Јас работам од што сакам, си ја сакам работата и сакам да вложувам во себе! И 100 ден да се заработеми лично мои пари ќе се, јас не сакам да сум домаќинка и дома да сум 24 часа. За мене е тоа несфатливо ви 21 век, да чекаш се на тацна од некого, јас од моите родители не сум чекала и барала ништо, а не па од маж ми, сами си створивме се, сами си правиме како што сакаме. Не може да ми забрани да одам на раб, ниту пак јас на него, тоа е сулудо според мене, ако ми е сопруг не значи дека треба да сум негов послушен слуга.
Па, да не се лажеме има такви и што работат од што сакаат оти како домаќинки ќе се пореметат малку психички. Не работев за време на короната, и скренав Немавме потреба и отпосле да работам ама почнав мутава да станувам, заборавив муабет како се прави А другиот муабет дека си требаат свои лично заработени пари, треба секоја жена да има. Никогаш не знаеш што носи животот и кај ќе завршиш. Барем да не завршиш без скршен денар. А тие мажиња што не дозволуваат женичката да работи оти "многу ја сакаат, и не сакаат да се мачи" не е од што ја сакаат Чест на исклучоци
Cenam mazi koi dovolno zarabotivaat za da semejstvoto zivee bez oskudevanje I sto I davaat izbor na zenata dali saka Ili ne saka da raboti. Ubavo e zenata da gi vospituva I chuva decata dodeka se mali. Moram da rabotam inaku ne bi rabotela.
Лошо е многу.!!! Еден ден тој маж ќе ти префрли и се ќе ти извади на нос, како он те издржува, како ти си само домаќинка или мрзлива и неспособна. И да не се деси ова пример никогаш да не префрли ни збор, ти самата ќе се осеќаш како товар, дури и потчинето што за најосновни работи како на жена што ти се потребни, влошки и слично да немаш пари сама да си купиш и да чекаш маж ти да ти даде. Без разлика дали работам од што морам или од што сакам убаво ми е кога ќе заработам сама свој пари, најпрво јас со тоа се осеќам продуктивно, седењето дома е толку досадно и еднолично, монотоно, едноставно забораваш муабет да правиш затоа што не се социјализираш секојдневно. Имаш премногу слободно време и од што имаш толку дури не знаеш веќе ни како да го искористиш. Еве моментално сум дома не одам на работа од х причини, скренувам секој ден, не знам што со себе веќе. Кога одев на работа имаше денови ќе ми се смачи и ќе речам ех камо да си седам дома сега, и се жалиш кукаш, ама сега со душа чекам да почнам пак да одам. Не сакам да изигравам чувар на куќава и по цел ден да седам да ја чувам да не ја нападне некој.
И да работи и да не работи жената сепак е домаќинка, колку и да помага мажот во домашните обврски, сепак децата од мајката бараат се, има и исклучоци. Сите сме различни, некои што можат да си дозволат си викаат чистачка, на некои мажот им помага во чистење, средување, итн, јас лично колку и да можам да си дозволам чистачка не сакам, ниту па мм не сакам да ми средува по дома, може некои ситни работи. И мајка ми одела на работа, се уште оди, па била и домаќинка, каде се видело порано маж да помага по дома, секако имало исклучоци (дедо ми и женски работи работел по дома), ама знаете како било маж да чисти, пере, па срамота, што ќе кажат комшиите, па и сега е така, посебно во помалите градови, ама не мора да значи, и таму има исклучоци. Малце оф топик, а на темава друго е жената да неможе да работи од оправдани причини, друго е маж да не и дозволува (само незнам каде ги наоѓаат таквите мажи, па и порано жените работеле), освен во времето на баба ми кога имале по 4-5 деца, па немало градинки и морале да ги чуваат.
Не, не треба мажот да "помага". Во оваа економија кога мора двајцата да работат за нормален живот (во најголем број случаи) не можи само жената да ги работи домашните обврски, а мажот "да помогни" ако сака. И тој живее во тој дом, обврска му е и него исто колку и неа.
Ама и јас тоа го мислам, зборам за постарите што мислат. Не помага мажот во домот, секако и тој живее во тој дом, тоа го пишав како размислуваат постарите, еве пример свекрва ми, еднаш бев на работа, мм баш тој ден не беше, ја сретнав во двор, и велам ај да видам што ручек ми направил, а она еее он ручек ќе ти прави, па нема само мене да ми прави туку на двајцата, а за други работи сака заедно да правиме, ама во кујна и купатило не му дозволувам да ми чепка, сама побрзо ќе средам, ама пример он надвор дворот ќе го средува и други работи.
Па јас реално не се сметам за домаќинка Се сметав кога не работев, тогаш маж ми немаше никакви обврски кон домот. Сега кога се вработив, маж ми е периодов без работа оти ја затворивме фирмата и скоро ништо не правам преку недела. Викенди само. Ако имам време од работа правам ручек, гледам од сабајле ако можам садови да измијам и толку. Не викам дека тој се прави, нешто ме чека и мене за викенди А и детето не бара сѐ од мене, подеднакво е и кон двајцата. Блиску до темава, брат ми ко се родил мајка ми зимала поголема плата од татко ми, и татко ми останал дома оти не можеле да го запишат во градинка А ние и ден денес се расправаме дали мажот или жената треба да седи дома И дали мажот смее да и забрани на жената да работи. 30 години немаме мрднато од место со менталитетов
Па не смее да и забрани, кој век сме, татко ми не и забранил на мајка ми, ниту дедо ми на баба ми, само што тогаш немало градинки, а 4 деца затоа баба ми останала, дома, и затоа пишав кај ги наоѓаат такви незнам, во на баба ми времето не им забранувале, само што морале поради децата. И домаќинка не мислев во буквална смисла, само децата повеќе бараат од мајката, пример и мене и брат ми некогаш не чувал татко ми, мајка ми одеше во смени и ни готвеше, се, ама пак си баравме мајка. Ние со татко ми околу јадењето повеќе се сложувавме отколку со мајка ми. Какви шпагети болоњезе правеше, а мајка ми не јаде такви работи. Јас нигде не пишав дека жената не треба да работи.
Јас имам искуство. Што правам во слободно време? Се посветувам на син ми со многу заеднички активности. Не оди во градинка и денот ми е исполнет. Кога би одел во градинка, во слободно време би била посветена на некое хоби. И не би гоноставала 8 часа, туку 4. Откако работам, немам толку слободно време, ама заработката е добра и не сакам да оставам работа. А искрено ми фали да сум слободна за работи кои ме релаксираат.
Kolku zaostanato srednovekovno mislenje. Devojche Sreden Vek pomina, izlezi od nego i dojdi vo 21 vek kade ne e sramota mazhot da uchestvuva vo domashnite obvrski isto kolku zhenite. Toa shto mazhite imaat penis ne gi amnestira od delenje na domashnite obvrski so zhenata.
A каде пишав јас дека не се сложувам со тоа дека мажот треба да учествува во домашните обврски? Пишав што мислат постарите, а не јас, и ние си ги делиме обврските, пример јас во кујна и купатило не дозволувам, си средувам по мое, ама затоа мм си работи други работи, дворот итн. Дај престанете да извртувате мислења. Или не сфаќате или како ви одговара си читате. Пишав за порано како било кај некои, кај нас дома и татко ми и дедо ми учествувале во домашните обврски, поготово дедо ми и сам си се переше кога баба ми беше во болница, само тој и мајка ми пуштаа машина, пишав татко ми не чувал кога мајка ми одеше во смени, и доручек и ручек ни спремал, каде јас пишав дека е срамота??? Само да се пишело нешто и да се изврти. Само да знаеш колку млади парови има каде мажот само на работа оди, јаде и легачи, сега брзо прочитав, не ми текнува во која тема.
Prvo mazhot ti ne TI sreduva TEBE, tuku sreduva za da e chisto zhivealishteto kade shto ZHIVEE I TOJ. Mazhot ti ne zhivee vo hotel, pa znachi toj ne ti sreduva tebe, tuku sreduva za da vi e chisto vas, na dvata. Drugo, osven toa shto zhenite se domakjinki, toa znachi deka i mazhor e domakjin, zatoa shto domakjinstvoto i obvrskute okolu decata ne sleduvaa po default na zhenata.
Па не сакам де кујната и купатилото, други работи средува, друго е тој да не сака и да легачи, друго да сака и да учествува, го средува дворот, терасите (имаме 3), или тое не се смета за учество на домашните обврски, туку само внатре? Е добро де пишав дека не сакам ни чистачка, некои немаат проблем со тоа, јас ете не сакам, и што е проблемот што сите имаме различни мислења? Јас работам од дома, и имам повеќе време. Како рипате и ќе не потепате некој ако има различно мислење од вашето. И немам јас различно мислење, туку едноставно јас си сакам да си средувам, мм си има други обврски по дома и си ги средува, пушта машини, алишта пружува, повеќе живеел сам надвор од мкд и знае се, и ручек знае да направи, ама работи од сабајле до вечер, дали треба да го чекам кога ќе дојде да ми направи ручек доцна? Така ќе не фати 23 часот да ручаме. И дали треба двајцата да се буткаме да ја средуваме кујната и купатилото, или јас да си чистам едно, тој друго? Само колку да знаеш поделени ни се обврските, во кујната не сакам ниту свекрва ми, ниту мајка ми да ми чепкаат и помагаат. Ете тоа сум јас, имам повеќе време и си средувам на време. Оф топик се мислењата, има соодветна тема за тоа дали мажот си ги извршува домашните обврски.
И ти ја промаши темата Прво, работиш и не сакаш да се оставиш без работа. Второ-идилата беше, имам слободно време, кога сакам, колку сакам. Со мало дете, не можеш ни да спиеш кога сакаш, колку сакаш. Значи сакам некоја Кардашијанка да пише, која има дадилка за деца и маж кој не ја пушта да работи- како точно изгледа тоа слободно време. И јас работам и имам дете и немам слободно време, па ме занима, како ли изгледа тоа