Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.460
    Пол:
    Женски
    Со разговор се се средува. На крајот напоменав дека нема смисла да сте со човек кој не би ви дозволил да работите доколку имате желба или пак треба да молите за да купите нешто.
    Бракот е заедница и треба да се функционира како едно во него. Мојот став е тоа. А и убаво рекле постарите. Колку е чергата толку ќе пружаш нозе. Сигурно нема да му барам пари за нов пар штикли а сметките стојат неплатени. Треба разбирање и од двете страни.
    Бракот го замисливам како заедница во која треба да функционираме како едно така да мора заедно да ги решаваме сите проблеми. Мое твое нема во бракот, според мене.
    Па да куписи ти штикли пошто си независна а исто така си во брак и на пример сметките не се платени или рата од кредит (пример кажувам) Ама од инат пошто ти си финансиски независна оди и купи штикли од 100 евра.. Ете тоа е прав брак. Работата не е да го прашаш Петре дали може да купиш нешто или не, работата е да видиш дали ти и Петре ЗАЕДНО треба да подмирите некој трошок па тоа што ќе остане оди на индивидуални потреби. Тоа ми беше муабетот.
     
    Последна измена: 17 јуни 2021
    На mal.ecka, Luminary, neno0o и 7 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Зависи каков 'Петре' ќе одбериш.

    Зато опулвајте си ги очите.
    На потешкиот начин научив кои се црвени знамиња, преку кои не смее да се премине.
     
    На Glowy, theowndemon, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    36.194
    Пол:
    Женски
    Финансиска независност во случај на развод беше муабетот.

    И за крај, ако некој не ве пушта да работите не ми е јасно зошто воопшто сте во заедница со таков човек?!?
    -Одговорот се наоѓа во самото прашање. Затоа што не се финансиски независни. Кај да одат без работа и пари? Понатака да не разглабаме, знаеме веќе дека во врска и брак не е исто кај некои парови, не прашувајте цело време како не виделе со кого склопуваат брак, ете не виделе.
     
    На theowndemon, forumce, mode-kristina и 7 други им се допаѓа ова.
  4. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    Ма каков и да е Петре ако “ништо не работиш“ нема да ти дава така лесно пари за било што. Зошто нели домаќинските работи не се работи, ти не работиш нешто - тоа од мала треба да те научат дека си женско и дека така треба. Ако не носиш пари дома автоматски не работиш ништо, за жал таков е менталитетот и после како се дрзнуваш да бараш штикли од 100е кога нели ништо не работиш?
     
    На mode-kristina и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ами, нема да ти дава |(
    Дома јас сум тој што става кочница колку пари се трошат.
    Маж ми е по давањето без контрола.
    Ништо не ми забранил.
     
    На Stressed Out, forumce и SugarHoney им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    125.571
    Пол:
    Женски
    Контрадикторна си.Ем велиш дека нема мое-твое во бракот,ем купи си штикли пошто си независна. :D
    Рековме дека има заеднички трошоци,сметките спаѓаат во тоа.
    Ама,рековме дека има и посебни.Ни една страна не е должна да ѝ ги дава парите на другата.Треба да си се договорат кој дел ќе биде за заеднички,а кој за посебни трошоци.
    Во случај на насилство,контролирање,уценување или прекин/развод,е добро страните да се финансиски независни.Да може едната страна комотно да ѝ каже чао на другата.
    А,и смртни битија сме.Ако едниот партнер умре,другиот треба да има средства со кои ќе може да егзистира.
     
    Последна измена: 17 јуни 2021
    На MeowMeow, S.W.A.G, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.962
    Допаѓања:
    179.658
    Штикли од 100 евра а не работиш:o
    А за кај ќе ти се, секако не работиш:^)

    Ама ги измеша лончињата сега (facepalm)
    И сметки неплатени и не ја пушта на работа?:^) Ако ,,те пушти да работиш,, подолга ќе биде чергата евентуално:wasntme: А во брак кајшто некој некого пушта на работа, нема мое-твое, се е мое, односно негово. И работата, и жената, и парите. Мислам кој општествен поредок е тој кога некој некого пушта бе, робовладетелство ли е, што ли е?(facepalm)
     
    На S.W.A.G, mode-kristina, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    Тоа сакам да кажам дека си нашла некој кој знае да те цени и тоа на секој му го посакувам. А ти дозволува така баш ради тоа што ти си кочницата и знаеш за стоп.

    Примерот што го даде членката беше со 100е затоа така напишав, истото се случува кај ваквите и за 100 денари. Едноставно кажано нема ништо подобро од тоа да си самостоен во било каква смисла на зборот а сите овие причини за да не те пушта на работа или ти да сметаш дека тој треба/мора да те издржува како што напишав претходно мене ми е ептен праисториски менталитет.
     
    На WildMk, mode-kristina, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Значи кога ги читам мислењава....
    Вие што пишувате "знам една", "имам блиски во фамилија", "една колешка што ми беше" итн. ме потсеќате на една бивша шефица што по луѓе збореше дека мм бил љубоморен, зошто знаеше да дојде да ме ѕирне ако беше во близина, зошто секоја вечер после работа на -10 доаѓаше да ме земе со кола, за да не возам по снег и мраз 7ми месец трудна, зошто "не ме пушти да се вратам во таа дупка" одкога ми поминаа 9 месеци породилно. На колешките им зборела и дошле до заеднички заклучок 3 теткици, кои се скапани во таа иста дупка по 8/9 години, дека мм е љубоморен и не ме пушта да работам. Ама ниедна не го виде мм колку му се наполнија очите со солзи, прв пат кога влезе во истата таа дупка, кога ме виде седната на гајби пред каса, со едно мизерно греалче, на сред зима, а јас трудна.
    А тоа шо имаа производи по 2 години со поминат рок ако, ама устата им работеше повеќе од рацете.
    Вистина мм не ме пушти да се вратам и ми рече ќе се снаоѓаме со овие пари шо ги имаме, ама јас да седам за 19000, а ти да рмбачиш за 15000 и да немаш ни стол на каса, туку да седиш на две гајби една врз друга, нема да дозволам.
    Некогаш многу судите, а појма немате. Верувајте ми све би дала да има мм преку 1000 еур плата и да си седам дома да си го изгледам детето, барем дур почне во школо, подрагоцено од тоа нема. Децата ни растат, ние не ги гледаме за 15/16000, секако има исклучоци.
    Не викам дека нема љубоморни луѓе, ама незнаете се за другите луѓе за да ви се тема на муабет.
     
    На Belgin1, DoubleK, Stressed Out и 15 други им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Нека зема 10к еу месечна плата, ја зини, он на и нека не ме пушта да работам, нема ич да се жалам.
    Туку, во мое опкружување немало вакви случаи и не сум компететна да зборувам. Не е дека мажите им се нормални, туку жените си ги поставиле своите граници. Сепак, се е до избраникот, сами си ги бираме. Всушност, за ниедно прашање што лично мене ме афектира, не доаѓа во обзир ни за компромис, не па за забрана.
    Што се однесува на насловот, причини претпоставувам се: идиотизам и ренесанса.
    Не говорам за жени што целта им било да се домаќинки. Инаку @Mnik го прочитав твојот пост. Во твојот случај, зошто си чекала маж ти да ти даде амин да напуштиш?! Па мене на гајби да ме седнат, уште трудна, од глава ќе им ги искршам. Едноставно не ми треба дозвола да напуштам или мм да ми каже дека нешто не чини за мене.
     
    На baby-star, Biljarkata, mode-kristina и 7 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    125.571
    Пол:
    Женски
    @Mnik ОК,маж ти не е таков.Супер! (y)
    Не ги слушај тие што зборат.
    Не е муабетот за непознати мажи и жени,туку за луѓе со кои сме опкружени.Им ги знаеме околностите.
    А,и литературата е преполна со однесувања на љубоморни луѓе.Не е секогаш тешко да се препознае.
    Сме растеле со такви,побогу.
    Зар и психолозите и психијатрите ништо не знаат оти не се знаат со сите луѓе? :rofl:
    За џабе ли учеле и пренеле знаење на други?
    Па и човек што не е психолог/психијатар може да ги препознае знаците,што од книги што ги читал,што од искуство или сведоштво.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mornar

    Mornar Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Ја познава :D
     
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Психијатар и комшија со скроз 5то занимање не е исто. Пак ќе речам не дека нема случаеви, ама незначи дека сите овде што пишаа "комшиката, другарка", "мало место сме се се дознава", баш во мало место устите се ко чорапи отворени и Трајанка и Петранка ќе си додадат уште 6 работи дур дојде до наши уши.

    Ми истече договорот од тоа место кај што бев и не ми го продолжија зошто им кажав дека сум трудна и морав да најдам било што колку да земам трудничко. Последниот воз го фатив, 7 месеци ми се фатија, а услов е 6 месеци непрекинат стаж да имаш за да можеш породилно да земеш. А нормално немаше шанси да најдам одма работа кога ме отпуштија за да немам прекин во стаж. А иначе подразмислував да се вратам, демек дур најдам нешто друго, ама со поддршката од мм и не помислив. После кога барав друга работа на моменти и се каравме зошто он пребираше за мене, ја не, ама на крај паметно одиграв што го послушав.
     
    Последна измена од модератор: 18 јуни 2021
    На WildMk и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    125.571
    Пол:
    Женски
    Ама,не нè познаваш,па да заклучиш дека оговараме некои со кои сме само на „здраво“ ко некои девојки и жени на селска чешма. :D
     
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Па ти ако се пронајде ок. Моето беше општо пишано, не ве означив поединечно.
     
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    125.571
    Пол:
    Женски
    Ама,не ти е општо.Велиш кога ви ги читам мислењава,вие што пишувате,многу судите...
    На членки на форум им се обраќаш,не ти е општо мислењето.
     
    На Bitter-Sweet, mode-kristina, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    19.952
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам искрено, па како сакате сфатете ме. Жена којашто е мајка, особено на мали деца најубаво ќе и е ако има можност да не работи. Или ако веќе работи да има жена којашто ќе и ги чува децата. А погодете колку чини тоа? Мн често колку и платата од мајката или пак некои 70-80% од истата. Секако, ако не станува збор за жена со висока плата. Не знам, или барем да има опција да работи со скратено работно време или помалку денови неделно. Се друго знае да е на наша штета. Друго е кога децата ќе пркнат малку. Е, сега многу е важно како се поставува мажот во таквата ситуација, колку тој заработува и дали е свесен за обврските на жената. Дали сфаќа дека не е таа таа што не работи, туку напротив. Дека да одела жена му на работа повеќе ќе се одморела, отколку дома кога е сама со децата и со станот/куќата кој си бара своја грижа.

    Сите муабети за амбициозните самостојни жени наспроти т.н. домаќинки, навидум без амбиции, коишто само "отупуваат" дома, мене лично ми се незрели. Камо сите да имаме слога со сопругот, а не натпревар за тоа кој е посамостоен, и да заработува тој доволно за да може да и се посветиме повеќе на фамилијата. Зошто да, 21ви век сме, ама таткото нема да ја замени мајката ни сега, ни во 22ри век. Конкретно мислам на улогата што ја има мајката во првите години од животот на детето. Да се опишува некоја жена како неамбициозна зошто не се вратила на работа од породилно за 20 000 денари..... мене повеќе ми личи на добро снајдена отколку неамбициозна :D

    Ако е ова вака жената не би смеела да остане со празни раце во случај на развод. Е, во случај на смрт, не дај боже, би било мн лошо, иако верувам дека кога човек е притиснат до ѕид наоѓа решенија.

    Значи секако дека во пракса работат двајцата партнери баш затоа што финансиите се тенки, или зошто жената зема одлична плата, па подобро ќе најде др решение за чување на детенцето или жената едноставно има помош од родителите, бабите, дедовците. Кога децата веќе може да се остават сами дома секако дека би било добро жената да си има работа или др нешто што ја исполнува.

    Но жена, којашто нема помош од страна, со мн мали деца (па кое се разболело од градинка, кое префатило од братче, сестриче, па ајде барај пак боледување, па не ти даваат итн) најдобро е да има опција да не работи или тоа да го прави со скратено работно време. Со фул работа ми се чини дека само ќе трча од едно место на друго и ќе е постојано уморна. Па не ќе може ни на децата, ни на работата да се посвети.

    Причини зошто мажот не би ја пуштил жената да работи? Мислам дека е една и единствена, љубомора. Според мене тоа е нешто кое никој не треба да му го дозволи на партнерот. Да биде контролиран за таква работа.

    Љубомората најчесто не е основана, а некогаш и е, но тоа е. Решението секако не е некој да не оди на работа, туку е во односот помеѓу партнерите.

    Инаку познавам жена која не работи откако завршила факултет, маж и одлично заработува, па искрено мислам дека може да си троши таа колку сака пари, воопшто не мислам дека нешто и замерува. Ама е мажена млада, живеат во странство и имаат 3 деца, третото релативно малечко. Камо да се вработи, ќе си олесни жената. Инаку има завршено добар факултет со просек над 9, владее јазик итн. Но, ете нема искуство. Зошто коцките се наредиле така и зошто го следела сопругот во неговиот сон. Дали вие сметате дека тој има право да и ги контролира трошоците? Ајде да е некоја без осет да, ама за ситни задоволства да си удоволи, при добра финансиска состојба, според мене нема право да зуцне.
     
    Последна измена: 17 јуни 2021
    На 9797, Milobebence, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Прочитав дел од мислењата и баш се изненадив колку имало вакви мажи.
    Јас пак не познавам ама ниеден таков пример туку може да се каже спротивното, знам мажи што целат кон партнерки со убави работни места и плати ( и тоа им е гордост некоја се прчат)....други пак уште полошо... Мерат кој земал повеќе, па секој своја плата има бог да чува тоа не ми е јасно како може да биде во брак.
    Имам слушнато за пример дека работи жената а и ги земаат парите, поточно она не стига ни од банкомат да извади, кај него била картичката..

    Не ми е јасно како постојат мажи кои забрануваат сопругата да работи на денешно време..... А и такви жени кои се покоруваат на тоа.
     
    На Chantal, WildMk, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    125.571
    Пол:
    Женски
    Ако се вработи,ќе нема право да ѝ ги контролира нејзините пари.
     
  20. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    19.952
    Пол:
    Женски
    Нема право ни вака. Децата не се само нејзини, заеднички се. Нека се снајде беа неа ако не, тој нека ги чува, а таа нека работи. Нека зема таа без искуство, карикирам 1700 евра плата, наспроти неговата која е мн повисока и нека си троши тој колку сака од тие 1700. Или нека најдат жена да им ги чува децата, а тоа во странство богами дебело ќе го платат, зошто немаат ни баба, ни тетка таму кајшто живеат. И после нека и ги контролира парите. Важи. Може да и искоментира, да поразговара со неа ако се реши да потроши некоја поголема сума, за штикли од 100 евра нема право А да и речи.

    А и нема да има потреба, зошто таму ретко која жена со мали деца работи 8 часа, 5 или 6 дена неделно.
     
    На felisitas и WildMk им се допаѓа ова.