Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си напишам мое мислење .Никогаш ама никогаш неможам да сфатам како може се уште да постојат такви мажи што не им дозволуваат да работат , незнам каде има такви зошто во мојот круг нема . А за тоа погоре што го пиша членката во домот мора да учествуваат двајцата партнери ,сакам да ја прашам дали тоа се подразбира и дека жената треба да ги извршува машките работи ? Гледам од мажите очекувате во се да учествуваат и тоа е ок ама немојте одма да реагирате ако некоја членка има поразлично мислење од вашето еве и јас ќе кажам сопругот мој во се сака да учествува дома ама јас не сакам зошто ако земе салата да прави лом доле и собира ама друго е јас , тој за тоа време додека чистам или правам нешто по дома ги игра децата или ги шета во парк ,ме интересира дали тоа се смета за помош ?Пардон ,не помага туку учествува .Ајде сега членката погоре нека ме распне. Не е ова за тука ама се надоврзав на мислењата погоре ,извинете за долгиот пост .
    Очигледно некои членки неможат да сфатат кога е пишано со иронија .
     
    На GirlLove и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Тоа на филм. Кога ке решиш да родиш, свесно прифаќаш дека нема да си ти на прво место туку детето. Лично ми е чудно да оставиш дете на страна за лично уживање секој ден. Еднаш неделно и те како е потребно мајката да одмори од се, и дете и работа и обврски дома и маж и се. Неопходно е.

    Лично ми е прифатливо да најдам жена да ми чисти редовно дома. Сега за сега немам потреба, работам флексибилно и маж ми до некаде може да се каже, обврски делиме на пола, станот ми е три спални и дневна со две вецеа и постигнуваме сами да го исчистиме. Ама ако осетам потреба ке викнам жена за чистење. Како што веќе не мијам садови воопшто, пуштам машина секој ден или секој втор.
    И ручек ми прави свекрва ми, ама ако се сменат работите, и ако ми е обврска да правам, ке купувам готови јадења, или ке викнам жена да готви и чисти.

    Се ми е разбирливо само не да оставам дете други да го растат а јас да одам по козметичари и масажи секој ден.
    Јас колку и да имам маж кој без мака си седи со часови со него, имам и баби кои го чуваат кога треба, на крајот пак мене ме бара. Така и го гледам мајчинството.
     
    На Mother of 2boys и PoisonGirl им се допаѓа ова.
  3. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Значи секој со своето ,на некои им е прифатливо жена да им чисти по дома на некои не ,на некои им е прифатливо свекрвата да им готви и тоа е ок , не ми е прифатливо ако некои имаат различно мислење околу тоа одма напад ,лично за мене не ми е прифатливо свекрва ми да ми готви плус живее во друг град и да сакам неможе ,а уште по неприфатливо ми е жена да ми готви . И ок да не ти е прифатливо дете да оставиш , кој сака нека го чува детето си бара мајка ,во право си за тоа ,ама знам многу исти такви како што тука напаѓаат демек и мажот мора да учествува во домашните обврски ,истите тие одат по козметичари, масажи , кога се сака може се да се постигне , ама кој да оди на нокти.
    И сега следува напад ама мора да се средиме неможеме да се запуштиме ,тоа може и дома, мора ли вештачки нокти ? Ќе одам јас тука на нокти ама битно сопругот ќе мие садови ,ручеци ќе прави,, деца ќе чува . За да се биде среден и незапуштен немора по козметичари може и дома да се средите ,сепак ваше право ама и наше право е како сме си ги поделиле обврските со сопругот .
     
  4. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Cista ljubimora da ne se zagleda vo nekoj, da ne go ostavi.
     
    На Bebence29, GirlLove, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Кој е мажот за да и дава избор на жената?!
    Жената ако сака да работи, нека работи.
    Убаво е децата да бидат воспитувани од двајцата родители. Не се децата само на мајката.
     
    На BrokenMan, theowndemon, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    7.332
    Realnosta e taa.Dodeka zenata gi nosi ,ragja,doi decata taa ne moze da raboti.Potoa namesto jasli,babi,dedovci, zeni za chuvanje, ubavo e zenata da si gi chuva a I vo periodot dodeka e na rabota mazot , taa gi vospituva.Normalno koga se zaedno vo ostanatoto vreme I tatkoto gi vospituva.
    Ako mazot dovolno zarabotuva,moze zenata da ne raboti vo eden del od zivotot koga decata se Mali.
    So toa mazot figurativno so svojata zarabotuvachka I dozvoluva na zenata I da sedi doma bez da oskudevaat. Verojatno ne si vo period koga imas deca I zatoa mnogu raboti ne ti se sfatlivi.
    Zenata I da saka da ne raboti ako nemaat dovolno pari togash mora da raboti za da platat smetki.
    Koj rece deka decata se samo na majkata?
     
    На Lanna89, Cinnamon Bun, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Како што ти објаснила Мира, да имаш опција да не работиш е избор. Кај нас за жал таков избор немаат многу.

    Јас имав таков избор да не работам додека не порасна син ми. Потпишувам со две раце дека нема ништо поубаво од тоа да му се посветиш на детето.
    Тоа што маж ми заработува доволно за нашето семејство мене ми даде избор. Ако сакав да работам, немаше да ме спречи никој. Ама кога почнуваш со работа, значи на одредена возраст други почнуваат да го растат твоето дете, и автоматски имаш 8 часа помалку со детето. Кај мали деца прозорецот на будност е таков да заспиваат во 8. Значи заради таа самостојност ти имаш само 3 часа од понеделник до петок.
     
    На koritsaki, Cinnamon Bun, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.717
    Допаѓања:
    8.043
    Пол:
    Женски
    Имав бивш ваков, ми кажа дека ние ќе се земеме, и дека он не сака жена му да работи, немало што жена да работи, жена за дома била, домаќинка. И ете затоа и е бивш. Подалеку од вакви психопати. Ние и само ние одлучуваме за секоја одлука во врска со нас. И не не е љубоморен зашто те сака. Зашо е несаглам.
     
    На Cosmic Girl, Aschenputtel, Lady D ❤️ и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Има многу вака што прават за да ја направат жената зависна од нив. За кога ќе сака да се разведе, да не може.
     
    На Lady D ❤️ и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.717
    Допаѓања:
    8.043
    Пол:
    Женски
    Знам, за жал така е. Фала му на бога на воспитувањето на моите, да се ценам себеси и да не дозволувам да ме тортурира некој психопат.
     
    На ~Maca~, Lady D ❤️, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Секоја жена треба да биде излезена од дома,бидејки домашната работа е непризнаена од страна на мажот.Јас дома бев на патолошка и сега на породилно едвај чекам да почнам со работа,ние до пред развод стигнавме од што бев дома
    Еве ситно бројам уште два месеци.
    Инаку имаме свој бизнис не се ни нафакам да работам со маж ми а камоли домакинка да бидам
     
    На flower30, Ena05, Vanilla15 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Meditant

    Meditant Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Машки
    1.Зашто е љубоморен
    2.За да се оттргне од домашните обврски
    3.Мисли дека заработува многу
    4.Баба му и дедо му, му го напумпале мозокот "дека се е закочено во 1950год" ме разбирате, така!?
    5.Така чувствува надмоќ
    6.Се плаши од развод (мисли дека тоа ќе го спаси, не и дека е така)
    7.Желен е некој да зависи од него


    П.с. жена ми работи:) lol, а причините ги знам оти размислувам како маж.
     
    На Cosmic Girl, Lady D ❤️, BlackNight и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Каде има вакви што им забрануваат на жените да работат? За другарка прашувам :D
     
  14. GasimGirl

    GasimGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2024
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Jas poznavam drugarka, mazoti e nastavnik po Angliski, a nea ne ja pusta da raboti, zosto ? Demek da ne se macela, taa trebalo da e direktorka doma i takvi gluposti..
     
    На miandrija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Како живеат со една плата на наставник?
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GasimGirl

    GasimGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2024
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Mazoti drzi i privatni casovi, ima centar za stranski jazici i samo tamu i dozvoluva da odi so decinata mali.
     
    На miandrija и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    M I Z E R I J A
     
    На Cosmic Girl, злоба, Angie1432 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Секој нормален би сакал жена му да работи, амаа малку останаа нормални.
    За себе можам да кажам дека имавме малку дискусија, не ти треба работа и слично, на крај ме остави сама да увидам дека неможеме да очекуваме баби да ни ја чуваат малата кога нема да е во градинка. Често се разболуваше и секој ден ни беше мн стресен . Тој немаше начин да е дома , често и не беше во Мк а јас сама , во градинка проблем и расречено носе, работосавец кој кога ќе спомнев слободен ден како на нож ме чекаше, за колешките да не правиме муабет.
    После цела год кога му кажав дека ќе давам одказ само ми кажа дека машки сум издржала, не се надевал на толку а не сакал да ми преправа бидејќи ќе било тој ми брани да работам. Ми се плачеше кога останав дома, и сега ми е мака. Нема поубаво нешто од одење на работа, не е поента во колку ќе заработиш , повеќе е за излегување од дома, сакаш несакаш се средуваш и фокусиран си на друго. На работа дома и нема крај.
     
    На нина122, Cosmic Girl, Manako2 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Corika

    Corika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.521
    Пол:
    Женски
    Imam primer eden vo familija,eden so drugarka...
    Ovoj vo familija: ti gledi dete cisti gotvi ja ke rabotam no imat mnogu finansiska podrska od zenska strana pa mislam deka samo radi toa ne ja pusta da raboti demek da pokaze deka nejke da si maci zena ( moe mislenje)
    So drugarka: bolesno e ljubomoren maz i,do toj stepen sto obvinuva demek nasite mazi gledat vo negova zena pa zatoa veke nikoj ne im ode na gosti ni pa oni odat... em ne i dava da raboti em i nabiva na nos deka on hrani cela familija deka on e taj sto se maci... fakticki psihicki ja ubiva so pregovaranje a ona em Kjuti em trpi em ubeduva cel svet deka on ja saka mnogu i deka taka se ponasa samo radi toa sto na vremeto 1749 god nekoj poglednal vo nea sakal da im rasipe veza ( glupaca teska )
     
    На Just.do.it, Stark и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.204
    Допаѓања:
    8.639
    Пол:
    Женски
    Точно е ова. Најголемата психичка криза ја имав во еден период меѓу две работни места, кога останав дома.
    Сите ќе отидеа по школо, градинка, работа, јас дома.. Од што не знаев што да правам со себе, се дома ми беше средено, имав време и курсеви да завршам, да се дообразувам и декорации да изработувам :D.
    И покрај се, пак се осеќав некорисна и изолирана. Самодовербата ми беше многу ниска.

    Тие што не ги пуштаат жените да работат мислам дека баш такви сакаат да им бидат жените, за да тие се чуствуваат надмоќни и да ги контролираат.
    Не се финансиите во прашање.

    Тоа дали треба жена да работи или не, треба да е нејзина одлука прво.
    За својата одлука и желба на мажот може само да му каже, а не да го прашува дали може да работи.

    Мислам дека погрешни прашања поставуваме:
    Не е проблемот зошто тој не и дозволува, проблемот е зошто за нејзиниот живот треба да одлучува некој друг.
     
    На Just.do.it, firequeenn, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.