Доста ма, им го рушиш сонот на еден куп девојки и жени што работат работа што не им е по ќеиф и се надеваат дека еден ден ќе дојде принцот и ќе ги спаси. Сакам да дојде, да ме види тажна на работа, да му се насолзат очите и да рече - жено, од утре ти овде - не.
Море и на бинго пари да ми се паднат работата не си ја оставам (не дека имам незнам каква работа или плата или кариера) едноставно си ја сакам. Предизвик ми е и ако е некогаш стресна и со рок, па дури и тогаш сум најпродуктивна.
Не ме познавате како изгледам, ама стварно не можам да ви ја опишам фацата што ја правам кога ја читам темава. Не ми е ни позната оваа јачина на психичка нелагодност што ја осеќам. Да дозволам да бидам со некој што ќе забрани да работам, здрава, права и да го трпам. Не, едноставно не. Премногу е луѓе, како во робовладетелство да живееме, како некој кисел филм од минатото што ме депримира кога го гледам. Немам ништо проблем со жени што доброволно не сакаат да работат, апсолутно почитувам секаков избор иако не би бил првично мојот таков. Ама да дозволам мене, жена што се носи сосема солидно со струката, со години непроспиени ноќи и крвава пот да исположам се, после толку вложување во себеси некој мочко да ми забранува пошто е нетокму со паметот... Не. Не, не и не.
Забрана за било што од страна на партнерот, посебно кога се работи за поголеми животни одлуки, делува страшно, ко од крими филм. И сосем нормално е да имаш грдо чувство кога ја читаш темава, ко заложници на нечии болни умови жените. Ама темава по мое мислење треба да е поинаку поставена и да е ставен акцент на љубоморен и посесивен маж, желба за контрола и слично. Самиот збор - забрана, покажува на дисфункционалност и тешко дека е насочена само кон работата. Е сега забрана за работа и се јавуваат еден куп оправдувања или примери за кои не знаеш дали им брани или ги штити од лоши работодавци и непримерни работни услови и ги засенува оние што стварно имаат проблем.
За да не биде финансиски моќна да има можност да си замине од пеколот кој тој и го сервира со понижување покорување и модрици, мислам дека се е кажано во оваа реченица. Тоа е површната причина ама подлабока причина е дека тој несака таа да има социјален живот, во аптека фарацевтите не зимаат по 15 илјади зимаат над 20 ако не сте знаеле, мојата тетка е газдарица и им дава по 23-24 доволно за нагоден живот и самостален колку толку, да завршам факултет и некој да ме издржува, нема шанси.
Она што е уште пострашно не е самото покорување и молчење, туку и тоа што истиве растат деца кои мислат дека тоа е нормално, па ваквото однесување продолжува и се пренесува и во нивните животи.
Незнам како да ти објаснам во каква дупка бев на работа, само затоа што немав друг избор. И незнам како да ти објаснам, кој маж што вистински си ја сака жената, нема да му е тешко да си ја види жената, со негово дете во стомакот на -10 седната на две гајби, со греалче што едвај грееше, патем го замолија истиве теткици што го направија прељубоморен, да ја поправи греалката, да се потстоплат и они. Вцто четка за шоља немаше во дупката кај што бев. Незнам како да ти кажам ама еве веќе пола година кај што сум на нормално место, ама таква манипулација демек на емоции шо можда ме фатил, кај мене не постои. Зошто и на ова место кај што сум ќе имав проблем со "љубомора". Ама ете немам. Ама за преувеличување прикаски на форумов први сте. Незнам ја ваљда начекав прав маж шо не би му било сеедно на некакво мизерно место да работам, шо знам. Незнам вие, шо ви е ова чудно шо мажи ќе имавте.
Сум работела во дупка без ве-це, не без четка во вецето, па жива здрава еве сменив многу работни места. Он ли треба да дојде и да ми каже дали треба до шолјата четка да има или дали греалката треба на двојка или тројка да е пуштена? Он ли треба да е тој што ќе пресече во какви услови ти треба да работиш а во какви не? Ти сама за себе не можеш да одлучиш што е прифатливо а што не? Или со заеднички договор. Ама моментот "он доаѓа и ме гледа седната на гајби, му се насолзуваат очите, ме качува на коњот и заминуваме" бич плиис, нели знаел дотогаш каде работиш?
Точно точно и 100 пати точно. Утре истите тие се тие што нема да и речат на ќерка си оди ќерко учи, осамостои се да не трпиш работи како мене него ќе и речат излези ќерко најди некој (богат). Иако и мене ми е жално да читам вакви работи, сепак постојат и тоа како. Еве пример ромите тоа го прават први (со должна почит кон исклучоците и капа до небо). И да сака девојката да учи, не смее не ја оставаат пошто нели мора да се мажи и да биде домаќинка. Никој не ја прашува што таа сака.
Бич плис читаш недочитуваш. Стандард пракса овде. Значи да нацртам ајде, работев во друга фирма, дознаа дека сум трудна ми истече договорот и ме отпуштија. Морав најбрзо да најдам друга работа за да земам породилно. И ова кај што бев, беше ланец маркети, појма немавме во кој ќе ме тупнат, и кога дојде мм, тоа беше мој втор работен ден, појма немаше како е, зошто ништо посебно не спомнав. И незнам кај прочита дека он ми кажал шо треба да има во вцто, а шо не, ама малку драма, во ред е, те разбирам ефекти си додаваш во мислењево. Иначе греалката беше единствено грејно тело во 100кв, полурасипана.Значи работава ми беше 5 до 12 избор, кој морав да го направам, ама јас си размислував дека би можела да се вратам ради какви такви плус финансии, ама кога видов дека он е категоричен дека несака да ме остави таму кај што бев, мене искрено од ден во ден се повеќе ми се свиѓаше тоа. И на крај после неколку месеци си најдов нормална работа со нормални услови. Знам дека си здрава права и ништо не ти е, ама збориме за нормални услови за работа кое секое човечко битие ги заслужува.
Трудна си најде две нови работни места во рок од неколку месеци? Браво. Работа во маркет е стоење на нозе, дигање пакети, редење роба, клекни, стани. Како 'те прати' на работа во маркет а ти трудна? Кажа дека си трудна? Ако намерата била да скриеш за да те вработат и да земеш породилно, какво опрадување ќе имаше за кревање тешки работи?
Никој овде не рече дека темава се однесува за тебе, а ти веќе вторпат се објаснуваш. Едно е да немаш услови на работа и да се грижи за тебе како во твојов случај, друго е некој да ти забранува да излегуваш од дома без него и да ти го диктира животот. Верувам дека можеш да препознаеш што е што. Иако овде не се зборува лично за тебе, сепак мора да напоменам дека грижата за самите себе е најпрво наша лична одговорност. Кога самите не се грижиме за себе, ризикуваме да паднеме во раце на предатори и секакви психопати. Ако ти си работела во такви услови, па и бремена, си имала одговорност и спрема тебе и спрема бебето да реагираш и да бараш соодветни услови (замисли ако побараше, може и ќе ти беа исполнети) или сама да си заминеш. Сама си се ставила во положба да треба некој тебе да те "спасува". А ти како му возврати на мажот ти за спасувањето? Наместо да им кажеш јасно на работодавците зошто си одиш, ти си ги оставила да го оговараат дека те злоупотребува и ти брани да работиш?! Е сега тебе ти се посреќило, на други ќе ги заклучуваат дома и ќе чекаат медал оти трпеле.
Еднаш имам кажано, ама морам пак, многу Дизни не е на арно. За членката погоре, прво мило ми е што не работиш на тоа место веќе, второ, не е темата за тебе, ако се пронајде погрешно си ја разбрала. Мислам делумно, зошто упорно викаш "не ме остави" на тоа место, како тој да ја донесол одлуката за тебе, а не ти.
Не сменив две работни места за неколку месеци. Најдов ново, со врски за еден месец. Уште на прв месец бременост ми истече договорот и така на втор месец влегов во маркетот. Не кажав неколку недели, а со оглед на тоа дека маркетот немаше магацин ми беше многу полесно за местење роба т.е. си земав по една две работи колку за дополна. Фактор среќа. Доста сме офтопик мислам. Иначе немавме друг избор за да земам породилно. Камо да имав ич немаше ни да помислам на маркетот. Работодавецот на крај беше убаво информиран за се. Они ми беа колешки и шефици. Не газди. Башка што имаше други пропратни работи. Ама пак ќе кажам немав избор. За да имам 9 месеци пари, морав да проголтам. Немаше да добијам подобри услови во таа фирма секако. Доста е оф топик, да не ја полнам темава. Друга ми беше поентата со првото мислење.
Голем дел од жените работат за плата, а не за љубов од работата. Ова е Македонија која има ниски приходи и се бориме за опстанок и основни услови, а не уживање во нашата пасија (која дали и некој уште си ја памти). Можам комплетно да потврдам дека затоа моментот дека е подобро да се седи дома отколку да се работи за минималец и е некој поим за добар живот на овој простор. Затоа не мислам дека се обесправени со тоа, напротив кај нас се доживува како комотност. Примерите што ги познавам се горди дека се вработени на хартија во нечија фирма само за да им тече стаж, а притоа не морат да работат. Нејсе, сакав да кажам многу почесто е избор отколку забрана. А и не верувам дека просечна работа кај што има мобинг и секојдневни стресови, никаков простор за напредок и доразвивање многу и е од полза да се држи само еве да се биде вработена. Ако некој има можност да го направи тој избор и да си посвети време на друго, зошто да не.
Мислам дека во голем степен е надминато тоа со забранување, повеќе е избор на жените. Во блиска околина имам неколку жени кои едноставно сметаат дека немаат потреба да работат, нивните сопрузи се со солидни примања, па не им е до пари и работа. Порано повеќе забранувале ради љубомора, што и ден денес сигурна сум дека некаде постои, но ниту една жена не смее да дозволи друг да и управува со одлуките во животот.
Ова е многу точно, но не смее да биде изговор пошто секаде во светот постојат луѓе кои одат на работа која не ја обожаваат туку само толерираат, па и ја мразат. Затоа менуваш една, друга, трета. Бараш помало зло ако немаш баш избор. Бараш нешто во работата што ќе ти го направи денот поподнослив. Некои се дообразуваат за поголеми шанси за избор, кај некои тоа им е клик за да на пример си соберат куфери и заминат во странство. Поентата е - мора да продолжиш да функционираш и да се прилагодуваш. Секако дека опција е да најдеш и некој кој заработува повеќе ама често тоа повеќе не е баш доволно (не збориме за милиони или десетици илјади евра на месец, ретки примери) пошто од вишка глава никогаш не боли и со тоа само го влечеш и партнерот надолу. Ако тој зема 1000 евра плата за мк стандард пример, наместо да ужива во својот успех и да се опушти ко што треба, тој треба да води ред за секоја ситница оти жена му не зема ич. Ај период, ама цел живот? Му рушиш стандард едноставно, не само него туку и на себе и на децата.
Еве јас ќе ви ја раскажам приказната на мојата вујна. Пред 30г се фатиле дечко и девојка со вујко ми кој патем бил добро ситуиран. Мед е млеко течело додека биле во врска. Првиот проблем настанал кога вујна ми требало да оди на факултет. Он сметал дека не треба да учи он ќе ја издржавал. Со сите сили се борела против него и успевала да оди, но последната година успеал да ја прелаже дури и ја криел дома кај него демек нејзините знаат она е на факс, а она всушност седи кај него и чека да помине времето. Не завршила факултет и покрај сите караници, ја оставил трудна па морало да се земат. Од тогаш до ден денешен она е под негова контрола/љубомора не смее да оди на работа не смее да има колеги. Финансиски се супер вујко ми обезбедува и повеќе од доволно, ама она не се чувствува исполнето. Млада и доволно свесна ја прашав зошто си останала со него тогаш и зошто не се разведеш ако не ти е убаво во бракот. Она ми одговори зошто немам подршка од моите родители. Кога им кажала што и правел вујко ми за на факс и дека не и дава да раб, они и рекле ќерко ти си го бираше он ти епрв срамота е нема шанси да се вратиш кај нас дома. Ете тоа е побитно од се -подршката од родителите и искрениот разговор со нив уште на старт.