Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Значи ако е адвокатка - кариера има, може да работи... ако е продавачка - работа има не кариера, чуму ти е, поарно деца гледај!
     
    На Waverly Raven, Bridget, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    А бе оговарање на селска чешма. Види, кога во дискусија се користат лични искуства како аргумент, мислам дека нормално е да очекуваш дека тие искуства ќе се искористат и како контра аргумент.
     
    На GirlRose, Lella, Lady D ❤️ и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Како машко да дадам мислење прво на насловот, после на ова што сте дискутирале.
    Нема причина зошто да не ја ПУШТАМ? жената да работи. Ако има уште такви луѓе, нека се вратат во пештера.
    Во 21 век во работата и домашните обврски немаат поделба на мажи и жени, секој треба да заработува и да знае да си зготви, испегла, исчисти соба. Мене на овие години срам ќе ми е да чекам мајка ми да ми испегла кошула за до факултет или работа или собата да ми ја чисти таа. Во куќата сите обврски ни се поделени откако сме станале тинејџери. Може не правам ручек секој ден, тоа најчесто ќе направи мајка ми зошто најдобро готви, затоа трева јас ќе искосам, брат ми дрва ќе цепи, татко ми машина за садови и алишта ќе пушти, правосмукалка, 2 копчиња, ништо сложено, нема пол што не знае да го направи тоа.

    На дискусијата што ја водите сега. Најискрено не би сакал партнерка, жена што не придонесува финансиски за домот и тоа со години. Пред се поради неа, од дома седење нема фајде, посреќна и поисполнета ќе биде да прави нешто со животот. Секој здрав човек треба да работи и да биде продуктивен, не да седи и да меша манџи дома и да гледа цел ден серии, да спие и лежи по цел ден и да чека на готово од маж или жена.
    Познавам роднини кај што мажот не работи со години, а жена му работи и цела фамилија ги издржува, овој по цел ден ракија си пие и спортска игра. И ова ми е преглупаво и нејасно.
    Во домот сите треба еднакво да придонесуваат. Модерно време е, сите студираме, работиме, вложуваме во себе, нема тука поделба на пол.
    Не поддржувам луѓе џаболебари и неработници, мрзливи, што живот е тоа?
    И милиони да правам, нема да сакам некоја да седи и на готово да чека од мене со години. Во животот ти треба човек со кој сте на исто ментално ниво, да напредувате, а не да се уназадувате еден со друг. Едниот да работи, да носи финансии дома, другиот да џаболебари и да чека од другиот само, без разлика кој пол што од овие две е.
     
    На fashion-addict, Glowy, sparklie и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    19.884
    Пол:
    Женски
    Правиот наратив на темава за да се развие убава дискусија. Мрзливост, не дека нема такви, ама јас искрено мислам дека проблемот е многу покомплексен од ова.

    Различни и многу причини се, а голем дел од нив се и валидни. И покрај обидите тука да се минимизираат. Исто како што страната мајчинство се истакнува до екстрема, така и другава страна со мрзливите бе. |(

    Ама пред се, чисто субјективно размислување, најголема причина се можеби традиционалните родови улоги. Знаеш онаа идеја дека жената се смета себе првенствено одговорна за семејство и домаќинството, па не ни очекува дека некој од неа очекува да работи.

    Каде лежи овој проблем? Пред се, во семејството каде првично се развива единката. Значи воспитувањето кое и тоа како има голем удел. Друго, има и жени кои се зависни од брачниот партнер и не гледаат апсолутно никаква потреба да бидат финансиски продуктивни.

    Шо знам, несигурност во сопствените способности на пример, дискриминација, недостаток на поддршка (она кога треба буквално да менаџираш и семејството и работа со психолошки притисок од другиот брачен партнер).

    Бременост, грижа за дете, грижа за болни членови од семејството, здравствени проблеми, недостаток на работни места... Многу ги има.

    Е сега, зошто јас сметам дека една жена треба да оди на работа е пред се, финансиска независност, лично задоволство, кариера, социјална интеграција, економски придонес итн. итн.

    Ама исто така мислам дека секоја жена треба да одлучи индивидуално својата ситуација и околностите кои ја опкружуваат, дали ќе оди на работа или не. Се додека е нејзин ненаметнат избор и истиов не предизвикува последици по другите, моја работа ова никако не е.

    Од друга страна е контрадикторно, бидејќи ако идеме да ја дискутираме првата точка, значи родови улоги, испаѓа дека ваквиот избор е наметнат. Затоа, иднината е во вас младите, по писанијава, не се сомневам дека ќе ги учите децата на правилни избори.
     
    На Glowy, Annath, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Точно ова болдираното.
    Мене искрено многу ме разочарува тој наратив кој го гледам во темава во смисла како да само жените мора да се посветат на семејството, дека нема баланс, дека мора да се избере кариера и дом, дека освен на работа, мораш ти како жена да се грижиш за домот, дека исклучиво мажите се способни за голема заработувачка.
    Да, системскиот проблем постои, но тоа што мене ми боде очи лично е што некако имам впечаток дека индоктринирано е кај самите жени дека тие не можат пример да бидат bread winners. Малку разочарувачки.
     
    На Lella, Bezimenka90, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    Настрана сите идеали, можеби најфункционално семејство би било доколку и мажот и жената се едуцирани и кавалификувани со тоа што додека се мали децата жената да е ослободена од професионалната работа а како што пишаа и поназад кога децата се веќе тинејџери а воспитани и израснати на прав пат мајката не е толку потребна да биде 24/7 со нив и може да се врати да си работи во својата сфера.

    На тој начин и во екстремни случаи на смрт или развод или било какво недоразбирање и мажот и жената ќе бидат оспособени за работа.
     
  7. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Читам и се чудам. :D

    На тема за кариера, во жените е иднината. На факултет, од 300 во генерација, само 15% дали сме машки. Верувам дека на техничките факултети можеби мажи преовладуваат, но како професија што ја спомнувавте кај што можело да се има кариера - медицинската, жените преовладуваат и се едни од најуспешните во државата кои заработуваат големи плати. Пр. Софијанова. :lol:

    Ние мажите не ве потценуваме, вие самите си се потценувате и се ставате на ниво подоле дека не сте можеле колку нас да заработувате. Зошто таков мајндсет владее? Не мислам дека колешка во иднина ќе зема помала плата од мене. Иста професија, исто сме учеле, исто ќе сме образовани, исто ќе работиме. Платата ќе биде иста за двата пола.
    Немојте со такви изговори да демотивирате луѓе околу вас.
     
    На AneSk, Amellie13, Ambitious и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Кои традиционални родови улоги Лиана? Кое време сме? Мајка ми и скоро сите жени од нејзина генерација работеа, јас сум друга генерација жени за кои воопшто немаше дискусија дали треба да работиме или не, еве сега и нашите деца веќе стигаат за врски и брак...која генерација жени што не оделе на работа влијаат уште на нас? Бабите наши? Не, поединци се, не се традиционални родови улоги.
     
    На mal.ecka, bertold, baby-star и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    19.884
    Пол:
    Женски
    Време во кое телефонов е еве попаметен од мене, ама некои таканаречени вредности (кои секако дека тоа не се) останале неискоренети. :D

    Наративот дека жената е за чување само деца, дека е мајка и нема потреба од напоредна општествена улога поради истото, од каде потекнува Бриџит? Зошто една жена би размислувала дека ова е во ред? На страна валидни причини од здравствена гледна точка и слични.

    Можеби се поединци и/или исклучоци, ама ги има. Не е така застапено како претходно, точно, но се уште преовладуваат вакви мислења. Дел од причините се. А статистики со причини по процент, не можам да гуглам. Ценам по мислењата тука.

    Не ме разочарувај со тема мрзливост, бидејќи такви исклучоци немам намера да дискутирам. Аргументите за истото, се само навреди во темава и не водат до продуктивна дискусија.
     
    На MarijaMi90 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.968
    Допаѓања:
    134.892
    Пол:
    Женски
    Мислењата надвор од тема, со навреди и кавги се избришани. Се надевам доволно детално исчитав се, ако сретнете нешто несоодветно не се фаќајте за негово цитирање туку пријавете :)

    Ве молам да се држете до темата на дискусија, не до поедини мислења. Доколку некој навредува пријавете, ќе биде санкциониран, не се надоврзувајте на постот, не ја продлабочувајте кавгата.

    Епитети од типот "сељанка неизживеана" се навредливи и казниви. Следната нивна употреба ќе резултира со одмор од темава.

    Се надевам на разбирање и соработка од ваша страна.
    Продолжете на културен начин со дискусијата :)
     
    На cresa-jagoda, Celltica, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Машки
    Одлично кажано, од збор, до збор. (y)
     
    На eliesaab, buba4e89, Radler и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    А, ако работи од дома жената се важи? :)
     
    На buba4e89 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  13. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Има само една причина поради која мажот не би ја ПУШТИЛ жената да работи-болест, психичко растројство.
    А тоа дали работи или не жената по своја/заедничка желба е друга работа.
    Сите зборуваме за еманципација, еднаквост, продуктивност на двата пола, и да, жената треба да работи, ама забораваме дека треба да се “ослободи” од домаќинските обврски, односно да готви/чисти/чува деца исто толку колку што тоа го прави мажот.
    А не вака, жената на работа од 8-4, се враќа дома и “работи” до крај на денот.
    Не може да очекувате од жена што работи исто колку и вие, да има зготвено ручек, исчистено, децата прошетано. Не може жена што работи работа која носи финансиски приходи дома, истовремено да биде и “домаќинка”. Тука мислам дека лежи проблемот, а во многу семејства за жал уште е така.
     
    На Adidas888, Angie1432, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Ако жената е омажена со прав маж, а не со некој кој се кажува маж само заради тоа што го има меѓу нозе, можеби и нема да доживее еден ден да биде понижувана и да и биде триено на нос за тоа што тој ја издржува. За жал такви се ретки, кога тогаш ќе и биде префрлено. Жив пример за тоа е тетка ми никогаш не работела, ден стаж нема, тетин ми не пропушташе прилика да ја навреди и понижи секој пат не гледајќи каде и пред кого...многу пати и пред мене, жената ќутеше бидејќи немаше каде. Почина тетин ми звучи сурово ама се спаси" тоа го викаа многумина...зема пензија од него, жената после некое време буквално процвета се освежи мислам ликот и се смени. Никој не ја навредуваше, понижуваше си има свој денар. Затоа ако мислите да седите дома и да не работите, прво бидете сигурни дека сте со прав маж, кој нема утре да му текне да почне да ви трие од нос за пари. Најдобро според мене е жената да си има свој денар.
     
    На eliesaab и AneSk им се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Изгледа не. Па како мажот мора да се спремиии, па на ладно да искочиии, па до работа да стигнееее, мадињата да му смрзнат, а она дома да се грее?
    Што постигнала она во животот?
    Не! Само еднакво ако работат, тогаш се признава!
     
    На Skyler, mal.ecka, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Многу идиотски од страна на нејзиниот сопруг.
    Може ќе звучи сурово, но и тие пари што ги зема не се нејзини. Благодарение на нејзиниот сопруг се.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Тоа да ама колку има истрпено заради него ова како "награда и е" не мора да чека од децата.
     
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам зошто да го трпи.
    Ако е работоспособна, секако дека треба да најде работа и да не зависи од никој.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Така било пред 30/ 40 години. Повеќето жени биле дома. Млада се омажила деца и останала за жал така.
     
  20. cookie18

    cookie18 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2023
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Доколку се најдам во ситуација маж ми да ми забрани да одам на работа, и притоа причината за тоа да е само ете така, неќе едноставно и тоа е тоа, ќе направам компромис. Ќе ми ги плаќа сите месечни трошоци од типот на депилација, нокти, фризер, и плус сакам да ми дава месечно пари најмалку колку минимална плата во МК, и тие пари да не ги брои во парите што ќе ми ги даде за фризер, маникир, педикир. Доколку не се сложи, јас ќе одам на работа, а доколку иде кон тоа по секоја цена да не одам на работа и неќе да ги сноси финансиските последици за моето неодење на работа, ќе си сноси други нефинансиски последици.
     
    На Bebence29 му/ѝ се допаѓа ова.