Работа и кариера не е исто. Тука не ги извадија од уста јаките кариери, жени кариеристи правеле така и така, светот околу нивните кариери се врти. Работи има милион. Подобро и полошо платени. Тоа не е тема на дискусија. Јас кажав, можеби не си прочитала. Не може да се правиш наудрена дека ке растеш дете дома додека почне со школо ако мажот има 700-800 евра плата. За едно семејство денес тоа се малку пари. Се подразбира дека и жената треба и мора да работи за да имаат малку поопуштен живот. Ама ако во едно семејство мажот зема доволно и барањата им се исполнети, не гледам проблем жената да седи дома и да се посвети на мајчинство. До одредена возраст на детето. Потоа нека работи ако сака од досада или некоја друга причина. Не е наш проблем и жената ако цел живот седи дома. И не мислам дека тие жени се глупави. Среќата им се насмеала да можат да не работат. Или да работат ако одлучат така.
Маж ми има приватен бизнис. Детали нема да добиеш, се разбира. Јас сакам да знам кои се тие работни места со можност за вртоглав кариерен напредок. Сакам ама не знам каде да барам кариера. Работа и криера не е исто. Работа имам. Сакам кариера. Каков менталитет?
@Alexandrite Не знам како не сфаќаш дека не ги учиш добро децата. Децата ги учиш, најважна е мајката. Значи ќерка ти понатаму ќе мисли дека така треба или уште полошо син ти, ќе очекува се да прави жена му.
Ама како што тебе ти бил избор да останеш дома, некои жени може навистина граделе кариери кои ги исполнуваат и не е во ред тука со потсмев да го земате тоа. Кариера не значи дека имаш за куќа со базен и 3 одмори годишно во Дубаи, кариера значи дека си почнал во некоја професија од 0 и изградил квалификации и си напредувал со плата, колку и да е тој напредок. Дека си се надградил ти самиот, професионално. Стварно не сфаќам зошто со потсмев на зборот кариера. Јас сум имала мајка на која сум најгорда на светот, бидејќи да не градела кариера, ние ќе немавме за леб, и за школо, заради тоа што во транзицијата татко ми, кој земаше многу поголема плата од нејзината, кој патуваше насекаде и имаше многу поглеми можности, преку ноќ остана без работа. И да, мајка ми посветила време на образование, почнала од најниска позиција во нејзината професија која била капка во морето во споредба со платата на татко ми, ама се издигнала до степен да извади на пат сама (финансиски) со својата плата две деца кои сега имаат свои кариери. И не станува збор за работа од досада, тоа е многу без врска концепт. Noone dreams of labor. Работиш освен за пари, зошто многу почесто човекот има потреба за правење на нешто продуктивно, кое не може да ти биде дете целиот живот. И @Ketchup како што рече, мајка му си има своја кариера, почнала од најниско, сега сигурно има редовни муштерии и успешна е во својата кариера и си има сопствен бизнис, ни од газда зависи ни ништо. Многу потценувате професии.
Ги прашувам колешките околу мене за темава ме гледаат чудно. Им велам - ама мажот добро заработува и имаат за живот. Една ми вели - ако толку добро заработува зошто би се задоволил со домаќинка што ништо не заработува и од седење дома затупила? Со тек на време ќе посака некоја активна, способна, таква како него. Поздрав од колешките
Претпоставувам во странство работиш. Се гледа дека се светлосни години пред нас. Овде само тавче, тенџериња, алишта, јадење, чистење, перење, друго нема што да се прави муабет. Ама зошто и жената да работи за 300 евра кога може мажот да ги издржува?!
Мажите не ги прашувам, знам што ќе ми одговорат. Ниту еден не би издражувал права здрава жена на долг рок, Бог да чува цел живот. За нив тоа се луѓе рамни на оние кои можат да работат а користат социјално. А од такви коса им се крева.
Јас будала на мм му кажав ко ќе се преселиме дома ќе седам, он има доволно за тројцата, со се дете. Ми вика абе ќе имаме, ама иди некаде хонорарно барем 2-3 реда муабет да направиш а да не е на бебешки.... Друго немам шо да кажам на темата, упропастена е секако
А бе кој како си ја наредил. Ако мажот не му смета доживотно да ја издржува, а неа не и смета да се става во ризик за безизлезна ситуација, кои сме ние да судиме? Она што боде очи на темата е комплетното потценување на улогата на татко, комплетно потценување на многу работни места и комплетно потценување на работоспособноста на жените. Се претстави сликата ко да нема никакви опции за жена да успее со работата во Македонија, а од друга страна мажите сите испаднаа со илјадници евра плата. Од каде тоа? Еве не продолжувам понатаму, овој дел ако сака некој да го објасни.
Бебето распознава топлина, допир, слуша гласови (гласот на таткото, оној што бил присутен нели, го распознава уште од утробата)... . Значи ако остане без мајка детево ко ќе се роди, да го фрлиме в канта... секако 2 месеци нема ни да преживее со татко. Не го распознава, џабе ќе е, така? Грев ми е за деца при татковци, сираци ги правиме... каков менталитет.
Со тоа што јас моментално не работам, а маж ми одлично заработува, навистина мислите дека во денешно време седам само дома во 4 ѕида и зборам за тавчиња, алишта и ручеци? Не е ова минатиот век. Ај само замисли си дека денеска можеш да потрошиш една одредена, поголема сума на пари и тоа е така секој ден уствари, што ќе направиш? Не верувам дека ќе се занимаваш само со алишта, ручеци итн, епа не се занимавам ни јас. Така што ај не претпоставувајте многу и ве молам излезете ми од џебот, мој живот, мои можности, што сакам ќе правам. Што и да напишете мене лично не ме навредува, само кажува за вас. И безобразни сте да ви кажам, триста глупости изнапишавте, милиони црни сценарија за загуба на партнер, се дрзнувате да зборите за воспитувањето на туѓи деца, љубопитни сте што работат нашите мажи, со тоа и сакате да знаете колку заработуваат... брука сте. Ја доведовте темава до дното, уствари има ли некој одговорен за темава, на ништо не личи веќе. @RainBow
Не е толку едноставно. Темата е малку подлабока од тоа само да речеме ајде мрзливи се, децата им се изговор да не работат. И мислам на тоа се однесуваа постовите на @Lianna Anna , пошто вака нема да се развие дискусија до тој степен да се навлезе до таму во темата. Една е мрзлива да речеме. Ама кога е широко застапен став, што е тоа што придонесува ете многу жените да се со такво размислување? Мислам, може да речеш, епа многу од нив се мрзливи. Ама не знам дали ќе верувам дека тоа е причината.
Па најнормално ги прашуваш што се тие работи, не одговараат љубоморни сме вака така. Зашто да кријам ако работам доктор, професор, келнер, шанкер, продавач, дистрибутер.........(или било што ) би кажала де
И да, ниедна работа на светов не е срамна. Работа била, не било кариера. Се дури чесно си ги заработувам парите, без разлика колку и да се, мои си се и мило ми е. Секој човек си има свое место во општеството, секој човек кој со пот си ги вади парите вреди 10000 пати повеќе отколку некој политичар да речеме. Не постои срамна "работа". И не е ништо поинаку од кариера, која патем за да ја достигнеш треба да почнеш од 0. Без пари сум идела да гледам, да учам за да можам денес да заработувам свои пари. И не сум се покајала, ниту еднаш.