дека се малку 4-5 саати на ден, не дека ние што работиме по 40 саати неделно стварно ги работиме саатите ефективно. Бар за моја работна околина зборувам и за повеќето луѓе што ги знам. Всушност мислам дека тоа е единствена причина што би ме предомислила да работам во иднина со скратено работно време ако имам можност - од мое искуство обично тие што работат 5 саати на ден на пример, ги работат ефективно саатите а ние со 8 саати работиме 5-6 ефективни саати само распеделени во 8 часовно работно време. Нема голема разлика во работните задачи а има голема разлика во платата.
Мојата реалност е совершена за мене. Паметна или не, пресуди сама. Се ова што наброја се опции за работа. Кариера не. 1. Го работам тоа. Како фриленсер. Приходи има одлични, тврдам. Ама, работата како работа не е секогаш константна. Ако имаш константна работа, платата најчесто не е конкурентна. Секако дека има можност за напредок, ама многу мал процент се истакнуваат заради конкуренција на интернационално ниво. 2. Уште една добро платена струка, ама кариера се прави доста тешко. Пак поради конкуренција. 3. Другарка е сметководител и не е задоволна од платата. Напредок нема, само за малку повисока плата се бори. Кариера нема. Доаѓам до заклучок дека сепак кај нас можности за кариера се ограничени. Каде се тие жени кои бркаат кариери? И колкав процент се? Отековте со жени кариеристи, а вака во реален живот ги има многу малку. Да сте малку позрели ке признаевте дека зборите за работа, а не за кариера. Сето тоа е имагинативно, ама без животно искуство е така.
А зошто не го прашаш маж ти или мажите на твоите истомисленички на темава, пошо глеам мажите ви се со толку јаки кариери што за два дена они вадат месечна плата, плус за времето на породилно кариерата толку вртоглаво им напреднала што платата им расте пута десет пошо ете оделе за тоа време по семинари, а жената не....па дај кажете кои се тие толку профитабилни професии и ние да се преориентираме натаму.
Za kakvi frustracii? Sledno: ako ti nemash kariera, site drugi zheni koi se obiduvaat da napravat kariera gi ponizhuvash. Drugo: tatkoto nema potreba da e tuka prvite 2 meseci otkako ke se rodi bebeto. Ima potreba i toa kako ima potreba tatkoto da e tuk. Kako shto znael da go napravi, ke znae i da go gleda! Toa shto tvojot soprug ne e tuka prvite 2 meseci, ne znachi deka site drugi tatkovci se takvi, pa od tuka ti izleguva frustracijata i site ne ubeduvash deka e vo red toa.
Изговори можеш до утре да пишуваш. Ако сакаш ќе изградиш кариера. Ако не, ќе се однесуваш на начинот на кој сега се однесуваш.
Зависи од професијата.Малку се во смисол работиш ако архитект на проект,не можеш да бидеш ефикасен со толку малку време посветено на проектот. ама за други позиции,може.
А немаш со што да се занимаваш, освен чистење, перење, пеглање? Да прочиташ некоја книга? Или полесно е "работа по дома".
Леле стварно идете до екстреми. Како бе, таткото не бил важен. Е, скроз колку и мајката. Сегде по светов почна да се придава значење на ова, фала богу па од мртва точка да мрднеме. Јас на пораѓај, тежок пораѓај, морав да лежам на бокс не ме префрлаа во соба. Ќерка ми ја ставија кожа на кожа со мм. Не ја ставија во креветче до мене. Која е разликата, единствено што не може да дои, чак што више и за тоа има решение. Друго, жена што е вработена и не ја напуштила работата кога родила и брка кариера, не е помалку мајка од онаа која го одлучила спротивното. Пошо дечки, со раѓање не завршува животот на жената.